Контакт

Култура

„Covidmembrance“: Документарен проект за социо-економските, културните и психолошките промени предизвикани од пандемијата

Објавено пред

Mакедонски тим составен од новинари и дигитални уметници го објави минисеријалот Covidmembrance, како дел од третото издание на Media Innovation Lab одржан во декември 2020 година под покровителство на USAID’s BMAP.

Се работи за краток документарен проект кој обработува пет различни теми поврзани со светската пандемија предизвикана од коронавирусот, кои ја отсликуваат социо-економската состојба во Северна Македонија. Како носител на документарните видеозаписи изработен е дигитален музеј во вид на веб-платформа – www.covidmembrance.com.

New Image е првата епизода која е објавена денеска, а во наредните пет недели, секој понеделник ќе се објавува друга кратка епизода со различна тематика. New Image е епизода која ја третира заштитната маска, односно стручни објаснувања и осврт на обичниот човек, зошто истата се носи, дали штити и како луѓето ја прифаќаат. Во Fearing other ќе ги слушнеме приказните на сите оние професионалци кои работеа и во екот на пандемијата, додека From doubters to believers е епизода која се основа на лична приказна за загубата на блиските низ лавиринтите на бирократијата и потрагата по пари за лекување. Covidless го прикажува секојдневието на луѓето кои работеа од дома, а се пренесува и примерок од онлајн наставата на учениците, додека епизодата The Next day се осврнува на борбата со Ковид-19 и можните последици.

Минисеријалот е во комплетна продукција на авторите Влатко Чаловски, Вероника Камчевска, Дарко Комненовиќ и Бојан Коцевски, додека оригиналниот звук е дело на Горан Москов.

Според нив, приказните опфатени во Covidmembrance имаат за цел да ги прикажат различните аспекти предизвикани од социо-економските, културните и психолошките промени од пандемијата со Ковид-19.

Самиот наслов на минисеријалот, на целиот проект, наречен Covidmembrance сметаме дека е доволно иновативен и индикативен за публиката. Ние во текот на оваа пандемија неколку пати се навраќавме, како јавност, на шпанскиот грип кој одзеал многу животи, но факт е дека немавме доволно приказ. Овие мини документарци кои ги изработивме со над 30 интервјуа со професори и граѓани ни дозволија да ја запазиме овогодишната тема на MIL – етичко известување во текот на пандемијата. Замислете кога друг пат би слушнале како еден такси-возач се исплашил само од кивањето на патник? Тоа се тие ситници кои оставаат белег, на кои ќе можеме да се навратиме во иднина“, велат авторите во соопштение.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Културно лето на Чаир“ – еден месец настани во Општината

Објавено пред

Општина Чаир го претставува „Културно лето на Чаир 2026“, едномесечна програма со културни, уметнички, спортски и забавни активности за сите генерации.

Од 1 до 30 јуни, Чаршијата и повеќе локации на територијата на општината ќе се претворат во центри на културата, традицијата, музиката и креативноста, преку низа активности кои имаат за цел збогатување на јавниот живот и промоција на културните вредности.

„Културно лето на Чаир 2026“ претставува манифестација што ги обединува граѓаните и го претвора Чаир во простор на средби, славење и културно доживување во текот на целиот месец јуни.

Прикажи повеќе...

Култура

Момент за Мориконе – музичко-поетска италијанска вечер во Филхармонија на „Скопје Брас Фестивал“

Објавено пред

На 29 мај (петок), во Камерната сала на Филхармонија во 19 часот, ќе се одржи долгоочекуваната музичко-поетска италијанска вечер под наслов: „Поетиката на музиката и музикалноста на поезијата: големата италијанска традиција“, која ќе ја обедини магијата на филмската музика, поезијата и врвната изведувачка уметност.

Во Скопје пристигнува еден од најреномираните италијански трубачи, Марко Пиеробон, кој ќе настапи како солист заедно со ИД Камерниот оркестар, под диригентската палка на маестра Дијана Имери Илкоска.

На програмата се дела од легендарните композитори Енио Мориконе и Нино Рота — музичките визионери кои оставија длабока трага во италијанската и светската филмска уметност, создавајќи незаборавни звучни пејзажи кои и денес ја освојуваат публиката ширум светот.

Посебна уметничка димензија на вечерта ќе ѝ дадат поетските сегменти инспирирани од творештвото на Франциск Асишки (годинава се одбележуваат 800 години од неговата смрт) и Луиџи Пирандело, кои ја збогатуваат програмата со филозофска и духовна длабочина, а ќе биде прочитана и една поема од Мајка Тереза. Како рецитатор ќе се претстави Тина Иванова, музиколог и писателка.

Темата „Љубовта и сите нејзини облици“ ја води културната програма за 2026 година на Амбасадата на Италија во Скопје. Станува збор за универзална и безвременска тема која низ историјата инспирирала бројни значајни дела од италијанската литература.

2026 година одбележува 90 години од смртта на Пирандело, добитник на Нобелова награда за литература во 1934 година и еден од најзначајните италијански писатели на сите времиња. Неговите размисли за љубовта го отвораат тематскиот контекст на вечерта.

„Песната на созданијата“, пак, на Франциск Асишки е напишана околу 1224 година, две години пред неговата смрт. Делото претставува прв поетски текст во народен италијански јазик и возвишена пофалба на природата, создадениот свет и братството со сите елементи на животот. Поемата на Мајка Тереза носи наслов „Сакај го животот“ и таа е посветена на возвишеноста на љубовта и на животот.

Концертот е дел од годинешното издание на „Скопски Брас Фестивал“ и се реализира со значајна поддршка од Италијанската амбасада во Скопје и Италијанскиот институт за култура во Белград.

Публиката ќе има можност да доживее вечер исполнета со емоција, медитерански дух и уметничка префинетост, каде музиката и поезијата се спојуваат во едно единствено сценско доживување.

Прикажи повеќе...

Култура

Промоција на книгата „Раскажани стихови: историја на една љубов“ од Марина Димитриева – Ѓорѓиевска

Објавено пред

На 26. мај 2026 година, во 19:19 часот, во Културно информативниот центар – Скопје, Салон 19:19, ќе биде промовирана книгата „Раскажани стихови: историја на една љубов“ од Марина Димитриева- Ѓорѓиевска во издание на издавачката куќа „Македоника литера“.

Книгата ќе ја промовираат Нове Цветановски и Ранко Младеноски, стихови ќе чита Ева Стојчевска

Книгата содржи суптилна и издржана лирика во која главни теми се љубовта и човечките доблести и слабости. Книгата содржи близу 80 песни во кои доминантни теми се љубовта, чесноста, почитта, човекољубието, праведноста, женската вистина во општествените, партнерските и семејните односи. Секој лирски текст звучи како лична размисла која алудира на автореференцијалност, најмногу поради првото лице, но од друга страна, тоа е поезија која зафаќа проблеми од секојдневието на урбаниот човек, односно на жената: вредностите на животот и вредностите на љубовта.

Марина Димитриева – Ѓорѓиевска е родена во Скопје во 1978 година. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, на студиската група Македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик, каде што подоцна го завршила и магистерски и докторски студии. Професионалната кариера ја започнува како новинар и уредник во редакција за култура, потоа повеќе од една деценија работи како наставник по Македонски јазик. Во моментов е советник по предметот Македонски јазик во Бирото за развој на образованието. Автор е на повеќе научни трудови, прирачници и литературни дела, меѓу кои „Фрагменти од писма што никогаш нема да бидат пратени“ (2024), „Семантиката на македонскиот роман на преминот од ХХ во ХХI век“ (2025) и „Еден ден со децата од Шареното маало“ (2024).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија57 секунди

Левица: Зошто државниот обвинител Савески не ги користи своите овластувања за случајот „Мазут”

„Додека ВМРО-ДПМНЕ одбива да го повика државниот јавен обвинител да постапи по скандалозното затворање на случајот „Мазут”, иако претходно Мицкоски...

Забава5 минути

(Фото) Тамара Калиниќ носеше чанта вредна повеќе од 100.000 евра во Кан

Српската инфлуенсерка Тамара Калиниќ избра внимателно стилизирани парчиња за својот престој во Кан, а едно особено ѝ го привлече вниманието....

Македонија14 минути

„Уште 10 дена до рокот за реформите кои Мицкоски нема да ги исполни“, велат од СДСМ

„Владата се фали со пари кои ги добиваат сите кандидати на Балканот освен Србија, но не кажува колку пари загубивме....

Спорт19 минути

Компани ќе ја засили одбраната со поранешниот соиграч

Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, има голема желба да го донесе во својот тим, поранешниот соиграч, Џон Стоунс. Англискиот...

Македонија28 минути

„Филипче и СДС со политиките на понижување и сервилност го отвораат патот за нови уцени кон Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Во СДС ништо не се менува, Филипче е продолжение на Заев и на истата капитулантската матрица во СДС која со...

Спорт35 минути

Емери во елитно друштво… со Трапатони, Мурињо и Анчелоти

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, стана четвртиот менаџер во историјата на УЕФА кој освоил пет европски трофеи. Емери со...

Забава39 минути

Дина Јашари ја слави годишнината на „Растенија без корен“ со регионална турнеја

Македонската кантавторка Дина Јашари тргнува на турнеја низ постјугословенскиот простор со деби-албумот „Растенија без корен” — точно на неговата прва...

Македонија40 минути

Герасимовски: Од Ристиќева палата до ретро игранка, Центар вечерва го оживува старото скопското корзо

Општина Центар во соработка со Здружението на пензионери на општина Центар вечерва, со почеток од 19:00 часот, го организира настанот...

Забава46 минути

(Фото/Видео) Хајди Клум шокираше со изданието: Сите мислат дека е бремена

Хајди Клум се појави на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал и ги изненади сите присутни со својот аутфит. Многумина...