Контакт

Култура

Белгиската влада поднесе оставка

Објавено пред

Владата наБелгија на чело со премиерот Ив Лотерм поднесе колективна оставка, порадискандалот околу спасувањето на банката Фортис, соопшти вечерва владиниотпортпарол.

Владата наБелгија на чело со премиерот Ив Лотерм поднесе колективна оставка, порадискандалот околу спасувањето на банката Фортис, соопшти вечерва владиниотпортпарол.

 

„Откако стана јасно за поднесенатаоставка на министерот за правда Жо Вандозен, Владата одлучи на кралот АлбертВтори да му достави колективна оставка“, наведе истиот извор.

 

Сега белгискиот крал треба даодговори на овој потег на владата на Лотерм.

 

Кралот може да ја прифати оставката,да ја отфрли или да побара време да размисли.

 

Белгиската Влада се соочи со обвинувања декавршела притисок врз судството за спас на белгиско – холандската банка Фортис,која стана жртва на светската финансиска криза.

/крај/афп/бгнес/ег/

Copyright 2008

makfax

. Сите права се задржани. Текстовне смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Министерот за култура во Париз со осврт за културниот дијалог на национално и на локално ниво

Објавено пред

Министерот за култура, Хусни Исмаили, во Париз се обрати на Форумот на министрите за култура, кој се одржува во рамките на 40. заседание на Генералната конференција на УНЕСКО.

Во своето обраќање пред присутните, Исмаили се осврна на механизмите за промоција на културните изразувања во нашата земја и иницијативите кои поттикнуваат вклучување и културен дијалог на национално или на локално ниво.

„Во оваа пригода сакам да изразам благодарност до УНЕСКО за неговите напори, иницијативи и активности, што ја препозна улогата на културата, особено културната различност и културното наследство како витални елементи во современите општества“, рече Исмаили.

Тој во обраќањето ги спомна и актуелната Стратегија за развој на културата (2018-2022) и националното законодавство (Законот за заштита на културното наследство, Законот за културата), кои, како што рече, предвидуваат механизми и активности за да се обезбеди заштита на вредностите на културното наследство.

Во контекст на промоцијата на културната разновидност, Исмаили потсети дека во 2017 година на Репрезентативната листа на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство на човештвото биле впишани мултинационалната апликација „Културни практики поврзани со 1 март – Мартинки“ и „Пролетната прослава Хидрелез“.

На Форумот на министри за култура, кој се одржува во рамките на 40. заседание на Генералната конференција на УНЕСКО од 12 до 27 ноември, учествуваат повеќе од 140 министри за култура и други високи претставници, информираат од ресорното министерство.

Главна тема на дискусијата е централното место на културата во јавните политики низ светот и нејзиното влијание врз одржливиот развој.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на книгата „Виножитото зад душата“ од Милан Јазбец

Објавено пред

„Зборовите се како чуда, само со нив мора да бидеш внимателен, умешен и нежен“ – Милан Јазбец.

Писателот Милан Јазбец, кој е наедно актуелен амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија, со префинет, лирски стил во изразувањето, вешто ги плете боите на виножитото во душата на главниот лик на оваа приказна – стариот и искусен словенечки дипломат, кој е наедно и познат писател, номиниран за Нобелова награда за книжевност.

Kако што ќе рече академик Луан Старова во предговорот на македонското издание на овој роман: „Тој ја сака и ја брани својата татковина далеку од неа, со сета своја интелектуална храброст и моќ, со сета емотивност и култура, со максимален напор да се разбере и сака другиот… Во целиот свој дотогашен живот, главниот лик сите свои искуства и кризи успешно ќе ги надминува со својот постојан modus vivendi – пишувањето и станува и автор на бестселер и добитник на Нобеловата награда…“ „Виножито зад душата“ е роман што не се пропушта. Роман кој дури ќе посакате да го прочитате по вторпат.

Промотори на книгата ќе бидат проф. Луан Старова и Ермис Лафазаназовски, со музички настап на дуото ВИОХАРФ: Ерхан Шукри (виолина) и Мерсиха Шукри (келтска харфа)

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на слики „Порака“ од Роберт Цветковски во Куманово

Објавено пред

В четврток со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на слики со наслов „Порака“ од академскиот сликар Роберт Цветковски. Се работи за дваесеттина дела од неговата најнова продукцуја работени во техниката масло на платно.

Роберт Цветковски е роден во Куманово 1965 година. Дипломирал на Факултетот за ликовна умeтност во Скопје 1989 година во класата на Ана Темкова. Работи во гимназијата во Крива Паланка како ликовен педагог.
адреса: ул. „Св.Јоаким Осоговски“ бр.75, Крива Паланка.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Катица Јанева спроведена во домашен притвор

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари беше спроведена во домашен притвор во стан во Скопје кога...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски: Најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев

Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемија пензиите 700 денари, туку, напротив, ги намалија 400 денари, изјави на...

Свет4 часа

Шведска ја прекина истрагата за силување против Асанж

Шведското обвинителство ја отфрли истрагата поради обвинение за силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, покренато уште во 2010 година....

Македонија4 часа

Екоактивистите ќе протестираат итно да се одземе концесијата од „Еуромакс ресурсис“

Се ближи датумот кога оваа влада нема да може да донесува и спроведува одлуки, а Министерството за економија сè уште...

Македонија6 часа

(Видео) Дуковски: На Боки 13 не му работи бубрегот и мокри крв

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, на наменска прес-конференција за јавноста рече дека е загрижен поради здравствената состојба на...

Топ6 часа

(Видео) Во камион пронајдени над 100 килограми марихуана, приведен маж од Валандовско

Граничната полиција на преминот Табановце ноќеска во камион со приколка со бугарски регистарски ознаки пронајде 100 килограми марихуана. Приведен е...

Македонија7 часа

Тупураинен: ЕУ нема да му го сврти грбот на Балканот

Претседавачката со Советот на ЕУ, финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен, порача дека министрите на ЕУ од денешниот состанок...

Македонија8 часа

Дисциплинска за адвокатот Даути зашто бараше да бидат преведени сите списи на албански во ТНТ

Адвокатската комора со допис го известила судот дека повела дисциплинска постапка пред дисциплински обвинител за адвокатот на обвинетата во ТНТ...

Топ8 часа

Дрога и муниција пронајдени во куќа на 25-годишник во Ѓорче Петров

Полицијата уапси двајца скопјани на возраст од 25 и 32 години при извршен претрес во дом во населбата Ѓорче Петров....

Интервју/Дебата10 часа

(Интервју) Италијанскиот амбасадор Ромео: Ќе сториме сè за да ја поправиме историската грешка за вашата држава

На денешниот редовен Совет за општи работи во Брисел, на кој по иницијатива на Италија ќе се расправа за прашањата...

Економија10 часа

САД одново ги одложија санкциите за „Хуавеј“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи забраната за продажба на американски производи на кинеската компанија „Хуавеj“ за уште...

Европа10 часа

Во Советот на ЕУ дискусија за реформата за проширување

На состанокот на Советот за општи работи денеска во Брисел, министрите на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во областа на...

Свет1 ден

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми. Од локалната полиција наведоа...

Македонија1 ден

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна...

Економија1 ден

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија1 ден

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија1 ден

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија1 ден

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија1 ден

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет1 ден

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Досие