Контакт

Култура

Германија одбележува годишнина од падот на Берлинскиот ѕид

Објавено пред

Годишнина од падот на Берлинскиот ѕид, со што сеотвори патот за обединување на двете германски држави и се означи падот накомунизмот во Европа, се одбележува денеска ширум Германија.

Годишнина од падот на Берлинскиот ѕид, со што сеотвори патот за обединување на двете германски држави и се означи падот накомунизмот во Европа, се одбележува денеска ширум Германија.

„Приватните патувања се можни без исполнување напосебни услови и тоа правило, според моите сознанија, се применува од овојмомент“, изјави комесарот за информации при комунистичката партија на тогашниотДДР, Гинтер Шабовски.

Иако неговата намера, како што подоцна изјави, небила уривање на Берлинскиот ѕид, веста се прошири со неверојатна брзина воИсточен Берлин.

Неколку часови подоцна граничарите биле принуденипод огромниот притисок на 200.000 лица, без одобрение на политичките власти, даги отворат познатите гранични премини „Чекпоинт Чарли“ и „Борнхолмер Штрасе“, лоцирани во центаротна градот.

Истовремено денеска во Германија се одбележува 70годишнина од познатата „Кристална ноќ“, со што се означи почетокот на прогонотнад Евреите. Таа ноќ претставувашепресвртница, кој подоцна доведе до холокаустот.

Според најавите, канцеларката Ангела Меркел ќеприсуствува заедно со преживеаните Евреи на верската церемонија во берлинскатасинагога, една од ретките, која не била уништена од Нацистите./крај/хн/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Промоција на документарниот филм „Ти си Алеф“ во МОБ

Објавено пред

Утре, во 20 часот, во Македонската опера и балет, ќе се одржи свечена промоција на играно-документарниот филм „Ти си Алеф“, чиј автор, сценарист, режисер и продуцент е проф. д-р Соња Ризоска-Јовановска.

Се работи за играно-документарен филм за неуморниот патник кој тргнал по патот на вистината, правдата, светлината и љубовта. Приказна за една неверојатна потрага по духовното обновување и средбата со највозвишеното, трансцеденталното, за сите допири со вечноста сфатена како скаменета сегашност, за човекот како микрокосмос, за лавиринтот на посебната форма за да се пронајде совршениот став за смислаата на постоењето во секојдневниот живот за да се продолжи понатаму.

Улогата на Алеф ја толкува Игор Џамбазов.

Посебен белег на вечерта се настани што го отсликуваат патот до Алеф: концерт на доц. д-р Абаз Јахја (изведба на бендир неј) и Ајдин Јахја (изведба на неј), понатаму ликовна изложба со мото „Тајната на животот е да се падне седум пати и да се стане и осмиот пат“ на проф. д-р Живко Поповски – Цветин (сликар, хуманист), како и изложба на фотографии на тема: „Од пепелта до вистината со Алеф“.

 

 

Прикажи повеќе...

Култура

Културна промоција на Македонија на плоштадот Тајмс сквер во Њујорк

Објавено пред

На светски познатиот Тајмс сквер во текот на денот се прикажуваат две видеа со културна промоција на Македонија, соопшти Македонскиот совет на уметности со седиште во Њујорк.

Прикажувањето е по повод американскиот државен празник Дeн на Мартин Лутер Кинг, при што на непрофитните организации во САД им се дава можност да ја промовираат нивната порака и мисија на видеопанели на светски познатиот плоштад.

„Оваа визуелна промоција на македонската култура ќе се појави 30 пати по 15 секунди за севкупно да биде изложена седум и пол минути во текот нa денот. На едниот панел ќе се емитува видеореклама за најновото музичко ЦД издадено од Македонскиот совет на уметностите – Partings (‘Разделби’). Со единаесет изворни македонски печалбарски песни, преработени во современи аранжмани на англиски јазик, се документира имигрантската историја на Македонците што во раните години на 20 век заминувале на печалба низ целиот свет. На вториот видеопанел ќе биде изложена Мариовска невестинска носија, во комбинација со текстот: ‘Македонија – Очарувачка! Загонетна! Волшебна! – Откријте го македонскитo културнo богатствo’“, велат од Македонскиот совет на уметностите.

Додаваат дека промовирањетo, очувувањетo и зајакнувањетo на македонската култура е нивната долготрајна мисија.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Катица Ќулавкова е добитник на меѓународната награда „Антево слово“ во Италија

Објавено пред

Академик професор Катица Ќулавкова е добитник на првата награда на меѓународниот конкурс „Антево слово“ 2018/19 година кој се одржува во Сицилија, Италија.

По објавениот повик за испраќање  песна по слободен избор за учество на вториот меѓународен конкурс и доделување на наградата „Антево слово“, се пријавија повеќе од 100 поети од Македонија со своите дела.

Наградата „Антево слово“ е конституирана како дел од меѓународната поетска манифестација „Анџело ла Векија“, која се одржува секоја година во градот Каникати на Сицилија, Италија, а воедно и прва од ваков вид која се доделува за македонски автор надвор од нашата држава. Претставниците на манифестацијата велат дека конкурсот за поезија „Парнас – награда на Анџело ла Векија“ е создаден со цел да се прослават и овековечат преку „Возвишената поезија“ духот, душата, суштината и есенцијата на животот во Каникатската секуларна академија на Парнас. Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко.

Жирито во кое членуваат претставници од семејството на доаенот на македонската поезија Анте Поповски, како и еминентни претставници од книжевната/литературната област во Македонија и организаторот на меѓународниот фестивал Анџело ла Векија, односно: Томислав Османли, Геро ла Векија, Митко Гогов, Александар Поповски и Жорж Поповски одлучија да ги номинираат сите триесетина автори, а со тоа и застапат сите оние кои беа претходно објавени на страната на Меѓународната поетска манифестација „Анџело ла Векија“.

Песната „Eпистулa до Јулија, ќерката на Октавијан“ на проф. Катица Ќулавкова е компаративна поетска лирика која освен што нуди историографско патување, доловува емоционален авторски бран што ги текстуализира и истражува основните битови прашања на постоењето. Таа умешно и со доза на нежност ги обмислува преку поетскиот глас исконските, суштински догледи, еманципирачки и со длабок вознес.

Вората награда ја доби Ѕвонко Танески, а третата ја делат Раниа Орфанакоу од Грција и Александра Велинова. Специјални награди за учество добија и Александар Наумоски, Наташа Сарџоска и Филип Фиданоски. Доделувањето на наградите, проследено со поетски читања во спомен-собата на Анте Поповски во Македонија ќе се реализира во втората половина на февруари.

Прикажи повеќе...

Најново

Вести30 минути

Демократите бараат итно да се постигне компромис за историската блокада на владата

Блокадата на Трамп над буџетот, која трае веќе 31 ден, претставува најдолгата блокада на федералната влада во Америка досега, а...

Свет1 час

(Видео) Најмалку 14 лица загинаа во пожарот кај Керчскиот теснец

Во пожарот кој зафати два брода кои пловеле под знамето на Танзанија кај Керчскиот теснец, во Црното море, загинаа најмалку...

Македонија2 часа

Расправата во грчкиот парламент за договорот од Преспа ќе трае четири дена

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, одлучи дека дебатата за Преспанскиот договор со кој ќе се стави крај на 27-годишниот...

Македонија13 часа

Трајковски: Дисциплинската постапка против мене е напад врз правата на пациентите

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој зеде боледување за да замине во Будимпешта, каде што беше фотографиран заедно со експремиерот Никола Груевски,...

Македонија15 часа

„Фајненшл тајмс“: Преспанскиот договор е достигнување за прослава на Балканот

Договорот за решавањето на 27-годишниот спор помеѓу Грција и Македонија, што неделава влезе во процедура за ратификација во грчкиот парламент,...

Македонија17 часа

Калајџиев и Цаца Николовска избрани да вршат надзор врз прислушувањето

Комисијата за избори и именувања одлучи да се објави оглас за избор на тројца членови за граѓанскиот совет за надзор...

Македонија17 часа

Уништена големата авионска бомба што беше пронајдена во центарот на Скопје

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна, која пред неколку дена...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку видеообраќање побара од Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето. Тој оцени дека состојбата...

Македонија18 часа

Наумовски: Парите за повисока плата се планирани во случај да се промени законот

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, тврди дека засега нема да зема повисока плата и ќе чека законски измени...

Македонија18 часа

МВР за 50 илјади евра ќе се консултира за набавка на услуги за изработка на биометриски документи

Со проценета вредност, без ДДВ, од 3.000.000 денари, или приближно 50 илјади евра, МВР објави тендер за консултантски услуги за изготвување проектна...

Македонија20 часа

(Видео)„О2 иницијатива“: Оставки, доста ни е од пиар-мерки против загадувањето

„Ова што го прави власта не е борба против загадувањето. Ова се пиар-мерки за намалување на бесот кај граѓаните и...

Македонија21 час

Директорот на Шутка: Постои можност Ченто да го внел мобилниот телефон преку чуварите

Директорот на КПД „Скопје“ во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, не ја исклучува можноста вработените во затворот да се замешани во...

Економија21 час

Поскапуваат бензините и дизелот

Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 2,5, односно 3,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за...

Бегството на Груевски21 час

(Видео) Груевски повторно „уловен“, овој пат на шопинг во Будимпешта

Експремиерот Никола Груевски вчеравечер бил на шопинг во трговски центар во Будимпешта. Како што објавуваат унгарските портали, во времето кога...

Бегството на Груевски22 часа

(Видео) Телохранителите на Груевски сослушани за неговото бегство, роднините нема да се сослушуваат

Роднините на Груевски нема да бидат повикани да дадат исказ пред Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за неговото...

Вести23 часа

(Видео) Трамп, Макрон и Меј го откажаа учеството на економскиот форум во Давос

Подготовките за Светскиот економски форум во Давос, кој ќе почне на 22 јануари и ќе трае до петок, 25 јануари,...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија23 часа

Апелациските судии в понеделник ќе одлучуваат за затворската казна на Јанкулоска

В понеделник, на 28 јануари, во 9:30 минути, во Апелацискиот суд во Скопје треба да се одржи рочиштето за пресудата...

Свет23 часа

(Видео) Израел објави видео од ракетните напади врз Сирија

Израелската војска објави видео на кое се забележани воздушните напади врз Сирија. Цел на нападите биле иранските сили. During our...

Македонија24 часа

Груевски ја повлече тужбата за клевета за Заев со која првично бараше половина милион евра

Утре нема да се одржи судско рочиште за тужбата за клевета и навреда од бегалецот Никола Груевски против премиерот Зоран...

Регион1 ден

Повредени новинари на протестите во Атина: Нападот беше испланиран

Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека непознати лица за време на вчерашните протеsти во Атина ја нападнале нејзината екипа, а...

Досие