Контакт

Актуелно

Одбележани 45 години од постоењето на Друштвото за наука и уметност од Прилеп

Објавено пред

 

Со промоција на Зборник на трудови и свечена академија, во четврток, во градската библиотека Друштвото за наука и уметност од Прилеп ( ДНУ ) одбележа 45 години од своето постоење.

Во Зборникот се застапени 16 автори, со свои стручни и научни трудови кои што се од ралична проблематика. ДНУ денеска исто така им додели и благодарници за долгогодишната соработка на локалната самоуправа, јавните претпријатија, повеќе институции и голем број на приватни компании.

„На почетокот од 1971 година кога е формирано Друштвото тоа броело само 23 членови, тој број денес постојано се зголемува на наше големо задоволство. Наши членови се голем број луѓе од Прилеп, ентузијасти, луѓе кои постојано нешто творат, писатели, поети, ликовни уметници, академици, магистри, доктори на науки. Луѓе од различни сфери, кои секој на свој начин придонесуваат за развојот на науката и научната мисла. Ние сме посебно насочени кон организирање на симпозиуми, тркалезни маси и дискусии на различни теми со кои што сакаме преку научен аспект да придонесеме за доброто и развојот на Прилеп“, изјави Силвана Пашоска, претседател на Друштвото за наука и уметност од Прилеп.

Одбележувањето на овој значаен јубилеј започна пред неколку денови со промоција на три нови книги од областа на тутунот и тутунопроизводството на поранешниот претседател на ДНУ, д-р Љупчо Попоски.

„Голема чест ми е што одбележуваме еден навистина голем јубилеј, јас претходно 11 години го водев Друштвото и сум многу задоволен од тоа што досега е постигнато и содржината на неговата работа. Особено сум задоволен од помошта која што ни ја даваат локалната самоуправа, стопанските субјекти и другите институции. Сега Друштвото се подмлади со нов претседател и за прв пат после 4 години на неговото чело застана жена. Годинава бројот на членови се зголеми за 16 помлади наши сограѓани, имаме значи добар подмладок со што ќе се обезбеди континуитет на ДНУ“, изјави Љупчо Попоски, поранешен претседател на ДНУ.

На одбележувањето присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој истакна дека ДНУ е една од најзначајните невладини организации во Прилеп од каде потекнале голем број на проекти за подобрување на квалитетот на животот во градот./крај/со/бб

Актуелно

Министерство за култура: Со наменските сметки се добива попрецизно следење на трансакциите

Објавено пред

Министерството за култура, за корисниците кои ги склучуваат договорите за поддржаните проекти на Годишните конкурси за 2021 година, појаснува дека во договорите за учество на Министерството за култура во финансирањето на проекти од национален интерес во културата е содржана нова обврска – корисниците да отворат посебна наменска сметка преку која ќе се реализираат сите трансакции поврзани со поддржаниот проект.

Од Министерството наведуваат дека наменската сметка овозможува прецизно и законито следење на користењето на буџетските средства и е во насока на отчетно работење на корисниците при реализација на проектите.

Отворањето на наменската смека е задолжитено само за правните лица, а не и за физичките лица, кои се корисници на буџетските средства.

„Министерството за култура е должно континуирано да ја следи финансиската реализација на секој проект поддржан на Годишните конкурси и да врши контрола над законитото, наменското и економичното користење на средствата Министерството за култура изразува уверување дека дефинирањето на попрецизни обврски во делот на следењето на финансиските трансакации во голем дел ќе придонесе за поефикасна реализација на проектите поддржани во Годишната програма“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Актуелно

76 години МНТ испишува историја

Објавено пред

Театарот е место каде што се случува нешто исклучително, тука се преплетуваат режисерските идеи со актерското срце, место каде што се создава магија, а публиката ја восприема со отворена душа.

Токму тоа се случи на 3 април 1945 година, се случи празник на македонскиот театар, завесата се крена, а во свечена тишина се изговори и првата реплика. Некогаш во Скопје — ѕидовите, тарабите и бандерите беа облепени со плакати на кои се објави радосната вест – „Денес се отвори Народниот театар“.

Од тој април до денеска веќе 76 години Македонскиот народен театар неуморно патува низ времето, го чува и го негува театарскиот идентитет, израз, јазик и вредности. Веќе 76 години театар во кои на сцената „живеат“ љубовта, среќата и болката, вистината и соништата, радоста и страста! Точно 76 години на креативност и творечка дејност низ кои на сцената, почнувајќи од првата, се поставени 405 претстави од 239 автори и драматурзи, а одиграни од 582 актери, поставени од 119 режисери и соработници, 115 сценографи, 75 костимографи, 31 кореограф, 102 композитори и избор на музика, огромен број луѓе позади сцената, дизајнери на плакати и програмки, одговорни за промоција, техничка служба, администрација и илјадници и илјадници вљубеници во театарот!

Ова е не само фантастична бројка туку и доказ за посветеноста и страста кон театарот! Сево ова е делот што го придвижува и го оживува МНТ!

Прикажи повеќе...

Актуелно

Државниот архив слави 70 години постоење

Објавено пред

Државниот архив на Република Северна Македонија (ДАРСМ), денеска (1 април), го слави своето 70-годишно постоење.

Свечената академија по повод овој јубулеј ќе се одржи во Музејот на македонската борба.

На настанот обраќање ќе имаат покровителот, премиерот Зоран Заев, како и директорот на Државниот архив, Емил Крстески, а со видеопорака ќе има обраќање Дејвид Фрикер, претседател на Меѓународниот архивски совет и директор на националниот архив на Австралија.

„Со оглед на условите во кои се наоѓаме, овој јубилеј ќе биде скромно одбележан, но сметаме дека е од особено значење ваквите јубилеи да ги искористиме за уште еднаш да го потенцираме исклучителното значење на архивите и на архивските работници како во нашата земја така и во целиот свет“, се вели во соопштението за настанот.

На свеченоста ќе биде промовирана и монографијата „Печат на времето – 70 години Државен архив (1951-2021)“, во која ќе биде презентиран историскиот развој на Државниот архив преку најзначајни фотографии и документи со кои располага Архивот, а ќе биде промовиран и зборникот „Првите луѓе на Државниот архив (1951-2021)“.

По завршувањето на официјалниот дел на настанот, гостите ќе може да ја видат изложбата „Скопската градска општина“, посветена на градоначалниците на град Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Македонскиот војник заразен со Ковид-19 во Африка, со посебни протоколи пренесен на Инфективната клиника

Рано утрово во земјава пристигна 55-годишниот македонски потполковник позитивен на Ковид-19 и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави на социјалните мрежи...

Европа34 минути

Германски виролог: Оние кои нема да се вакцинираат, неминовно ќе се заразат

Германскиот виролог Кристијан Дрoстен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против коронавирус за една и пол година. Тоа,...

Европа38 минути

Тензиите од Блискиот исток се префрлија во Германија, инциденти пред синагоги, запалени знамиња

Тензиите од Блискиот исток се прелејаа во Германија, каде се случија инциденти пред две синагоги. Во Бон синоќа неколку млади...

Свет2 часа

СЗО: Индискиот сој на коронавирус откриен во 44 земји

Светската здравствена организација (СЗО) откри дека индискиот сој на коронавирусот што предизвика нагло зголемување на бројот на заболени во Индија...

Свет2 часа

(Видео) Ескалираат судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 убиени меѓу нив и деца

Ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас. Од Тел Авив се слушаа сирени од раните утрински часови. Одекнаа и неколку експлозии....

Македонија14 часа

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија17 часа

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија18 часа

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија20 часа

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија20 часа

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија20 часа

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија21 час

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет23 часа

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Македонија24 часа

Министерството за здравство: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица...

Регион1 ден

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани по ветувањето на Вучиќ од 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат...

Македонија1 ден

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби. На седницата, која...

Свет1 ден

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира индискиот сој на коронавирусот, исто така познат како двоен мутант, како можност од нова...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Регион2 дена

Швајцарски весник со истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?

Весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ), на почетокот на анализата од дописникот на Југоисточна Европа, Волкер Пабст, истакнува дека до неодамна,...

Македонија2 дена

Филипче: Значајно се испразнети болниците, хируршките одделенија се вратени во функција

Eпидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, изјави министерот за...

Досие