Контакт

Култура

(Видео) Македонскиот филм Dogs of war на најголемиот натпревар за краткометражни филмови

Објавено пред

Македонскиот краткометражен филм Dogs of War учествува на натпреварот за краткометражни филмови My Rode Reel. Во моментот е на 4. место од повеќе од 1.600 филма и е единствен учесник од Македонија.

Dogs of War е снимен на неколку локации во Битола и моментно се наоѓа во тесна борба за првото место на интернационалниот филмски натпревар, организиран од компанијата RØDE. За да го поддржите во оваа трка за победник, може да гласате за филмот ТУКА.

Dogs of War зборува за изборот помеѓу чесноста и материјализмот користејќи ја приказната за еден разбојник фатен ограбувајќи воена патрола, чиј единствен спас од ситуацијата е да го манипулира својот поранешен колега. Изборот е очигледен и неминовен.

Зад Dogs of War стои актерската екипа составена од Алек Ѓорѓиески, Димитар Даневски и Елизабета Јованоска, текстот и режијата се на Пеце Здравковски и Бојан Соклевски, филмската екипа е составена од Ѓорги Вацев, Игор Георгиоски, Ристо Алчинов, Христо Стојаноски, Кети Талевска, Христина Тренчевска и Симона Јосифовска, а екипата на статисти и помошници ја сочинуваат Христијан Српчански, Филип Каранфиловски и Ангела Српчанска.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Центарски улици 4 – Светски ден на уметноста“

Објавено пред

Утре, со почеток во 12 часот, на улицата Македонија во Скопје, ќе се одржи настанот „Центарски улици 4 – Светски ден на уметноста“.

Настанот ќе ја претвори улицата во жива сцена на отворено со учество на улични живи статуи од продукцијата Театроск, ликовни уметници (студенти од Универзитетот АУЕ – ФОН) кои ќе создаваат дела во живо, улични шоуа, DJ и музички настапи. Главната цел е да се создаде простор за млади уметници со цел да ја презентираат својата уметност пред јавноста, да се поттикне нивниот развој и да се активира јавниот простор преку култура, велат од Театроск.

Овој настан веќе четири години успешно создава платформа за видливост, активирање на јавниот простор и директен контакт меѓу уметниците и публиката, додаваат од Театроск.

Прикажи повеќе...

Култура

МНТ со двојна победа: Првенците Тони Михајловски и Тања Кочовска наградени во ист ден на два фестивали

Објавено пред

Од

Двајца првенци на Македонски народен театар во ист ден беа наградени за своите улоги во претставата „Народен пратеник“, на два различни фестивали, потврдувајќи го високиот уметнички квалитет на ансамблот и силниот регионален одек на театарот.

Актерот Тони Михајловски ја доби наградата за најдобар актер на вечерта, доделена веднаш по изведбата на претставата на јубилејното 30. издание на фестивалот „Актерски свечености – Миливоје Живановиќ“ во Пожаревац. Настапот на ансамблот беше проследен со силни аплаузи и одличен прием од фестивалската публика и стручната јавност.

„Актерски свечености – Миливоје Живановиќ“ е реномиран театарски фестивал кој од 1995 година се одржува во Центарот за култура во Пожаревац, во чест на еден од најголемите српски актери – Миливоје Живановиќ. Фестивалот традиционално се одржува во првата недела од април и на публиката ѝ нуди селекција на најдобрите претстави од годишната продукција на престижни театри во Србија и регионот.

Програмата се состои од пет натпреварувачки вечери, а победниците влегуваат во конкуренција за главната награда – статуетата „Миливоје Живановиќ“. Помеѓу досегашните лауреати се значајни актерски имиња како: Љубомир Тадиќ, Драган Миќановиќ, Војислав Воја Брајовиќ, Предраг Ејдус, Ружица Сокиќ, Милан Лане Гутовиќ, Предраг Мики Манојловиќ, Небојша Глоговац и Јелисавета Сека Саблиќ.

Истовремено, во Велес, во рамките на петтото јубилејно издание на фестивалот „5-РЕ“, актерката Тања Кочовска ја доби наградата за најдобра споредна женска улога за својата впечатлива интерпретација на ликот Спиројца.

Со едногласна одлука, жирито во состав Зорица Панчиќ, Владимир Тулиев и Елеонора Теова ја истакна нејзината остра духовитост, доминантно сценско присуство и автентична интерпретација, нагласувајќи дека „секој нејзин гест и реплика се претвораа во победа“, а нејзината изведба ја издвои како еден од највпечатливите сценски моменти на фестивалот.

Претставата „Народен пратеник“, по текст на Бранислав Нушиќ и во режија на Егон Савин, бележи значајна меѓународна сценска присутност како дел од балканската турнеја. Досега е изведувана во Народното позориште во Белград, Црногорското народно позориште во Подгорица, како и на повеќе сцени низ Босна и Херцеговина, а беше дел и од програмата на реномираниот фестивал „Стериино позорје“.

Продукцијата е добитник на повеќе значајни признанија, меѓу кои главната награда „Борисав Станковиќ“ за најдобра претстава во целина на фестивалот „Борини позоришни дани“, како и специјалната „Стериина награда“ за колективна актерска игра.

Во претставата играат: Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов, Тања Кочовска и Александар Михајловски (глас), како и ансамблот Дејан Стамчевски, Синан Ракип, Скендер Бериша, Зекирија Алим, Мирослав Атанасовски, Мартин Китановски и Хусеин Халили.

Прикажи повеќе...

Култура

Објавена програмата на Скопскиот поетски фестивал, ќе има стотина поети од земјава и од странство

Објавено пред

Од

Шестото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи во периодот 7 до 9 мај во Младинскиот културен центар ‒ Скопје и во „Буква“. На настаните ќе се претстават стотина поети од земјава и од странство. Ќе има гости од Кина, од Хрватска, од Словенија, од Турција, од Грција, од Србија, од Бугарија и од Црна Гора.

„Мотото на годинешниот фестивал е „(СО) СТИХ СПРОТИ НАРАТИВ! (Поезија, политика, пропаганда…). Со ова мото сакаме да ја одбележиме 100-годишнината од раѓањето на Ален Гинзберг и да покажеме колку неговата поезија е податлива за толкување и на денешните состојби во светот. Автор на постерот е Андреј Павлов“, велат организаторите.

Официјалното отворање е закажано за 7 мај во 20:00 часот во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, на кое ќе настапат деветмина поети и поетеси, меѓу кои и младата поетеса Деспина Сиљаноска што беше одбрана за најдобра од дванаесетмината што настпија на „Отскочна даска #5“ ‒ преднастан на фестивалот наменет за млади поети, а по ова прво интернационално поетско читање ќе следува поетско-музички перформанс на Марија Вујошевиќ и Барбара Делаќ од Црна Гора.

Следниот ден програмата ќе продолжи во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, каде што ќе се одржи „Поетот е присутен“, настан од затворен карактер, на кој дел од поетите учесници на фестивалот ќе читаат за малубројна публика што претходно ќе биде избрана по повик; потоа ќе следува и настанот „Диптих #6“ на кој ќе бидат претставени две изданија на „ПНВ Публикации“, избор песни од авторките Гонџа Озмен од Турција и Кристина Шпиранец од Хрватска, а потоа ќе следува уште едно интернационално поетско читање на кое ќе настапат десетмина поети и поетеси.

На последниот ден на фестивалот, 9 мај, настаните ќе се одржат во „Буква“. Публиката ќе има можност да проследи уште две промоции на книги, едната е избор песни од поетесите Марија Вујошевиќ и Барбара Делаќ од Црна Гора во издание на „Култура Бета“, а другата е стихозбирката „Тускулум“ од Денис Шкофич од Словенија, издание на „ПНВ Публикации“. По промоциите ќе следува интернационалното поетско читање „THE VERSE CITY/DIVERSITY (Диверсити)“ на кое ќе настапат петнаесетмина поети и поетеси. По ова читање ќе следува и забава за крај на фестивалот.

Но пред сите овие збиднувања, како еден од преднастаните на фестивалот, на 7 мај, од 18:00 часот во киното „Фросина“ во МКЦ ќе се одржи промоцијата на поетската панорама што по повод минијубилејот ‒ 5 години „Отскочна даска“, ја подготви „ПНВ Публикации“ и во која ќе бидат застапени песните на сите шеесет и шест досегашни учесници на овој настан наменет за млади. Книгата ќе биде промовирана со читање на сите млади автори застапени во панорамата.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт4 часа

Симеоне и Флик се горди на своите фудбалери

Атлетико Мадрид, по девет сезони повторно ќе игра полуфинале во Лигата на шампионите. На „Метрополитано“ во Мадрид, Барселона го победи...

Спорт5 часа

Слот не знае што прави – Гомез влезе во 45-та, го напушти теренот во 67-та минута

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, направи малку бизарен потег во четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен....

Спорт5 часа

Поранешен судија од Ла Лига: Ерик Гарсија заслужи црвен картон

Атлетико Мадрид, прв пат од 1997 година, загуби натпревар во нокаут фазата на домашен терен, но сепак успеа да ја...

Спорт6 часа

Екитике тешко се повреди, со солзи и на носилки го напушти теренот

Ливерпул испадна од европскиот првак, ПСЖ, во четвртфиналето, во Лигата на шампините. ПСЖ победи и во реваншот со 2:0 и...

Спорт6 часа

(Видео) Дембеле и на „Енфилд“ го реши Ливерпул

Бранителот на титулата во Лигата на шампионите, ПСЖ, избори пласман во полуфиналето. „Светците“ и во реваншот го победија Ливерпул со...

Спорт6 часа

(Видео) Барселона победи во Мадрид и испадна

Барселона го победи Атлетико во Мадрид (2:1), но испадна од Лигата на шампионите. Пресуди првиот натпревар во Барселона и победата...

Свет8 часа

Шпанска министерка: Израел ми забранува влез, а Европската комисија не презема ништо

Шпанската министерка за труд и социјална економија, Јоланда Дијаз, ги опиша изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за папата Лав...

Свет8 часа

Прва реакција од израелските власти по нападот од Италија

Откако Италија го суспендираше продолжувањето на договорот за одбрана со Израел поради тековната војна на Блискиот Исток, што претставува голема...

Свет9 часа

Финска на чекор до воведување на трет пол

Финска се движи кон законско регулирање на третиот пол, односно законско признавање дека постојат небинарни и интерсексуални луѓе кои не...