Култура
Обама го составува тимот
Неполни 24 часапо изборната победа, Барак Обама ги соопшти имињата на преодниот тим, а споредочекувањата денеска за шеф на кабинетот во Белата куќа ќе го именуваконгресменот Рам Емануел.
Неполни 24 часапо изборната победа, Барак Обама ги соопшти имињата на преодниот тим, а споредочекувањата денеска за шеф на кабинетот во Белата куќа ќе го именуваконгресменот Рам Емануел.
Изборот наЕмануел за шеф на штабот на Белата куќа покажува во која насока размислуваОбама. Емануел беше советник на Бил Клинтон и се смета за архитект на успехотна демократите во предизборната кампања за Конгресот.
Емануел е старпријател на Обама, некогашен банкар, пресметлив стратег кој има искуство возаконодавната и во извршната власт, пренесуваат медиумите.
Обама има рок од75 дена да го состави тимот, да избере министри, советници, разни официјалнилица, а во прашање се илјадници позиции не само во Белата куќа, туку во ситеинституции во Вашингтон.
Наводно,сондажните разговори се водат веќе со месеци, а се проверуваат и биографиите наидните кандидати. Се дознава дека е подготвен и првиот нацрт на пристапниотговор на Обама.
ПретседателотЏорџ Буш во средата му вети на Обама „целосна соработка“, а министерката занадворешни работи Кондолиза Рајс гарантираше дека ќе стори сè за да пренесувањето на власта биде штополесно.
Како потенцијалникандидати за различни позиции се спомнуваат за министер за финансии ЛоренсСамерс и Роберт Рубин, (обајцата беа во владата на Клинтон), Тимоти Гајтнер,шеф на федералните резерви, кој се истакна во надминувањето на банкарскатакриза, како и бившиот шеф на Централната банка Пол Вокер.
Можни министри занадворешни работи се бившиот претседателски кандидат Џон Кери, бившиотамбасадор во ООН Ричард Холбрук, како и републиканските сенатори Чак Хагел иРичард Лугар.
Сегашниотминистер за одбрана Роберт Гејтс би можел да ја задржи функцијата, а сеспомнува и поранешниот министер Колин Пауел, кој изјави дека не е заинтересиранза функција, но и сенаторот Џек Рид, генералот Весли Кларк и сенаторот Лугар.
Како советничказа национална безбедност се спомнува Сјузан Рајс, а за министер за правдабившиот заменик на министерот Ерик Холдер и професорот по право на Харвард, КасСанстајн.
Амбасадор во ОНби можела да биде Каролина Кенеди, ќерка на убиениот претседател Џон, која вотекот на кампањата Обама го спореди со својот татко.
/крај/фо/ст
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Книги
МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга
Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.
Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).
Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).
Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.
Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).
Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).
Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).
Култура
Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија
„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД.
Фестивалот којшто се одржа од 10 до 14 април, во своето 22-годишно постоење се залага за промоција на храбри филмови кои обработуваат општествени предизвици, но и говорат за смелоста на човековиот дух.
Цветановски го радува тоа што филмот по вторпат e наградeн во САД, откако минатиот месец беше прогласен за највпечатлив филм на 30. издание на „Седона интернешнал филм фестивал“ во Аризона.
„Калифорнија е центар на американската филмска индустрија, и секако дека како автор сум горд што добивме награда овде, и тоа во конкуренција со американски филмови со многу поголеми буџети. Едвај чекам да завршиме со оваа светска фестивалска турнеја и во септември да го презентираме пред нашата публика. Очекувам филмот да отвори теми за дискусија на повеќе нивоа, но пред се‘ сакам да го продолжиме трендот од последниве години, во кој на домашните гледачи им се враќа довербата и желбата да гледаат македонски филмови“, рече Цветановски.
„Бизнисот на задоволството“ досега доби осум награди на филмските фестивали низ светот, од кои пет се за најдобар долгометражен филм.
Филмот ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм.
Култура
Националниот џез оркестар со програмата Џез лектира гостува во Велес
По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата под наслов „Џез лектира“ гостува во Велес. Концертот ќе се одржи на 23 април, 2024 година, со почеток од 20 часот во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.
„На концертот „Џез Лектира“ се осврнуваме на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот. Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, познат и како „Кралот на свингот“. Во 1935 година, тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група скоро 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично“, се наведува во соопштението на Националниот џез оркестар.