Култура
Близу 30 бунтовници убиени во Пакистан
Пакистански воениавиони бомбардираа база на исламистички екстремисти во северозападниот дел одземјата, при што се убиени меѓу 25 и 30 бунтовници.
Пакистански воениавиони бомбардираа база на исламистички екстремисти во северозападниот дел одземјата, при што се убиени меѓу 25 и 30 бунтовници.
Воздушниот напад, како штопренесуваат западните агенции, бил извршен во реонот Мохманд, само неколку часа,откако атентатор самоубиец активира автомобил –бомба во градот Шабкадар.
При самоубиствениот напад загинаа тројцавојници и еден цивил.
Мохманд е недалеку од другата племенсказона – Бадџаур, каде во август годинава силите за безбедност спроведоа масовнаоперација против исламските екстремисти.
Според податоците на пакистанскатавојска, таму досега се ликвидирани над 1,500 бунтовници.
/крај/ег/
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстовне смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Андерс Рослунд во Скопје: Генијалниот автор на крими-жанрот доаѓа на Саемот на книгата
Читателската публика во Скопје ќе има неповторлива можност да се сретне со еден од најуспешните автори на крими трилери на денешнината, Андерс Рослунд, кој ќе биде специјален гостин на Саемот на книга на штандот на „Антолог“.
Рослунд е познат по своите напнати трилери и освојувањето на многу награди, но и по позиционираноста на водечки места на бестселер-листатата на „Њујорк тајмс“. Шведскиот автор ќе биде присутен на штандот на Антолог во сабота (20 април) со почеток од 12 часот во рамки на Саемот на книга, подготвен да се запознае со своите читатели.
„Ние како издавачка куќа сме исклучително возбудени што имаме можност да го пречекаме Андерс Рослунд на Саемот на книга во Скопје. Рослунд е еден од најистакнатите автори на криминалистичка проза во моментов, со богата кариера и со голем број на обожаватели низ светот. Неговите трилери се познати по својата напнатост и интрига, и сигурни сме дека ќе биде неповторливо искуство за сите присутни на настанот да имаат можност да го сретнат и разговараат одлблизу со него“, потенцираат од издавачката куќа „Антолог“.
Андерс Рослунд е автор на најчитаните „Чук чук”, „Слатко сонувај“ и „Верувај ми“, која ќе има специјална промоција во рамки на Саемот на книга, три дела кои веќе се преведени на македонски, и на други наслови зад кои се потпишува во дуо.
Во текот на настанот, посетителите ќе имате можност да го сретнат Андерс Рослунд, да се фотографираат со него и да добијат автограм на неговите книги, вклучувајќи ја и „Верувај ми“, која излегува специјално за неговата посета. Читателите ќе имаат можност да уживаат во разговор со авторот и да го слушнат неговиот поглед на литературата што ја создава.
Рослунд се надева дека книженоста може да ни овозможи да ги надминеме нашите ѕидови, барем во доменот на имагинацијата. „За време на овие чудни и осамени времиња сите ние треба да отпатуваме на кратко, барем во некој измислен свет“, вели тој додека се борел со осаменоста и сите предизвици кои му застанувале на патот.
Доаѓањето на Андерс Рослунд во Скопје е еден од најважните активности во склоп на годинашниот Саем на книга кој се одржува под слоганот Приказна се чита, а публиката ќе има прилика да го доживее овој момент и да го запамети како незаборавен.
Андерс Рослунд (1961) е шведски новинар и писател. Автор е на трилери и на криминалистички романи. Досега има објавено десет книги како дел од успешните писателски дуети Рослунд и Хелстром и Рослунд и Тунберг. Пишува и под псевдонимот Антон Свенсон. Добитник е на многубројни престижни меѓународни награди. Бил основач на „Вести од културата“ на Шведската национална телевизија а работел и како новинар во црна хроника. Неговите дела се преведени на 31 јазик и продадени во 3 милиони примероци. Живее со семејството во Стокхолм.
Култура
„Временски сензации“ – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски
Скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак ќе бидат изложени во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ во Скоопје, ГТЦ, 2 кат.
Изложбата ќе се отвори на 18 април – четврток, со почеток во 20 часот.
На изложбата ќе бидат презентирани ретките сочувани дела на Боро Новаковски-Новак, чијашто кариера како ќерамичар започнува во средината на 50-тите години. Неговите првични обиди за изработка на ќерамички скулптури биле скромни, обидувајќи се да додаде украси и бои на грнчарски производи. Сепак, набрзо го менува овој приод, фокусирајќи се на изучување на ќерамичарскиот занает и создавањето на сопствени уникатни скулптури.
Делата на Боро се одликуваат со нежни линии и хармонични облици, отсликувајќи го неговиот интимен и личен пристап кон ќерамиката. Тие се трајни сведоци за неговата страст и посветеност на ќерамичарската уметност. Оваа изложба нуди уникатен поглед во неговиот свет, каде што секоја скулптура раскажува своја приказна, проткаена со историја, уметност и емотивна длабочина.
За сите љубители на уметноста изложбата ќе трае до 18 мај.
Култура
Изложба на карикатури од Фестивалот за хумор и сатира IN VINICA VERITAS во Крива Паланка
На 17 март (среда), со почеток во 12 часот, во НУ Центар за култура – Крива Паланка ќе биде отворена изложба на карикатури од Меѓународниот фестивал за хумор и сатира IN VINICA VERITAS 2023, кој го организира Домот на култура „Тошо Арсов“ – Виница.
Годинешното издание е посветено на темата „Нештата стануват возможни“, а како и секоја година конкурсот за карикатура традиционално предизвикува голем интерес кај професионалните карикатуристи од целиот свет, што се потврдува со учество на 224 автори од 46 држави и со вкупно 622 карикатури.
Жирито е составено од интернационални и домашни претставници, а годинава за најдобри се прогласени акрикатурите на Фернандо Пица од Колумбија (прво место), Кијанг Лио од Кина (2. место) и Хуан Габриел Бенавидес од Шпанија (3. место).
Фестивалот за хумор и сатира IN VINICA VERITAS од Виница прват е утврден во 1993 година, но згаснува при крајот на 90-тите години од минатиот век. Се обновува во 2009 година кога добива и меѓународен карактер и годинава слави 15-годишен јубилеј. Тој е еден од најпознатите и најинтригантни фестивали за карикатура, кој секоја година има интересна тема, што е вистински предизвик за карикатуристите од целиот свет.
IN VINICA VERITAS е поддржан од Министерството за култура, а изложбата во НУ Центар за кутура – Крива Паланка е дел од манифестацијата „Крива Паланка – град на културата 2024“.