Контакт

Актуелно

Нова директорка на Драмски театар е Викторија Рангелова Петровска, Мартин Вучиќ на „Танец“

Објавено пред

Министерот за култура Асаф Адеми денеска именува 22 директори на национални институции во културата што ќе бидат со мандат од 4 години. По вчерашното повлeкување на в.д. директорот на Драмски театар, Сашо Тасевски, кој не ја образложи причината за оставката, за нова директорка на Драмски театар е именувана Викторија Рангелова Петровска.

Со најголемата поетска манифестација Струшките вечери на поезијата ќе раководи Тодорче Тасевски, поранешен вработен во Министерството култура, додека со најголемата театарска институција МНТ останува да раководи Симона Угриновска.

Мартин Вучиќ е именуван за нов директор на НУ „Танец“. Прв човек на Универзитетската библиотека во Битола ќе биде Бојан Стефановски, со НУ Конзерваторски центар – Скопје ќе раководи Коле Чапкановски, а со НУ Музеј Куманово Илбер Зулфикари. Нов директор на НУ за управување со археолошки локалитет Стоби – Градско е Спасе Перовски, а на центарот за култура Бели Мугри – Кочани Александра Димитрова. За директорка на спомен куќата Мајка Тереза во Скопје е именувана Нафие Селмани, а на Македонската филхармонија Виктор Илиевски.

 

Актуелно

Адеми на амбасадорот Сера му предложи директна соработка меѓу филхармониите на Македонија и Шпанија

Објавено пред

Министерот за култура, Асаф Адеми, оствари работна средба со шпанскиот амбасадор во земјата, Емилио Лорецо Сера.

Како што информираат од Министерството, Адеми нагласил дека културната соработка меѓу Македонија и Шпанија е на солидно ниво, со континуирано претставување на македонската и шпанската култура во двете земји, при што ја истакнал и важноста од нејзино продлабочување преку поголема размена на експерти, уметници и проекти.

Министерот предложил воспоставување директна соработка меѓу филхармониите на двете земји, што би резултирало со реализација на заеднички проекти и гостувања на оркестрите и диригентите. Исто така, тој му предложил на амбасадорот Сера и воспоставување директна соработка меѓу Музејот на современата уметност од Скопје со некој од музеите во Шпанија кои ја третираат современата уметност, како: Музејот на современата уметност од Барселона, Музејот за современата уметност „Естебан Висенте“ од Сеговија, Институот за модерни уметности во Валенсија, „MACA-музејот за современа уметност“ во Аликанте.

Амбасадорот ја истакнал поддршката на Шпанија за европската интеграција на Република Македонија.

Тој исто така ја пренел и заинтересираноста на Министерството за култура на Шпанија за воспоставување интензивни културни врски, кои би резултирале со поголема соработка меѓу установите од областа на културата, реализација на проекти и размена на уметници, а сѐ со цел поголема промоција на шпанската и македонската култура во двете земји.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Владата донесе одлука за основање на гостиварски театар

Објавено пред

Владата донесе одлука за основање на нова национална установа „Гостиварски театар“. Одлуката е донесена имајќи го предвид мислењето на Министерството за финансии, како и оправданоста за основање нова национална установа. Средствата за основање на установата, по основа на нови вработувања и други трошоци, ќе се обезбедат од буџетот на Република Македонија за 2018 и за 2019 година во вкупен износ од 10.225.000 денари.

„Со основањето на оваа институција во Гостивар ќе се задоволи повеќедецениската потреба за професионално остварување на театарската уметност и презентација на богатото театарско творештво во овој град. Истовремено, ќе биде овозможен и рамномерен културен развој на ова подрачје, а ќе се отвори и можност за вработување на едуцирани и професионални кадри од областа на драмската уметност, како и збогатување на културната понуда во Гостивар“, велат од Министерството за култура.

Досега драмските активности се реализираа преку посебно драмско студио во рамките на Центарот за култура Гостивар, но и преку ммногу други независни драмски проекти како од страна на организации од Гостивар така и со гостувања од други градови од Република Македонија, па и од странство. Од Министерството наведуваат дека и покрај евидентните напори на Центарот за култура да ги задоволи потребите од разновидни културни активности на многубројното население, сепак драмската дејност, како една од најстарите и најважни форми на културата, е најзапоставена.

Седиштето на театарот ќе биде во Центарот за култура, односно сценскиот простор ќе биде заеднички, додека во самиот објект постојат услови за административно постоење на двете институции (посебни канцеларии, гримиорни, гардероби и слично).  Средствата за програмски активности на установата ќе се обезбедат од буџетот на РМ во постапка пропишана со Законот за културата.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Fennesz + Lillevan ќе го отворат јубилејното десетто издание на Desonanz

Објавено пред

Фестивалот за електронска музика, визуелни уметности и нови медиуми Desonanz годинава го прославува своето јубилејно десетто издание. Фестивалот ќе се одржи од 31 октомври до 3 ноември на повеќе локации во Скопје.

Инициран и организиран во 2009 година од Гете-институт од Скопје, Desonanz станува синомим за презентирање на најновите музички достигнувања во електронската музика, cutting edge-мултимедијални настани, визуелни уметности и нови медиуми.

Програмата на Desonanz започнува со гала концерт и свеченото отворање в среда, 31 октомври, во Македонската филхармонија со настапот во живо на Fennesz + Lillevan present Mahler Remixed. Две имиња на современата музика чии звуци и видеоколажи долги години се извор на восхит и инспирација за генерации на електронски музичари, амбиенталисти, класични композитори и видеоуметници. Овој перформанс е ретка глетка на концертните сцени и досега е изведен на само неколку локации, меѓу кои се RadioKulturhaus во Виена, Карнеги Хол во Њујорк и Borusan Music House во Истанбул. Со него, двајцата музичари даваат свој поглед на делото на композиторот Густав Малер.

Fennesz е композитор, гитарист и еден од великаните на модерната класична музика, чест соработник на Дејвид Силвијан, Ричи Сакамото, Џим О’Рурк и секако проектот Fennesz + Lillevan, еден од најимпресивните мултимедијални проекти на денешницата и често дел од програмата на престижните светски фестивали од рангот на Transmediale, Unsound, Ars Electronica и сл.

Lillevan е германски ликовен и видеоуметник, пионер на модерната видеоуметност и нејзината соодветна примена во музички контекст. Неговиот мек и органски стил на видеопродукција со бројни аналогни артефакти е уникатен и нашироко препознатлив и имитиран во светот на денешната електронска музика.

Освен Mahler Remixed на Fennesz и Lillevan на отворањето на Desonanz 2018, публиката ќе има можност да ги слушне и види и: Cummi Flu & Raz Ohara; Кокан Димушевски со концертот за пијано и виола насловен Private Music; видеоинсталациите Polymath и 10 години Desonanz, двете на 0 Kolor; и презентацијата Dwr: record playing is the acknowledgment of multitudes of miniature earthquakes.

(Н.Б.)

Останатиот дел од програмата на фестивалот е следна:

1 ноември | Отворено графичко студио | Работилница и презентација

– Pure Data со Jean Francois Castel Branco.
– Презентација и џем-сесија со учесниците на работилницата

2 ноември | Клупска вечер – 10 години Killekill Berlin

– Eomac
– Furfriend (Live)
– DJ Flush
– Rikaloski
– Видеоинсталација Polymat

3 ноември | концерт – A Night at the Museum

– Sim Hutchins (Live AV)
– Niskogradba (Live AV)

клупска вечер – Festival Closing Party

– Secret Guests + Desonanz DJs

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Јанушев: Груевски не се крие во седиштето на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во врска со потерата за експремиерот Никола Груевски, рече дека ова што се случува...

Македонија8 часа

Полицијата пред ВМРО-ДПМНЕ ги стопира и ги претресува возилата кои излегуваат од седиштето

Полицијата ги стопира сите возила кои излегуваат од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Вршат целосен претрес на возилата и претресуваат еден по...

Македонија10 часа

Објавена потерницата за Никола Груевски

Министерството за внатрешни работи ја објави националната потерница за експремиерот Никола Груевски, на веб-страницата во делот „Потраги“. „Никола Груевски, од...

Македонија10 часа

Полициски „алфи“ влегоа во домот на Груевски

Полициски „алфи“ влегоа во станот на експремиерот Никола Груевски, но внатре не најдоа никој. Засега нема информации каде е Груевски,...

Македонија11 час

СЈО: Во случајот „Империја“ испрани се речиси 11 милиони евра

Во случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен...

Топ13 часа

ЕЛЕМ повторно склучил милионски договор во четири очи

АД ЕЛЕМ склучил договор во вредност од 92.040.000 денари со приватната фирма „Марковски компани“ од Битола, во постапка на преговарање...

Македонија14 часа

Судот го замрзна имотот на „Орка холдинг“ и „Ексико“

Кривичниот суд замрзна имот на осомничените во случајот „Империја“, меѓу кои се и бизнисменот Орце Камчев и ексдиректорот на УБК,...

Македонија15 часа

ЗНМ: Јавните пари ќе продолжат да се трошат за политичка пропаганда, власта не го исполни ветеното

Здружението на новинарите на Македонија изрази загриженост затоа што во последните измени и дополнувања на Изборниот законик, што по скратена...

Свет16 часа

Трамп со твит за состојбите во Калифорнија ги разгневи пожарникарите и славните личности

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“ ја објасни својата теорија за вистинските виновници за катастрофалниот пожар во Калифорнија. Како што...

Економија16 часа

Бензините поевтинуваат 4 и 4,5 денари

Од ноќеска на полноќ цената на бензините ќе се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти...

Европа17 часа

Французинка криела дека има двегодишна ќерка и ја чувала во багажникот од автомобилот

На Французинката Рози Марија де Круз ѝ се заканува затворска казна од 20 години во судењето што почна денес поради...

Регион20 часа

Мицотакис: Нема да гласаме за ратификација на преспанскиот договор

Претседателот на најголемата опозициска партија во Грција, „Нова демократија“, Киријакос Мицотакис го повтори партискиот став, дека нема да дадат поддршка...

Македонија21 час

,,Се молиме ветрот да не го промени правецот, бидејќи за минута може да изгори селото”, сведочат жителите на Селци

Една недела над селото Селци, на падините на планината Стогово, гори шумата, во која има борови и дабови дрва. Во...

Македонија1 ден

(Видео) Од 1 декември нема да дозволиме зависници да доаѓаат во Кисела Вода, жителите се судрија со претставник од Општината

Жителите на Кисела Вода им дадоа рок на властите до крајот на месецов да го дислоцираат Центарот за превенција и...

Македонија1 ден

И последниот амандман доби „зелено светло“ од Комисијата за уставни прашања

Со девет гласа „за“, пет „против“ и без воздржани, собраниската Комисија за уставни прашања попладнево го усвои последниот нацрт-амандман, со...

Економија1 ден

Усвоен ребалансот на Буџетот – 3 милијарди денари за општините, намалени проекциите за економски раст

Општините ќе добијат 3 милијарди денари за покривање на долговите, нивото на буџетски дефицит е задржано, а намалени се проекциите...

Македонија2 дена

Партијата на Бачев за Василевски: Охриѓани велат дека е превртлив и е дел од масонски организации

Еден ден по расправијата во Охрид помеѓу лидерот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев и пратеникот Сашо Василевски, од партијата на...

Македонија2 дена

Интервју на Димитров за „Велт“: Веруваме дека Грците ќе го исполнат ветеното

Топката е засега кај нас. Ние веруваме дека Грците ќе го направат она што го ветија. Ова е најдобриот компромис...

Македонија2 дена

Граѓански собир за дислокација на Центарот за зависници во Кисела Вода

По иницијатива на поголем број на граѓани кои жиевеат во општина Кислеа Вода денеска ќе се одржи граѓански собир на...

Европа2 дена

Австрија откри уште еден случај на шпионажа во корист на Русија

Канцеларијата на австриското државно обвинителство за борба против економскиот криминал и корупција започна истрага против австриски контраразузнавачки агент, кој е...

Досие