Контакт

Култура

„Игра на престоли“ номиниранa во 16 категории за „Еми“

Објавено пред

Познатите серии „Игра на престоли“ и „Американска хорор приказна“ се номинирани во 16, односно 17 категории за престижната телевизиска награда „Еми“.

Се очекува „Игра на престоли“ да ги собере техничките награди за најдобар звук, визуелни ефекти, монтажи, најдобра драмска серија и најдобро сценарио, а можно е и Питер Динклиџ и Емилија Кларк да ги освојат наградите за најдобри споредни актери.

Мет Дејмон и Мајл Даглас се номинирани за најдобри главни актери за настап во телевизискиот филм “Behind The Candelabra“ во коjшто глумат хомосексуалци. Најголемо изненадување за номинација е интернет серијата „Куќа од карти“ со Кевин Спејси.

Наградите ќе бидат доделени во Лос Анџелес на 22 септември./крај/мф/фф

Култура

Свечено отворање на шестото издание на „Киненова“

Објавено пред

Во киното „Милениум“, вечерва, со почеток во 20 часот, свечено ќе биде отворено шестото издание на фестивалот „Киненова“.

На свеченоста ќе им биде доделена наградата за особен придонес на филмската уметност на актерот Мето Јовановски и постхумно на Сабина Ајрула-Тозија, а на отворањето на фестивалот ќе се прикаже филмот „СТРАХИЊА БАНОВИЌ/AS FAR AS I CAN WALK“ на Стефан Арсенијевиќ.

„Киненова“ и оваа година им отстапува простор на осум моќни нови гласови, чии филмови ќе се борат за престижните фестивалски награди.

„Им отстапуваме простор на две документарни остварувања што обработуваат исклучително интересни теми. ‘Киненова’ е благонаклонета и кон помалите кинематографии, па имаме и еден филмски претставник од соседно Косово, кој е вистински прирачник за реализација на мал, но силен филм. Полската и грчката кинематографија се во наш редовен фокус, а португалскиот филм ни приреди вистинско позитивно изненадување“, соопштија организаторите на фестивалот.

Проекциите на филмовите се во киното „Милениум“ и во Кинотеката.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Ѕиркачот“ – изложба на Стефан Божиновски вечерва во МКЦ

Објавено пред

Вечерва, со почеток од 20 часот, во МКЦ (Галерија 2, горно фоаје), ќе се отвори „Ѕиркачот“ – изложба на Стефан Божиновски.

Отворањето ќе биде проследено со краток перформанс.

„И чувствуваш како некој да е тука, и те гледа.

Не го гледаш, но те гледа. Будно те следи, и… чека.

Како сведок. Нем сведок на туѓо постоење“.

Живееме во општество во кое сите ние, на еден или друг начин, сме цел на постојано набљудување. Нашето постоење е нераскинливо сврзано со потребата за анализа, првично поттикната и во одредена мера испровоцирана од природната потреба за љубопитност и желбата што подетаљно да се истражи и спознае светот во кој егзистираме, да се разоткрие превезот на конфузија и загадочност постојано диктирани од страна на аналитичката страна од нашиот разум.

Опседнатоста со туѓото, онаа отровна љубопитност, која ја потиснуваме, а која е способна да нѐ контролира однатре и да демне низ кревките и непредвидливи лавиринти на нашето постоење, поттикнува низа постапки за кои честопати и не може да се пронајде соодветно оправдување. Во денешното општество љубопитноста и силната желба да се навлезе и да се дознае нешто повеќе за другиот е сосема нормализирана појава, дополнително поттикната од социјалните медиуми. Љубопитност да се види одредена содржина, содржина што може да се избере лично според желбата што ја има поединецот побудувајќи ја скопофилијата во својот нарцисоиден аспект, а и кои уште повеќе влијаеја врз деперсонализирање на идентитетот и индивидуалитетот на поединецот, кој продолжува да демне сместен во кревката фрагилност и несигурност на сопственото постоење. Да погледнеме, да ѕирнеме, да го прокоментираме животот на другиот.

– Ангела Витановска

Стефан Божиновски е роден 1999 година во Битола, Р. Македонија. Моментно е студент на додипломски студии на Катедрата за графика (со модул сценографија) на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Покрај матичната работа во областа на графиката, тој работи и во областите сликарство, фотографија, филм и театар. Во текот на студиите има учествувано на повеќе изложби, како изложбата на студентска графика „Драгутин Аврамовски – Гуте“ (најдобра студентска графика за академската 2020/2021), изложбата „Љубов во време на корона 2020“ (со фотографија) и изложбата „Одбиенале 2021“. Од јули 2017 до август 2018 година е дел од првата генерација на „Докуникулци“, школата за документарен филм на „Македокс“. Во неговото портфолио има и еден краток филм, „Тука сум“ (2021) (сценарист и режисер). Во текот на 2020 година работи како дел од тимовите на повеќе научнокултурни студентски проекти во соработка со студенти од повеќе факултети при УКИМ.

Прикажи повеќе...

Култура

Шпански филмови, српски документарци и евергрини се дел од ноемвриската програма во Кинотеката

Објавено пред

Филмот ТОМА на Драган Бјелогрлиќ, динамична сторија за животот и доживувањата на легендарниот пејач Тома Здравковиќ, како секој вистински филмски хит на Балканот, веќе исфрли неколку реплики кои стекнуваат култен статус со неверојатна брзина. Една од нив гласи „Ти не ја бираш публиката, публиката те бира тебе!“, изречена од пејачката Силвана Арменулиќ, наменета за нејзиниот колега Тома. И, секако, ТОМА го имаме на почетокот на ноемвриската програма во Кинотеката.

Како со песните, така и со филмовите: публиката секогаш ги бира, одлучува кои и се омилени, кои ќе ги гледа и по неколку пати. И филмовите и песните понекогаш стекнуваат статус на „евергрини“ (evergreen), минувајќи ги ситото на временската дистанца од две, пет, десет, дваесет, педесет години, и судот на разните вкусови.

Ноемвриската програма во Кинотеката содржи некоку такви „евергрин“ филмови за сите времиња. Неделата на шпански филм содржи токму такви наслови. Изборот на седумте филмови на оваа манифестација, која веќе е традиционална на кинотечната програма, претставува мешавина од тематски преокупации на авторите од неколку генерации, во кои доминира добро познатата медитеранска атмосфера, во која се „натопени“ семејните и личните трагедии.

Документарниот филм ОМЕГА () на Хервасио Иглесиас, Жозе Санчез-Монтес (Gervasio Iglesias, José Sánchez-Montes) на необичен начин ги спојува поезијата на Леонард Коен и Федерико Гарсија Лорка со огнениот ритам на фламенкото. ДУХОТ НА ПЧЕЛНАТА КОШНИЦА (El espíritu de la colmena / The Spirit of the Beehive) на Виктор Ерис (Víctor Erice), ДЕВЕТ ПИСМА ЗА БЕРТА (Nueve cartas a Berta / Nine Letters to Bertha) на Базилио Мартин Патино (Basilio Martín Patino), НАЦИОНАЛНО НАСЛЕДСТВО (Patrimonio Nacional / National Heritage) и РАКЕТАТА ОД КАЛАБУЧ (Calabuch / The Rocket From Calabuch) на Луис Гарсија Берланга (Luis García Berlanga) внимателно ја сецираат најголемата рана на шпанското општество, четириесетгодишната диктатура на Франциско Франко. Тие рани можеби се залечени, но ангажираните филмски автори се тие што имаат задача да покажуваат на лузните што едно општество ги носи.

На Неделата на шпански филм ќе ги видиме и социјалната драма Невините светци (Los Santos Inocentes / The Holy Innocents) на Марио Камус (Mario Camus), како и „женското писмо“ на авторката Исиар Бојаин (Icíar Bollaín) – порано и одлична и популарна актерка – во МАТАХАРИС (Mataharis).

Крајот на ноемвриската програма е резервиран за четири документарни наслови од современата српска кинематографија. Се работи за двата документарни долгометражни филмови на Горан Радовановиќ (Goran Radovanović), ЧЕКАЈЌИ ГО ХАНДКЕ (Čekajući Handkea / Waiting for Handke) и СЛУЧАЈОТ МАКАВЕЕВ ИЛИ ПРОЦЕС ВО КИНОСАЛАТА (Случај Макавејев или процес у биоскопској сали / The Makavejev Case or Trial in a Movie Theater), како и двата краткометражни документарци на авторскиот двоец Милан Киќевац, Бошко Милосављевиќ (Милан Кићевац, Бошко Милосављевић), УЧИТЕЛОТ ОД ДРИМКОЛ (Učitelj iz Drimkola / A teacher from Drimkol) и СЕЛИДБИТЕ ВЕЧНО ПРОДОЛЖУВААТ (Seobe se nastavljaju večno / Migrations continue forever).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

„Името го добив по дедо ми, Дане“ – Арсовска тврди дека не го менувала своето име и нема бугарско државјанство

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ,  Данела Арсовска, и денеска на прес-конференција ги негираше обвинувањата дека поседува...

Македонија37 минути

Италија забрани туристички патувања за нашите државјани, Данска ги олесни ковид-правилата за влез

Со најновата одлука на италијанските власти, Република Северна Македонија се преместува од листа Д во листа Е, со што не...

Свет2 часа

Два проценти од богатството на Илон Маск ќе го реши гладот ​​во светот

Мала група на исклучително богати поединци може да помогне во справувањето со гладот ​​во светот само со мал дел од...

Регион3 часа

САД размислуваат за укинување на визите за Бугарија

Бугарија е една од земјите за кои американскиот министер за внатрешна  безбедност, Алехандро Мајоркас изјави дека САД размислуваат да ги...

Македонија3 часа

Бројот на заразени од коронавирус од почетокот на пандeмијата во Македонија надмина 200.000 лица

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата веќе изнесува 200.412 по вчерашните потврдени нови 511...

Македонија4 часа

Заев: Куманово повторно ќе држи лекции, сочувајте го социјалдемократскиот дух на Куманово

„Куманово и на овие избори ќе одржи лекција по социјалдемократија, по прогресивност и секако по обединување и ќе даде пример...

Свет4 часа

Вакцината на „Фајзер“ за деца од 5 до 11 години одобрена од експерти на американската агенција за лекови

Советодавниот одбор на американската Администрација за храна и лекови (ФДА), составен од реномирани американски здравствени експерти, ја одобри употребата на...

Македонија14 часа

Од 15 ноември во ресторани, молови и клубови со потврда за примени две дози вакцина

Владата донесе одлука со која се дозволува влез во секаков вид објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии,...

Македонија14 часа

Дозволено организирање настани во затворено до 50 проценти исполнетост

Владата на денешната редовна 115-та седница, на предлог на Комисијата за заразни болести донесе одлука со која се дозволува организирање...

Македонија14 часа

Шилегов: Во моментов Скопје работи на три најсложени инфраструктурни проекти во својата историја

Скопје по повеќе децении добива нов мост кој овозможува брза врска на најнаселената општина во Скопје, Аеродром, со Гази Баба,...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски: Кај Шилегов единствено нешто што му се гледа повеќе од ароганцијата е стравот дека ќе загуби

Одговорот на Заев и Шилегов на дебаклот што им се случи во првиот круг од изборите било да донесат струмичка...

Свет15 часа

Меркел формално разрешена од должноста канцелар

Официјално заврши мандатот на Ангела Меркел како канцелар на Германија, а претседателот на Републиката Франк-Валтер Штајнмаер ѝ се заблагодари за...

Македонија17 часа

(Видео) Шилегов: Со брзата реакција на хероите на градот се спречи поголема материјална штета од пожарот

Денес имаше пожар кај старите бараки на Основен суд Скопје 1 и благодарение на брзата и навремена интервенција на противпожарната...

Македонија19 часа

Владата ја стопира изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци

Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување...

Македонија21 час

За една недела починале 124 лица од коронавирус, 97 од нив не биле вакцинирани

Во периодот од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти од Ковид-19, од нив над 78 % биле невакцинирани. Од...

Македонија22 часа

Регистрирани 511 нови случаи на Ковид-19, пријавени 10 починати лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Економија23 часа

Бектеши: Нема зголемување на цената на струјата до крајот на годината

До крајот на годината ќе има доволно количина електрична енергија и сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот...

Македонија24 часа

Кај нас има 400 Авганистанци со привремен претстој, седуммина заминаа во Португалија

Северна Македонија во моментот им дава прибежиште на 400 граѓани од Авганистан, информираат од Владата. Oд таму додаваат дека Авганистанците...

Македонија1 ден

Шилегов: Мерките што ги преземаме против загадувањето во Скопје даваат резултати

Загадувањето веќе не е топ-тема во Скопје како што беше во изминатите неколку години. Тоа е факт и тоа е...

Македонија1 ден

Зимското сметање на времето почнува в недела, вечерта пред локалните избори

Зимското сметање на времето почнува в недела на 31 октомври во 3 часот по полноќ со поместување на времето за...

Досие