Контакт

Култура

Џо Бајден е новиот американски потпретседател

Објавено пред

Нов американскипотпретседател е Џо Бајден, кој ја преземаоваа функција со изборот на демократскиот кандидат Барак Обама, за новпретседател на САД.

Нов американскипотпретседател е Џо Бајден, кој ја преземаоваа функција со изборот на демократскиот кандидат Барак Обама, за новпретседател на САД.

        

   Познат по своето големо меѓународноискуство, Бајден се очекува на младиот претседател Обама, да му биде од големапомош во дипломатијата.

           

Бајден, кој наскоро ќе наполни 66години, себе си се претставува како „дете на народот“, што беше уште еден адутза Обама, кому му префрлаа дека е „премногу интелектуален“.

          

 Новиот американски потпретседател ероден во Скрантон, Пенсилванија, во католичко семејство со ирско потекло.

       

    Демократите го опишуваат какоедноставен човек, а неговите политички противници често му префрлаат декапретерува со истакнувањето на своето потекло.

        

   Бајден, за прв пат е избран засенатор во Делавер во 1972 година, кога имал 29 години.

         

  Почетокот на неговата политичкакариера е одбележан со голема трагедија, бидејќи непосредно по неговиот изборза сенатор, во сообраќајна несреќа загинуваат неговата сопруга и ќерка, апреживуваат двата синови кои денеска се истакнати јавни личности.

          

 „Кога размислувам за својатаполитичка кариера, особено сум горд на функцијата што ја одработив со целзавршување на геноцидот на Балканот, како и усвојувањето на законот противнасилство врз жените“, вели Бајден.

         

  Тој два пати се кандидираше какодемократски претседателски кандидат во 1987 и 2008 година.

/крај/хн/мс

 

 

 

Copyright

2008

makfax

. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Oбјавен конкурсот за месечни надоместоци на самостојни уметници

Објавено пред

Министерството за култура денеска во печатените медиуми и на веб-страницата  www.kultura.gov.mk го објави конкурсот за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници за 2019 година.

За стимулирање и помагање на уметничкото творештво на самостојните уметници, Министерството за култура за 2019 година ќе обезбеди средства од буџетот како месечни надоместоци на самостојните уметници, за придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и за персоналниот данок на доход.

Право на учество на конкурсот имаат самостојни уметници кои се регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија како трговец-поединец самостоен уметник за вршење уметничка дејност во согласност со Законот за културата и со Законот за трговските друштва.

Основни критериуми за доделување на месечниот надоместок на самостојниот уметник се уметничките вредности на неговото творештво и на неговите изведби и активности во текот на последните пет години. Надоместок ќе му се додели на самостојниот уметник што ги исполнува критериумите по одделни видови уметничко творештво утврдени во правилникот за утврдување на критериумите за доделување месечни надоместоци од средства од буџетот на Република Македонија за придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и за персоналниот данок на доход на самостојните уметници. Конкурсот ќе трае до 14 декември.

Прикажи повеќе...

Култура

„Лисистрата“ на сцената на велешкиот театар

Објавено пред

Ова е прва изведба на претставата на репертоарот на театарот по нејзината премиерна изведба во Античкиот театар во Стоби на свеченото отворање и затворање на интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“.

Дејството на оваа современа сценска адаптација на позната комедија од Аристофан се случува на плоштадот спроти „Акропол“. „Акропол“ во наводници бидејќи тоа не е атинскиот Акропол, туку јавна куќа со име „Акропол“ во Н-тиот град. Штрајкуваат проститутките од „Акропол“, кои се заклучиле внатре во борделот и не ги пуштаат мажите кај себе додека бандите војуваат едни со други. Државните работи се превртувааат од нога на глава не поради рационални причини, туку поради штрајкот во борделот.

Сценографијата за претставата и изборот на музиката е на Хакоб Газанчјан, асистент на сценографија е Софија Стојаноска, а костимите се на Катерина Чукниева. Во претставата настапуваат актерите: Ирена Илиевска, Марина Поп-Панкова, Кети Борисовска, Талија Настова, Самоил Стојановски, Драгана Босниќ, Васил Зафирчев, Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски, Кире Ацевски и Ане Павлов.

Билетите за претставата се веќе во продажба на билетарницата на театарот. Следната изведба на „Лисистрата“ на репертоарот на велешкиот театар е на 24 ноември, со почеток во 20 часот.

Прикажи повеќе...

Книги

Со признание за писателката Славенка Дракулиќ вечерва почнува фестивалот „Букстар 4“

Објавено пред

Со промоција на збирката раскази „Невидлива жена и други раскази“ од една од највлијателните авторки во Европа во моментот, Славенка Дракулиќ, вечерва, со почеток во 19.30 часот, во Клуб-ресторанот МКЦ, ќе почне четвртото издание на фестивалот на европска литература „Букстар 2018“, во организација на издавачката куќа „Антолог“ од Скопје.

На писателката Дракулиќ ќе ѝ биде доделена и наградата „Букстар“ за книга што ја одбележува 2018 година. Како што велат од организаторот, расказите во книгата „Невидлива жена и други раскази“ ги осветлуваат темните слепи точки на нашето општество со тоа што ја земаат невидливоста на повозрасните луѓе смело прикажувајќи ги универзалните интимни мисли што секогаш ги одложуваме.

На вечерашниот настан промоторки на делото ќе бидат Ангелина Бановиќ-Марковска и Ана Мартиноска, а наградата на авторката ќе ѝ ја додели актерката Наташа Петровиќ.

Во рамките на годинешното издание на фестивалот, кој ќе трае од 13 до 21 ноември, покрај Славенка Дракулиќ (Хрватска/Шведска), пред македонската публика ќе бидат претставени уште шестмина докажани и признати писатели од самиот книжевен врв на Европа: Џамал Уаријачи (Холандија), Офејгур Сигурдсон (Исланд), Михал Ајваз (Чешка), Антон Баев (Бугарија), Рику Корхонен (Финска), Енес Халиловиќ (Србија), како и домашните Живко Грозданоски и Јосип Коцев (Македонија).

Дизајнот на официјалниот фестивалски постер и на другите промотивни материјали е на Зоран Кардула, а настанот е организиран во соработка со издавачката куќа „Готен“.

Годинешната фестивалска програма вклучува најголем број книжевни настани досега, при што, секако, во фокусот се гостувањата на авторите и промоциите на нивните дела. Фестивалските настани ќе се одржат на разни локации во Скопје, а влезот е бесплатен.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Мицкоски: Одговорност за бегството на Груевски треба да се бара од Заев и Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ повика одговорност за бегството на експремиерот Никола Груевски да...

Македонија2 часа

Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер

Унгарската влада за „Макфакс“ вели дека властите дозволиле Никола Груевски да поднесе барање за азил, а со тоа да биде...

Македонија2 часа

Судот ги одби жалбите за „Империја“, Камчев ќе биде 30 дена во притвор

Кривичниот совет од скопска „единица“, составен од судиите Огнен Ставрев, Горан Бошевски и Васка Николовска-Масевска, ги одби жалбите на осомничените...

Македонија3 часа

Унгарски медиуми: Законот е сменет, унгарската влада треба Груевски веднаш да го врати назад

Унгарските медиуми се полни со вести за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. Тие пренесуваат дека портпаролот на...

Македонија4 часа

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија5 часа

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Македонија5 часа

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски, кој е во...

Македонија6 часа

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се...

Македонија6 часа

(Видео) Стефанова за Мијалков: Нема недопирливи во оваа држава

Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз кој било сведок, веднаш ќе биде...

Македонија7 часа

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија на 26 ноември пред пратениците

Предлог-законот за амнестија на осомничените, осудените и обвинетите за 27 април доставен од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците ќе се најде на...

Свет7 часа

Снимка од разговор во случајот со Кашоги: Кажи му на шефот дека мисијата е извршена

Кусо по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, член на саудискиот одред на...

Македонија8 часа

Стефанова: Јанакиески и Божиновски се подготвувале за бегство

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се подготвувале да бегаат. До вакви сознанија дошло специјалното јавно обвинителство, кое веднаш побарало од...

Македонија8 часа

(Видео) Јанкулоска: Нема причина да ми се определи притвор

Јас ги почитувам мерките за претпазливост, не постои никаква причина да се преиначат, изјави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,...

Македонија9 часа

Судот потврди – Јанакиески и Божиновски притворени оти може да избегаат

Судот ја потврди информацијата дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски рано изутринава биле притворени поради опасност од бегство. „Кривичниот совет...

Македонија21 час

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија22 часа

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија23 часа

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија24 часа

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија1 ден

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања1 ден

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Досие