Контакт

Култура

Фестивалот Киненова отворен: Милан Терзиќ посака добри филмови и убави разговори, а Емин Алпер е благодарен што фестивалот го одржува филмот како уметност и кино културата во живот

Објавено пред

-Оваа година ве водиме во океанот на светската филмска продукција и ви ги откриваме најновите филмски приказни од различни меридијани. Селекцијата на филмови која ќе ја погледнете низ фестивалските денови е работена по три главни дијагонали. Како човек кој верува во универзалноста на човековите права и во нивното еднакво почитување насекаде во светот, чувствував потреба да ги пронајдеме најсмелите, најбунтовните и најбескомпромисните авторски гласови во современата светска кинематографија. А како некој што е длабоко маѓепсан од синеастичната естетика и нејзината моќ, не можев да го занемарам ниту она што го сметам за едно од најсилните страни на филмот: способноста преку слика, светлина, звук и тишина да создаде искуство што ниту еден друг уметнички медиум не може да го понуди на ист начин. Да продолжиме да гледаме. Да продолжиме да прашуваме. И, пред сè, да не престанеме да веруваме во моќта на филмските приказни. Да го славиме добриот филм и искрените филмски авторски гласови, рече вчера вечер Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова на свеченото отворање и посочи дека ова е најсилната селекција на КИНЕНОВА до сега.

На свеченото отворање на 11. издание на МФФ Киненова, на кое присуствуваше Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, актери, режисери, филмски работници и и бројни љубители и почитувачи на филмската уметност, на годинешниот лауреат, турскиот режисер, сценарист, актер и историчар Емин Алпер му беше врачена наградата Златна грива, за особен придонес во светската филмска уметност.

-Ви благодарам многу за оваа толку значајна награда. Голема чест е да ја добијам токму од КинеНова. Овој фестивал ја слави филмската уметност како универзален јазик и бара нови автори, нови гласови и нови начини на изразување надвор од мејнстримот. За мене, филмот отсекогаш бил начин да се разберат луѓето, нивните стравови, нивните желби и општествата во кои живееме. И верувам дека филмот е најдобар кога ни овозможува да го погледнеме светот од перспектива на друга личност. Верувам дека филмската уметност не е само начин на раскажување приказни. Тоа е исто така начин на преиспитување на светот во кој живееме. Во време кога омразата, национализмот, нетолеранцијата и политичката поларизација стануваат сè помоќни, верувам дека е поважно од кога било филмот да остане простор за сомнеж, имагинација и емпатија. Тој не може само да го промени светот. Но, може да нè натера да го гледаме светот поинаку. Може да им даде глас на оние кои се игнорирани, да ги предизвика моќните и да нè потсети дека секогаш постои друг начин на гледање на работите. Длабоко сум благодарен на КИНЕНОВА и на сите што ги поддржаа моите филмови и го споделија ова патување со мене. Ви благодарам за оваа чест, а најмногу од сè, ви благодарам што го одржувате филмот како уметност и кино културата во живот, рече Алпер.

На бината вчера вечер се качија и дечињата од основните училишта во Кисела Вода кои учествуваа на филмската работилница „Снимај паметно, остави трага“ под менторство на режисерката Марија Џиџева и публиката имаше можност да ги поздрави и да ги погледне филмовите кои ги изработиле.

Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска поздравувајќи ги присутните посочи дека оваа работилница е пример како филмот може да се трансформира во моќна алатка за обединување, емпатија и разбирање. Таа го скрати својот говор и пред присутните од срце рече дека како професторка, градоначалничка и како мајка сака да ја поддржи светлината на овие деца, да биде поголема На прво светло!

На ова фестивалско издание одлуките за наградите ќе ги носи меѓународна жири комисија во состав Емин Алпер, претседател, Александра Марковиќ- документаристка и професор по филмска монтажа и Гоце Цветановски, филмски режисер, кој силно се докажа во светот на анимацијата. Тие вечерва се поклонија пред публиката и изразија задоволство што се дел од овој фестивал и што ќе имаат можност да гледаат и да разговараат за одлични филмови.

Со проекцијата на филмот „Три недели потоа“ беше отворено фестивалското издание, а фестивалот за отворен го прогласи режисерот на филмот Мирослав Терзиќ, кој на македонски јазик рече:

-Голема чест за мене е да го отворам фестивалот Киненова. Кога размислував на кој јазик да го отворам тоа требаше да изгледа некако вака: Ви благодарам што ме поканивте на фестивалот, благодарам на поканат и ви посакувам добри филмови и убави разговори. Фестивалот Киненова е отворен!

Најново

Црна хроника13 минути

Пронајдени пиштол и ловечка муниција при претрес во валандовско, уапсен 43-годишник

Пиштол и ловечка муниција биле пронајдени при претрес во дом во селото Казандол, валандовско, а 43-годишниот сопственик бил лишен од...

Свет29 минути

(Видео) Илјадници Португалци на протести во 32 града поради станбената криза, бараат контрола на кириите и заштита од иселување

Илјадници луѓе денеска излегоа на улиците во 32 града низ Португалија, барајќи од владата итни мерки за справување со сè...

Свет37 минути

Трамп, Путин и Си Џинпинг следната недела на историска трилатерална средба во Кина – ќе разговараат за нуклеарното оружје

Трамп, Путин и Си Џинпинг планираат историска трилатерална средба следната недела во Кина, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска...

Македонија1 час

Меџити во Историската чаршија во Бурса: Размената на искуства со еснафите во функција на ревитализацијата на Старата скопска чаршија

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во рамките на официјалната посета на Турција, ја посети Историската чаршија во Бурса, каде...

Македонија1 час

СДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група

Партиските редови на СДСМ денес се почисти за неколку лица кои ровареле по партијата, велат од СДСМ. „Кога ги откривме...

Црна хроника1 час

Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и вознемирувал поранешната партнерка

Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по пријава дека агресивно се однесувал кон 43-годишна жена со која бил во врска,...

Спорт1 час

(Видео) Евроголовите на Винисиус се мала утеха, Јапонија го шокираше Бразил

Јапонската фудбалска репрезентација го победи Бразил со 3:2 во уште еден пријателски натпревар меѓу двата тима. Ова е втора победа...

Спорт2 часа

Фенербахче подготвиле 10 милиони за Чалханоглу

По Ромелу Лукаку и Мејсон Гринвуд, Фенербахче ќе се обиде да го обезбеди потписот на Хакан Чалханолу, кој не сака...

Црна хроника2 часа

Пријавен 50-годишник од Пехчево за непочитување судска одлука за заштита од семејно насилство

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела кривична пријава против 50-годишен маж од Пехчево поради сомнение за неизвршување судска одлука....