Контакт

Култура

Обама го свикува економскиот тим

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обамаденеска ќе го собере својот тим од економски советници, по што ќе ја одржипрвата прес конференција по изборот за шеф на државата.

dobivaj vesti na viber

Американскиот претседател Барак Обамаденеска ќе го собере својот тим од економски советници, по што ќе ја одржипрвата прес конференција по изборот за шеф на државата.

Состанокот во Чикаго ќе ги собере водечките советници, кои работеа со Обама вотекот на претседателската кампања.

Поради информациите од берзите, кои и натаму бележат пад, а за денеска сеочекуваат уште лоши економски вести, Обама веројатно ќе сака брзо да ги именувачленовите на својот економски тим, наведува агенцијата Ројтерс.

Советниците на Обама не наведоа дали на денешната конференција за новинари ќебидат објавени некои именувања.

/крај/б/р/ег/

Copyright

2008

makfax

. Сите права се задржани. Текстовне смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Македонија официјално пристапува во културните рути на Советот на Европа

Објавено пред

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, попладнево на Крит учествува на форумот на културните рути на Советот на Европа, во чии рамки се одржува свечена церемонија во чест на новите членки – Македонија, Либан и Албанија.

dobivaj vesti na viber

Годинешниот форум ќе биде посветен на темата „Културни рути на Советот на Европа: Заштита на европските вредности, наследство и дијалог“.

Македонија официјално е дел од договорот за парцијално проширување на културните рути за 2022 година од 16 септември 2022 година, со што станува 37. земја членка на овој сегмент на Советот на Европа. Досега преку неколку компании Македонија беше дел од рутата на маслиновите дрвја и винската рута, „Итер витис“.

На Форумот во Хања, Крит, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, покрај обраќањето на свеченоста по повод пристапувањето кон договорот за парцијално проширување на културните рути, утре ќе учествува и на панел-дискусија за промоција на интеркултурниот дијалог. Во агендата е и средбата со водечките претставници на Асоцијацијата на европската културна рута на светите браќа Кирил и Методиј, на која ќе се разговара за нашето вклучување и учеството во патеката на сесловенските просветители.

Културните рути при Советот на Европа се формирани во 1987 година и досега се развиени 48 патеки. Тие се покана за патување и откривање на богатото и разновидно наследство на Европа. Преку нив се демонстрираат и применуваат вредностите на Советот на Европа: човековите права, културната различност, меѓукултурниот дијалог и меѓусебната размена преку границите.

Преку овој инструмент на Советот на Европа се обезбедуваат едукативни активности, вклученост, развој и промоција на културата, туризмот, економијата и сите други области преку кои се обединуваат земјите на Европа. Културните рути опфаќаат разни теми – од архитектурата и природата до религиозни влијанија, од гастрономија и нематеријално наследство до главните фигури на европската уметност, музика и литература.

Преку својата програма Советот на Европа нуди модел за транснационален културен и туристички менаџмент и дозволува синергии меѓу националните, регионалните и локалните власти и широк опсег на здруженија и социоекономски субјекти.

Прикажи повеќе...

Култура

На плоштадот Филип Втори вечерва манифестацијата „Бела ноќ“

Објавено пред

Централната манифестација поради лошите временски услови се одложи за денес од 19.30 на плоштадот Филип Втори.

dobivaj vesti na viber

Скопје и скопјани ќе уживаат во насловните нумери од филмовите на легендарниот Џејмс Бонд во изведба на Камерниот оркестар на Битола, покрај тоа ќе може да гледаат детска театарска претстава, музички концерт на Мијата, a за крај да се журкаат на настапот на диџеј Дабнотик.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Отворање на самостојната изложба „Земја“ на Бојана Артиновска-Трпческа

Објавено пред

Вечерва, во КСП„ Центар – Јадро“, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Земја“ на уметницата Бојана Артиновска-Трпческа.

dobivaj vesti na viber

Во својот осврт кон изложбата историчарката на уметност Викторија Димеска истакнува: „Стремежот за автономни својства на обликот и експресивниот сензибилитет на бојата ја откриваат амбициозната творечка тенденција на Бојана Артиновска-Трпческа. Следејќи ги законитостите на субјективниот внатрешен творечки порив, односно интуитивната потрага по современи концепти и содржини, авторката создава комбинација од повеќе стилови преплетувајќи ги во разни теми. Динамиката на формата и нејзината промена претставуваат уште еден визуелен впечаток што ја мотивира авторката и понатаму храбро да истражува и твори. Создавајќи сопствената естетска поетика, таа гради автентичен и суптилен ликовен јазик.

Трпческа интуитивно и јасно ја согледува важноста и моќноста на карактеристиките на женскиот принцип и притоа, суптилно ја толкува и изразува преку тонски богатата палета на бои и нивната суптилна транзиција. Неуморната борба против вечната објективизација на жената и женското тело ја изразува преку алегориски ликовен јазик. Во сопственото творештво таа ја воспоставува космичката рамнотежа во архетипскиот танц меѓу машкиот и женскиот принцип.

На отворањето ќе се одржи и поетски перформанс со авторите Тихомир Јанчовски, Елена Пренџова, Марија Г. Вардарска и Горазд Китановски.

Бојана Артиновска-Трпческа е родена во Велес 1977 година, каде што завршува основно и средно образование. Факултет за ликовна уметност при Универзитетот „Кирил и Методиј“ – Скопје завршува во класата на проф. Родољуб Анастасов, отсек сликарство и сценографија. Дипломската работа ја изложи во Сули ан со наслов „Архитектура на времето“

Од 2000 до 2003 година живее и работи како слободен уметник во САД.

Во 2008 година во Музејот на НОБ во Крушево ја реализирала својата прва самостојна изложба на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ со наслов: „Во мене“.

Својата втора самостојна изложба ја реализирала во 2011 година во ликовната галерија во Прилеп. Со наслов „Гозба“ изложбата е своевидно ретроспективно видување на нејзината дотогашна работа. Третата самостојна изложба ја реализирала во 2020 година во Ниш, Република Србија, со наслов „Трепет“. Следува „Позадини“, изложба што е реализирана како интерактивен проект 2021 година во Прилеп.

2022 година го реализира проектот „Земја“, мултимедијален перформанс, каде што беа вклучени литературни творци, кои читаа свои дела на истата тема во Прилеп и во октомври во Скопје

Од 2005 година е член е на Друштвото на ликовните уметници од Битола, а од 2010 година е член на Друштвото на ликовните уметници од Прилеп, со кое има остварено повеќе групни изложби, хуманитарни акции и перформанси. Од 2021 е член на ДЛУМ.

Живее и работи како самостоен уметник во Прилеп. Во повеќе пригоди соработувала како надворешен соработник со НУЦК „Марко Цепенков“ и со театарската работилница за изработка на костими, сценографија, шминка и рекламен материјал.

Напоредно со сликарството и сценската уметност истражува и во полето на фотографијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа10 часа

Шолц: Имаме проблем со работната сила, потребна е функционална миграциска политика

Германскиот канцелар Олаф Шолц потврди дека Германија има проблем со работната сила и коментираше каква заедничка миграциска политика би сакал...

Европа12 часа

Земан: Ризикот од нуклеарен конфликт е висок, верувам во силен воен одговор

Ризикот од нуклеарен конфликт е голем поради руските закани за употреба на тактичко нуклеарно оружје во Украина, изјави денеска во...

Економија12 часа

Време е за одговорно однесување со енергенсите, поддршка за ранливите граѓани, порача владиниот економски совет

Денес во Владата се одржа Економскиот совет на кој присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, првиот заменик-претседател на Владата, Артан Груби, вицепремиерот...

Европа14 часа

Поранешен шеф на ЦИА: Западот треба сериозно да ги сфати заканите на Путин

Поранешниот шеф на ЦИА во Москва, Ролф Ловат-Ларсен, зборуваше за „CBS“ за нуклеарните закани на рускиот претседател Владимир Путин. Ловат-Ларсен...

Европа16 часа

(Видео) Станбена зграда се урна во Турција по експлозија на гас

Станбена зграда во Турција се урна по експлозија предизвикана од истекување гас, јавија турските медиуми. „Си-ен-ен Турк“ објави дека експлозијата...

Европа17 часа

Германија: Сè повеќе граѓани се со финансиски проблеми

Сè повеќе германски граѓани се соочуваат со големи финансиски тешкотии, а цените на енергентите и на прехранбените производи би можеле...

Топ18 часа

Деветмина повредени во сообраќајна несреќа на „Словенечка“

Девет луѓе се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на булеварот Словенија во Скопје. Несреќата се случила меѓу...

Топ20 часа

Вработен во „Пошта“ уништил архивски материјал, против него е поднесена кривична пријава

Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против К. Л. (59) од Скопје поради постоење основи на сомнение...

Свет21 час

Антонов: Новата воена помош од САД за Украина го зголемува ризикот од воен конфликт меѓу Русија и Западот

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, изјави дека одлуката на Вашингтон да испрати поголема воена помош за Украина ги загрозува...

Свет21 час

Земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди Иран, најмалку 276 повредени

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северозападниот дел на Иран, а државната телевизија и...

Свет21 час

Продолжуваат ударите на руските сили – погодени повеќе од 27 населени места во Украина

Генералштабот на вооружените сили на Украина утрово соопшти дека руските сили во изминатите 24 часа извршиле девет ракетни напади, шест...

Европа21 час

ЕУ воведува ограничување на цената на нафтата во новите пакет-санкции против Русија

ЕУ се согласи да воведе ограничување на цената на нафтата во новиот план за санкции за Русија, но последните детали...

Европа22 часа

Австрискиот ловец на плагијати најде нова жртва – министерот за внатрешни работи

Ловецот на плагијати, Штефан Вебер, најде нова жртва, австрискиот министер за внатрешни работи, Герхард Карнер, за кого тврди дека го...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави контактите за набавка на поевтини енергенси и ќе се разгледаат предлозите

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави до Владата своите контакти за набавка на поевтини енергенси, за што конкретно е задолжен министерот за...

Македонија1 ден

Ахмети: Во ДУИ немало оган, ниту ќе има

Заврши средбата во седиштето на ДУИ во Мала Речица. По речиси шест часа, лидерот на партијата Али Ахмети рече дека...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Пред состанокот бев загрижен, истата загриженост ја споделувам и сега

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Димитар Ковачевски изјави дека ја има истата загриженост како и пред...

Свет2 дена

(Видео) Бајден повторно се изгуби, предизвика загриженост за неговото здравје

Здравствената состојба на шефот на Белата куќа Џо Бајден за време на неговото официјално патување во Порторико уште еднаш го...

Свет2 дена

Путин заминал во бункер од каде ги носи клучните одлуки, го предупредил и семејството

Рускиот претседател Владимир Путин наводно подготвува клучни одлуки за можен нуклеарен напад во бункер далеку од Москва, јавуваат западните медиуми....

Економија2 дена

Од 15октомври скопјани ќе имаат парно – АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор

АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите во сопственост на АДОРА, кои ќе се користат од страна...

Европа2 дена

Лукашенко: Украинците постојано провоцираат на границата

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ја обвини соседна Украина дека испратила 15.000 војници во граничната област за да изгради одбрана...