Контакт

Култура

Презентација на проектот за изградба на нов објект на местото на Драмски театар

Објавено пред

Проектот за изградба на нов објект на местото на сегашниот Драмски театар – Скопје по пат на јавно приватно партнерство или друг сличен модел ќе биде промовиран во вторник.

Проектот ќе го презентира министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, а прес конференцијата ќе се одржи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност. /крај/мф

Култура

Промоција на „Југослав“ – роман од Ана Вучковиќ

Објавено пред

Вечерва, со почеток од 20 часот, во МКЦ (сала „Фросина“), ќе се одржи промоција на романот „Југослав“ од Ана Вучковиќ.

„Југослав“ е една елегична поема за заедничкото време што јунакињата го поминала со својот татко, со посебен акцент на времето поминато во убиената Југославија.

Промотори на книгата се Лилјана Пандева и Сашо Огненовски, папреведувач на делото, а модератор е Јулијана Величковска.

„Југослав“ е една елегична поема за заедничкото време што јунакињата го поминала со својот татко, со посебен акцент на времето поминато во убиената Југославија – Срѓан Средиќ.

Ана Вучковиќ (1984, Белград) дипломирала на Факултетот за драмски уметности на отсекот за драматургија, а магистрирала филмологија. Својата писателска кариера ја почнува на петнаесетгодишна возраст во 1999 година кога за краткиот расказ „Нишалка“ ја добива наградата „Борслав Пекиќ“. Авторка е на романите: „Епохата пцовиса вчера“ (2003), „Ласт’н’даст“ (2004), „Сурфинг Србија“ (2021) и „Југослав“ (2019), како и на збирката раскази „Плишениот солитер“ (2007). Со својот прв роман и со романот „Југослав“ беше во потесен круг за НИН-овата награда, а со збирката раскази „Плишениот солитер“ беше во потесен круг за наградата „Исидора Секулиќ“. Таа е новинар во Радио Белград, пишува колумни за „Сити магазин“ и уредник е на повеќе емисии на Радио Апарат – алтернативна радиостаница во Белград.

Настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните протоколи за организирање настани во затворен простор.

Прикажи повеќе...

Книги

„Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков добитник на наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман

Објавено пред

Ракописот со наслов „Хотел меѓу две војни“ од авторот Александар Русјаков е победник на третото издание на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман за 2021 година.

На годинешниот конкурс за наградата за најдобар необјавен роман на годината – „Пегаз“, што ја организираат издавачката куќа „Арс ламина“ и Фондацијата „Славко Јаневски“, се пријавија и учествуваа 44 ракописи. За победникот одлучи жирито во состав: проф. д-р Владимир Мартиновски (катедра за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“), Фросина Пармаковска (писателка и добитничка на наградата „Роман на годината“ за 2017 година) и Бисера Бендевска (уредничка во издавачката куќа „Арс ламина“).

Во образложението на жирито се вели: „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков е историографска метафикција посветена на култната љубовна приказна за Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте. Прикажани во вителот на бурните историски настани на Балканот и во Европа (пред сè, многубројните војни од првата половина на ХХ век), судбините на Мустафа и Елени се прикажани преку вештите меандрирања во биографските факти и во многубројните реминисценции и психолошки портретирања на ликовите“.

„Престојувајќи во бизарен хотел, кој асоцира на задгробниот свет, но во соба со поглед на Битола, Мустафа Кемал Ататурк понира во фантазмагоричниот свет на спомените и соништата, во кој на еден непредвидлив начин се мешаат сликите од минатото и од интимната историја на протагонистите. Приказната за Мустафа и Елени е раскажана оригинално, преку калеидоскоп од сугестивни сцени, впечатливи прозни пасажи и вешто водени дијалози. Овој роман проблематизира и низа историски моменти и ликови, видени од специфичната призма на авторот, која е оригинална, темелна и извонредно визуелно ефектна. Светот што овој роман ни го претставува е раскошен, слоевит, свет што ги обединува пределите на сонот и јавето, животот и смртта, историската реалност и фикцијата. Раскрстувајќи со секаква типичност, типизираност и клишеизираност, ‘Хотел помеѓу две војни’ одново ги создава личните и историските вистини, играјќи си и постојано поместувајќи ги силните противречности помеѓу она што било и она што би можело да биде; помеѓу големите и малите; Истокот и Западот; слободните избори и детерминираните улоги. Меѓу другото, ова е и роман што нуди уникатно ѕирнување во комплексниот свет на една од најинтересните историски личности, секако низ безграничните можности на фикцијата и авторовата имагинација. Поради наведените книжевни и текстуални карактеристики на овој ракопис, што ги посочивме како негови доблести што го издвоија од другите конкуренти, донесовме едногласна одлука – ‘Хотел меѓу две војни’ да ја понесе наградата ‘Пегаз’ за 2021 година. На сите автори што се пријавија на конкурсот им се заблагодаруваме за нивното учество, а на победникот му ја честитаме првата награда“, се истакнува во образложението на жирито.

По темелното исчитување на сите пристигнати ракописи, стручната комисија го донесе следниот заклучок:

– Генералниот впечаток од сите разгледани ракописи е дека доминираат реалистичното писмо и жанрот трилер. Покрај победничкиот роман, во најтесниот избор за наградата „Пегаз“ за 2021 година ги разгледавме и ракописите „Ние“ од Ана Стојаноска и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска, кои се издвоија од мноштвото по своите книжевни вредности – оригиналната нарација, структурните и стилските квалитети.

Наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман е своевидно продолжение на веќе етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“.

– Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ се горее со својот придонес во развојот на македонската романсиерска продукција. Покрај организацијата и доделувањето на наградата „Роман на годината“, наградата „Пегаз“, што ја доделуваме заедно со издавачката куќа „Арс ламина“, е несомнено важен сегмент во создавањето на оваа нагорна линија на македонскиот роман. Сметаме дека е особено важно што оваа награда се доделува за необјавен роман, односно роман во ракопис, што секако овозможува пред оценката на јавноста да се појават и некои дела што можеби неправедно и неоправдано не успеале да излезат на светлоста на денот. Третото доделување на оваа награда само говори дека сме на вистинскиот пат и дека наградата, полека, ама со сигурен чекор, го етаблира своето место во македонскиот културен простор – вели Ѕвездан Георгиевски од Фондацијата „Славко Јаневски“.

Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на победничкиот роман во посебна едиција.

Прикажи повеќе...

Култура

„Зимски соништа“ во Филхармонијата

Објавено пред

Оркестарот на Филхармонијата овој четврток во 20 часот ќе го одржи концертот со наслов „Зимски соништа“. Како солист ќе настапи виолистот Тимоти Ридаут од Велика Британија, диригент е Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата се Концертот за виола во е-мол, оп. 85 (транскрипција од Kонцертот за виолончело) од Едвард Елгар и Симфонијата број 1 „Зимски соништа“ од П. И. Чајковски.

Сер Едвард Елгар (1857-1934) е еден од најзначајните британски композитори и еден од водечките европски композитори од неговата генерација. Иако се детерминира како типичен англиски композитор, неговите главни музички влијанија доаѓаат од континентална Европа. Шуман, Брамс, Лист, Вагнер и Штраус биле композиторите во кои наоѓал инспирација за своите дела. Концертот за виолончело и оркестар е едно од последните големи оркестарски дела на Елгар. Фактот што го завршил по Првата светска војна, кога бил во финансиски тешкотии и со нарушено здравје, се одразил и во атмосферата и музичката структура на ова дело, кое се разликува од неговите претходни композиции.

Првата симфонија на Чајковски е едно од најзначајните дела во симфониската приказна на 19 век, оригинална во секој контекст, поинаква од сѐ што било напишано пред неа. Со неа ја маркирал патеката на која потоа ќе ги трасира и другите свои симфониски дела, во кои ќе продолжи да ги тестира границите на оркестарскиот звук. Покрај исклучителното место што го има во историјата на музиката, таа воедно е и една од најмаркатните први симфонии напишани некогаш. „Зимска приказна“ е првата симфониска музичка приказна на големиот руски композитор, со која на фантастичен начин го најавил својот потентен оркестарски опус.

Конрад ван Алфен е инспиративен диригент, кој ги прави нештата да се случуваат, ќе напише критиката за холандскиот маестро. Етаблираниот холандски/јужноафрикански диригент Конрад ван Алфен ја стекнал својата популарност и кај оркестрите и кај публиката благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигнал својот оркестар на ниво да биде интернационално признат и да стане домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам. Скорешните интернационални турнеи на оркестарот ги вклучуваат: Русија, Мексико, Бразил, Колумбија и Чиле. Од 2005 до 2009 година Конрад ван Алфен бил на позицијата шеф-диригент на Државниот симфониски оркестар „Сафонов“ во Русија, каде што ја добил наградата за својот придонес во културата во Јјжна Русија. Во моментот е уметнички директор на „Московското филхармониско здружение“, во чии рамки редовно диригира со оркестрите од Москва во познатата сала „Чајковски“. Исто така, тој е гостин диригент и со оркестрите на добро познатите културни центри во Новосибирск и Санкт Петербург. Во изминатите години многубројни оркестри во светот настапиле под диригентската палка на Ван Алфен, и тоа во: Холанија, Германија, Белгија, Италија, Швајцарија, Англија, Данска, Израел, Словенија, Србија, Бугарија, Романија, Полска, Јужна Африка, Кина и во Мексико. Неодамна успешно дебитирал со Филхармонискиот оркестар од Брисел, со „Симфоникер“ во Бохум и со Симфонискиот оркестар „Светланов“ во Москва. Многубројни солисти ја уживале неговата придружба, како што се: Даниел Хоуп, Жанин Јансен, Бенџамин Шмид, Куирин Виерсен, Роланд Браутигам, Албан Герхард, Симон Ламсма и Никита Борисо-Глебски. Во изминатите години неговите соработки со Рускиот нацинален оркестар и солистот Михаил Плетнеев на фестивалите во Монтро и Мерано резултирале со неколку покани за соработка за турнеите во Кина и во Јужна Америка. Конрад ван Алфен е роден 1963 година во Преторија. По завршувањето на своите музички студии на 26-годишна возраст, тој се преселил во Холандија и ја имал постојаната позиција на контрабасист во Радиосимфонискиот оркестар и на Академијата „Бетовен“ во Антверпен, Белгија, паралелно студирајќи и диригирање под раководство на Ери Клас и Роберо Бензи.

Тимоти Ридаут (1995) е еден од водечките млади солисти на светската музичка сцена. Тој е уметник на новата генерација на Би-би-си од 2019 година, a неговите концертни ангажмани оваа сезона вклучуваат настапи со оркестрите во Берлин, Бордо, Салцбург, Симфонискиот оркестар на Би-би-си… Настапувал со диригенти како Давид Цинман, Силвијан Кембрелинг, сер Андреас Шиф…

Го нарекуваат виолист „чиј тон не може да биде посигурен и чиј музички инстинкт инспирира самодоверба на секое можно ниво“, млад изведувач, чија изведба се одликува со „солиден тон, совршена интонација, солидна техника и харизма“, но и еден од најдобрите млади виолисти кој постојано воодушевува со своите „возбудливи вибрато тонови“ и талент, чија кариера со сигурност ќе биде успешна.

„Како дете сакав да бидам пејач, не виолист. Пеев во школскиот хор и учествував во мјузиклите што училиштето ги подготвуваше. Кога дојдоа професорите да ги претстават своите инструменти за да избереме еден од нив, јас се одлучив за виолата само затоа што професорот ја отсвири ‘Темата на Хедвиг’ од филмовите за Хари Потер. Инструментот го немав допрено сѐ до моментот кога мојот глас почна да ме издава и не можев повеќе да пеам. Почнав со изучување на виолата на Кралската музичка академија, но тешко ми одеше, бев многу поназад од сите што беа со мене. Во тоа време веќе почнав да го засакувам овој инструмент, па не ми падна тешко тоа што требаше да се трудам и да вежбам два пати повеќе од другите“, вели Ридаут.

Денеска активно настапува и како солист и како камерен музичар, а неговите ангажмани вклучуваат и по неколку настапи во сезоната во Вигмор Хол, како и во цела Британија, Европа и Јапонија. Редовно свири на фестивалите во Луцерн, Локенхаус, Берген, Евијан, Аспен… Соработувал како камерен музичар со врвни уметници, како Џошуа Бел, Изавбел Фауст, Јанин Јансен, Кристиан Тетцлав, Николас Алштед, Киан Солтани, Ларс Вогт и многу други.

Неговиот втор албум „Музика за виола и камерен оркестар“, на кој се поместени дела од Вилијамс, Мартину, Хиндемит и Бритн, беше издаден во февруари 2020 година под етикатата на издавачката куќа Claves records. Неговиот деби-албум излезе во 2017 година во соработка со пијанистот Ке Ма.

Свири на виола од Перегрино ди Зането од 1565 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Голем пожар во Градски парк, горат бараките на Судот за прекршоци

Голем пожар гори од објект во непосредна близина на „Томче Софка“ во скопско Дебар Маало. Станува збор за бараките каде...

Македонија2 часа

За една недела починале 124 лица од коронавирус, 97 од нив не биле вакцинирани

Во периодот од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти од Ковид-19, од нив над 78 % биле невакцинирани. Од...

Македонија3 часа

Регистрирани 511 нови случаи на Ковид-19, пријавени 10 починати лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Економија4 часа

Бектеши: Нема зголемување на цената на струјата до крајот на годината

До крајот на годината ќе има доволно количина електрична енергија и сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот...

Македонија5 часа

Кај нас има 400 Авганистанци со привремен претстој, седуммина заминаа во Португалија

Северна Македонија во моментот им дава прибежиште на 400 граѓани од Авганистан, информираат од Владата. Oд таму додаваат дека Авганистанците...

Македонија7 часа

Шилегов: Мерките што ги преземаме против загадувањето во Скопје даваат резултати

Загадувањето веќе не е топ-тема во Скопје како што беше во изминатите неколку години. Тоа е факт и тоа е...

Македонија7 часа

Зимското сметање на времето почнува в недела, вечерта пред локалните избори

Зимското сметање на времето почнува в недела на 31 октомври во 3 часот по полноќ со поместување на времето за...

Свет7 часа

(Видео) Двајца загинаа, а четворица повредени во пукање во трговски центар во САД

Две лица загинаа, а четворица, од кои еден полицаец, се повредени во пукотница во трговски центар во градот Бојси, во...

Македонија8 часа

Во моментот активни над 6.100 случаи на коронавирус во Македонија

Бројот на заразени од коронавирус изнесува 6.187 лица и бележи зголемување во однос на претходната недела. Според епидемиолошки анализи во...

Свет9 часа

ЕМА ја одобри вакцината на „Модерна“ како трета доза

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината на „Модерна“ против Ковид-19 како трета доза за лица над 18 години....

Регион24 часа

Рама: Ако Западен Балкан не може во ЕУ, нека дојде ЕУ на Балканот

Влезот на Западен Балкан во Европската Унија се чини дека е привремено замрзнат, но ако регионот не може да се...

Македонија1 ден

11 починати лица, 135 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 1.514 тестирања,...

Македонија1 ден

Баравме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород, сведочи семејството на 22-годишникот што почина од корона

Семејството на 22-годишното момче од Битола, кое почина како последица на коронавирусот, преку писмо се обрати од министерот за здравство,...

Свет1 ден

ОН: Толку високо ниво на јаглероден диоксид на Земјата имало пред дури 3 милиони години

Концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата повторно достигна рекордно ниво, се вели во денешниот извештај на ОН. Концентрацијата на јаглероден...

Македонија1 ден

Антикорупциската сѐ уште чека одговори од Обвинителството за ДУП-от кај „Холидеј ин“ и тендерот на ДИК

Обвинителството сѐ уште не ѝ одговорило на антикорупциската комисија по иницијативите за кривична одговорност во однос на лицата што учествувале во детаљниот...

Топ1 ден

Тешка сообраќајна незгода во Битола помеѓу автомобил и мотор управуван од дете

Две малолетни деца се повредени во сообраќајната несреќа во Битола што се случи помеѓу автомобил и мопед. Едното од децата...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачки: Во злосторничката група полицајци директно вмешани луѓе на Спасовски

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека полицајци на Заев и Спасовски договарале малтретирање граѓани за изборната кампања. Од партијата објавија докази дека група...

Свет1 ден

Ранетиот режисер открива детали за трагедијата на снимањето

Алек Болдвин вежбал да вади револвер од футролата по што го вперил во камерата за време на пробата на снимањето...

Свет1 ден

Колумбискиот наркобос не користел телефон и соработувал со криминалци од Балканот

Колумбискиот главен наркобос Даиро Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, кој беше уапсен вчера, е поврзан со балкански трговци со...

Свет1 ден

Тедрос: Пандемијата нема да се доведе до крај додека не заврши во целиот свет

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аденон Гебрјесус, изјави дека пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена. „Ги имаме...

Досие