Контакт

Култура

Русија за заеднички пазар со ЕУ и САД

Објавено пред

Заеднички економски простор меѓу Русија, Европска унија (ЕУ) и САД не евиртуелен проект и може да се работи на него, оценува шефот на рускатадипломатија Сергеј Лавров.

Заеднички економски простор меѓу Русија, Европска унија (ЕУ) и САД не евиртуелен проект и може да се работи на него, оценува шефот на рускатадипломатија Сергеј Лавров.

Тој, за време на средбата со претставници на Здружението за европски бизнис,потсети дека САД и ЕУ ја разгледуваат можноста за формирање на заедничкиекономски простор, наведувајќи дека Русија “ја поздравува и идејата заформирање заеднички простор Русија-ЕУ“.

 

“Заеднички економски простор на тројца учесници не е виртуелен проект иможе да се работи на него“, изјави рускиот министер.

 

Лавров потсети дека формирањето на двостран економски простор “не треба даоди на штета на третиот учесник“.

 

Москва, според него, “би сакала да види тристрано партнерство кадесоработката се остварува на заемна корисна и рамноправна основа“.

 

Тој додаде дека е уверен оти основањето на рамноправно партнерство меѓуРусија, ЕУ и САД би одговарало на општите интереси.

/крај/ме/ис

 

Copyright

2008

makfax

. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Виолински класици со Александар Димчевски

Објавено пред

„Виолински класици“ е насловен концерт на оркестарот на Филхармонија кој ќе се одржи на 30 јануари во 20 часот.

Како солист ќе настапи виолинистот Александар Димчевски кој ќе го изведе возбудлвиот Концертот за виолина и оркестар број 1 од Макс Брух. На програмата се и структурно најамбициозната Симфонија бр. 7 од Дворжак и архетипската шкотска увертира „Земја на планина и поплава“ од Хамиш Меккан.

Виолинистот Александар Димчевски се етаблира како сестран уметник, настапувајќи како солист, камерен музичар, како концертмајстор, но и како педагог. Од 2016 година, Димчевски е концертмајстор во Унгарската државна опера, а од 2018 година го води и Камерниот оркестар „Hohenems Arpeggione“. Гостин концертмајстор е и во оркестри во Франција, Германија и Данска, каде што, како и во Унгарија, постојано држи мастер часови. Александар Димчевски во моментов свири на виолина од 1754 гдина, изработена од Карло Фердинандо Ландолфи.

Британскиот диригент Румон Гамба во својата досегашна кариера бил на неколку значајни позиција, меѓу нив и шеф-диригент и музички директор на Шведската оперска компанија Норланд опера (2008–2015), шеф-диригент на Алборг симфонискиот оркестар (2011–2015), како и шеф-диригент и музички директор на Симфонискиот оркестар на Исланд (2002–2010). Во 2017 година, маестро Гамба се враќа на Би-би-си промс диригирајќи со врвниот џез-ансамбл „Bang on a Can All-Stars“ заедно со Младинскиот ансамбл. Покрај современата музика, тој е активен и како диригент на железниот оперски репертоар како што се „Кармен“, „Боеми“, „Отело“, „Кандид“, „Риголетo“.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Филмот „Врба“ ќе се прикажува на уште четири филмски фестивали

Објавено пред

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски, ја продолжува фестивалската турнеја со прикажување на уште четири европски и светски фестивали, ФЕСТ во Белград, Синеквест во САД, Фантаспорто во Португалија и Софија.

По светската премиера на „Врба“ на Римскиот филмски фестивал во октомври минатата година и по македонската премиера и киноприкажувањето, филмот беше дел од официјалните програми на светските фестивали во Тајпеј и Талин.

На престојниот 48. Меѓународен филмски фестивал ФЕСТ во Белград (од 28 февруари до 8 март), „Врба“ е во главната натпреварувачка програма, со првата проекција на 2 март, и уште две, на 3 и 4 март. Во историјата на ФЕСТ впишани се големи актерски и режисерки имиња, кои биле гости, како Марчело Мастројани, Харви Кајтел, Бернандо Бертолучи, Софија Лорен, Роберт Де Ниро, Милош Форман, Вим Вендерс, Џони Деп. Досега ФЕСТ имал преку 4 милиони гледачи и речиси 4.000 значајни филмски наслови, како од домашната и регионална продукција, така и од светската.

Од ФЕСТ, „Врба“ патува на 40. Меѓународен филмски фестивал Фантаспорто, во Порто Португалија, (од 28 февруари до 8 март),  каде филмот ќе биде прикажан на 6 март во програмата „Недела на режисери“.

Во март, „Врба“ ќе ја има и американската премиера, во натпреварувачката програма на Синеквест, еден од најстарите и најреномирани фестивали во САД (од 3 до 15 март) во Сан Хозе и Редвуд Сити, Калифорнија,

Исто така во март, „Врба“ ќе биде прикажан и на 24. Интернационален филмски фестивал во Софија.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Спилберг, Скорсезе и Бредли Купер снимаат филм за познат композитор

Објавено пред

Американскиот актер и режисер Бредли Купер ќе го режира филмот за американскиот диригент и композитор Леонард Бернштајн, а правата на филмот, кој сè уште нема име, веќе ги има „Нетфликс“.

Купер исто така ќе глуми во филмот, а освен тоа е и коавтор на сценариото.

Продуцентите вклучуваат големи холивудски имиња, вклучувајќи ги Стивен Спилберг и Мартин Скорсезе.

Купер тесно соработува со децата на Бернштајн, а кога со тимот славни режисери ги доби ексклузивните права на филмот, „Нетфликс“ го прифати проектот.

Тоа нема да биде класичен биографски филм за Бернштајн, туку комплицирана приказна за бракот на американскиот композитор, пијанист, диригент и музички теоретичар и неговата сопруга Фелисија Монтеалегри, чилеанска актерка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

УХМР објави оглас за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди

Управата за хидрометеоролошки работи го објави јавниот оглас за „Услуги за модификација на време со авионско засејување“. Се работи за...

Свет3 часа

Словачки министер пијан демолирал кинески ресторан, најави оставка

Словачкиот министер за животна средина објави дека поднесува оставка кога наводно пијан со својот брат учествувал во демолирање кинески ресторан...

Свет3 часа

Вухан гради болница за заболените, планира да ја заврши за 5 дена

Градот Вухан, кој е жариште на новиот корона вирус, забрзано гради болница со 1.000 кревети за лекување на заразените пациенти....

Македонија3 часа

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во посета на земјава

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска ќе допатува во посета на Македонија. Мишел ќе оствари средби со високи претставници...

Свет14 часа

Гутереш: Ја губиме војната против климатските промени, постои закана за опстанок на човештвото

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш оцени денеска во Давос дека светот продолжува да ја губи војната против климатските промени....

Свет16 часа

Вирусната болест во Кина не е вонредна глобална здравствена ситуација

Во седиштето на Светската здравствена организација, во Женева, беше одржан состанок на кој е одлучено дека вирусната болест во Кина...

Регион16 часа

(Видео) Маж се самоуби пред парламентот во Белград

Непознат маж, на околу 50-годишпна возраст, изврши самоубиство вечерва пред зградата на Собранието во Белград, соопшти српската полиција, пренесуваат српските...

Македонија18 часа

(Видео) Стаменковска: Фрчат дисциплински за тие што не се блиски до СДСМ, човек беше казнет што не вклучил греалка

Фрчат дисциплински постапки, незаконски распределувања и се подговуваат откази на административци кои не се партиски истомисленици на СДСМ, за да...

Европа20 часа

Смртоносниот корона вирус стигна во Европа, четири лица во карантин во Шкотска

Корона вирусот пристигна и во Европа. Британските медиуми пренесуваат дека најверојатно корона вирусот стигнал во Велика Британија, каде четворица кинески...

Македонија20 часа

(Видео) Со хипотека на имот од над 3 милиони евра, Камчев бара да му се вратат пасошите

Орце Камчев понудил хипотека на недвижен имот од над 3 милиони евра, за да му се вратат македонскиот и бугарскиот...

Македонија20 часа

(Видео) Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со Чулев

Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Бекир Аслани вели дека и...

Македонија22 часа

ЕСЧП пресуди во корист на детето со попреченост, кое беше врзувано за кревет – државата системски потфрлила

Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2015 година, во име на малолетниот Л. Р., лице со повеќекратна попреченост, поднесе апликација...

Топ23 часа

Скопјанец со тупаници го тепал едногодишното дете на својата партнерка

Триесет и четиригодишен скопјанец е обвинет дека физички го малтретирал едногодишното дете на својата партнерка. Според истрагата, тој го тепал...

Свет24 часа

Во Кина прогласен најголемиот карантин во историјата

Кинеските власти во средата прогласија најголем карантин во историјата за да спречат ширење на новиот корона вирус за кој во...

Свет1 ден

Си-ен-ен: Откриен е изворот на корона вирусот

Изворот на новиот корона вирус, кој се појави во Кина, би можеле да бидат змиите кинеска кобра и кинески краит,...

Македонија1 ден

(Видео) Бојан Јовановски: Не играјте си со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Педесет и петпати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не играјте си со мојот живот, изјави денеска...

Свет1 ден

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан поради епидемијата на вирусот корона, од...

Македонија1 ден

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено вторпат

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, вторпат се одложува...

Регион1 ден

По 20 дена, ослободени киднапираните грчки морнари

Осум члена на екипажот на грчки танкер се ослободени по 20 дена од киднапирањето од вооружени напаѓачи на брегот на...

Свет1 ден

СЗО денеска ќе одлучува дали ќе прогласи вонредна состојба

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе донесе одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на новиот корона вирус,...

Досие