Контакт

Култура

Загина министерот за внатрешни работи на Мексико

Објавено пред

Министерот за внатрешниработи на Мексико Хуан Камило Мурино загина во воздухопловна несреќа, когамалиот авион во кој бил министерот, се урна во главниот град на Мексико.

Министерот за внатрешниработи на Мексико Хуан Камило Мурино загина во воздухопловна несреќа, когамалиот авион во кој бил министерот, се урна во главниот град на Мексико.

Авионот паднал волуксузниот дел на главниот град, а вкупно загинале девет лица, додека 20 сеповредени.

Мурино беше еденод најблиските соработници на претседателот Фелипе Калдерон и беше на чело напосебното владино тело што се бореше против наркодилерите. Засега се отфрламожноста дека станува збор за атентат. Причината за падот на авионот уште сеиспитува.

/крај/ин/ст

Copyright

2008

makfax

. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Македонски филм првпат во трка за престижната награда „Лукс“

Објавено пред

Македонскиот филм „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ на режисерката Теона Митевска, по селекцијата во Берлин, успехот во Пула и неколку други филмски фестивали, влегува во трка за престижната награда „Лукс“ што ја доделува Европскиот парламент. Ова беше соопштено на денешната прес-конференција организирана од Европскиот парламент.

По излагањето на новоизбраниот претседател Давид Марија Сасоли, беа објавени насловите на трите европски филма  селектирани за годинешната награда „Лукс“.

За најновиот филм на Теона С. Митевска на прес-конференцијата беше истакнато дека станува збор за „моќно филмско дело кое ја раскажува приказната за една жена, која е дел од религиозна церемонија, каде што имаат пристап единствено мажите, чин што значително придонесува за феминистичката борба на оваа жена – најакутното социјално прашање на нашето време, кое е интензивирано на Балканот“.

Оваа вест е дотолку позначајна бидејќи во историјата на доделувањето на оваа награда првпат е селектиран македонски филм.

„Радува фактот што македонската кинематографија годинава постигнува максимална видливост од нејзиното постоење до денес. Фестивалите во Берлин, Кан, Венеција, Санденс и во Лос Анџелес станаа секојдневен дострел на македонските филмаџии, а одмерувањето со најдобрите филски автори во Европа и светот веќе дури не нè изненадува. Новата стратегија за развој на филмската уметност за неполни две години даде фантастични резултати. Честитки за селекцијата за наградите „Лукс“ и се надеваме контиунуитетот на афирмација на нашата филмска уметност нема да застане тука“, соопштува Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Проекцијата на „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“, организирана од наградите „Лукс“, ќе биде на престојниот филмски фестивал во Венеција.

Заедно со „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“, снимен во копродукција сo Белгија, Словенија, Хрватска и со Франција, во режија на Теона С. Митевска, се филмовите „Кралство“ на Родриго Сорогојен (Шпанија, Франција) и „Нерешениот случај Хамарскјолд“ на Мадс Бругер (Данска, Норвешка, Шведска и Белгија).

Темите што ги обработуваат трите селектирани филма ги претставуваат различноста и креативноста на европскиот филм. Во селекцијата на сите три наслови е видлив широк спектар на филмски стилови вклучувајќи документарен филм, социјална драма со елементи на комедија и политички трилер, каде што жанровите и родовите се добро балансирани.

Трите филма имаат многу успешен фестивалски живот и се наградувани, како „Нерешениот случај Хамарскјолд“, кој ја имаше својата премиера на филмскиот естивал во Санденс, каде што ја доби наградата за најдобра режија во програмата World Cinema Documentary Competition, „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ својата премиера ја имаше на Берлиналето, каде што доби две награди од независно жири, а филмот „Кралство“ имаше премиера на филмскиот фестивал во Сан Себастијан.

Прикажи повеќе...

Култура

„Чувар на тајни“- нова книга од Јован Стрезовски

Објавено пред

Во едицијата „Современа македонска проза“ на книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат книгата со раскази „Чувар на тајни“ од Јован Стрезовски. Во своето најново дело познатиот автор застапува кратки раскази, во кои ја отсликува реалноста на нашето секојдневие.

Јован Стрезовски (Подгорци, 1931) спаѓа во редот на најпознатите македонски писатели. Автор е на богат поетски и прозен опус. Според сценарио на неговиот култен роман „Води“ снимен е антологискиот игран филм на Бранко Гапо, под наслов „Време, води“.

За своето творештво Стрезовски е добитник на национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на наградите „11 Октомври“, „Стале Попов“ и „Ацо Шопов“.

Прикажи повеќе...

Култура

„МКЦ за Скопје“ за првпат во паркот на МКЦ

Објавено пред

Мултимедијалниот културен настан „МКЦ за Скопје“, кој традиционално се одржува на 26 јули, со цел да нè потсети на солидарноста и хуманоста на скопјани, оваа година ќе се одржи во паркот на МКЦ.

Настанот е бесплатен, програмата ќе почне во 18:30 часот со детските работилници на уметникот Доротеј Нешовски и писателката Билјана Црвенковска. Потоа следуваат промоции на LP-компилациите „Колку гласно морам да викнам за да ме чујат?“ и „Има ли забава – Macedonian new wave 1981-1985“ од Тошо Филиповски, како и промоција на неговата нова книга „Македонска дискографија – ВИНИЛИ (1958-2019), Прв том“ која ќе може да се купи по промотивна цена. По промоциите ќе започне музичката програма која ќе ја исполнат „Светлост“, „Јордан Костов трио“ и „Роботек“.

Настанот ќе заврши со кино на трева: „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде и Данило Шербеџија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Трамп: Би можел веднаш да го средам Авганистан, но не сакам да убијам 10 милиони луѓе

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД во последните неколку недели постигнале голем напредок во преговорите со талибанците и јасно...

Европа6 часа

Нов топлотен бран во Европа

Уште еден топлотен бран оваа недела ќе зафати делови од Централна и Северна Европа, со рекордни температури кои се очекува...

Македонија7 часа

Зависниците од наркотици ќе можат да примаат терапија и во Аеродром, Ченто и Психијатриската болница

Зависниците од наркотици ќе можат да примаат терапија и во поликлините во Аеродром, Ченто и Психијатриската болница. Досега околу 520...

Европа8 часа

Џонсон е новиот премиер на Велика Британија

Поранешниот британски шеф на дипломатијата, Борис Џонсон, е избран за нов претседател на Конзервативната партија, а според тоа и нов...

Македонија9 часа

(Видео) Јанева: Најодговорно тврдам дека не сум вмешана во случајот „Рекет“

Во врска со мојата наводна вмешаност во случајот „Рекет“ најодговорно тврдам дека ниту свесно, ниту несвесно, ниту со сторување или...

Македонија11 час

Заев: Борисов не ме повика за Камчев

„Бугарскиот премиер Бојко Борисов во никој случај не ме повика за македонскиот бизнисмен Орце Камчев“, изјави премиерот, Зоран Заев во интервју...

Топ12 часа

Обвинение за сопругата која со секира го уби мажот во Студеничани

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 50-годишна жена од Скопје за убиство на нејзиниот сопруг во Студеничани. „Обвинетата на...

Македонија12 часа

Пронајден вториот мобилен телефон на Катица Јанева за кој велеше дека ѝ е изгубен

Обвинителството вчера го пронајде вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за кој таа велеше дека ѝ е...

Македонија13 часа

Новиот закон за Јавното обвинителство влегува во собраниска процедура

Предлог-закон за Јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура, при што пратениците ќе ги изнесат своите ставови, а ако имаат...

Македонија14 часа

Села бара јавен обвинител од странство

Зијадин Села од Алијансата за Албанците објави неколку забелешки за владиниот предлог закон за Јавното обвинителство. Тој истакна дека ќе...

Македонија14 часа

Заев: Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита

„Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во медиумска офанзива...

Регион14 часа

Грчкиот парламент изгласа доверба на новата Влада

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот парламент. Расправата траеше три денa,...

Македонија1 ден

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија1 ден

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија1 ден

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија1 ден

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија1 ден

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија1 ден

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет2 дена

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет2 дена

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Досие