Контакт

Култура

Медведев кон крајот на ноември во посета на Венецуела

Објавено пред

Рускиотпретседател Дмитриј Медведев кон крајот на ноември ќе ја посети Венецуела,соопшти претседателот на Венецуела, Уго Чавес.

Рускиотпретседател Дмитриј Медведев кон крајот на ноември ќе ја посети Венецуела,соопшти претседателот на Венецуела, Уго Чавес.

Чавес синоќасоопшти дека Медведев ќе допатува на 26. ноември во „историска посета“, какопрв претседател на Русија што ја посетил таа земја.

Чавес насостанокот со делегацијата што ја предводеше потпретседателот на руската ВладаИгор Сечин, рече дека односите со Русија за Венецуела се од „најголемостратешко значење“ и дека посетата на Медведев ќе овозможи јакнење насоработката во одбраната, енергетиката, технологијата и финансиите.

Претседателот наВенецуела изјави дека двете земји треба да соработуваат и во областа нануклеарната енергија – за цивилни потреби.

/крај/он/ст

Copyright

2008

makfax

. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Велешкиот театар со „Заспаниот супер херој“ гостува во Радовиш

Објавено пред

В среда, 14 ноември, во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, ќе гостува театарот „Јордан Х. К. – Џинот“ од Велес со претставата за деца „Заспаниот супер херој“ по текст и режија на Младен Крстевски.

„Заспаниот супер херој“ е театарска продукција на велешкиот театар наменета за најмладата публика, што театарот ја реализира од сопствени средства. Претставата на атрактивен и интерактивен начин ја следи приказната за Ицо и Гицо, кои со помош на нивниот супер херој и волшебникот ја спасуваат својата другарка Пинипу од рацете на лошиот вештер.

Во претставата настапуваат актерите Фаик Мефаилоски како Гицо, Жарко Спасовски како Ицо, Васил Зафирчев како Вештерот, Ирена Илиевска како Пинипу, Младен Крстевски како Волшебникот и Андреј Серафимовски како супер херојот.

Во рамките на гостувањето во Радовиш предвидени се три изведби на претставата, во 9.30, 10.45 и во 12 часот.

Прикажи повеќе...

концерти

Врвниот тромбонист Џозеф Алези солист со Македонската филхармонија

Објавено пред

Македонската филхармонија го најавува симфонискиот концерт „Руска игра“, кој на сцената ќе го донесе врвниот тромбонист Џозеф Алези, прв тромбонист во престижната Њујоршка филхармонија.

Овој четврток, 15 ноември, во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија предводен од маестро Борјан Цанев, ќе ги изведе делата: „Адаџо за Јагода Сланева“ од македонскиот композитор Љубомир Бранѓолица, Концерт за тромбон и оркестар од францускиот композитор Анри Томази, како и фантастичниот балет „Петрушка“ од рускиот композитор Игор Стравински.

Џозеф Алези е прв тромбонист на престижната Њујоршка филхармонија и се јавува како еден од најдобрите соло тромбонисти кој настапува во светот не само во САД. Неговите настапи, всушност, се вистински раритет затоа што тој изведува ретко интерпретирани дела за тромбон, па затоа е и дел од многу аудиоизданија. За него ќе кажат дека е веројатно најдобриот жив тромбонист.

Неговиот солистички репертоар е навистина широк и богат, во кој се вклучени дела од Бернштајн, Хиндемит, современи автори, како што се Кристофер Роуз или Ерик Евазен, но и транскрипции на дела од Бах, Бетовен, Менделсон, Верди, Чајковски, Дебиси… Особено активен како солист, Алези се истакнал во 90-тите години на минатиот век настапувајќи со значајни оркестри во светот, но и како камерен музичар.

Прикажи повеќе...

Култура

„Бегство од Шошенк“ најдобриот филм во последните 30 години

Објавено пред

Одговор на прашањето кој е најдобриот филм во историјата се обиде да даде синџирот киносали Showcase Cinemas.

Од таму ги прашаа љубителите на филмовите кој, според нив, е најдобриот филм што го гледале во последните 30 години и се издвои култниот наслов – „Бегство од Шошенк“. Втор на списокот беше „Титаник“, а трет „Форест Гамп“.

Showcase Cinemas ја спроведе оваа анкета по повод 30-годишнината од постоењето.

Освен филмовите, испитаниците ги прашале кој е најдобриот актер или актерка во последните 30 години. Титулата најдобар актер ја понесе Том Хенкс…

…а титулата најдобра актерка Џуди Денч.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Јанушев: Груевски не се крие во седиштето на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција изјави дека ова што се случува вечерва е дно и дека ВМРО-ДПМНЕ е под...

Македонија2 часа

Полицијата пред ВМРО-ДПМНЕ ги стопира и ги претресува возилата кои излегуваат од седиштето

Полицијата ги стопира сите возила кои излегуваат од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Вршат целосен претрес на возилата и претресуваат еден по...

Македонија4 часа

Објавена потерницата за Никола Груевски

Министерството за внатрешни работи ја објави националната потерница за експремиерот Никола Груевски, на веб-страницата во делот „Потраги“. „Никола Груевски, од...

Македонија4 часа

Полициски „алфи“ влегоа во домот на Груевски

Полициски „алфи“ влегоа во станот на експремиерот Никола Груевски, но внатре не најдоа никој. Засега нема информации каде е Груевски,...

Македонија5 часа

СЈО: Во случајот „Империја“ испрани се речиси 11 милиони евра

Во случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен...

Топ7 часа

ЕЛЕМ повторно склучил милионски договор во четири очи

АД ЕЛЕМ склучил договор во вредност од 92.040.000 денари со приватната фирма „Марковски компани“ од Битола, во постапка на преговарање...

Македонија8 часа

Судот го замрзна имотот на „Орка холдинг“ и „Ексико“

Кривичниот суд замрзна имот на осомничените во случајот „Империја“, меѓу кои се и бизнисменот Орце Камчев и ексдиректорот на УБК,...

Македонија9 часа

ЗНМ: Јавните пари ќе продолжат да се трошат за политичка пропаганда, власта не го исполни ветеното

Здружението на новинарите на Македонија изрази загриженост затоа што во последните измени и дополнувања на Изборниот законик, што по скратена...

Свет10 часа

Трамп со твит за состојбите во Калифорнија ги разгневи пожарникарите и славните личности

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“ ја објасни својата теорија за вистинските виновници за катастрофалниот пожар во Калифорнија. Како што...

Економија11 час

Бензините поевтинуваат 4 и 4,5 денари

Од ноќеска на полноќ цената на бензините ќе се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти...

Европа11 час

Французинка криела дека има двегодишна ќерка и ја чувала во багажникот од автомобилот

На Французинката Рози Марија де Круз ѝ се заканува затворска казна од 20 години во судењето што почна денес поради...

Регион14 часа

Мицотакис: Нема да гласаме за ратификација на преспанскиот договор

Претседателот на најголемата опозициска партија во Грција, „Нова демократија“, Киријакос Мицотакис го повтори партискиот став, дека нема да дадат поддршка...

Македонија15 часа

,,Се молиме ветрот да не го промени правецот, бидејќи за минута може да изгори селото”, сведочат жителите на Селци

Една недела над селото Селци, на падините на планината Стогово, гори шумата, во која има борови и дабови дрва. Во...

Македонија1 ден

(Видео) Од 1 декември нема да дозволиме зависници да доаѓаат во Кисела Вода, жителите се судрија со претставник од Општината

Жителите на Кисела Вода им дадоа рок на властите до крајот на месецов да го дислоцираат Центарот за превенција и...

Македонија1 ден

И последниот амандман доби „зелено светло“ од Комисијата за уставни прашања

Со девет гласа „за“, пет „против“ и без воздржани, собраниската Комисија за уставни прашања попладнево го усвои последниот нацрт-амандман, со...

Економија1 ден

Усвоен ребалансот на Буџетот – 3 милијарди денари за општините, намалени проекциите за економски раст

Општините ќе добијат 3 милијарди денари за покривање на долговите, нивото на буџетски дефицит е задржано, а намалени се проекциите...

Македонија1 ден

Партијата на Бачев за Василевски: Охриѓани велат дека е превртлив и е дел од масонски организации

Еден ден по расправијата во Охрид помеѓу лидерот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев и пратеникот Сашо Василевски, од партијата на...

Македонија1 ден

Интервју на Димитров за „Велт“: Веруваме дека Грците ќе го исполнат ветеното

Топката е засега кај нас. Ние веруваме дека Грците ќе го направат она што го ветија. Ова е најдобриот компромис...

Македонија1 ден

Граѓански собир за дислокација на Центарот за зависници во Кисела Вода

По иницијатива на поголем број на граѓани кои жиевеат во општина Кислеа Вода денеска ќе се одржи граѓански собир на...

Европа1 ден

Австрија откри уште еден случај на шпионажа во корист на Русија

Канцеларијата на австриското државно обвинителство за борба против економскиот криминал и корупција започна истрага против австриски контраразузнавачки агент, кој е...

Досие