Контакт

Култура

Канчевска во посета на Дебар и Св. Јован Бигорски

Објавено пред

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во четврток ќе оствари работна посета на Дебар каде ќе се сретне со градоначалникот на оваа општина Ружди Љата.

Во рамките на престојот на Дебар, Канческа-Милевска ќе ја посети и НУ Центар за култура, каде во изминатиот период беа реализирани повеќе проекти, меѓу кои и реконструкцијата на влезното плато пред објектот, а од неодамна профункционира и киното. Предвидено е Канческа-Милевска во текот на утрешниот ден, заедно со стручните екипи од Националниот конзерваторски центар, ќе го посети и Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, каде во завршна фаза е реконструкцијата на Стариот конак кој во 2009 година беше опожарен. /крај/

Култура

„Заробениот ветер“ – нова претстава на театарот „Сенки и облаци“

Објавено пред

Оваа сабота, 16 октомври, во 19 часот, ќе се одржи премиерата на новата претстава на театарот „Сенки и облаци“ со наслов „Заробениот ветер“.

Во нов театарски формат – кутија и интимна атмосфера од само четворица во публиката, ова седумминутно доживување ја разгледува темата на загадувањето на природата низ призмата на една птица.

Премиерата ќе се одвива во независниот уметнички простор на театарот „Сенки и облаци“ во Дебар Маало, каде што претставата ќе биде неколкукратно изведена, а во согласност со пропишаните протоколи за настани од јавен карактер.

„Заробениот ветер“ е наменета за сите мали и големи деца, кои се љубопитни да ѕирнат во кутијата со сенки, а влезот е бесплатен.

Прикажи повеќе...

Култура

Од коронавирус почина српскиот актер Марко Живиќ

Објавено пред

Актерот Марко Живиќ почина денеска на 49-годишна возраст во Белград по тешка борба со коронавирусот.

Марко Живиќ ги помина последните денови во болница, на респиратор, и тој вторпат беше хоспитализиран поради коронавирусот, објави „Блиц“.

Првиот пат кога бил примен неговата состојба се стабилизирала, па бил пуштен на домашно лекување, но симптомите одеднаш се влошиле.

„Блиц“ пишува дека на Живиќ му бил отстранет тумор во 2008 година.

Прикажи повеќе...

Култура

Јубилејниот 40. Скопски џез фестивал од 22 до 24 октомври

Објавено пред

Годинешниот 40. Скопски џез фестивал ќе се одржи од 20 до 24 октомври. Единаесет познати изведувачки имиња од САД, Куба, Европа и Македонија ќе одржат концерти во живо во салите на Националната опера и балет и Младинскиот културен центар.

Фестивалот ќе го отвори супер-херојот на скандинавската џез сцена Матс Густафсон со свој специјален соло рецитал на саксофони. Од САД ни доаѓа квартетот на новата голема ѕвезда на џезот, басистката Линда Меј Хан О, како и култната музичарка, поетеса, активистка и ем-си Мур Мадер, во придружба на легендарниот перкусионист од „Арт ансамбл оф Чикаго“ Дуду Којате и Матс Густафсон.

Од Данска, САД и Шпанија ни гостува квартетот на извонредниот гитарист Јакоб Бро, од Португалија многубројниот Лисабонскиот андерграунд музички ансамбл Л.У.М.Е., од Грција триото на исклучителната џез-пијанистка Тања Џанули, а од Австрија експлозивните Шејк Сту.

Еден од ексклузивитетите на јубилејното издание на Скопскиот џез фестивал е специјалниот проект „Ну Мјузик 4“ посветен на џез-легендата Дон Чери, со Кристер Ботен, Горан Кајфеш, Матс Густафсон и Окај Темиз, како и настапот на проширениот ансамбл на нашиот композитор и мултиинструменталист Јордан Костов. Фестивалот ќе го заокружи концертот на славниот кубански пијанист Роберто Фонсека и неговото трио.

Придружната програма на фестивалот годинава опфаќа изложба на плакати на Скопскиот џез фестивал под наслов Complicate Simply!, потоа премиерно прикажување на две значајни документарни филмски остварувања: Aretha Franklin: Amazing Grace  и Blue Note: Beyond the Notes, како и настап на најпознатиот албански џез-состав во моментов – AJS Quartet.

Во рамките на фестивалот ќе бидат промовирани две нови ЦД-изданија на SJF Records – најновите албумски објави на Јордан Костов ансамбл и Светлост + одрон ритуал оркестра, а ќе биде доделена и веќе традиционалната Награда за најдобар млад џез-музичар во 2021 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Приведено лице за давање поткуп за гласови во општина Лозово

Во општина Лозово денеска е приведено 50-годишно лице кое нудело пари на гласачи за претстојните избори. Според информациите на МВР,...

Топ4 часа

Украден сеф со 84.000 денари од Поштата во Миладиновци

Украден сеф со 84.000 денари од Пошта во село Мичадиновци. „ На 14.10.2021 во 8:40 часот во Полициското одделение Петровец...

Свет4 часа

(Видео) Американски разорувач спречен да влезе на руска територија

Американски разорувач се обиде да ја наруши државната граница на Русија во Јапонското Море, а беше спречен во тоа од...

Свет5 часа

(Видео) Британски пратеник избоден со нож до смрт додека држел говор во црква

Британски пратеник од Конзервативната партија, сер Дејвид Ејмс денеска беше избоден со нож неколку пати по што почина, објавија британските...

Македонија7 часа

9 починати и 413 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи на...

Топ11 час

Четворица повредени во превртениот автобус во Битола

Четири лица се повредени во несреќата што утрово се сучи во Битола кога се преврте автобус со работници од фабриката...

Македонија12 часа

(Видео) Спасовски: Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава

Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава. Затоа и ве поканувам во еден празничен изборен дух да...

Македонија13 часа

Во Македонија активни 6.602 случаја на коронавирус

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963, бројката на оздравени пациенти е 182.473,...

Македонија13 часа

Последен ден од предизборната кампања

Денеска е последниот ден од предизборната кампања за локалните избори што ќе се одржат в недела. Агенцијата за аудио и...

Македонија1 ден

Ученици од 364 основни и 109 средни училишта треба да бидат тестирани на Ковид-19

Во рамките на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од Ковид-19 во основните и средните училишта,...

Македонија1 ден

Град Скопје ќе им додели по 100.000 денари на семејствата на загинатите во пожарот во Тетово

Поради трагичниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово, Советот на Град Скопје се состана уште еднаш за да гласа за...

Македонија1 ден

Заврши привремениот престој во земјата за група Авганистанци, заминаа за Франција

Група од 10 граѓани од Авганистан, кои привремено беа згрижени во Македонија, заминаа синоќа од Меѓународниот аеродром „Скопје“. Прибежиште им...

Економија1 ден

(Видео) Заев: Спроведуваме политики што обезбедија стабилност и раст и во услови на Ковид-19

Западен Балкан во постковид-светот: Кој е вистинскиот пат до стабилност и просперитет?, е темата на самитот на Западен Балкан во...

Свет1 ден

СЗО формира нов експертски тим за утврдување на потеклото на коронавирусот

Светската здравствена организација формира нова експертска група за тестирање опасни патогени, која, како што проценува, е последна шанса да се...

Свет1 ден

Курц: Не сум робот, туку човек со грешки и мани

Лидерот на Австриската народна партија (ОВП), Себастијан Курц, кој поднесе оставка на функцијата канцелар поради истрагата против него и луѓето...

Регион2 дена

Мирна ноќ во Косово и Метохија – повлечени барикадите

Ноќта во Косово и Метохија помина мирно. Барикадите што граѓаните од северот на Косово и Метохија ги поставија во текот...

Регион2 дена

Вучиќ: Ќе го одбраниме нашиот народ на Косово и Метохија, нема повлекување

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави фотографија на својот инстаграм-профил под која напиша: „Ќе ги браниме нашите луѓе на Косово...

Свет2 дена

(Видео) Најмалку петмина загинати во нападот во Норвешка, напаѓачот е Данец

Најмалку пет луѓе загинаа во вчерашниот напад во Норвешка, а уште двајца се повредени, јавија локалните медиуми. Меѓу повредените, кои...

Свет2 дена

(Видео) Пожар во зграда на Тајван, 25 загинати и 44 се повредени

Најмалку 25 луѓе загинаа, а 44 се повредени во пожар што зафати 13-катна зграда во јужниот дел на Тајван. Зградата...

Регион2 дена

Докторка од Словенија за 50 евра издавала лажни потврди за прележан Ковид-19

Докторка од Помурје во Словенија издавала лажни потврди за прележан коронавирус за 50 евра. Случајот го истражува и Лекарската комора...

Досие