Контакт

Култура

Документарецот „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски со преживеаните од Кочани со светска премиера во Сараево

Објавено пред

Долгометражниот документарен филм „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски ќе има светска премиера на Сараевскиот филмски фестивал на 16 август. „Добри луѓе“ ќе се натпреварува во Официјалната селекција за награди на фестивалот, кој е најреномиран во Југоисточна Европа.

„Во периодот додека беше ставен на црна листа од Агенцијата за филм, Манчевски со свои средства го финансираше овој филм во знак на почит кон жртвите и хероите од Кочани. „За деца, за внуци“, изјави тој. Манчевски и минимална документарна екипа го создадоа „Добри луѓе“ без учество на државата“, велат од тимот на Манчевски.

Како беспоштедна, но воздржана медитација за тагата, борбата за опстанок и човечката солидарност, „Добри луѓе“ зборува за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 во кој загинаа 63 млади луѓе. Филмот им дава платформа на преживеаните и на тивките херои. Тие не се симболи, туку луѓе – ранливи, но силни, издржливи и длабоко реални.

„Добри луѓе“ користи минимална естетика на воздржан филмски јазик, овој аскетски филм не интерпретира и не суди, туку слуша.

„Мојата прва мисла беше за жртвите, преживеаните и хероите, за тоа како никој од нас не може целосно да ја почувствува големината на оваа болка. Сакав да ги слушнеме најзасегнатите, да им дадам глас на добрите луѓе. Почнавме да ги снимаме уште веднаш, само еден месец по трагедијата. Тоа беше најмалку што можевме да понудиме како знак на огромна почит и солидарност. Овој филм е нивен. Ние бевме таму само за да дадеме поддршка, да ги пренесеме нивните зборови, мисли, искуства и емоции. Како филмаџии, ние сме школувани да работиме со материјалот, да го водиме, да го вајаме, но јас решив дека нашата работа во овој филм ќе биде да се повлечеме во втор план. Дискретно ја обликувавме приказната за таа трагична ноќ, без какви било одвишни синеастички интервенции. Оваа спартанска, минималистичка техника е нешто што го доближува гледачот до доживеаното искуство. Овој филм е како книга – зборовите се многу важни. Една од пораките е да бидеме подобри едни кон други, да го препознаеме доброто во луѓето со кои живееме. Им должиме голема благодарност и на „Сапорт Кочани“, кои ѝ помагаат на заедницата и многу ни помогнаа во реализацијата на овој филм“, вели Манчевски.

Затоа што овој филм ја почитува вистината на преживеаното искуство и изговорениот збор во неговата најсирова форма, централното место му припаѓа на сведоштвото – на личното доверување, на непосредното присуство, кое не може да биде заменето или реконструирано.

„Добри луѓе“ е интимно и суштинско продолжение на авторскиот интерес на Манчевски за односот меѓу личната трагедија и колективната меморија. Тука тој се одлучува за радикално минималистичка форма.

Монтажер на филмот е Мишко Чунихин, директор на фотографијата е Иван Ивановски, автор на музиката Игор Василев Новоградска, а извршни продуценти се Татјана Ќурчинска-Пепељугоска и Лудовико Кантисани. Филмот е реализиран со приватни средства на Милчо Манчевски преку Банана филм, без да се бара учество на Агенцијата за филм, а во соработка и со поддршка на Support Kochani. Дистрибутерите, продуцентите и режисерот се откажаа од добивка и целиот приход е наменет за жртвите во Кочани.

Светската премиера се одржува на Сараевски филм фестивал – најзначајниот фестивал во Југоисточна Европа – кој секоја година привлекува повеќе од 100.000 посетители. Минатата година, Сараевскиот фестивал од Американската академија за филмски уметности и науки го доби статусот „квалификациски филмски фестивал за Оскар“. Тоа значи дека добитникот на наградата „Срцето на Сараево“ за најдобар долгометражен документарен филм автоматски се квалификува за влез во трката за номинација за наградата Оскар. Дел од фестивалот се и регионалниот копродукциски пазар CineLink, програмите Talents Sarajevo и Documentary Rough Cut Boutique.

Најново

Свет5 минути

(Фото+видео) Руски дронови и ракети погодија повеќе украински региони, има загинати и десетици повредени

Четири лица загинаа, а 69 се повредени во руските напади низ Украина во изминатите 24 часа. Украинските власти на 15...

Македонија19 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДС, бројките и фактите ги рушат лагите на СДС економијата се мери со резултати, не со партиски пароли

Фактите се најдобар одговор на политичките конструкции на Филипче и СДС. Граѓаните ги видоа резултатите од ”економските експерти” од СДС...

Црна хроника25 минути

Две скопјанки завршиле на Ургентен со изгореници здобиени за време на семејна прослава

Две жени од Скопје, на возраст од 35 и 24 години, се здобиле со тешки телесни повреди од изгореници за...

Свет1 час

(Видео) Невиден бран мигранти кон Шпанија: крајбрежната стража спасила 1.488 луѓе од 14 чамци

Речиси 1.500 мигранти пристигнале во саботата на шпанските Канарски Острови, што е најголем број во еден ден од 2020 година,...

Регион1 час

Вучиќ за милијардите запленети во Унгарија: „Немојте да лажете, тоа се четири-пет милиони евра или така нешто“

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ се обиде да ја намали тежината на случајот со милијардите запленети во Унгарија, посочувајќи дека...

Македонија2 часа

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори,...

Свет2 часа

(Видео) Голем пресврт во истрагата за милијардите во Унгарија: некој од осомничените можеби ги открил тајните скривалишта

Унгарските истражители можеби дошле до милијардите пронајдени на повеќе локации благодарение на договор со еден од осомничените или сведочење на...

Свет2 часа

Франција воведе забрана за продажба на пиротехника по насилните инциденти во училиштата

Франција привремено ја забрани продажбата на одредени пиротехнички средства по серијата инциденти во кои беа повредени наставници, директори и припадници...

Македонија2 часа

(Видео) Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција рече дека фирма на сватот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, според...