Култура
Чествување на големиот поет и прв претседател на ДПМ Блаже Конески

„Посланието на Блаже Конески“ е насловот на Свечениот собир што во четврток напладне ќе се одржи во Друштвото на писателите на Македонија(ДПМ) во чест на основоположникот и првиот претседател на македонската писателска асоцијација.
Собирот се одржува на денот на раѓањето на големиот поет, раскажувач, есеист, книжевен историчар, лингвист и преведувач, а во рамките на Деновите на Блаже Конески што ДПМ ги организира од 18 до 20 декември.
Собирот ќе го отвори претседателот на Собранието на Друштвото на писателите Веле Смилевски, а за Посланието на Блаже Конески ќе зборува академик Георги Старделов.
Притоа ќе биде промовирано руското издание на последните шест стихозбирки на Блаже Конески, неодамна објавени во Москва во превод на Олга Панкина.
Во Домот на македонските писатели ќе биде отворена и изложба на слики од Олга Панкина инспирирани од поезијата на Блаже Конески. Средбата ќе ја води и стихови од Блаже Конески ќе чита Александра Велинова. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги
Поетско читање „Јазикот е нашата татковина“ во чест на Блаже Конески

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) организира поетско читање на кое поети од разни генерации ќе ја искажат својата почит кон ликот и делото на Блаже Конески.
Авторите, в петок (20 декември), со почеток од 19 часот, ќе читаат по една песна од Конески по свој избор и една сопствена песна.
На настанот со наслов „Јазикот е нашата татковина“ ќе настапат: Зоран Анчевски, Катица Ќулавкова, Иван Џепароски, Кристина Николовска, Владимир Мартиновски, Виолета Танчева Златева, Тихомир Јанчовски, Сузана В. Спасовска, Снежана Стојчевска, а со писмо ќе се вклучи и Лидија Димковска.
Mодерaтор на настанот ќе биде Александра Јуруковска.
Книги
Објавен речник на туѓи зборови во македонскиот јазик

Во издание на „Бата прес“ излезе од печат лексикографското издание „Мал речник на туѓите зборови во македонскиот јазик“ од Толе Белчев, Снежана Веновска-Антевска и Елена Јованова-Грујовска. Објавувањето на речникот е помогнато од Министерството за култура.
Речникот е „мал“ само по тоа што ги содржи најчесто употребуваните зборови од другите јазици (англиски, германски, француски, латински јазик), а не и од јазиците на соседите (српски, бугарски, албански, турски, грчки), а авторите – угледни лингвисти и универзитетски професори најавуваат дополнети и нови изданија од овој вид. „Малиот“ речник е толковен и има 550 страници, голем формат.
„Малиот речник на туѓите зборови во македонскиот јазик е текст наменет за сите возрасти, особено за помладите кои се среќаваат секојдневно со непознати зборови или со зборови што ги прочитале или ги слушнале некаде и не им го знаеле точното значење. Потоа во различни пригоди и од различни причини сосема несоодветно ги употребуваат тие зборови. Оваа книшка е потсетник за таквите зборови со цел да се употребат онаму каде што е потребно и соодветно. Овде е направен избор од непознати туѓи зборови што се употребуваат често“ пишуваат авторите во воведот на делото, нагласувајќи дека дел од зборовите „потекнуваат од други јазици, а дел од нив можат да се јават како нови од соодветниот јазик. Оние што потекнуваат од други јазици се поставени како туѓи, странски зборови, а ако ги има во повеќе јазици тие се јавуваат како интернационализми.“
Рецензенти на речникот се проф. д-р Максим Каранфиловски и проф. д-р Маќеј Кавка
Култура
Почина актерот од легендарниот филм „Кум“

Актерот Дени Ајело, кој имапе номинација за Оскар за најдобра споредна улога во филмот „Направи вистинска работа“, почина на 86 години во Њу Џерси.
Ајело почина по кусо боледување, потврди неговиот портпарол Трејси Милер за „Л.А. Тајмс“.
Со длабоко жалење известувам дека Дени Ајело, воениот сопруг, татко, дедо, глумец и музичар, почина синоќа по кусо боледување. Семејството бара приватност во овие моменти“, соопшти Милер.
Даниел Луис Ајело Џуниор глумеше во голем број филмови, „Еднаш во Америка“, „Пурпурната роза од Каиро“, „Леон: професионалец“, „Среќен број Слевин“ и многу други. Често глумеше италијанско „тврдо“ момче, а неговата кариера траеше од раните 1970-тите до денеска.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија6 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија2 недели
Јовановски: Вештачењето на камерата од моите родители ќе покаже кој замина со торбата и каде