Контакт

Култура

45 години изучување на македонскиот јазик и култура на московскиот Универзитет „Ломоносов“

Објавено пред

Македонскиот јазик, литература и култура веќе 45 години се изучуваат на Филолошкиот факултет при Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“ – јубилеј што е исклучително значаен за македонистиката. По овој повод, на 18 мај 2021 година, со почеток во 13 часот, преку платформата „Зум“ ќе се одржи свечен настан.

Настанот ќе го отвори ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), проф. д-р Никола Јанкуловски, а свои пригодни обраќања ќе имаат: Сергеј Александрович Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во РС Македонија, Оливера Чаушевска-Димовска, вд амбасадорката на РС Македонија во Руската Федерација, Андреј Александрович Липгарт, декан на Филолошкиот факултет при Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“, и Анета Дучевска, деканка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ.

Работниот дел ќе го отвори директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ (МСМЈЛК), Весна Мојсова-Чепишевска, по што ќе следуваат излагања и сеќавања за работата на лекторатот по македонски јазик на Филолошкиот факултет при МГУ „М. В. Ломоносов“ и тоа од некогашни и сегашни лектори, како и од предавачи и професори што вистински се вградиле во работата на лекторатот по македонски јазик на Универзитетот „М. В. Ломоносов“, а кои како кадри, пред сѐ, излегоа од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, како и од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков – Мисирков“ и Институтот за македонска литература при УКИМ.

Настанот ќе го одбележат со свој прилог:

– академик Ала Шешкен, професор на Катедрата за словенска филологија при Московскиот државен универзитет, научен соработник на Институтот за славистика при РАН, член надвор од работниот состав на МАНУ;

– проф. д-р Максим Каранфиловски од Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ (некогашен директор на МСМЈЛК и некогашен лектор на Московскиот државен универзитет);

– д-р Елена Верижникова, доцент на Катедрата за словенска филологија при Московскиот државен универзитет, почесен доктор на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“;

– Роза Тасевска од Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ (некогашен лектор на Московскиот државен универзитет);

– м-р Марија Пандева, актуелен лектор по македонски јазик на Катедрата за словенска филологија при Московскиот државен универзитет.

Свое учество ќе имаат и студентите по македонистика на Катедрата за словенска филологија при Московскиот државен универзитет – на сите нивоа: додипломски, постдипломски и докторски студии, и тоа: Марија Јарославцева, Елена Гаркуша и Никита Никитин (студенти од прва година), како и Полина Гаврилова и Татјана Кленова (студенти на магистерски студии) и Наталија Кикило (студентка на докторски студии).

Во рамките на настанот говорниците одделно ќе се осврнат и на влогот на оние без кои почнувањето со работа на лекторатот во Москва немаше да се случи – академик Рина Павловна-Усикова и нејзиниот руски ментор, професорот Самуил Борисович Бернштејн, како и нејзиниот македонски ментор, професорот Блаже Конески.

Овој значаен јубилеј – 45 години македонистика на „Ломоносов“, кој се одбележува во текот на годината кога се навршуваат 100 години од раѓањето на Блаже Конески, покажува дека мостот меѓу универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „М. В. Ломоносов“, како и меѓу двете земји и двата народа, одлично функционира и до ден-денес, но и дека обврзува и понатаму да се создаваат нови генерации македонисти и слависти од двете земји.

Одбележувањето на јубилејот следува по зимската школа организирана од МСМЈЛК, која се одржа на почетокот од оваа година, како и по извонредно организираната тркалезна маса на Рускиот центар, и двата при УКИМ. Со одбележувањето 45 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Филолошкиот факултет при Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го продолжува и достоинственото чествување на ликот и делото на Блаже Конески.

Овој настан е дел од годишната програма на МСМЈЛК при УКИМ, а се остварува во рамките на богатата програма посветена на големиот јубилеј на великанот Блаже Конески како дел од програмата на манифестацијата „2021 – година во чест на Блаже Конески“, под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, а во координација на Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука.

 

Култура

МНТ со претставата „Кец на десетка“ ќе гостува во рамките на манифестацијата „Струмица – град на културата“

Објавено пред

Претставата „Кец на десетка“ по текст на Митко Бојаџиски, во режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, а во продукција на Македонскиот народен театар ќе гостува во рамките на манифестацијата  „Струмица – град на културата“ за 2021 година.

Изведбата на претставата е закажана за 12 јуни со почеток во 20 часот и ќе биде одиграна на сцената во Домот на културата „Антон Панов“, Струмица.

Претставата е комедија со спонтан хумор кој брзо ја освојува публиката. Текстот има едноставна мисија да ја воведе публиката во хумористичното дејство на претставата кое се одвива во едно сосема нормално семејство што ќе се собере за да го запознае идниот зет, при што ситуациите и околностите ги наведуваат ликовите во поинаква насока.

Во претставата играат: Александар Микиќ, Тања Кочовска, Софиа Насевска-Трифуновска и Ивица Димитријевиќ.

Прикажи повеќе...

Култура

Сара Климоска на официјалната церемонија за наградата ‘Shooting Stars’

Објавено пред

Сара Климоска деновиве е во Берлин, каде ќе присуствува на официјалната церемонија за доделување на наградата Shooting Stars 2021, награда за европски актери во подем.

Церемонијата за доделување на наградите ќе се одржи на 14 јуни, непосредно пред проекцијата на филмот I’m Your Man на Maria Schrader во рамките физичкото издание на Берлинскиот филмски фестивал.

Сара Климоска беше номинирана за оваа награда од страна на Агенцијата за филм, која е долгогодишна членка на European Film Promotion, во чија организација е овој исклучителен проект за промоција на талентирани актери во Европа. Сара Климоска, наградата ја добива за нејзината улога во дебитантскиот филм на Игор Алексов, „Лена и Владимир“, во продукција на Минд Продукција, според сценариото на Александар Русјаков.

Добитници на Shooting stars за 2021 година се уште девет европски актери.

Во рамките на неколкудневниот настан – Shooting stars 2021 кој се одржа виртуелно, последната недела во февруари, непосредно пред Берлинскиот филмски фестивал, сите овие актерски имиња имаа прилика да присуствуваат на состаноци, виртуелни претставувања и интервјуа со кастинг директори, агенти и продуценти.

Од Македонија досега оваа награда ја добиле Благој Веселинов во 2019, Наташа Петровиќ во 2011 и Лабина Митевска во 1998 година.

Прикажи повеќе...

Култура

Книжевна манифестација „Валандовско поетикување“

Објавено пред

Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ во соработка со Општина Валандово, на 11 јуни 2021 година, со почеток во 18:00 часот, во градскиот парк Пеонија во Валандово ќе ја реализираат првата книжевна манифестација Валандовско поетикување.

На поетското читање се планирани да настапат десетмина реномирани поети и автори од Струмица, Валандово и регионот, познати на книжевната јавност. Воведната реч ќе ја има Ацо Гогов, писател и литературен критичар, а авторите кои ќе настапат се: Вања Изова Велева, Ѓорѓи Калајџиев, Митко Гогов, Мирна Трпкова, Ален Нанов, Станка Бајлозова Барламова, Бранко Ѓеоргиев, Магдалена Јованова и Цветанка Џонова.

„Во време кога секој од нас се обидува да ја надмине штетата која ја остави ковид пандемија од исклучителна важност се ваквите книжевни манифестации кои ги реализираме со цел подигање на духот на граѓаните, нивно позитивно анимирање и оттргнување од секојдневните проблеми со кои секој од нас се соочува во оваа криза. Можноста да бидеме на отворено во преубавиот амбиент на градскиот парк Пеонија во Валандово и да ги слушнеме и видиме домашните автори по еден сосема уникатен и неформален начин, со помош на интеракција и слободен пристап е навистина реткост. Овој нов мултимедијален формат кој ќе го користиме за првото издание ќе направи Валандово да биде препознато на мапата на книжевна поетска мисла која ќе ни биде водилка во периодот што следи“, велат организаторите на настанот.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт3 часа

Пандев со обраќање до нацијата: Генерацијата која ја обедини цела Македонија

Капитенот Горан Пандев преку Инстаграм прати порака до нацијата пред историскиот настап на Европското првенство во фудбал, во кое зборува...

Регион6 часа

Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца од 12 до 15 години

Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ за деца на возраст од...

Македонија6 часа

Заев – Брнз: Извршната наредба на Бајден ги штитат САД, Северна Македонија и сојузниците

Премиерот, Зоран Заев, денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, при што во фокусот на разговорите...

Македонија8 часа

Андоновска: Системот за вакцинирање со сериозен недостаток, ако се пријавите повеќе пати, се регистрира последното пријавување

Ако веќе еднаш сте пријавени на vakcinacija.mk не се пријавувајте повторно, затоа што се евидентира само датата на вашата последна...

Македонија8 часа

Регистрирани 20 нови случаи на Ковид-19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19 од: Куманово – 5,...

Македонија9 часа

Еко-активистите бараат увид во извештајот за состојбата на исечените дрвја, Богдановиќ тврди дека биле стари и суви

Еко-активистите изразија револтираност од, како што велат, масакрот на дрвјава на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало, направен вчера. Од...

Македонија9 часа

Македонски полицајци ќе се грижат за безбедноста на Европското фудбалско првенство

По повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое првпат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација, Министерството за внатрешни...

Македонија10 часа

Продолжен притворот на Орце Камчев

Бизнисменот Орце Камчев останува во затворот во „Шутка“. Кривичниот совет му ја продолжи мерката за нови 30 дена. Судиите сметаат...

Македонија11 час

САД со поддршка за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, без одложување

САД изразија поддршка за итен почеток на преговорите за Македонија и Албанија во ЕУ, објави портпаролот на американскиот Стејт департмент,...

Македонија11 час

Во тек се двете трансплантации на бубрег од починатата донорка

Во моментов на Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од 44-годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со...

Топ13 часа

Албански државјанин им дал мито на полицајците, кои во неговиот камион пронајдоа дрога вредна 200.000 евра

Албанскиот државјанин кој вчера беше фатен со голема количина дрога во камион со приколка на патот Прилеп-Градско, претходно им понудил...

Свет13 часа

Кина ја одобри вакцината на „Синофарм“ за деца постари од три години

Вакцината против Ковид-19 на кинеската компанија „Синофарм“, што ја направи Институтот за биолошки производи во Пекинг, доби одобрение за употреба...

Свет14 часа

(Видео) Бајден: Ќе донираме половина милијарда вакцини за сиромашните земји и нема да бараме против-услуга

Американскиот претседател Џо Бајден, кој најави дека САД ќе донираат половина милијарда вакцини против Ковид-19 во 92 земји кои се...

Македонија14 часа

Матурантите го полагаат вториот екстерен испит

Матурантите денеска од 10 часот ќе го полагаат вториот екстерен испит. Гимназијалците и оние од стручното образование, избираа помеѓу предметите...

Македонија14 часа

Успешно извршена четвртата трансплантација на срце

Рано утрово, срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. Министерот за здравство,...

Македонија14 часа

Макрон: Лично сум вклучен да се најде решение со Бугарија

Франција го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, време е да се конкретизира без да се губи...

Спорт1 ден

Пандев: Знаеме дека сите навивачи живеат со нас!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев во интервју за МТВ пред стартот на Европското првенство, вели дека сите во...

Свет1 ден

Затворска казна за Французинот што му удри шлаканица на Макрон

Судот во Франција денеска го осуди 28-годишниот Дамиен Тарел, кој во вторникот му удри шлаканица на претседателот Емануел Макрон на...

Македонија1 ден

Нови 18 заболени и еден починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 2.411 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 8,...

Регион1 ден

Европската комисија: Западен Балкан да се стрпи за слободно патување во ЕУ

Европската комисија го поздравува напредокот на земјите од Западен Балкан во однос на епидемиолошката состојба и вакцинацијата, но вели дека...

Досие