Контакт

Култура

50 години од „Кум“ на „Скопје филм фестивал“

Објавено пред

Во рамките на годинешната програма на „Скопје филм фестивал“ ќе биде одбележана 50-годишнината од првиот од серијалот „Кум“ (1972) во режија на Френсис Форд Копола. Главните улоги ги толкуваат Марлон Брандо, Ал Пачино, Џејмс Кан, Роберт Дувал, Роберт де Ниро, Дајан Китон, Бриџит Фонда, Софија Копола и други. Трите филмови од серијалот „Кум“ ќе бидат прикажани во понеделник (12.09), вторник (13.09) и среда (14.09), проекциите во Кинотека почнуваат од 20 часот.

dobivaj vesti na viber

Кога еден филм не само што станува култен, туку со текот на годините и децениите неговото значење и влијание постојано расте, тогаш сведочиме на редок феномен во историјата на филмот. Денес, за да дојдете до базичното прашање во врска со „Кум“ и неговите две продолженија, мора да ги „расчистите“ бројните наслаги од информации, митови, урбани легенди, анегдоти, изреки кои ги знаат сите… Најголемиот феномен на „Кум“ е тоа што филмот како да е „роден“ со таа патина во 1972 година, препознатлива изминативе 50 години. Од друга страна, без разлика на тоа колку вкусовите на филмските критичари и на историчарите на филмот се различни, „Кум“ е од оние филмови монолити на кои нема потреба да им се одзема – а уште помалку да им се додава – што било: ниту сцени, ниту монтажни, ни костимографски или сценографски решенија, најмалку ритам во режијата или некоја нота во музиката. Сите овие елементи во „Кум“ се достојни на модерна античка драма во целулоиден формат, во која сагата за мафијашкото семејство е само случаен, но токму заради тоа и најсоодветен избор.

„Кум“ ги освои „Оскарите“ за најдобар филм, најдобра главна машка улога (Марлон Брандо) и најдобро адаптирано сценарио (Копола, Пузо), а бил номиниран во уште 8 категории.

Репутацијата на „Кум“ кај критичарите и филмофилите низ децениите постојано растела и филмот одамна е дел од Националниот филмски архив на американската Конгресна библиотека како уметничко дело со посебна вредност, а во рангирањето на Американскиот филмски институт е на второто место, зад вечно првиот „Граѓанинот Кејн“ (1941) на Орсон Велс.

Две години по огромниот успех на „Кум“, во 1974 година компанијата „Парамаунт“ вложува двојно повеќе пари (буџетот е 13 милиони долари) во продолжението, а салдото на кино-благајните во светот е нешто помалку од 50 милиони долари. Копола и Пузо во „Кум 2“ ја враќаат сторијата на почетокот на животот на Дон Вито Корлеоне и неговото доселување во САД како дете побегнато од крвната освета на Сицилија, како увод за големата приказна за новиот мафијашки кум, Мајкл Корлеоне, и предизвиците на новата ера во неговиот бизнис и во семејството, со зачувување на нишката на античката трагедија. Наративната структура низ супериорно изведената паралелна монтажа од „Кум 2“ создава природна целина со првиот дел, па критичарите и историчарите на филмот сметаат дека, всушност, „Кум“ е филм во два дела, диференцирајќи го третиот, последен дел, како потполно засебен и поинаков.

„Кум 2“ освоил 6 „Оскари“ – најдобар филм, режија, машка споредна улога Роберт де Ниро, адаптирано сценарио, сценографија – Дин Тавуларис, Анџело Греем, Џорџ Нелсон, музика – Нино Рота и Кармајн Копола, а бил номиниран уште во 5 категории . Во „Кум 2“ за прв пат настапуваат двете актерски икони, Пачино и Де Ниро, но без заедничка сцена, и филмскиот свет ќе чека повеќе од 20 години повторно да ги види нивните имиња заедно на најавната шпица во „Жештина“на Мајкл Мен.

Третиот дел од сагата за семејството Корлеоне излезе во 1990 година, а хроничарите бележат дека тоа, повторно, е резултат на прозаични причини – парите. Колку што Копола е успешен како режисер, толку е очаен како продуцент, кој често банкротирал, па иако сметал дека „Кум“ со двата дела е заокружена приказна, не можел да го одбие буџетот од 54 милиони долари. Копола и Пузо сметале дека третиот дел треба да биде финале со наслов „Смртта на Мајкл Корлеоне“, но за продуценти бројот во насловот бил пологично решение за наслов што треба да продаде филм.

„Кум 3“ забележал солидни 136 милиони долари на кино-благајните, а Копола 30 години подоцна ја објавил неговата верзија под наслов „The Godfather Coda: The Death of Michael Corleone“, која по кратката кино-дистрибуција завршила на ДВД и на блуреј. Третиот дел забележал 7 номинации за „Оскар“, за прв пат бил номиниран и брилијантниот директор на фотографија Гордон Вилис, но не добил ниту еден. Критиката била фокусирана на ќерката на режисерот, Софија Копола, и нејзиното толкување на улогата на Мери Корлеоне го прогласила за очајно, подгревајќи ја „војната“ со Ф. Ф. Копола.

Сагата „Кум“ одамна стана референца во историјата на филмот, своевидна жанровска дата-база и параметар за успех. Или, едноставно, ремек-дело.

Култура

Под слоганот „Приказна се чита“ денеска почнува Саемот на книга

Објавено пред

Во арената „Борис Трајковски“ во Скопје денеска ќе биде отворено 36. издание на Саемот на книга, кој во седумте саемски дена ќе понуди книги од домашни и странски автори од преку 60 издавачки куќи од земјава и регионот.

dobivaj vesti na viber

На официјалното отворање на Саемот на книга обраќање ќе има министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Слоганот на манифестацијата е „Приказна се чита“.

– Слоганот „Приказна се чита“ прави поврзаност помеѓу опцијата за објавување „стори“ (на англиски „story“, што во превод значи приказна) на социјалните мрежи со приказните кои ги бараме во литературата и кои се раскажани во нашите омилени книги. На тој начин, Саемот се обидува да испише една нова страница во постоењето, приближувајќи се до новата генерација и новиот стил на живот преку јазик и жаргон препознатлив за модерното време – се вели во најавата за годинашното издание.

Со секоја купена редовна влезница ќе се донираат 15 денари за СОС детско село. Исто така, по повод 23 април – Светскиот ден на книгата, во СОС детско село и ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје – средно училиште за ученици со оштетен слух ќе бидат донирани по 100 книги и бесплатни годишни претплати од Boksy – изложувач на саемот, за година онлајн читање на книги.

Саемот на книга ќе биде отворен секој ден, од 10.00 до 22.00 часот. Билети можат да се најдат на влезот на Саемот, како и онлајн преку www.karti.com.mk.

Прикажи повеќе...

Култура

Промоција на кривопаланечки драми од Страхил Алексиќ

Објавено пред

Во НУ Центар за култура Крива Паланка , во петок со почеток во 12 часот, ќе се одржи промоција на кривопаланечките драми „Ожењи се Санде калајџија“ и „Најефтината свадба“ , чиј автор е Страхил Алексиќ.

dobivaj vesti na viber

Драмските дела се инспирирани од вистинси настани кои се дел од кривопаланечката историја и традиција, а Алексиќ ги има напишано пред 30-тина години.

Драмата „Ожењи се Санде калајџија“ за првпат е поставена и изведена во 90-тите години под раководство на проф. Марица Николовска, а пред повеќе години беше реобновена и претставена пред кривопаланечката публика од Драмското студио при НУ Центар за култура, во режија на Глигор Цветковски. Во 2018 година, пак, е изведена од ученици од СОУ„Ѓорче Петров“, под раководство на проф. Катерина Наковска Митовска, што јасно говори за интересот кај познавачите на драмското творештво, младите актерски таленти и кривопаланечката јавност.

Делото „Најефтината свадба“ досега не е драматизирано и не е познато на јавноста.

Страхил Алексиќ е првиот и засега единствен автор од Крива Паланка кој напишал драмски дела што сведочат за кривопаланчките настани од минатото, со што се потврдува нивната неизмерна вредност.

Издавач на кривопаланечките драми на Алексиќ е НУ Центар за култура од Крива Паланка, рецензент е Емилија Колевска, а подготовката на делата и промоцијата се реализираат во соработка со ЛУ Градски музеј и Општина Крива Паланка.

Настанот е дел од програмата на манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата 2024“.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба „Сликарството на Ликовната академија во Штип“ во КИЦ во Софија

Објавено пред

Во галеријата на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија на 18 април (четврток) 2024, со почеток од 18:30 часот, ќе биде отворена ликовната изложба „Сликарството на Ликовната академија во Штип“.

dobivaj vesti na viber

На изложбата ќе бидат претставени дела кои се настанати во Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, во периодот од 2019 до 2023 година. Составот на авторите е од поранешни и сегашни студенти во оваа образовна установа, и тоа се: Александра Јеротијевиќ-Андреева, Бојана Тошевска, Вангел Крстиновски, Дејан Витанов, Ивана Ивановска, Крсте Тарабунов, Миа Ефремова и Мики Иванов.

Нас. доц. д-р Иво Пецов, како куратор на изложбата, се погрижи да бидат избрани нај карактеристичните дела од ареалот на штипската Ликовна академија, во согласност со целите на нејзината програма – да образува кадри од областа на класичното сликарство.

Во образовната програма „Класично сликарство“ студентите од оваа изложба работеле под менторство на различни наставници, и тоа: Лариса Бондаренко и Владимир Недајборшч од Украина, Викторија Егорова и Игор Егоров од Русија, како и македонските професори: Јана Јакимовска, Јордан Ефремов, Слободан Милошески и Ванѓа Димитријева-Кузманоска.

Жанровски нај застапена е мртвата природа, а исто така може да се видат и лицата на некои од авторите преку жанрот автопортрет, како и дела кои биле дел од специфични задачи од опфатените предмети во Ликовната академија.

Изложбата ги опфаќа класичните сликарски техники: маслени бои на платно, акрил на платно, сув пастел на хартија и слично, а форматите се галериски.

При селектирањето на делата се акцентираше врз владеењето на академските вештини во сликарството. При селекцијата беше отворена можноста за учество на дела од автори кои развиле свој посебен стил и уникатност во изразувањето, за чиј развој дала придонес Ликовната академија во Штип.

Целта на изложбата е да го претстави квалитетот на ликовната обука и да ја афирмира Ликовната академија во државата и регионот, да го претстави развојниот пат на креативните личности сврзани со оваа институција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

„СДС ја фрли Македонија во хаос. Институциите се парализирани, апатија и разочараност ги тиштат граѓаните. Корупцијата е распространета во секоја...

Македонија3 часа

СДСМ: На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината, нема откажување

На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината. Граѓаните сакаат европски стандарди дома, сакаат развиена држава со подобри услови...

Свет4 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет4 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија14 часа

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ20 часа

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија21 час

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ22 часа

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија22 часа

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија23 часа

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија24 часа

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија1 ден

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион1 ден

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет1 ден

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија1 ден

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...

Свет1 ден

Израел го остава Иран во неизвесност во врска со нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на...

Македонија1 ден

Пендаровски: Tие што беа против преспанскиот договор сега се фалат со НАТО-членството

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера вечер во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант...

Македонија2 дена

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија2 дена

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...