Контакт

Актуелно

Нови откритија во гробницата во Амфиполис

Објавено пред

Прикази од секојдневниот живот се откриени на колонади од најголемата древна гробница откриена кога и да е на територијата на денешна Грција, во Амфиполис, недалеку од Солун, изјави во саботата за тамошните медиуми грчкиот министер за култура Костас Тасулас.
 

dobivaj vesti na viber

Прикази од секојдневниот живот се откриени на колонади од најголемата древна гробница откриена кога и да е на територијата на денешна Грција, во Амфиполис, недалеку од Солун, изјави во саботата за тамошните медиуми грчкиот министер за култура Костас Тасулас.

 

„Во текот на чистењето на столбовите, откриени се прикази на луѓе, предмети и садови“, изјави грчкиот министер за култура Костас Тасулас на една од прес-конференциите на археолошкото наоѓалиште коишто станаа речиси секојдневни откако во август годинава археолозите влегоа во овој голем тумул со опсег од 500 метри.

Тие слики би можеле да помогнат во утврдувањето на идентитетот на таинствениот покојник кој е погребан во оваа гробница, а чии останки беа пронајдени на почетокот од ноември. Коските на покојникот се испратени на анализа која првично треба да го утврди неговиот пол и возраста, додаде Тасулас.

На почетокот од седмицава, светските медиуми посветија големо внимание на откритијата во таинствената гробница од времето на Александар Македонски, чиешто откритие пред неколку месеци ги предизвика шпекулирањата дека станува збор за почивалиштето на славниот владетел.

Според нив, пронајдените останки се на црвенокос маж, кој според археолозите, сигурно бил славен воен командант. Раскошната градба на некрополата упатува на заклучокот дека станува збор за славна личност која уживала голем углед во заедницата, бидејќи градењето морало да чини толку многу, што не можел да го финансира секој.

Првичните анализи на коските откриени минатата седмица во подземната крипта покажуваат дека станува збор за маж со средна височина, светол тен и црвеникава коса, што остава можност дека се во прашање можеби останки на голем војсководец. Според историските записи, Александар Македонски имал сини очи и црвеникаво-златеста коса. Археолозите во изјавите за медиумите велат дека од досегашните ископувања покажуваат дека едно е сигурно – оти покојникот бил многу важен војсководец.

Натамошните ископување ќе треба да покажат дали лицето чии останки се пронајдени во гробницата во Амфиполис потекнува од Тракија којашто опфаќа и дел од денешната североисточна територија на грчката држава, а тестот на ДНК може да покаже дека бил член на кралско семејство, бидејќи ќе биде споредена со ДНК-та од коските на таткото на Александар, Филип Втори Македонски. Тие анализи ќе траат осум месеци и резултатите не се извесни поради лошата состојба на коските на Филип Втори.

Во гробницата во Амфиполис, стотина километри од Солун, која датира од IV век пред Христа, се пронајдени симболи од Александар Македонски и досега е најголемата од тој период. Телото било положено во ковчег кој низ вековите се распаднал. Коските биле пронајдени во и надвор од гробот сместен во најдлабоката комора од гробницата. Наоколу биле расфрлани и разни украсни предмети од тој период. Покрај коските во криптата биле пронајдени и остатоци од примитивни завртки кои го зацврстувале дрвениот ковчег, како и стаклените делови украсите од ковчегот.

Гробницата во Амфиполис ги подгреа страстите на тамошната јавност дека станува збор за почивалиштето на Александар Македонски или некој член на неговото семејство. Според преданието, Александар Македонски умрел во Вавилон, денешен Ирак, 323 година пред Христа, но не е утврдено каде е погребан. Грчкото министерство за култура ја отфрли пред извесно време таквата можност, но убедува дека нема сомнение оти станува збор за гробница на некој влијателен, како што наведува – Македонец.

Некои од светските научници, пак, сметаат дека во гробницата може да се погребан еден од најблиски луѓе на Александар – Неарх, кој ги водел неговите војски назад од Индија во денешен Ирак, а бил роден според преданијата во Амгиполис.

Точната локација на гробот на Александар е една од најголемите мистерии на светската археологија. Некои сметаат дека најверојатно е погребан во Александрија. Неговата жена Роксана и синот Александар по неговата смрт биле протерани во Амфиполис и таму убиени заедно со неговата мајка и братот, велат преданијата, што според некои грчки археолози укажува на тоа дека во споменатата гробница се наоѓаат нивните останки.

Коските откриени во Амфиполис се испратени на анализа. Телото било положено во ковчег кој низ вековите се распаднал. Коските биле пронајдени во и надвор од гробот сместен во најдлабоката комора од гробницата. Наоколу биле расфрлани и разни украсни предмети од тој период.

Ископувањата во ова место, стотина километри од Солун, започнаа во 2012 година, а две години подоцна грчките археолози објавија дека утврдиле оти станува збор за голем комплекс кого го чуваат две безглави сфинги со височина од 1,5 метар и е обиколена со 500-метарски мермерен ѕид.

Од почетокот на ископувањата во гробницата се пронајдени и две мермерни каријатиди. Тие го потпирале внатрешниот влез во гробницата и се во истата скулпторска техника како и сфингите пронајдени на главниот влез. Двете имаат испружени раце во симболичен гест да го одбутнат оној кој би се обидел да ја сквернави гробницата, толкуваат археолозите. Во внатрешноста е откриен мозаик, кој го прикажува грабнувањето на Персефона, ќерката на Зевс.

Ископувањето на наоѓалиштето грчките медиуми го следеа дури и со секојдневни телевизиски извештаи. Археолозите продолжуваат да го истражуваат ридот на кој е откриена гробницата, бидејќи веруваат дека таму се наоѓаат и други тајни и можни гробници./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Со предавање на Нејтан Браун вечерва почнува фестивалот за критичка култура КРИК

Објавено пред

Вечерва (21 јуни), во 20 часот, во просториите на Чифте амам, почнува јавната програма на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на „Контрапукт“.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот ќе го отвори професорот Нејтан Браун со предавањето со наслов „За жал, кутриот Јорик! Постоењето на духот е коска“.

Нејтан Браун е вонреден професор по англиски јазик и истражувач од Канада, кој ја води катедрата за поетика на Универзитетот „Конкордија“, Монтреал, каде што раководи со Центарот за проширена поетика. Автор е на три книги „Сенката на Бодлер: Есеј за поетската определба“, „Рационалистички емпиризам: теорија на спекулативна критика“ и „Границите на изработката: наука за материјали, материјалистичка поетика“.

„Шекспировиот ‘Хамлет’ и Хегеловата ‘Феноменологија на духот’ вклучуваат две од најпрепознатливите изреки во западната култура: ‘За жал, кутриот Јорик!’ и ‘Постоењето на духот е коска’. Што е тоа што го препознаваме кога ги слушаме или читаме овие зборови? Во рамките на предавањето ќе се користи спојот на овие фрази како повод за промислување на самиот факт на окупирање на просторот како минимална димензија на егзистенцијалната драма. Работејќи на односот, кој се воспоставува помеѓу сцената на гробиштата во Хамлет со другите елементи на сложената структура на драматуршката предлошка, каде што фигурите на просторното постоење се загрозени, ние ќе ги означиме како срж на физичките и метафизичките грижи, кои се читаат во текстот и на односот помеѓу духот и материјата. Ова ќе ни овозможи да го прецизираме посебниот модалитет на постоењето на драмата и да ги сфатиме историските и уметничките влогови на просудувањето на бескрајот суд кај Хегел“, се вели во најавата за настанот.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Фестивал „Нови простори“ на кејот на Вардар во центарот на Скопје

Објавено пред

Фестивалот „Нови простори“ годинава ќе се одржи в сабота на 18 јуни, на кејот на реката Вардар, при што програмата е поделена на два дела и на две локации.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е на шеталиштето до влезот на бродот Синегалија, од страната на ГТЦ и таму ќе бидат сегментите: Отворање, „Нови поетски пространства“, „Танц на кеј“, „Светски поетски момент“ и „Сликаме на кеј“.

Вториот дел – концертот со сегметните „Нов бит“ и „Отворен микрофон” ќе одржи на скалите под Камениот мост, кај сидрото.

Продажната изложба ќе биде поставена утрото и сликарите ќе работат додека трае целата програма. Идејата е целокупниот настан да биде една голема заедничка уметничка инсталација. Согласно програмата, секој учесник ќе биде претставен во време од 6 минути, при што поетите во 2 минути ќе треба да се претстават себеси, а во 4 минути да прочитаат една или две песни. Сликарите ќе имаат можност да ги презентираат своите дела и да раскажат за својот начин на работа, уметничките погледи и ликовната поетика.

Во вториот дел се настапите на музичарите, при што секој бенд пред почетокот на настапот кратко ќе биде претставен, а пред крајот на концертот ќе биде доделена и наградата за публиката, тоа е специјално изненадување што ќе го добие еден гледач.

Доколку врне дожд, настанот ќе се одржи во холот на Гратскиот трговски Центар – приземје.

Фестивалот се организира со финансиска поддршка на Градот Скопје, во рамките на Програмата за култура за 2022 година.

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Костадиновска-Стојчевска во Вашингтон: Преку фондови ќе обезбедиме средства за заштита на културното наследство

Објавено пред

Во рамките на стратегискиот дијалог со Соединетите Американски Држави, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска е дел од владината делегација којашто денеска отпатува во Вашингтон. Во рамките на престојот, таа ќе ги посети Националниот демократски институт (НДИ) и Меѓународниот републикански институт (ИРИ), а е предвидено еден сегмент од дискусиите да биде посветен на практика што е потребна во Северна Македонија за да се спречи нелегалната трговија на уметнички дела и артефакти.

dobivaj vesti na viber

„Во делот за културата, за стратегискиот дијалог со САД е од особено значење размената на искуства за културното наследство, особено во делот на нелегална трговија со артефакти, така што на средбата со Здружението тука ќе се потпише договор за соработка, што потоа треба да резултира со правни решенија, како и за евентуална размена на кадар за успешно спроведување во целост“, вели Костадиновска-Стојчевска од САД.

Таа истакнува дека според проценките, над 1000 артефакти се водат како украдени од Северна Македонија.

Вториот дел е „Програма Фулбрајт“ (Fulbright Program), програма која не е само за образовна размена туку и за многу грантови од областа на културата.

„Би сакала да ја зголемиме соработката бидејќи сметам дека е време да користиме фондови и практика однадвор, не само од ЕУ. Како земја имаме проект во Хераклеја инвестиран од страна на Амбасадата на САД по долг период. Дефинитивно културните практики за заштита на културно наследство се со цел да се подобрат процесите за спречување нелегална трговија со артефакти така што посетата ќе биде чекор напред за донесување закон за илегална трговија на артефакти и уметнички дела од Северна Македонија“, заклучува Костадиновска-Стојчевска.

Амбасадорскиот фонд за зачувување на културата е една од многуте програми што ги води Бирото за воспитни и културни работи на Стејт департментот на САД како дел од својата мисија за јавна дипломатија преку едукативно и културно програмирање и размена.

Преку 16-те грантови на Амбасадорскиот фонд, САД обезбедија 1,5 милиони американски долари за заштита на културното наследство во Северна Македонија.

Грантови од Амбасадорскиот фонд на САД во изминативе 20 години добија најзначајните локалитети и објекти од областа на културното наследство кај нас, како: Стоби, црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, објектите Даут-пашин амам, Чифте амам и црквата „Свети Спас“ во Скопје, Шарената џамија во Тетово, манастирот во Вељуса кај Струмица, локалитетот Хераклеја Линкестис кај Битола и други.

Амбасадорскиот фонд за заштита на културата е грант-програма основана во 2001 година од Стејт департментот, на барање од Конгресот на САД. Од своето основање, Амбасадорскиот фонд (The Ambassadors Fund for Cultural Preservation) има поддржано над 1000 проекти за заштита на културата во 133 земји низ светот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија5 часа

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија5 часа

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...

Македонија6 часа

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка заднина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет6 часа

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран...

Свет6 часа

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија7 часа

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, не се задоволни од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион8 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет8 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го карактеризира како терористички чин, напаѓачот уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет9 часа

Иран зад себе има незамислива сила, која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион9 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија18 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија19 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија1 ден

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија1 ден

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија1 ден

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија1 ден

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија1 ден

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized1 ден

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...