Контакт

Актуелно

Археолозите ја потврдија автентичноста на гробот на Исус во Ерусалим

Објавено пред

Гробницата на Исус Христос во црквата на Воскресението Христово во Ерусалим е конкретната гробница која во IV век ја пронашла Елена, мајката на царот Константин, заклучуваат научниците по изврените анализа на содржината на светилиштето.

Претходно во ноември списанието National Geographic објави дека археолозите првпат по 500 години го отворија гробот на Христос од која ја отстранија мермерната плоча поставена на гробот во 1555 година. Причината поради којашто била поставена плочата е тоа што многу аџии се обидувале да откршат за себе дел од реликвијата. Под неа беа откриени камења, а под нив уште една плоча со крст, којашто најверојатно ја вдлабиле крстоносците.

Научниците, исто така, открија дека светијата не била допрена. Тие сакаа да дознаат зошто Елена, којашто ги водела ископувањата на Голгота, решила дека токму таму е погребан Исус Христос.

Аргхеологот Фредрик Хиберт истакнува за британското издание The Independent дека во текот на вековите храмот бил уништуван неколкупати, како од стихии – пожари и земјотреси, така и како резултат на инвазиите.

„Не знаеме да таа навистина го востановувале секога на исто место. Но тоа, се чини, дека се јавува видлив доказ дела на местото на коешто се поклонуваат денес аџиите, всушност е самата гробница, којашто е откриена во IV век и на којашто ѝ се поклонувале крстоносците“, вели Хиберт.

Георадарските и термографските скенери помогнале да се испита содржината на гробот, а за обработка на овие податоци ќе бидат потребни неколку месеци. Археолозите се надеваат дека тоа ќе им помогне да создадат виртуелна реконструкција на светилиштето.

Во Кувуклијата, капелата каде се наоѓа Светиот гроб, во моментов траат реставраторски работи, кои се планира да бидат завршени до пролетта 2017 година. Во текот на претстојните проучувања, научниците планираат да појаснат од што се состоела оригиналната површина, на којашто, според писанијата, три дни лежело телото на Исус Христос, како и да дознаат зошто света Елена решила токму на ова место да е локацијата на Светиот гроб.

Капелата првично била подигната над местото на коешто е погребан Исус Христос, во IV век. Таму се наоѓа особено почитуваната меѓу христијаните плоча, под којашто се наоѓало местото на погребението. Секоја година, почнувајќи од IV век на Велика сабота тука се случува чудесното и мистично појавување на Благодатниот оган.

Дрвената капела неколкупати страдала од напади на противниците на христијанството, а исто така и во пожари и земјотреси, и неколкупати била повторно градена. Последниот пат е возобновена во 1810 година. Ова здание двапати страдало од земјотреси, а по стихијата од 1927 година, капелата е зајакната со челични греди.

Според Евангелието, по смртта на Христа неговото тело било положено во една од погребните пештери вдлабени во планината. Имено, таму на третиот ден се случило Воскресението на Исус. Се смета дека света Елена којашто во IV век водела ископувања на планината Голгота, го открила таму крстот на кој бил распнат Христос, а пота на тоа место го основала храмот на Светиот гроб./крај/мф/сн

Актуелно

Министерство за култура: Со наменските сметки се добива попрецизно следење на трансакциите

Објавено пред

Министерството за култура, за корисниците кои ги склучуваат договорите за поддржаните проекти на Годишните конкурси за 2021 година, појаснува дека во договорите за учество на Министерството за култура во финансирањето на проекти од национален интерес во културата е содржана нова обврска – корисниците да отворат посебна наменска сметка преку која ќе се реализираат сите трансакции поврзани со поддржаниот проект.

Од Министерството наведуваат дека наменската сметка овозможува прецизно и законито следење на користењето на буџетските средства и е во насока на отчетно работење на корисниците при реализација на проектите.

Отворањето на наменската смека е задолжитено само за правните лица, а не и за физичките лица, кои се корисници на буџетските средства.

„Министерството за култура е должно континуирано да ја следи финансиската реализација на секој проект поддржан на Годишните конкурси и да врши контрола над законитото, наменското и економичното користење на средствата Министерството за култура изразува уверување дека дефинирањето на попрецизни обврски во делот на следењето на финансиските трансакации во голем дел ќе придонесе за поефикасна реализација на проектите поддржани во Годишната програма“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Актуелно

76 години МНТ испишува историја

Објавено пред

Театарот е место каде што се случува нешто исклучително, тука се преплетуваат режисерските идеи со актерското срце, место каде што се создава магија, а публиката ја восприема со отворена душа.

Токму тоа се случи на 3 април 1945 година, се случи празник на македонскиот театар, завесата се крена, а во свечена тишина се изговори и првата реплика. Некогаш во Скопје — ѕидовите, тарабите и бандерите беа облепени со плакати на кои се објави радосната вест – „Денес се отвори Народниот театар“.

Од тој април до денеска веќе 76 години Македонскиот народен театар неуморно патува низ времето, го чува и го негува театарскиот идентитет, израз, јазик и вредности. Веќе 76 години театар во кои на сцената „живеат“ љубовта, среќата и болката, вистината и соништата, радоста и страста! Точно 76 години на креативност и творечка дејност низ кои на сцената, почнувајќи од првата, се поставени 405 претстави од 239 автори и драматурзи, а одиграни од 582 актери, поставени од 119 режисери и соработници, 115 сценографи, 75 костимографи, 31 кореограф, 102 композитори и избор на музика, огромен број луѓе позади сцената, дизајнери на плакати и програмки, одговорни за промоција, техничка служба, администрација и илјадници и илјадници вљубеници во театарот!

Ова е не само фантастична бројка туку и доказ за посветеноста и страста кон театарот! Сево ова е делот што го придвижува и го оживува МНТ!

Прикажи повеќе...

Актуелно

Државниот архив слави 70 години постоење

Објавено пред

Државниот архив на Република Северна Македонија (ДАРСМ), денеска (1 април), го слави своето 70-годишно постоење.

Свечената академија по повод овој јубулеј ќе се одржи во Музејот на македонската борба.

На настанот обраќање ќе имаат покровителот, премиерот Зоран Заев, како и директорот на Државниот архив, Емил Крстески, а со видеопорака ќе има обраќање Дејвид Фрикер, претседател на Меѓународниот архивски совет и директор на националниот архив на Австралија.

„Со оглед на условите во кои се наоѓаме, овој јубилеј ќе биде скромно одбележан, но сметаме дека е од особено значење ваквите јубилеи да ги искористиме за уште еднаш да го потенцираме исклучителното значење на архивите и на архивските работници како во нашата земја така и во целиот свет“, се вели во соопштението за настанот.

На свеченоста ќе биде промовирана и монографијата „Печат на времето – 70 години Државен архив (1951-2021)“, во која ќе биде презентиран историскиот развој на Државниот архив преку најзначајни фотографии и документи со кои располага Архивот, а ќе биде промовиран и зборникот „Првите луѓе на Државниот архив (1951-2021)“.

По завршувањето на официјалниот дел на настанот, гостите ќе може да ја видат изложбата „Скопската градска општина“, посветена на градоначалниците на град Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Лукаревска избрана за заменик-претседателка на СДСМ

Сања Лукаревска е новата заменик-претседателка на СДСМ, беше одлучено на денешниот 26. Конгрес на партијата. Таа беше изгласана со 682...

Свет2 часа

Нетанјаху со благодарност до земјите кои го поддржале Израел, меѓу нив и Македонија

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху на социјалните мрежи им се заблагодари на владите на голем број земји во светот за, како...

Македонија2 часа

Регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19, починати се 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на...

Македонија4 часа

Заев посакува да види судска власт која не е составена по тефтерчиња, за него нема веќе недопорливи

Ангажирање на сите можни капацитети во борбата против корупцијата, охрабрабрување на различно мислење, градење на СДСМ за новото време –...

Свет6 часа

(Видео)10 годишно девојче во урнатините на Газа, низ солзи вели: Не можам да го трпам ова, јас сум само дете

Жестоките напади меѓу Израел и Хамас се најтешки за луѓето во Газа, каде што луѓето умираат секој ден – претежно...

Свет7 часа

Курц: Целта на истрагата е да ме отстранат од функцијата

Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека целта на поднесената пријава против него, поради наводни лажни изјави пред истражниот одбор во...

Свет7 часа

Гутереш запрепастен од страдањата на цивилите во Газа

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш е „шокиран“ од страдањето на цивилите во Газа, рече неговиот портпарол. „Генералниот секретар е...

Свет9 часа

(Видео) Немирна ноќ во Газа, истрелани околу 120 ракети, бројот на загинати и повредени расте

Израелската армија објави дека 120 проектили биле истрелани од Појасот Газа во текот на ноќта. Продолжена е вонредната состојба во...

Свет22 часа

Нетанјаху до Бајден: Израел не сака да повредува лица кои не се вклучени во борбата со Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска му соопшти на американскиот претседател Џо Бајден дека Израел „прави се за да избегне повреда...

Македонија1 ден

13 починати и 112 нови случаи на Ковид-19 од 4.196 тестови

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.196 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Свет1 ден

(Видео) Израел во Газа уништи зграда во која се канцелариите на „Ал-Џезира“ и светски агенции

Израел во воздушен напад уништи зграда во која се сместени канцелариите на катарската телевизија „Ал-Џезира“, како и на светските новински...

Македонија1 ден

Заев: Законот за дивоградбите ќе се врати во Собрание, мора да ги спасиме домовите на сиромашните

Премиерот Заев вели дека не се откажува од носењето на Законот за легализација на дивоградбите. Откако претседателот Стево Пендаровски не...

Македонија1 ден

Родителите против дигитализација: Преку референдум ќе ги спасиме нашите деца

Oдборот на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска одржа протест пред Министерството за образование, противејќи се на...

Македонија1 ден

Пристигнаа 100.000 кинески вакцини, на кутиите порака: „Пријателот во неволја е поблизок од брат“

Солидарноста и помошта тогаш кога е најпотребна, ја враќаат вербата во човештвото, напиша на социјалните мрежи министерот за здравство, Венко...

Македонија1 ден

МНР ги советува македонските граѓани да не патуваат во Израел

Министерството за надворешни работи, имајќи ја во предвид ескалацијата на безбедносната состојба во Израел, сугерира на македонските државјани да избегнуваат...

Македонија1 ден

Во болниците низ земјава има 536 ковид-пациенти, во Скопје за 24 часа хоспитализирани 22 лица

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Свет1 ден

Најмалку 12 загинати во воздушнитe напади на Газа, срушена е и џамија

Палестинските власти потврдија дека најмалку 12 лица загинaле денеска во еден од неколкуте воздушни напади на северот на Појасот Газа,...

Македонија2 дена

Се исфрла мајонезот од исхраната во градинките, по труењето на децата во кумановската градинка

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека ќе направи целосна ревизија на нормативите и стандардите за исхрана и оброци...

Македонија2 дена

Починатата 33 – годишна пациентка имала четири операции, а не една како што било заведено во отпусното писмо

Семејството на 33-годишната пациентка, на која ѝ беше изваден миом од матката, го објави отпусното писмо и јавно бара одговорност...

Свет2 дена

Русија официјално ги прогласи Чешка и САД за непријателски земји

Руската влада денеска официјално ги означи Чешка и САД како „непријателски земји“. Како што беше објавено на официјалниот портал за...

Досие