Контакт

Култура

ЕУ планира стимулативни мерки во борба со кризата

Објавено пред

Европскатакомисија (ЕК) планира да усвои стимулативни економски мерки што ќе вклучатзначајно зголемување на буџетот на државите-членките на ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Европскатакомисија (ЕК) планира да усвои стимулативни економски мерки што ќе вклучатзначајно зголемување на буџетот на државите-членките на ЕУ.

Ова денеска гоизјави претседателот на Комисијата Жозе Мануел Баросо.

 

Според него, овиесредства ќе се употребат за јакнење на конкурентноста на 27-те држави-членки наЕУ, што се тешко погодени од глобалната економска и финансиска криза.

 

Комисијата,предлозите за поттикнување на стопанството, ќе ги поднесе наредната среда.

 

Баросо оцени декадоколу ЕУ делува обединето, намалувачкиот економски тренд во Европа би можел дабиде краткотраен и да не навлегува длабоко.

 

Претседателот наЕК нагласи дека фискалната експанзија во државите на ЕУ ќе биде во согласностсо буџетската регулатива на Комисијата која го ограничува буџетскиот дефицит натри проценти од Бруто општествениот доход.

 

Неколку држави,како што се Франција, Италија, Грција, Португалија, Велиак Британија и Ирска,веќе се блиску или над ова ниво.

 

“Трошењето за дасе победи рецесијата мора да биде мудро трошење. Со него, истовремено, треба дасе поддржи краткорочно економијата, но и да се зајакне потенцијалот задолгорочен развој“, изјави Баросо.

 

Тој додаде декавладите на ЕУ треба да вложуваат средства во областите кои се важни за конкурентноста,како што се инфраструктура, истражување, енергетска ефикасност, образование ичиста технологија.

/крај/бе/ис

 

Copyright

2008

makfax

. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Концерт на барокниот ансамбл „Театро ала мода“

Објавено пред

Ансамблот „Театро ала мода“ составен од музичари кои живеат и работат во Холандија, в четврток со почеток во 20 часот ќе настапат во Камерната сала на Филхармонија. Во ансамблот свири македонската чембалистка Цветанка Созовска, Лилија Славни (барокна виолина) и Џошуа Читам (виола да гамба). На програмата се дела Букстехуде, Телеман, Ј. С. Бах, Ж. Мари-Леклер, Форкере и Рамо.

dobivaj vesti na viber

Преземајќи го името од сатиричниот памфлет на венецијанскиот композитор Бенедето Марчело (напишан во 1720 година), „Театро ала мода“ се посветува на изведување барокна музика, но во нејзиниот автентичен манир, онолку колку што постојат информации низ историјата за начинот на изведба. Членовите на овој ансамбл доаѓаат од четири различни културни средини, но го пронашле својот обединет музички јазик во Холандија, за време на студиите на Кралскиот конзерваториум во Хаг.

Комбинирајќи ја виртуозноста и длабокото изучување на автентичната барокна изведувачка пракса, музичарите од „Театро ала мода“ го истражуваат и го претставуваат репертоарот за различни инструментални комбинации за камерен состав, користејќи историски копии на инструменти, како што се виолина, флејта, обоа, фагот, виола да гамба, чембало. Нивниот репертоар го опфаќа периодот од раниот барок до појавата на класичниот музички стил.

Инаку, „Театро ала мода“ редовно настапува во Холандија и веќе има остварено меѓународни дебија на различни музички фестивали низ Европа, во Исланд, Франција, Португалија, но и во Скопје и во Охрид.

На концертот во Скопје се претставуваат во формација трио со барокна виолина, виола да гамба и чембало, со програма специфична токму за овие инструменти од барокниот музички период.

Прикажи повеќе...

Култура

Шест години постоење на независниот театар – Театар Провокација

Објавено пред

Театар Провокација по повод 6 години од оформувањето на театарот, ќе имаат премиерна изведба на претставата „ Земја на штркови“ во МКЦ – Скопје на 11.12 (среда), со почеток од 20 часот.

dobivaj vesti na viber

Во овие години Театар Провокација ги реализираше следниве претстави:

Претстави за возрасни: Првин ќе ме земеш после ќе ме…, Скандал, Ожени ме, Разведи ме, Пациенти, Земја на штркови, како и претставите за деца: Веселиот Дедо Мраз, Како ли да го задржам Дедо Мраз кај нас, Зеленковци, Јас сум Акико, Другарство, Штурците и Мравките, како и двата фестивала: Фестивал на балканската независна театарска сцена „Провокација“ и Фестивалот на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ – Неготино.

Претставата која ќе биде изведена по повод роденденот на Театар Провокација „ Земја на штркови“, говори за големиот бран на иселување на младите луѓе од својата татковина. Оваа претстава и ги следи животните разидувања на два пара во однос на иселувањето од Македонија. Едниот – разделен пред 20-тина години, а другиот – го живее моментот на разидување од истите причини.

Прикажи повеќе...

Култура

Љутков е новиот претседавач со Советот на министри за култура на ЈИЕ- јакнење на културата во функција на одржливиот равој

Објавено пред

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Херцег Нови, имаше свое обраќање на состанокот на Советот на министри за култура на Југоисточна Европа-јакнење на културата во функција на одржливиот равој (КОМОКОСЕЕ) на кој Република Северна Македонија и официјално го презеде од Црна Гора претседавањето со ова значајно тело во период од една година.

dobivaj vesti na viber

Во своето обраќање пред присутните Љутков рече дека има големи очекувања од регионалната соработка, за која верува дека ќе се продлабочи и ќе се интензивира следната, 2025 година.

„Верувам дека во годината кога одбележуваме 20 години од потпишувањето на Повелбата на Советот на министри за култура од Југоисточна Европа, ќе успееме да ги завршиме преговорите за формирање на Фондот за културна соработка, за кој сме согласни дека ќе претставува уште еден механизам за зацврстување на регионалното поврзување преку нови идеи и решенија, со што ќе дадеме значаен придонес во обезбедувањето сигурен напредок на културата“, порача Љутков.

Претходно, министрите за култура и шефовите на делегациите на земјите членки разговараа за зацврстување на соработката во Култура и уметност за одржлив развој во време кога светот се соочува со сериозни предизвици.

Во годината кога се одбележува деценија од усвојувањето на Охридската регионална стратегија за културна соработка во ЈИЕ, Љутков, говорејќи за значењето на состанокот, во своето обраќање ја потенцираше улогата на културата во глобалните процеси, истакнувајќи ја потребата за унапредување на соработката и создавање нови можности преку нејзина интеграција во образовните системи.

„Во време кога светот се соочува со сериозни предизвици, постои потреба сите да работиме на создавање одржливи и инклузивни општества каде што културата ќе има клучна улога во глобалните процеси. Свесни сме за улогата на културата во меѓусебното разбирање и за тоа колку се мали разликите, а колку се големи сличностите меѓу нас, а сето тоа заедно создава простор за нови можности. Затоа, нашата посветеност и одговорност како министри за култура треба да биде во насока на интеграција на културата во образовните системи, односно да создадеме образовни програми кои не само што ќе ги промовираат културните вредности, туку ќе ги поттикнат младите да бидат консуматори на културата, но и нејзини активни креатори и промотори“, рече Љутков.

Министерот информираше дека образованието за култура и уметност за одржлив развој во нашата земја добива сè поголемо значење, особено преку интегрирање на уметничките и културните активности во разни инцијативи, програми и проекти.

„Ние сме посветени на создавање нови можности за младите, поттикнувајќи иновации и интеграција на културните вредности во образованието. Во тој контекст, сакам да ги истакнам конкурсите на Министерството за поддршка на стручно усовршување на дефицитарни кадри во областа на културата, со кои ги стимулираме младите и придонесуваме за нивното образование во областите што се од особена важност за културата и уметноста“, истакна Љутков.

Тој додаде дека со поддршка од Министерството, институциите од областа на културата континуирано организираат едукативни проекти за подигнување на свеста за важноста на културата и уметноста, а е подобрена и пристапноста и инклузијата на лицата со попреченост и на маргинализираните групи кон програмите и содржините во институциите.

На состанокот во Црна Гора министрите за култура и високите претставници на земјите од ЈИЕ ја усвоија и Декларацијата од Херцег Нови.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Македонец почина во зимски центар во Бугарија

51-годишен маж од Македонија почина на патеката Шилигарник над Банско во Бугарија, објави „Бгнес“. Веројатна причина за смртта на мажот...

Македонија2 часа

ДУИ: Ја почитуваме одлуката на Стејт департментот

Демократската Унија за Интеграција соопшти дека ја почитува одлуката на Стејт Департментот на САД. „Како партија, остануваме посветени на стратешката...

Македонија2 часа

Голема акција на МВР поврзана со РЕК „Битола“

Голема акција на Министерството за внатрешни работи поврзана со работењето во РЕК Битола. Утрово има големи претреси во Битола, Велес,...

Македонија2 часа

Парламентот да усвои закон за политичка одговорност за сите што се на црната листа на САД, предлага Демократскиот сојуз

Демократски сојуз смета дека сите што се на црната листа на САД поради криминал, треба да понесат политичка и кривична...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Со одлуката за црната листа на САД се докажа дека претходната влада е до гуша во корупција

Власта на СДС и ДУИ, предводена од Артан Груби, се докажа дека е до гуша во корупција, Груби и Беџети...

Свет3 часа

Победниците и губитниците од падот на Асад

Oткако бунтовниците брзо го зазедоа Дамаск и го принудија на бегство сирискиот моќник Башар ал-Асад, светот се обидува да го...

Европа4 часа

Ердоган: Останаа двајца искусни лидери во светот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека во светот останале само двајца лидери со долгогодишна служба и искуство во...

Свет5 часа

Орбан се сретна со Трамп и Маск на Флорида

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа се сретна со Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск во домот на новоизбраниот американски претседател...

Македонија6 часа

СДСМ ја поздрави одлуката на Стејт департментот: Сите сомнежи за корупција мора да бидат санкционирани без компромис

СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт департментот на САД за ставaње на нови лица од државата на црната листа. СДСМ...

Македонија14 часа

Пожар во фирмата „Атлантик“ во Визбегово, горат два шлепери, постои опасност од проширување

Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, вечерва, во 21.14 часот, е добиена пријава за пожар во...

Македонија15 часа

Поради вмешаност во корупција, Артан Груби и судијата Енвер Беџети се на црната листа на САД

Стејт департментот назначи нови 14 лица во црната лица на САД, меѓу нив се најдоа и поранешниот вицепремиер и висок...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Тажна е сликата од едвај 30-тина луѓе околу Ахмети кој направи богатство на грбот на народот, а сега остана буквално сам

Ахмети зборуваше пред едвај 30-тина луѓе. Тажна е сликата за политичарот кој направи кариера зборувајќи за правата на народот кој...

Македонија19 часа

Утре протест поради загадениот воздух

Утре во Скопје протести поради загадениот воздух. Маршот започнува во 16 часот пред Министерството за животна средина, продолжува кон Собранието...

Свет22 часа

Песков: Путин лично му даде азил на Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад и неговото семејство добија азил во Русија, јавуваат руските државни медиуми. Портпаролот на Кремљ Дмитриј...

Свет22 часа

Хеликоптерска несреќа во Турција: 6 лица загинаа, повреден припадник на вооружените сили на Босна и Херцеговина

Министерството за одбрана на Турција соопшти дека шест членови на екипажот загинале при пад на хеликоптер УХ-1, кој изведувал тренажен...

Свет23 часа

Кадиров: Трамп не поставува услови, одлучувачкиот потег за решавање на конфликтот во Украина е на Путин

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави денеска дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп „не поставува услови“ и дека одлучувачкиот чекор во...

Македонија24 часа

Градоначалникот на Прилеп со 5 директори фатени во криминал со превозот на ученици, тврди Лукароска

„На денешниот Меѓународен ден за борба против корупцијата, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обелоденува нов случај за незаконско работење на избрани...

Топ1 ден

(Видео) Уапсен е напаѓачот кај Транспортен за кој се пишуваше на социјалните мрежи

Вчера во 06.15 часот во с.Кучевиште, скопско, полициски службеници од Единицата за интерветна полиција при СВР Скопје го лишиле од...

Регион1 ден

Успешно опериран Милорад Додик, од операционата сала е префрлен на одделението за интензивна нега

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска е успешно опериран во Белград, соопштија од Кабинетот на претседателот на Република Српска....

Скопје1 ден

Разбојник напаѓал жени и девојчиња во Аеродром и Центар, им одземал чанти, ранци, паричници, накит и телефони

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишник осомничен дека сторил повеќе кривични дела против имотот...