Култура
Недела на италијански јазик во Македонија
Амбасадата на Италија во соработка со Амбасадата на Швајцарија, ја организира Неделата на италијанскиот јазик во светот, која ќе се одржи во Македонија, како и насекаде во светот, од 15 до 22 октомври.
Во своето дванаесетто издание, оваа иницијатива има за цел да ги промовира италијанскиот јазик и италијанската култура преку настани кои ќе се одржат низ цела Македонија, а кои, и оваа година, вклучуваат македонски и италијански региони, општини, здруженија, училиштата и универзитети кои соработуваат со Италија или кои едноставно ги сакаат својот јазик и култура.
Насловот избран од страна на италијанското Министерство за надворешни работи, „Италија на територии, Италија на иднината“, има за цел да стави акцент на поединечните регионални специфичности на Италија, но исто така и на можностите за развој кои можат да произлезат од овие разновидности.
Отворањето ќе се одржи на 15. октомври во 11 часот, во Академијата на науките и уметностите – Скопје со една голема конференција на Антонио Форчелино (Antonio Forcellino), историчар на уметноста и еден од ретките реставратори на дела на Микеланџело, кој ќе ја презентира својата работа.
Но, настани нема да се случуваат само во Скопје, туку и на целата територија на Македонија. Особено треба да се потенцираат соработката и размената помеѓу училиштата од регионот Пиемонте и општините Кавадарци, Неготино и Росоман, како и иницијативите во Струмица, Битола и Охрид, кои нудат филмски фестивали, музички и гастрономски настани за сите генерации.
Исто така, значаен е и придонесот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и Институтот „Данте Алигери“ во Скопје, кои организираат неколку книжевни настани во соработка со регионот Пуља и Универзитетот од Бари.
Настанот кој ќе се одржи на 22. октомври во 18 часот, во хотелот `Холидеј Ин` (Скопје), со отворањето на изложбата “Swiss Position“ на одржливата архитектура и со излагањето на швајцарско-италијанскиот архитект Аурелио Галфети (Aurelio Galfetti), како и настанот од 30 октомври во 12 часот, во Друштвото на писателите на Македонија, односно презентацијата на антологија на новата македонска литература преведена на италијански и македонски, „Македонија: литература од соништата“.
Многу прекрасни можности да се зборува или да се слушне италијанскиот јазик има и во Кинотеката на Македонија. Всушност, по преполниот Џифони филмски фестивал за студентите од градот, сега ќе се продолжи со неколку филмови, вклучувајќи и три на Микеланџело Антониони како омаж за 100. годишнината од неговото раѓање. /крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Националниот џез оркестар со програмата Џез лектира гостува во Велес
По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата под наслов „Џез лектира“ гостува во Велес. Концертот ќе се одржи на 23 април, 2024 година, со почеток од 20 часот во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.
„На концертот „Џез Лектира“ се осврнуваме на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот. Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, познат и како „Кралот на свингот“. Во 1935 година, тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група скоро 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично“, се наведува во соопштението на Националниот џез оркестар.
Култура
Костадиновска-Стојчевска: Саемот на книгата, во време на емотикони, е во одбрана на раскажувачите и писменоста
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во арената „Борис Трајковски“ на отворањето на 36. издание на Саемот на книгата порача дека Министерството за култура, како покровител на овој, како што рече, „празник на книгата“, останува голем пријател и силен поддржувач на ова наше богатство.
„На годишните конкурси, од година во година, импресивен е бројот на сè повеќе пријавени квалитетни дела и од млади македонски автори. И тоа искрено нè радува. Како што нè радува и зголемениот интерес за создавање многубројни наслови и публикации за деца. Без двоумење ја добиваат нашата поддршка зашто во овие модерни времиња во кои има сè помалку зборови, а сè повеќе кратенки и емотикони, раскажувачите на приказни се чувари на писменоста“, рече министерката за култура.
Во присуство на голем број љубители на пишаниот збор, Костадиновска-Стојчевска порача дека во виртуелниот свет го нема овој опоен мирис на книгата. Само во реалниот свет, ова богатство од книги на македонски јазик од домашни и од странски автори го испишува овој простор во уште една „Приказна која се чита“.
Саемите за книги во последните години, според некои автори, кажа министерката дека прераснаа во едукативни и културни настани кои даваат можност за вмрежување преку негување на врските меѓу авторите, издавачите и читателите. Истовремено радува и сè поголемиот број посетители, што само по себе зборува многу за односот кон книгата.
Триесет и шестото издание на Саемот на книгата, што ќе трае до 24 април, во седумте саемски денови ќе понуди книги од домашни и од странски автори од над 60 издавачки куќи од земјава и од регионот.
Култура
Светска премиера на „Киука – Пред летото да заврши“ во Кан – филмот е копродукција помеѓу Грција и Македонија
„Киука – Пред летото да заврши“ (Kyuka Before Summer’s End) во режија и по сценарио на Костис Харамуданис, кој е реализиран како билатерална копродукција помеѓу Грција и Северна Македонија и е поддржан од Агецијата за филм на Република Северна Македонија, својата светска премиера ќе ја има на Канскиот филмски фестивал како дел од 32. издание на програмата ACID, што ќе се одржи од 15 до 24 мај оваа година. На „Куика“ му е доверена честа да ја отвори оваа програма.
„Лист продукција“ е македонски копродуцент на дебитантскиот филм на режисерот Харамуданис со Марија Димитрова и Игор Иванов како копродуценти, а Херетик од Грција е главен продуцент со Данае Спатхара, Јоргос Карнавас и Константинос Контовракиси како продуценти.
„Киука – Пред летото да заврши“ е приказна за едно трочлено семејство, кое како и секое лето, плови со својата едрилица до островот Порос, каде што таткото Бабис и децата Константинос и Елса, кои се веќе на прагот пред полнолетството, го минуваат годишниот одмор. Додека пливаат, се сончаат и создаваат нови пријателства на островот, децата случајно ја запознаваат Ана, жената што ги родила и ги напуштила уште во најраното детство, со што ќе почне едно горко-слатко патешествие на созревање под летното сонце, а долгогодишната огорченост на Бабис избива на површина.
Програмата на ACID (Association for the Distribution of Independent Cinema – Асоцијација за дистрибуција на независен филм) на Канскиот филмски фестивал е креирана во 1993 година и прикажува 9 долгометражни филма, фикција и документарци. Овие филмови се избираат од стотиците пристигнати филмови од цел свет од страна на петнаесетина филмаџии, членови на асоцијацијата.
Снимањето на филмот се одвиваше во октомври 2022 година во Атина и на островот Порос, а постпродукцијата се работеше на релација Атина – Скопје.
Главните улоги во филмот ги играат Симеон Цакирис, Елса Лекаку, Константинос Георгопулос, Афродита Капокаки и Елена Топалиду.
Македонската екипа во овој филм ја сочинуваат Михаил Димитров, Игор Поповски и студиата за постподукција „Аудио хаус“ и „Слобода филм“.