Култура
Четириесет годишен јубилеј од творештвото на Балтон
Никола Иванов – Балтон во средата навечер во Музејот на Град Скопје гo прослави 40 годишниот јубилеј од своето творештво.Делата на Балтон сами по себе се еден вид музеј, што го чуваат и негуваат човештвото.
Никола Иванов – Балтон во средата навечер во Музејот на Град Скопје гo прослави 40 годишниот јубилеј од своето творештво.Делата на Балтон сами по себе се еден вид музеј, што го чуваат и негуваат човештвото. Посетителите ќе можат да ги погледнат сликите во двата салона на музејот, и воедно да ја купат монографијата “Балтон”, изјави Јован Шурбаноски директорот на Музејот на Град Скопје. Балтон со децении е дел од ликовната уметност, покрај сликарството тој се занимава со ликовните медиуми како што се витраж и мозаикот создавајќи дела во две техники.Најголемата инспирација за своите слики ја црпи од македонското поднебје пејсажи и предели.Toj е првиот соработник на Петар Мазев при изведбата на големиот мозаик во Спомен – костурницата во Велес./крај/бк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Oтворање на македонскиот павилјон на венециското биенале со просторната инсталација на Јанешлиева
Последните подготовки за отворањето на македонскиот павилјон на 60. Венециско биенале, со проектот “Inter Spem et Metum” на уметничката Славица Јанешлиева во објектот Scuola dei Laneri, привршуваат и официјалното отворање ќе биде денес во 18.00 часот.
Овогодинешното биенале го курира Адриано Педроса, а генералната тема е „Странци насекаде.“
Генералии за павилјонот:
Проект: “Inter Spem et Metum”
Уметник: Славица Јанешлиева
Носител на проектот: НУ Национална галерија на Република Северна Македонија
Комесар: Д-р Дита Старова Ќерими, директор на НУ Национална галерија
Куратор: Д-р Ана Франговска, кустос советник во НУ Национална галерија
Поддржано од: Министерство за култура на Република Северна Македонија
Локација: Scuola dei Laneri
Концепт
Mожеме ли зборот „убавина“ да го замениме или израмниме со зборовите почит, слобода, љубов, толеранција, прифаќање? Можеме ли да прифатиме некого поради сето она што тој/таа/тоа е и затоа што го познаваме суштински?
Трансмедијалниот и транснаративен проект “INTER SPEM ET METUM” на Славица Јанешлиева претставува визуелно прочистена и концептуално осмислена просторна инсталација која не флра во цивилизацискиот дебрис на еден мошне сензитивен и бајковит начин. Низ повеќедимензионални медиумски платформи и материјали, како пердуви, лед-неонски натписи, проекции, огледала, Јанешлиева не впушта во неколку концептуално-наратолошки матрици каде не соочува со чувството да си странец и тоа оној кој е насекаде, во мене, во тебе, во нив, во нас. Поточно таа не соочува со прифаќањето или неприфаќањето на одвоените кфалификативи од оние на мноштвото, без оглед дали различноста се базира на полот, сексуалната определба, изгледот, појавата, однесувањето, болест, националност, религија, јазик, политичко убедување…
Не соочува и со чувството на самостигматизација, автоцензура, самокритика, заради наметнатите очекувања.
Сепак, да се биде различен носи потенцијал и за трансформација. Исто како и во природната селекција, мутацијата ја зголемува веројатноста дека ќе се случи или неуспех во адаптацијата или дека се појавила нова варијанта која е посупериорна од она што било претходно. Или некој би можел да ја објасни трансформативната моќ на различното како што произлегува од психолошката болка и страдање кои се различни причини од кои може да се црпи инспирација и мотивација за издигнување над осудата и острацизмот што различноста од другите ги предизвикува.
Од секој од нас зависи да го најдеме својот пат до нашиот внатрешен лебед.
Култура
Под слоганот „Приказна се чита“ денеска почнува Саемот на книга
Во арената „Борис Трајковски“ во Скопје денеска ќе биде отворено 36. издание на Саемот на книга, кој во седумте саемски дена ќе понуди книги од домашни и странски автори од преку 60 издавачки куќи од земјава и регионот.
На официјалното отворање на Саемот на книга обраќање ќе има министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
Слоганот на манифестацијата е „Приказна се чита“.
– Слоганот „Приказна се чита“ прави поврзаност помеѓу опцијата за објавување „стори“ (на англиски „story“, што во превод значи приказна) на социјалните мрежи со приказните кои ги бараме во литературата и кои се раскажани во нашите омилени книги. На тој начин, Саемот се обидува да испише една нова страница во постоењето, приближувајќи се до новата генерација и новиот стил на живот преку јазик и жаргон препознатлив за модерното време – се вели во најавата за годинашното издание.
Со секоја купена редовна влезница ќе се донираат 15 денари за СОС детско село. Исто така, по повод 23 април – Светскиот ден на книгата, во СОС детско село и ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје – средно училиште за ученици со оштетен слух ќе бидат донирани по 100 книги и бесплатни годишни претплати од Boksy – изложувач на саемот, за година онлајн читање на книги.
Саемот на книга ќе биде отворен секој ден, од 10.00 до 22.00 часот. Билети можат да се најдат на влезот на Саемот, како и онлајн преку www.karti.com.mk.
Култура
Промоција на кривопаланечки драми од Страхил Алексиќ
Во НУ Центар за култура Крива Паланка , во петок со почеток во 12 часот, ќе се одржи промоција на кривопаланечките драми „Ожењи се Санде калајџија“ и „Најефтината свадба“ , чиј автор е Страхил Алексиќ.
Драмските дела се инспирирани од вистинси настани кои се дел од кривопаланечката историја и традиција, а Алексиќ ги има напишано пред 30-тина години.
Драмата „Ожењи се Санде калајџија“ за првпат е поставена и изведена во 90-тите години под раководство на проф. Марица Николовска, а пред повеќе години беше реобновена и претставена пред кривопаланечката публика од Драмското студио при НУ Центар за култура, во режија на Глигор Цветковски. Во 2018 година, пак, е изведена од ученици од СОУ„Ѓорче Петров“, под раководство на проф. Катерина Наковска Митовска, што јасно говори за интересот кај познавачите на драмското творештво, младите актерски таленти и кривопаланечката јавност.
Делото „Најефтината свадба“ досега не е драматизирано и не е познато на јавноста.
Страхил Алексиќ е првиот и засега единствен автор од Крива Паланка кој напишал драмски дела што сведочат за кривопаланчките настани од минатото, со што се потврдува нивната неизмерна вредност.
Издавач на кривопаланечките драми на Алексиќ е НУ Центар за култура од Крива Паланка, рецензент е Емилија Колевска, а подготовката на делата и промоцијата се реализираат во соработка со ЛУ Градски музеј и Општина Крива Паланка.
Настанот е дел од програмата на манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата 2024“.