Контакт

Култура

Викенд Културен Водич 16.01 – 17.01 2010

Објавено пред

ВИКЕНД КУЛТУРЕН ВОДИЧ 16.01 – 17.01 2010

ВИКЕНД КУЛТУРЕН ВОДИЧ 16.01 – 17.01 2010

ДРАМСКИ ТЕАТАР Сабота:„Догодина во исто време“, автор: Бернард Слејд, премиера – 20 ч.Недела:„Белег од човечки заби“, режија: Ненад Витанов, гостува Велешки театар – 20 ч. ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИСабота:„Малата сирена“, режија: Деан Дамјанов, премиера – 19 ч.Недела:„Малата сирена“, режија: Деан Дамјанов – 12.30 ч. ИЗЛОЖБИ МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ„Пејзажот“ –изложба на Кирил Гегоски; МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА„Кинеска култура“ изложба на носии, слики, фотографии; НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈАОбјект ДАУТ ПАШИН АМАМИзложба за 150 години од раѓањето на Димитар Андонов- Папрадишки;Национална поставка од 13 до 21 век; Објект ЧИФТЕ АМАМИзложба на Наташа Андреска; Објект МАЛА СТАНИЦАРетроспективна изложба на групата Зеро;Изложба на Кристина Божурска; МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕИзложба на Никола Иванов Балтон;„Траги“ – изложба за 60 години Музеј на град Скопје;Изложба- Скопската тврдина (археолошки наоди од ископувањата на Кале);Галерија Белогаски: Поставка по повод 15 години од смртта на Љубомир Белогаски; КИЦЦртежи на Никола Мартиновски; КИНА КИНО РАМСТОРСала 1„Мачорот во чизми“ – 13, 15 ч.„Духовите на Сараево“ – 17 ч.„2012“ – 19, 22 ч.

Сала 2„Филм за пчелата“ – 12, 14 ч.„Аватар“ – 16, 19, 22 ч. КИНО МИЛЕНИУМ„Дали чувте за Морганови“ – 18, 20.30 ч. КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА – КИНО УТРОСабота:„Петар Пан“ – 11 ч.„Кука“ – 13 ч./крај/culturein/ач



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Играниот филм „Дедо и внук“ ја почна својата светска промоција

Објавено пред

Играниот филм „Дедо и внук“ ја почна својата светска промоција со интернационалната премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Приштина, ПРИФЕСТ 2020, кој е најважниот филмски настан што се одржува во Косово.

Фестивалот се состои од четири програми за натпреварување: програма за европски филмски натпревар, програма за балкански филмски натпревар (позната и како „Крв и мед“), натпреварувачка програма со средна должина (составена од филмови во должина од 25 до 60 мин.)

Дебитнатскиот игран филм на Илија Пиперкоски, „Дедо и внук“, оваа година беше дел од програмата „Крв и мед“ на 12. издание на фестивалот, кое поради ковид-пандемијата, се одржа во хибридно онлајн-издание.

Asian Cinematography Awards (ACA) е филмски фестивал основан и управуван од професионалци во филмската индустрија на Фондацијата за награди за кинематографија во Манила. Негувајќи ја кинематографската работа, фестивалот им доделува награди преку целата година на најдобрите кинематографи. На овој фествал наградата за најдобар директор на фотографија – кинематографер ја доби Патру Паунеску за филмот „Дедо и внук“.

Филмот го продолжува фестивалскиот живот на фестивалот „Дардан-фест“ во Албанија на крајот од октомври.

Филмот ја раскажува приказната по смртта на еден млад пациент, во која младиот доктор Никола се обидува да направи ред во својот живот и оди на посета кај својот дедо. Последен пат бил кај него пред 10 години. Ова е филм за конфилкт на генерации, со контраст на морални вредности, моменти за втора шанса. Љубовта не е нешто шот треба да биде научено. Тоа е нешто што веќе го имаме, но иронично е тоа што секогаш мора одново да го научиме. А со која цел? Да станеме почисти луѓе како некогаш кога бевме деца.

Главните улога во филмот ги толкуваат Дејан Лилиќ, заедно со Салаетин Билал (19 март 1942 – 10 мај 2018), Даниела Ивановска, Благој Веселинов, Горан Стојаноски и други.

Филмот комплетно се снимаше во Охрид и ова е првпат во поновата македонска филмска историја игран филм во целост да е снимен во Охрид и креиеран од автор што живее и твори во Охрид. Авторска екипа ја сочинуваат директорот на фотографија од Романија – Патру Паунеску, сценографијата во филмот ја креира Владимир Зафирковски, костимограф е Жаклина Крстевска, автор на шминката и маските е Клаудија Мусат, снимател на звукот е Мариус Станеску, монтажер е Данчо Стефков, композитор е Оливер Тевчев, а продуцент на филмот е Огнен Антов.

Филмот е финансиски помогнат од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Прикажи повеќе...

Култура

Вечерва во Europe House и на стрим проектот „Реобмислување на европски режисери: филм, музика и поезија“

Објавено пред

Со музика од Бранислав Николов и Гоце Јованоски, поезија од Дејан Трајкоски и сцени од филмови на Вим Вендерс и Роберто Бењини, вечерва, во 20 часот, во Europe House Skopje ќе се одржи проектот „Реобмислување на европски режисери: филм, музика и поезија“.

Интердисциплинарниот проект во развој подразбира фузија на поезија, филм и музика.

Се работи за три песни инспирирани од сцени од филмовите „Париз, Тексас“ и „Хотел од милион долари“ од Вим Вендерс, „Тигарот и снегот“ од Роберто Бењини. Поезијата од Трајкоски ќе ja изведува Бранислав Николов, со музика создадена од Николов и Јованоски, која е инспирирана од оригиналните филмски композиции, а сето тоа е вклопено со филмските сцени. Видеото и аудиомонтажата е на Гоце Јованоски.

Идејата на проектот е реобмислување на едно уметничко дело и создавање ново во сосема поинаква форма од оригиналното.

Настанот ќе може да се проследи само во живо преку стрим.

Проектот се реализира со финансиска поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Прикажи повеќе...

Изложби

Ретроспективно-монографска изложба на Ѓорѓи Шијаковиќ во Куманово

Објавено пред

На 28 октомври (од 19 до 21 часот), во Уметничката галерија во Куманово, ќе биде отворена ретроспективно монографската изложба на Ѓорѓе Шијаковиќ, еден од неколкуте наши најзначајни автори кои припаѓаат во областа на наивното творештво. На изложбата ќе бидат презентирани четириесет слики, а ќе биде промовирана и книга за неговото творештво со обемен текст од Гоце Божурски.

Ѓорѓе Шијаковиќ е роден 1901г, во Цетиње(Црна Гора). На негова четиримесечна возраст семејството се преселува во Америка (каде што завршува основно образование и продолжува гимназија), а се враќаат во 1914 г. Од 1919 г. до 1923 г. е ангажиран како административен счлужбеник и преведувач во хуманитарната мисија на американскиот црвен крст. Во 1925 го положува курсот за американско двојно книговодство и се до избувнувањето на Втората светска војна работи како сметководител и преведувач од англиски во рудниците „Трепча“ во Косовска Митровица (Звечан“) и „Злетово“ (Добрево). Од 1941г. до 1943е г. е во заробеништво во Италија (Бергам, Аверси). По ослободувањето работи како шеф на книговодство и преведувач во повеќе трговски птретпријатија во Скопје, но и во Државниот секретаријат за стопанство и Извршниот совет на РМ. Почнува да слика по пензионирањето во 1962 г. Самостојно излагал во Центарот за култура и информации (сегашен КИЦ) во Скопје во 1969 г. и во Галеријата на примитивна уметност во Загреб во 1971 г.

Учествувал на значајни меѓународни изложби на наивата во Братислава (1972), Загреб (1970, 1973), Светозарево (денешна Јагодина, 1970, 1975), Хлебине и др. Освен што временски и генерациски е еден од неколкуте основоположниците на наивата кај нас, Ѓорѓе Шијаковиќ заслужува целосен респект, а според квалитетот и вонвременски вредности на неговото творештво беше препознаван идентитетот на македонската наивна уметност во тогашниот југословенски и меѓународен контекст.

Во раните 70 ти години е сниман документарен филм за него и неговото творештво од страна на францускиот режисер Jean Marie Drot , кој на француската телевизија наишол на огромен интерес кај тамошната публика. За жал кај нас никогаш не е прикажан.

Застапен е во енциклопедија на наивната уметност во светот. Добитник е и на повеќе меѓународни награди, како златен кентаур од Италија, златна медаља од академијата за труд од Италија и др.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

СЗО: Луѓето се уморни, но не смееме да се откажеме

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата...

Европа3 часа

Во Белгија се бара заразени лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс

Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс...

Македонија4 часа

15 починати и 247 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на...

Македонија8 часа

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија9 часа

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да може да се тестираат на Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа9 часа

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет9 часа

Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Економија9 часа

Бензините поевтинуваат

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат половина денар, а цената...

Свет10 часа

Мадуро тврди дека венецуелските научници создале лек против Ковид-19 без несакани ефекти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала високоефективен антивирусен лек, што го десеткува коронавирусот без никакви несакани...

Топ11 час

(Видео) Пронајдени речиси 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од речиси 100 килограми. Уапсен е турски државјанин, кој дрогата требало...

Македонија11 час

Домашните слави да се празнуваат исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства во државата ги чествуваат домашните...

Регион12 часа

Словенија ги заострува мерките, од вечерва нова забрана за движење – се затвораат општините

Поради големиот пораст на инфекции со коронавирус, Словенија ги заострува мерките, така што од вечерва стапува во сила забраната за...

Економија13 часа

Пандемијата ќе фрли во стечај дури 6.000 австриски фирми

Пандемијата на коронавирусот силно ја погоди австриската економија, па в година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади...

Европа14 часа

Италија ги затвора баровите и рестораните во 18 часот

Италијанските власти издадоа одредба со која се бара сите барови и ресторани да се затворат до 18 часот, а спортските...

Топ14 часа

Стејт департментот: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот...

Свет14 часа

Над 8.000 новозаразени од коронавирус во Германија

Во последните 24 часа во Германија се потврдени 8.685 случаи на коронавирус. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, починале...

Економија14 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати, кои ќе важат од полноќ. Минатата недела...

Македонија1 ден

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет1 ден

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија1 ден

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Досие