Контакт

Култура

Дигитално реставрираниот „Солунските атентатори“ премиерно ќе го отвори фестивалот „Нем филм 2026“

Објавено пред

Дигитално реставрираниот филм „Солунските атентатори“ во режија на Жика Митровиќ премиерно ќе биде прикажан на отворањето на фестивалот на филм, музика и уметност „Нем филм 2026“ што ќе се одржи од 10 до 15 септември во Кинотеката на Македонија.

Филмот „Солунските атентатори“ е најновото издание на Кинотеката во рамките на нејзината програма за дигитална реставрација на македонски филмови што е една од заложбите на Кинотеката за зачувување на македонското филмско наследство.

„Солунските атентатори“ се вбројува меѓу најуспешните историско-акциони филмови од југословенската кинематографија. На фестивалот на југословенскиот игран филм во Пула во 1961 година филмот ја доби традиционалната награда на публиката „Јелен“, а сценографот Диме Шумка е одликуван со Специјална поединечна диплома за сценографија. Исто така, режисерот Жика Митровиќ добил и признание од жирито за успешно негување на акциониот жанр во домашниот филм, со што филмот ја потврдил својата значајна уметничка и продукциска вредност. За дигиталната реставрација на филмот „Солунските атентатори“ ќе зборува Владимир Павловски, декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а специјален гостин ќе биде филмскиот критичар Дејан Дабиќ, уметнички директор на Мартовскиот фестивал.

Фестивалот, кој оваа година се одржува по шести пат, носи и посебна целина посветена на немиот и класичниот филм, со која повторно се нагласува потребата од курирано присуство на филмското наследство во современиот културен простор. Оваа фестивалска програма е дел од богатата септемвриска филмска понуда на Кинотеката, која оваа година го слави својот голем јубилеј. На програмата се ретки проекции на антологиски дела од филмското наследство. Во таа насока, во рамки на фестивалот исто така ќе бидат прикажани и дигитално реставрираните анимирани македонски кратки филмови – ЕМБРИО БР. М, АДАМ 5 ДО 12, ГРАНИЦА, БУКВАР ЗА ПИСМЕНИ, РАКА, ОТПОР, HOMO DOGMATICUS и ЦРНО ЗНАМЕ.

Со проекциите на филмовите ЕДНА НЕДЕЛА и ЧЕТИРИСТОТИНИ ТРИКОВИ НА ЃАВОЛОТ публиката ќе има можност да погледне филмски дела од најзначајните епохи во развојот на кинематографијата – ерата на немиот филм. Во периодот пред звукот да стане составен дел од филмската слика, режисерите, актерите и филмските уметници создадоа нов начин на раскажување преку визуелната експресија, монтажа, композиција на кадарот и актерската игра. Овие два филма на големите режисерски имиња Бастер Китон и Жорж Мелиес ќе добијат еден поинаков музички израз – филмските слики ќе бидат надополнети со музичка придружба на ансамблот „Консонанс“, составен од врвни музичари кои се дел од Национална установа Македонска филхармонија.

Во таа насока, фестивалот ќе понуди и уникатна филмска проекција на кратките филмови на Алис Ги, која се вбројува меѓу жените пионерки на светската кинематографија, а музички ќе бидат придружувани од страна на музичарот Андреј Татарчевски. Оваа програма ја реализираме со поддршка на Францускиот културен центар од Скопје.

Овогодишното издание вклучува и дел од филмскиот избор од ретроспективната програма на Берлинскиот филмски фестивал (Berlinale 2026) – именувана „Загубени во 1990-тите“ – реализиран во соработка со Друштво за македонско-германско пријателство и соработка.

Дел од програмата ќе биде посветен на големиот Буњуел, а ќе бидат прикажани и филмовите ВИРИДИЈАНА и АНГЕЛОТ ИСТРЕБУВАЧ, благодарение на Амбасадата на Шпанија во РС Македонија.

Фестивалот се реализира со поддршка на Министерството за култура, Гете-Институтот, Кино Балкан, Кинотека на РС Македонија, Друштво за македонско-германско пријателство и соработка, Француски културен центар и Амбасадата на Шпанија во РС Македонија.

Билетите за сите проекции се бесплатни, а своето место публиката може да го резервира на билетарата на Кинотеката.

Најново

Култура12 минути

„ПРО-ЗА Балкан“ по 14. пат ширум ќе ѝ ги отвори вратите на балканската книжевност

Три фестивалски и четири дополнителни вечери ја сочинуваат програмата на 14. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ што ќе биде отворен...

Регион16 минути

Ќе се преиспитаат безбедносните мерки по нападот во училиштето: „Ќе анализираме сè“

Момир Карин, директор на Дирекцијата во Министерството за наука, образование и млади, пристигна во училиштето по инцидентот утрово во кој...

Спорт21 минута

(Видео) Тренерот поднесе оставка, претседателот експресно ја одби

Фенербахче е во центарот на вниманието по ремито 1:1 со Рома на почетокот од Лигата на шампионите. Тренерот Исмаил Картал...

Регион28 минути

(Видео) Мајката на ранетиот ученик во Загреб: Ми рече ‘мамо, само повикај брза помош’, а потоа врската се прекина

Ученикот кој утрово беше избоден во Електротехничкото училиште во Загреб моментално е во операционата сала, објавија хрватските медиуми. „Синот ми...

Свет29 минути

Хилари Клинтон: Ужасно е да се каже, но Нетанјаху можеби сакал да види што може да направи Хамас

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон го доведе во прашање начинот на кој израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху постапил по наводното...

Македонија36 минути

Шасивари – Мишел: Подобрување на условите во казнено-поправните установи и почитување на човековите права

Подобрувањето на условите во казнено-поправните установи и доследното почитување на човековите права беа дел од темите за кои се на...

Свет37 минути

Лукашенко: Нема да нападнеме никого, но сме должни да ја осигураме безбедноста на Белорусија

Белорусија нема намера да нападне никого, но е должна да ја обезбеди сопствената безбедност, изјави денес белорускиот претседател Александар Лукашенко....

Македонија39 минути

Левица: Правдата во Македонија бавно доаѓа, но и да дојде, прашање е дали ќе опстои – осудените за „Дурмо Турс“ излегуваат од затвор

„Шеснаесет луѓе загинаа кај Ласкарци, а седум и пол години подоцна државата повторно нема конечна правда. Имавме истрага, обвинение, вештачења,...

Македонија42 минути

(Видео) „Извештајот на ДЗР потврдува дека СДС и ДУИ оставија милионски провизии за железничкиот Коридор 8, ЈО да ја истражи одговорноста“, бара Велјановски

„Државниот завод за ревизија утврдил дека првата и втората фаза од железничкиот Коридор 8 не биле завршени, а државата платила...