Контакт

Актуелно

Fennesz + Lillevan ќе го отворат јубилејното десетто издание на Desonanz

Објавено пред

Фестивалот за електронска музика, визуелни уметности и нови медиуми Desonanz годинава го прославува своето јубилејно десетто издание. Фестивалот ќе се одржи од 31 октомври до 3 ноември на повеќе локации во Скопје.

Инициран и организиран во 2009 година од Гете-институт од Скопје, Desonanz станува синомим за презентирање на најновите музички достигнувања во електронската музика, cutting edge-мултимедијални настани, визуелни уметности и нови медиуми.

Програмата на Desonanz започнува со гала концерт и свеченото отворање в среда, 31 октомври, во Македонската филхармонија со настапот во живо на Fennesz + Lillevan present Mahler Remixed. Две имиња на современата музика чии звуци и видеоколажи долги години се извор на восхит и инспирација за генерации на електронски музичари, амбиенталисти, класични композитори и видеоуметници. Овој перформанс е ретка глетка на концертните сцени и досега е изведен на само неколку локации, меѓу кои се RadioKulturhaus во Виена, Карнеги Хол во Њујорк и Borusan Music House во Истанбул. Со него, двајцата музичари даваат свој поглед на делото на композиторот Густав Малер.

Fennesz е композитор, гитарист и еден од великаните на модерната класична музика, чест соработник на Дејвид Силвијан, Ричи Сакамото, Џим О’Рурк и секако проектот Fennesz + Lillevan, еден од најимпресивните мултимедијални проекти на денешницата и често дел од програмата на престижните светски фестивали од рангот на Transmediale, Unsound, Ars Electronica и сл.

Lillevan е германски ликовен и видеоуметник, пионер на модерната видеоуметност и нејзината соодветна примена во музички контекст. Неговиот мек и органски стил на видеопродукција со бројни аналогни артефакти е уникатен и нашироко препознатлив и имитиран во светот на денешната електронска музика.

Освен Mahler Remixed на Fennesz и Lillevan на отворањето на Desonanz 2018, публиката ќе има можност да ги слушне и види и: Cummi Flu & Raz Ohara; Кокан Димушевски со концертот за пијано и виола насловен Private Music; видеоинсталациите Polymath и 10 години Desonanz, двете на 0 Kolor; и презентацијата Dwr: record playing is the acknowledgment of multitudes of miniature earthquakes.

(Н.Б.)

Останатиот дел од програмата на фестивалот е следна:

1 ноември | Отворено графичко студио | Работилница и презентација

– Pure Data со Jean Francois Castel Branco.
– Презентација и џем-сесија со учесниците на работилницата

2 ноември | Клупска вечер – 10 години Killekill Berlin

– Eomac
– Furfriend (Live)
– DJ Flush
– Rikaloski
– Видеоинсталација Polymat

3 ноември | концерт – A Night at the Museum

– Sim Hutchins (Live AV)
– Niskogradba (Live AV)

клупска вечер – Festival Closing Party

– Secret Guests + Desonanz DJs



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Музичка бајка со оркестарот на Филхармонија и американската виолинистка Естер Ју

Објавено пред

„Бајка“ е насловен концертот кој оркестарот на Филхармонија ќе го одржи на 20 февруари, а на кој како солистка ќе настапи исклучителната американска виолинистка Естер Ју.

Диригент на оркестарот ќе биде Чарлс Оливиери Мунро од Малта, а на програмата се Концертот за виолина и оркестар од Глазунов, симфониската поема „Кампот на Валенштајн“ од Сметана и симфониската суита „Бајка“ од Сук.

Естер Ју го привлече вниманието на музичката јавност во 2010 година кога стана најмлада добитничка на интернационалниот виолински натпревар „Сибелиус“. Во 2012 година беше една од најмладите лауреати на натпреварот „Кралица Елизабета“. Од 2014 до 2016 беше „Уметник на новата генерација“ на Би-би-си и првиот резидент уметник во Кралскиот филхармониски оркестар.

Критиката ја опишува нејзината изведба како неверојатно моќна и драматична.

За диригентот Чарлс Оливиери Мунро критиката пишува дека е неверојатен спој на талент и харизма и дека поседува исклучителна музичка подготвеност.

Билетите се веќе достапни и можат да се набават на билетарницата на Филхармонијата или да се купат онлајн на www.filharmonija.mk

 

 

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Еден од најмоќните светски рок-бендови „Пласибо“ со настап во Скопје на 25 јуни

Објавено пред

„Пласибо“ доаѓа во Скопје на возобновениот рок-настан „Скопје гори фестивал 20.20“, со ексклузивно шоу во регионот.

„Како во моментов звучи во живо еден од најмоќните светски рок-бендови, публиката од Македонија и од регионот ќе може да види и да слушне на 25  јуни на стадионот на АРМ во Скопје“, се вели во најавата за настанот.

Организаторите истакнуваат дека задоволство е што „Пласибо“ на својата мапа ги ставиле и Скопје и Македонија, доколку се има предвид дека летово тие ќе настапат на големи фестивали како Rock Werchter во Белгија, BBK и Madcool во Шпанија, Park Live во Русија итн.

Бендот „Пласибо“ е основан во 1994 година и досега има продадено повеќе од 12 милиони албуми. Со нивниот специфичен звук кој претставува фузија на глам-рок и готик-поп жанровите, како и по уникатниот имиџ на пејачот Брајан Молко, „Пласибо“ доби статус на апсолутен миленик на алтернативната рок-популација, а меѓу нивните бројни обожаватели се вбројуваше и легендарниот Дејвид Боуви.

Влезниците за настанот ќе бидат пуштени во продажба утре (петок) во 9 часот наутро по цена од 1.500 денари за партер и 1.990 денари за фан-питот, за каде се предвидени вкупно 1.000 места.

Истите ќе може да се набавите исклучиво во Avalon music & ticket store во ГТЦ, продажните места во мрежата на „Авалон“ низ земјава и онлајн на avalon.mk.

АРМ стадионот ќе биде адаптиран на капацитет од 6.000 посетители, а специјалните гости на „Пласибо“ ќе бидат дополнително објавени.

 

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Во деновите на љубовта балетот „Самсон и Далила“ во НОБ

Објавено пред

Националната опера и балет ќе ја изведе балетската претстава „Самсон и Далила“, на музика на Камиј Сен-Санс, в сабота, 15 февруари, со почеток во 20 часот.

„Во деновите на љубовта Националната опера и балет ве кани да уживате во приказната што на сцената ги носи страста, заведувањето, предавството и смртта. Библиска приказна, која ја обработува вечната борба помеѓу доброто и злото“, стои во најавата за претставата.

Претставата е во кореографија на Роналд Савковиќ (Хрватска), додека во главните улоги ќе настапат: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили (Грузија).

Во улогата на Крв: Саша Евтимова, Месо: Ендру Кук (Англија), Церемонијал мајстор: Мирослав Митрашиновиќ и Смрт: Олга Панго.

Билетите се во продажба на билетарницата на Националната опера и балет и онлајн.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 часа

(Видео) Сеопфатното сексуaлно образование ќе превенира и скандали како „Јавна соба“

Порнографските материјали на малолетници дистрибуирани преку групата „Јавна соба“ на апликацијата „Телеграм“, бременост кај малолетнички, насилство базирано кон оние со...

Македонија5 часа

Спасовски: Владата разгледува две можни решенија за надминување на кризата со пасошите

Владата разгледува две можни решенија за надминување на пасошката криза, односно „Веридос“ што е можно побрзо да ги испорача обрасцирте...

Македонија5 часа

(Видео) Коалиција Села – Гаши: Ќе го победиме Ахмети, ние стоиме на зборот за разлика од ДУИ

Под мотото „Држава за сите“, Алијанса за Албанците на Зијадин Села и Алтернатива на Африм Гаши ќе настапат заедно на...

Македонија6 часа

Мицкоски: Идната коалиција ќе биде на база на програма, а не на победник со победник

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања најави дека доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, тоа не мора да...

Економија6 часа

Запленети 113 килограми тутун и 415 кутии цигари во Скопје и Тетово

Царинската управа во соработка со Државниот пазарен инспекторат, денеска во две акции во Скопје и Тетово заплени 113 килограми тутун...

Топ8 часа

Шверцери на мигранти признаа вина, условно се казнети и ќе бидат протерани од земјава

По поднесен обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за предметот во кој...

Македонија9 часа

(Видео) Падна пресуда за „Змиско око“ – четворица вработени на патарините починале за време на историското судење

По 13 години низ судските лавиринти, денеска падна првостепената пресуда за веќе историскиот случај „Змиско око“. Претходно, во два наврата...

Македонија9 часа

Работниците од Кина што влегоа во државата немаат коронавирус, но ќе поминат 14 дена во карантин

Двете лица од Кина, кои се работно ангажирани од кинеската компанија „Синохидро“, а кои вчера пристигнаа во државата, немаат симптоми...

Македонија10 часа

(Видео) Русковска: Адвокатите на обвинетите за организирање на 27 април предлагаат по 300 сведоци

Шефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал, Вилма Русковска, по денешното рочиште за судење на организаторите на 27 април,...

Македонија11 час

Судење за „Монструм“: Ахмети имал информации дека момчињата не биле само убиени, туку масакрирани

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го почна своето денешно сведочење во случајот „Монструм“ претставувајќи се како пратеник. „За овој грозоморен...

Забава11 час

Ѓоковиќ објави екстремен предизвик на „Инстаграм“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави нов предизвик на „Инстаграм“ по капењето во ледена река.   View this post on Instagram...

Свет12 часа

Дуња Мијатовиќ е против екстрадицијата на Асанж во САД

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, не треба да биде екстрадиран во САД затоа што тоа би имало ужасен ефект врз...

Регион12 часа

Јамајка демантира дека го признала Косово

Министерката за надворешни работи на Јамајка, Камина Џонсон Смит, ја демантира изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека државата ја признала...

Свет13 часа

Нови 889 случаи на заразени од коронавирус во Кина

Во Кина се забележани 889 новопотврдени случаи на заразени од коронавирус и 118 починати. Од смртните случаи, 115 се во...

Свет13 часа

Во април почнуваат клиничките тестирања на вакцината против коронавирусот

Кон крајот на април ќе почнат клиничките испитувања на вакцината против коронавирусот, од кој во Кина починаа повеќе од 2.000...

Свет14 часа

(Видео) Украинци пречекани со камења дома кога беа евакуирани од Кина

Украинци евакуирани од кинескиот град Вухан биле пречекани од револтираните мештани, кои со камења мавале по автобусите што се упатиле...

Македонија24 часа

Истрага за две лица по акцијата во која беше запленет кокаин во Сарај

Заврши распитот на лицата што вчера вечерта беа приведени во акцијата во селото Крушопек, Општина Сарај, по добиени сознанија за...

Топ1 ден

Момче прободено со нож, уапсена девојка осомничена за обид за убиство

Дваесет и тригодишен државјанин на Турција синоќа бил пронајден на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово, со повреда од...

Топ1 ден

(Видео) Кокаинот од Колумбија бил скриен во банани, приведени се четири лица

МВР соопшти детали за запленетиот килограм кокаин по потекло од Колумбија, кој беше запленет во полициска акција во селото Крушопек...

Македонија1 ден

Јовановски до Русковска: Не се дери, ти ги знаеме гласовните способности

Половина час пред судот, првообвинетиот за „Рекет“, Бојан Јовановски, образложува зошто треба да му биде заменета мерката притвор со домашен....

Досие