Контакт

Филм

Третина од кино посетителите имаат над 50 години

Објавено пред

Повеќе од третина од посетителите во кината имаат повеќе од 50 години и би можеле да станат новата „златна жила“ за холивудските продуценти, покажува студијата објавена по повод фестивалот СинемаКон во Лас Вегас.

dobivaj vesti na viber

Ова испитување што го спровела компанијата „Movio“ за американското здружение на пензионерите AARP, објавено во средата, ја негира идејата според којашто младите одат во кината, додека нивните родители дома гледаат телевизиски серии.

Повозрасните од 50 години можат „значително да придонесат на успехот на филмовите на американските кино благајни“, проценува Хетер Науврок, директорката во AARP задолжена за филмови за возрасни. Бидејќи, „публиката постара од 50 години има на располагање приходи, повеќе време за забава и е многу лојална на одредени актери. Тоа, значи, е возрасна група којашто треба да се цени“, појаснува.

Авторите на студијата испитале 500.000 американци коишто оделе во кино најмалку еднаш годишно, почнувајќи од август 2015 година.

Студијата покажува дека категоријата филмски гледачи повозрасни од 50 години придонела за појавата на жанрот „зрели трилери“ во која настапуваат познати професионални актери. Овој феномен може да се појасни со обожавателите кои стареат истовремено со ѕвездите коишто ги обожуваат.

Меѓутоа, оваа повозрасна публика може да придонесе и за успехот на филмовите кои без нив тешко би се пробиле на киноблагајните. Така, филмот „Чудото од Хадосн“ (оригиналната верзија на англиски е „Sully“), во режија на 86-годишниот Клинт Иствуд, со 60-годишниот Том Хенкс во главната улога, привлекол публика меѓу која 57 отсто се повозрасни од 50 години./крај/мф/сн

Култура

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ ја освои 7. награда на фестивалот Chicago Shorts

Објавено пред

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски – „Сузи Кју продукција“ е награден со уште една награда на фестивалот за краткометражни филмови Chicago Shorts, во САД за најдобра музика во краток филм. Музиката компонирана за филмот е на Дуке Бојаџиев.

dobivaj vesti na viber

Инаку, ова е 7. награда за филмот „Шеќерни луѓе“. Претходно филмот ги освои наградите за најдобра актерка за Сара Климоска на Kiez Berlin Film Festival во Германија, на Reale Film Festival во Италија, и на Art Film Spirit Awards во соработка со Toronto Film magazine каде наградата за најдобар актер беше доделена и на актерот Филип Трајковиќ. Филмот досега ги има освоено и наградите за најдобра оригинална музика (композитор Дуке Бојаџиев) на CineParis Film Festival во Франција и за најдобар постер (дизјанер Коста Лазаревски) на Toronto Women Film Festival во Канада.

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе ”, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм и „Сузи Кју продукција“, исто така е во селекција на 20 меѓународни фестивали во САД, Канада, Франција, Шпанија, Германија, Албанија, Италија, Парагвај, Турција, Романија и Аргентина.

Главните улоги ги играат Сара Климоска и Филип Трајковиќ, сценариото е на Владимир Јанковски и Сузана Диневски, директори на фотографија се Димитар Попов и Дејан Димески, монтажата е на Гоце Кралевски, дизајнер на постерот е Коста Лазаревски, трејлерот е изработен од Горан Вуќиќ, тонски дизајнер е Дарко Спасовски и музиката компонирана за филмот е на Дуке Бојаџиев.

Прикажи повеќе...

Култура

Премиера на филмот „Фениксот од Кавадарци“

Објавено пред

Во Кинотека на Македонија, денеска, со почеток во 12 часот премиерно ќе биде прикажан документарно-играниот филм „Фениксот од Кавадарци“ реализиран со финансиска поддршка на Филмскиот фонд.

dobivaj vesti na viber

Филмот е сниман на повеќе локации во Скопје и Кавадарци. Сценарист и режисер е Мишо Нетков, главен продуцент и монтажер Миле Петковски, актер наратор Гоце Ристовски, костимограф Живко Трајчевски, аниматор Бојан Секуловски, камермани Кристијан Теодоров и Георге Трајковски.

Филмот говори за Васил Хаџиманов, фармацевт по диплома но музички образован, го владеел нотното писмо, свирел пијано и гитара и бил несекојдневен интерпретатор на изворни македонски народни песни. Благодарение на неговата дејност како собирач на народни песни зачуван е огромен фонд од македонското народно творештво со нотен и текстуален запис. Васил Хаџиманов бил и златоуст пеач кој уште на почетокот на минатиот век бил особено популарен на многу балкански радиостаници изведувајќи македонски песни на македонски јазик.

Прикажи повеќе...

Култура

„TorinoFilmLab“ – Филмот на Андреј Волкашин доби 20.000 евра за постпродукција

Објавено пред

Филмскиот проект „Слатката горчина на зрелите калинки“ во режија на Андреј Волкашин, а во продукција на „Веда Филм Продакшнс“ ја освои наградата од 20.000 евра за постпродукција на звук и слика доделена од страна на APostLab, на овогодинешната TorinoFilmLab работилница, информираа од Агенцијата за филм.

dobivaj vesti na viber

За наградата се натпреваруваа сите проекти од Torino Feature Lab и Torino Script Lab, од претходните години.

Исто така, како дел од наградата е и обука на продуцентот Елена Станишева за време на работилницата за пост-продукција која ќе се одржува во Јуни 2023 година во Амстердам.

„Ви благодариме TorinoFilmLab и APostLab за ова неверојатно признание и поддршка за нашиот дебитантски игран филм“, се заблагодари режисерот Волкашин за наградата.

Жири комисијата оценила дека „овој убав и чувствителен филмски проект е во рацете на смел тим за нови таленти, кои се желни да научат како постпродукцијата најдобро може да послужи за раскажувањето на нивната приказна“.

Филмот ја раскажува приказната за Дора, пензионирана медицинска сестра, која одгледува калинки во оддалечено македонско село. По трагичната смрт на нејзината помлада сестра, единствената смисла што ја наоѓа во животот е грижата за синот-тинејџер и мајка си. Сепак, нејзиниот живот се менува кога патиштата ќе и’ се вкрстат со Бендида – млада жена што сопругот на Дора ја наоѓа повредена покрај патот…

Филмот ќе се снима во текот на следната година, со финансиска поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа3 часа

Столтенберг: Војната во Украина може да се претвори во војна меѓу Русија и НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост дека руската војна во Украина може да излезе од контрола и да...

Европа6 часа

Османи: На Косово никогаш нема да има полицајци и војници од Србија

Претседателката на Косово, Вјоса Османи посочи дека последните инциденти на северот на Косово, се насочени против уставниот поредок и суверенитетот...

Топ7 часа

18-годишник обезбедил податоци од картичката на дедо му, плаќал за игри и купувал

18-годишно момче обезбедувајќи податоци од картичката на неговиот дедо извршил стотици плаќања, потрошувајќи над 468 илјади денари, соопшти МВР. Според...

Свет8 часа

Путин: Ќе го избришеме од лицето на земјата секој што ќе не нападне со нуклеарно оружје

Секоја земја што ќе ја нападне Русија со нуклеарно оружје ќе биде избришана од лицето на земјата, изјави денеска рускиот...

Македонија10 часа

Ивановска: Поразително за државата е доаѓањето на тим од Вашингтон

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција Билјана Ивановска смета дека е поразително за државата доаѓањето на тим од Вашингтон,...

Регион12 часа

Брнабиќ за ситуацијата на Косово: Курти нè доведе до раб на војна

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград ја коментираше ситуацијата во Косово. „Денес имате ваков ден,...

Македонија13 часа

Закани за бомби добиле полициската станица Центар, „Ист гејт“ и „Бисер“, Железничката станица и зградата „Пегла“

Закани за бомби утрово пристигнаа до трговските центри „Ист гејт“ и „Бисер“, Транспортниот центар, зградата „Пегла“ и полициската станица Центар,...

Македонија14 часа

Нови дојави за бомби во скопски училишта

Неколку средни училишта и утрово добиле закани за бомби на електронските адреси. МВР е на терен и ја спроведува стандардната...

Свет15 часа

Јапонија, Велика Британија и Италија заеднички градат борбен авион од новата генерација

Јапонија ќе работи со Велика Британија и Италија на проектот за нова генерација борбени авиони, рекоа трите земји, додека Токио...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Нема поголем пораз дека власта е корумпирана од тоа странци да расчистуваат со криминалот во државата

„Уште еден целосен дебакл за државата е фактот дека странци ќе го расчистуваат со криминалот во Македонија. Нема поголем пораз...

Македонија16 часа

СДСМ: Блокадите на Скопје целосно да прекинат, Мицкоски и ДПМНЕ да најдат решение за проблемот што го создадоа

Христијан Мицкоски и ДПМНЕ да најдат решение за проблемот што го создадоа со блокадите на Скопје, кои со денови им...

Свет16 часа

САД ѝ испраќаат на Украина противвоздушна одбрана во вредност од 275 милиони долари

Соединетите Држави се подготвуваат да испратат воена помош на Украина во вредност од 275 милиони долари, што ќе ѝ овозможи...

Свет16 часа

САД планираат да воведат нови санкции против Русија и Кина

Соединетите Американски Држави планираат да воведат нови санкции кон Кина и Русија, кои ќе вклучуваат казнување на Москва за употребата...

Европа16 часа

(Видео) Гори трговски центар во близина на Москва, еден од најголемите во Европа

Пожар рано утринава зафатил еден од најголемите трговски центри во близина на Москва, соопштија локалните служби за итни случаи. Дел...

Македонија1 ден

Приватните превозници утре ќе ja блокираат „Илинденска“

Автобусите на приватните превозници од утре ќе се преселат кај бараките на Град Скопје информираат од „Слобода превоз“. Во кординација...

Регион1 ден

Хрватска влезе во Шенген, за Бугарија и Романија потврдено е ветото

Бугарија и Романија остануваат надвор од Шенген зоната, откако не успеаја да добијат едногласна поддршка од Европскиот совет во Брисел,...

Македонија1 ден

Мицкоски: Со мачнина ја гледам пинг понг играта на коалицијата на хаосот – Арсовска и Ковачевски додека граѓаните страдаат

„Со мачнина ја гледам пинг понг играта на новата коалиција на хаосот, Градот Скопје и власта на Ковачевски за проблемите...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски од лидерскиот самит во Виена: Солидарност и правда се најсоодветни одговори за кризата

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска учествува и има свое обраќање на Самитот на лидери од Западен Балкан во Виена,...

Европа2 дена

Ердоган: Ќе и го скршиме рбетот на инфлацијата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека турската влада се надева дека ќе и го „скрши рбетот“ на високата инфлација...

Македонија2 дена

Грковска: Популизмот е најштетен за една демократија, треба храброст за да ја одржиш државата на вистинскиот пат

Политиките за добро владеење се основа за стабилноста на секоја држава. Доколку сакаме стабилност мора граѓаните да имаат доверба во...