Контакт

Култура

„Црно злато“-нова претстава на МНТ со потписот на Слободан Унковски и Дејан Дуковски

Објавено пред

На 1 септември во Македонскиот народен театар започнаа пробите за новата претстава „Црно злато“, по текст на култниот македонски драматург Дејан Дуковски, а во режија на еден од најзначајните македонски режисери, Слободан Унковски.

По долгогодишна и исклучително значајна творечка кариера, Унковски повторно се враќа на големата сцена на МНТ. Неговата последна режија на оваа сцена беше претставата „Сите сме птици“, со која оствари уште еден голем успех.

„Црно злато“ носи авторски потпис на Дејан Дуковски, драматург чие творештво со својата специфична естетика, црн хумор, остар јазик и препознатлив авторски сензибилитет остава голем печат во македонскиот и европскиот театар.

Во центарот на приказната е едно семејство, неговите премолчени конфликти, трауми, љубови, загуби и обиди за повторно пронаоѓање на сопствениот идентитет.

Ликовите се соочуваат со семејната транзиција, минатото кое не исчезнува и сегашноста која постојано ги враќа едни кон други.

Во улогите настапуваат:
Димитрие, таткото, „заебан и забеган“ – Јовица Михајловски
Мара, загрижена и „отидена“ – Мими Таневска
Анѓела, изгубениот син Анѓеле, кој се враќа дома како исполнета жена на средни години – Камка Тоциновски
Кате, ќерката и помалата сестра на Анѓеле, заглавена во фамилијарната транзиција – Нела Павловска
Семир, трговец поединец, речиси адвокат, „насукан“ на Кате – Григор Јовановски
Киро, бивша љубов на Анѓеле – Сашко Коцев
Извршителот, тоа. Претходно Сале пицајзла – Софиа Насевска -Трифуновска
Барабата, бараба – Гораст Цветковски

Креативниот тим го сочинуваат сценографот Бранко Хојник, костимографот Александар Ношпал, композиторот Златко Ориѓански, асистент на режисерот Звездана Ангеловска и асистентот на сценографот Мартин Манев. Во претставата учествуваат музичари и хор.

Со „Црно злато“, МНТ повторно ги обединува имињата на Дејан Дуковски и Слободан Унковски: тандем кој во македонскиот театар носи препознатлив сценски јазик, силни ликови, провокативни теми и исклучителна драматуршка и режисерска енергија.

Премиерата на „Црно злато“ се очекува во текот на декември 2026 година.

Нова приказна. Култен драматург. Голем режисер. Голема сцена.
„Црно злато“ – наскоро на сцената на МНТ.

Фотограф: Кристијан Теодоров

Најново

Македонија16 минути

Сали–Бланар: Поддршката на Словачка за европската интеграција на Северна Македонија останува силна и значајна

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, во рамки на посетата на Братислава, оствари средба со...

Македонија31 минута

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри, најави Ѓорѓиевски

Во Ново Лисиче започна изградбата на нов парк на површина од 71.000 квадратни метри, со што запуштениот простор во непосредна...

Македонија40 минути

(Видео) Лукаревска до Јаневска: Затворивте 26 училишта, дали сè уште планирате да станат старски домови

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница ја обвини министерката за образование и наука Весна Јаневска за, како што...

Црна хроника52 минути

Со метални предмети го нападнале на паркинг простор пред одморалиште во Струга

Вчера во 17:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека во 00:50 часот на паркинг простор пред одморалиште во Струга,...

Македонија56 минути

Герасимовски: Барам јавно извинување за односот кон советниците и администрацијата на јавната презентација за „Барутана“

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар побара јавно извинување од советничката група...

Македонија1 час

Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос укинатата пресудата од страна на Врховен суд за трагедијата кај...

Македонија1 час

Мицкоски: Целосно е реновиран одделот за неврофизиологија на Универзитетската клиника за неврологија

Здравството е еден од врвните приоритети и во периодот кој што следи сериозно сме посветени кон реконструкција на целокупниот здравствен...

Култура2 часа

„ПРО-ЗА Балкан“ по 14. пат ширум ќе ѝ ги отвори вратите на балканската книжевност

Три фестивалски и четири дополнителни вечери ја сочинуваат програмата на 14. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ што ќе биде отворен...

Регион2 часа

Ќе се преиспитаат безбедносните мерки по нападот во училиштето: „Ќе анализираме сè“

Момир Карин, директор на Дирекцијата во Министерството за наука, образование и млади, пристигна во училиштето по инцидентот утрово во кој...