Контакт

Култура

Почина познатиот италијански писател Антонио Табуки

Објавено пред

Познатиот италијанскиот писател Антонио Табуки почина во неделата на возраст од 86 години, пренесоа италијанските медиуми.

„Табуки почина по долго боледување“, потврди за AFP, Бернард Комент, францускиот преведувач, со кој до последен момент работеше италијанскиот книжевник.

Антонио Табуки се смета за еден од најпознатите современи италијански писатели. Автор е на повеќе од 30 детективски романи, психолошки трилери и хумористични дела. Има добиено многу книжевни награди и меѓународни признанија.

Еден од неговите најпознати романи е „Тврдењето на Переира. Едно сведоштво“ (Sostiene Pereira. Una testimonianza). Романот беше објавен во 1994 година а според него во 1996 година беше снимен филм во кој насловната улога ја толкуваше славниот италијански актер Марчело Мастројани./крај/афп/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Изложба „Монодрамите и дуо-драмите на МНТ“

Објавено пред

Во Македонскиот народен театар е отворена изложба „Монодрамите и дуо-драмите на МНТ“.

Присуството и силата на актерот, сите негови умеења и вештини, посветеност и сигурност се неизоставен дел и носечки елемент на она што ја прави монодрамата и/или дуо-драмата.

На репертоарот на МНТ во текот на годините, почнувајќи од 1974 и „Дневникот на лудиот“ со Владимир Светиев, па сѐ до последните „Последната лента на Крап“ на Ѓорѓи Јолевски и „Само глас“ со Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, реализирани се 20-ина монодрами и дуо драми, кои се центарот на истоимената изложба поставена во фоајето на театарот.

Преку фотографиите, костимите и плакатите во „Монодрамите и дуо-драмите на МНТ“ забележливи се два аспекта.

Од една страна, тоа се монодрамите, каде што е видлива посветеноста на актерот, кој кога е сам на сцената, се развива, менува, остварува и/или зацврстува, и од друга, тоа се дуо-драмите, каде што се видливи комуникацијата и врската што ги создаваат двајца актери, кои на сцената зависат еден од друг, и атмосферата кога при интерпретацијата на ликовите се надополнуваат еден со друг. Изложбата го прикажува актерот кој е сам на сцената или со уште еден актер, борбите што ги водат сами со себе или со другиот, како и впечатокот што го оставаат кај гледачот. Тоа се секоја емоција, мимика, гестикулација и движење.

Изложбата е отворена за публиката што присуствува на тековните претстави на репертоарот на МНТ и онлајн, на страницата на МНТ (www.mnt.mk) и на фејсбук-страницата на театарот.

Прикажи повеќе...

Култура

Стефоска и Гир ја најавија новата програма „Креативна Европа 2021 – 2027 година“

Објавено пред

Со тркалезна маса на тема „Креативна Европа – Перспективите на Западен Балкан“, денеска заврши тридневниот циклус на јавни настани на Министерството за култура и канцеларијата на „Креативна Европа – Култура“ – „Креативна Европа – Дома“, посветени на поддржаните проекти во периодот 2014-2020 година, како и нивната рефлексија на национално и на регионално ниво.

Министерката за култура, Ирена Стефоска, и амбасадорот на Европската Унија во нашата држава, Дејвид Гир, на денешната тркалезна маса посветена на предизвиците и рефлексијата на програмата „Креативна Европа – Култура на ЕУ“, во своите обраќања се осврнаа на резултатите од претходниот програмски циклус, а го најавија и почетокот на новата програма „Креативна Европа 2021 – 2027 година“, која на крајот од минатиот месец беше усвоена од страна на Европскиот парламент.

Стефоска, истакнувајќи ги досегашните резултати на нашата држава, потврди дека Министерството за култура веќе изрази интерес за учество во новата програма, како и подготвеност за потпишување грант-договор со Европската комисија.

„Во текот на овој циклус поддржани се 79 проекти на невладини организации, издавачки куќи, национални и локални установи од областа на културата, а поддршката на ЕУ за овие македонски организации изнесува 4,5 милиони евра. Издвачкиот сектор во нашата држава уште еднаш ги потврди исклучителната посветеност и успехот во рамките на оваа програма на европско ниво, а Министрството за култура, секако, продолжува со кофинансирање на поддржаните проекти“, рече Стефоска.

Таа додаде дека како координативно тело за спроведување на програмата на национално ниво, Министерството, и во иднина ќе продолжи преку конкретни мерки да одговори на предизвиците базирани на досегашните искуства од спроведувањето на програмата на национално и на локално ниво, а сѐ со цел олеснување на пристапот во новата програма до што поголем број корисници од културните и креативните сектори.

Амбасадорот на Европската Унија во нашата држава, Дејвид Гир, на тркалезната маса истакна дека културниот и креативниот сектор секогаш играле главна улога во животот на Европа и ги ширеле европските вредности. Тој истакна дека културниот и креативниот сектор претствуваат 4,2 проценти од европскиот вкупен БДП и 3,8 проценти од работната сила во ЕУ и се меѓу најдинамичните сектори во Европа. Повикувајќи се на информации од Евростат, Гир рече дека во културата и во креативниот сектор се вработени 8,7 милиони луѓе во ЕУ.

„Програмата ‘Креативна Европа’ на некој начин е консолидирана форма на поддршката на ЕУ за овие индустрии. Во периодот од 2014 до 2020 преку оваа програма се доделени над 13.000 гранта, а ги искористиле 41 земја. Кофинансирани се речиси 16.500 културни проекти за соработка во Европа“, рече Гир.

Прикажи повеќе...

Култура

Почнува летната филмска програма во Музејот на современата уметност во Скопје

Објавено пред

В четврток, 17 јуни, во 21 часот, почнува Летното кино со својата редовна филмска програма под отворено небо на тремот на Музејот на современата уметност – Скопје, информираат од оваа институција.

Во наредните четири месеци во рамките на Летното кино на Музејот под отворено небо над градот публиката ќе има можност да проследи десет креативни документарни филма. „Станува збор за внимателно избрани филмови, кои во себе не носат само дидактичка нишка, туку на повеќе нивоа ги отвораат прашањата поврзани со животот и делата на уметниците, општествените и егзистенцијалните теми, како и предизвиците на создавањата на делата и раководењето на музеите во 21 век“, вели Дарко Набаков, одговорен за филмската програма и дел од стручниот тим на МСУ.

Летното кино на Музејот ќе биде отворено со кинеско-американскиот документарен филм „Нашата временска машина“ (2019) од режисерите Yang Sun и S. Leo Chiang, филм што го следи создавањето на проектот на влијателниот кинески уметник Малеон. Филмот прикажува повеќеслојна медитативна уметност на агонијата на загубата и љубовта, како и кругот на животот. https://www.youtube.com/watch?v=SEREJDupsZs

Филмот трае 81 минута.

Сценариото е на S. Leo Chiang и Bob Lee, а музиката на Paul Brill.

Филмот е досега прикажан на повеќе значајни светски филмски фестивали и добитник е на многу награди, меѓу кои: гран при за најдобар документарен на Меѓународниот фестивал во Минск, Белорусија, во 2019 година, награда за најдобар интернационален режисер во рамките на „Хот докс во Канада во 2019 година. Награда за најдобар документарно-игран филм на фестивалот во Мелбурн во 2019 година. Награда за најдобра кинематографија на „Трибека филмскиот фестивал“ во САД, 2019 година. Гран при од жири-комисијата на Азискиот филмски фестивал во Лос Анџелес, во САД, 2019 година и други.

Сите проекции на Летното кино на МСУ ќе се одвиваат на отворениот трем на Музејот со почеток од 21 часот, влезот е слободен, а капацитетот е ограничен на 50 седишта.

Проекциите ќе се одвиваат според пропишаните мерки во услови на пандемија.

Следната проекција овој месец е закажана за 24 јуни (четврток) и ќе биде прикажан филмот „Музејски град“ (Museum Town) на режисерката Џенифер Треинер, една од основачките на Музејот за современата уметност во Масачусетс/ MASS MoCA.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Путин и Бајден согласни дека никогаш не смее да дојде до нукеарна војна во светот

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден, излегоа со заедничка изјава за прашањата на стратешката стабилност....

Свет9 часа

(Видео) Бајден: Мојата агенда не е против Русија, туку за американскиот народ

Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата агенда не е против...

Свет11 час

(Видео) Путин: Преговорите беа добри, амбасадорите се враќаат

Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференцијата по самитот со неговиот американски колега Џозеф Бајден рече дека преговорите биле „добри“. Toj...

Европа11 час

EMA даде позитивна оценка на клиничките испитувања на „спутник В“

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави позитивен извештај за резултатите од клиничките испитувања на руската вакцина „спутник В“ против коронавирус,...

Македонија15 часа

Заев: Изгубен е Мицкоски, ако некој го најде, нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Зоран Заев реагира на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека македонскиот идентитет е изгубен и дека утре...

Македонија15 часа

Регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.802 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на...

Македонија15 часа

Отфрлена пријавата за Џафери и за пратениците што се појавија во Собрание заболени од коронавирус

Основното јавно обвинителство Скопје ги отфрли кривичните пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и Левицата против претседателот на Собранието, Талат Џафери, и...

Македонија18 часа

ЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји за патување

Европската Унија одлучи да ја стави Република Северна Македонија на списокот на земји што се безбедни за патување, пренесуват европските...

Свет19 часа

Борел: Три принципи во новата стратегија на ЕУ кон Русија

Новата надворешнополитичка стратегија на ЕУ кон Русија ќе се заснова на три принципи: одбивање, воздржаност и соработка, изјави високиот претставник...

Регион19 часа

Нови мерки во Србија – дозволени се матурски прослави, угостителите може да работат и на затворено

Поради постабилната епидемиолошка состојба во Србија, од денес во сила се нови мерки, од кои повеќето се однесуваат на угостителските...

Македонија20 часа

Од денеска нема полициски час, дозволени се веселби и настани на отворено

Од ноќеска на полноќ престана да важи одлуката за полициски час, а се укина и ограничувањето на работното време на...

Свет21 час

Средбата Путин – Бајден во Женева под строго засилени мерки

Денеска, во Женева, американскиот претседател, Џо Бајден, ќе се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин, и тоа ќе биде нивна...

Економија21 час

Денеска се затвора јавниот повик за ваучери за одмор на работници со ниски приходи

Министерството за економија ги известува граѓаните дека заклучно со денешниот ден, 16 јуни (среда), се затвора јавниот повик за издавање...

Свет21 час

(Видео) Израел бомбардира позиции на Хамас, прекршено примирјето во Појасот Газа

Израел синоќа ги бомбардира позициите на Хамас, со тоа беше прекршено примирјето во Појасот Газа, јавуваат светските агенции. Израелската страна...

Топ2 дена

Пронајдени 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Полицијата пронајде 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Според информациите на МВР, приведени се две...

Македонија2 дена

28 новозаразени од коронавирус, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на...

Македонија2 дена

Актерката Силвија Стојановска доби три и пол години затвор поради учество во шверц на кокаин

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Нејзиниот...

Македонија2 дена

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 дози вакцини од „Астра зенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини на „Астра зенека“...

Свет2 дена

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија2 дена

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Досие