Филм
„Арго" и „Линколн" имаат најмногу шанси за Оскар
Судејќи според наградите освоени во сезоната пред доделувањето на најважните филмски награди Оскарите, филмот на Бен Афлек „Арго” има најмногу шанси за победа во категоријата филм на годината, додека за најдобар актер на годината најмногу изгледи има Даниел Деј-Луис за главната ролја во филмот „Линкол”.
Филмот на Бен Афлек за спасувањето на американските заложници од Иран во 1979 година по Исламската револуција, освои Златен глобус за најдобар филм, а во истата категорија победи и на доделувањето на наградите на Британската академија за филмска и телевизиска уметност – BAFTA. На доделувањето на еснафските награди, за најдобро филмски остварување изминатата година го прогласија продуцентите, режисерите, критичарите и актерите, кој ги правата на најголемите групи од оние кои гласаат како членови на американската Академија за филмски уметности и науки (AMPАS).
Освен за најдобар филм „Арго” е номиниран и за наградите во категориите за најдобра машка споредна улога, адаптирано сценарио, монтажа, оригинална музика, звук и монтажа на звукот
На „Арго” во категоријата најдобар филм ќе му конкурираат „Линколн” за живото на американскиот претседател Абрахам Линколн, „Животот на Пи” филм снимен според романот на Јан Мартел, мјузиклот „Клетници” по делото на францускиот класик Виктор Иго, филмот за ловот на лидерот и идеолог на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, Осма бин Ладен под наслов „Zero Dark Thirty”, комедијата „Во добри и во зло”, „Разузданиот Џанго” на Квентин Тарантино и независниот филм „Ѕверовите на јужните дивини”.
Доколку Даниел Деј-Луис во недела по американско време ја добие наградата за најдобар актер, тоа ќе биде негов трет Оскар. Во оваа категорија е награден во 1989 година за улогата на Кристи Браун во филмот „Мојата лева нога”, и во 2007 година за улогата на Даниел Плејнвејв во филмот „Ќе има крв”. Толкувањето на американскиот претседател Линколн, на Деј-Луис, веќе му ги донесе наградите Златен Глобус и BAFTA, како и наградите на здруженијата на филмските и телевизиските актери и на филмските критичари.
„Линколн”, биографскиот филм за 16-от претседател на САД, Абрахам Лонколн во периодот од Граѓанската војна и укинувањето на ропството во режија на славниот Стивен Спилберг, во трката за Оскарите влегува со најмногу – 12 номинации. Освен во категоријата најдобра главна машка улога, филмот е номиниран и за најдобар филм, споредна машка и споредна женска улога, режија, адаптирано сценарио, фотографија, монтажа, сценографија, костимографија, оригинална музика и звук.
Според бројот на номинациите следат „Живото на Пи” со 11 номинации, „Клетници” и „Во добро и зло” со по осум, „Арго” со седум, а „Љубов” и „Zero Dark Thirty” со по пет.
Освен Даниел Деј-Луис, во трката за наградата за најдобра главна машка ролја, номинирани се и Бредли Купер („Во добро и зло„), Хју Џекмен („Клетници”), Жоакин Феникс („Мастер”) и Дензел Вашингтон („Лет”).
Списокот на кандидатки за Оскар за најдобра главна женска улога ја предводи 86-годишната Емануела Рива за улогата во филмот „Љубов” на австрискиот режисер Микаел Ханеке за остарена брачна двојка соочена со тешката болест на едниот од нив. Рива за оваа улога веќе ја доби наградата на филмските критичари и на BAFTA, а филмот е номиниран за Оскар и во категориите за најдобар филм, најдобар режисер, најдобар филм на странски јазик и за оригинално јазик.
Покрај Рива, за најдобра главна женска улога номинирани се и Џесика Честајн („Zero Dark Thirty”), Џенифер Лоренс *„Во добро и зло”), Наоми Ватс (Невозможно”) и деветгодишната Кванжан Валис („Ѕверовите на јужните дивини”).
За најдобри машки споредни улоги годинава номинирани се Алан Аркин, Роберт Дениро, Филип Сејмор Хофман, Томи Ли Џонс и Кристофер Валц, а на признанието за најдобра женска споредна ролја претендираат Ејми Адамс, Сали Филд, Ен Хатавеј, Хелен Хант и Џеки Вејвер.
За најдобар режисер, покрај Микаел Ханеке за „Љубов” и Стивен Спилберк за „Линколн”, номинирани се и Бен Зејтлин („Ѕверовите на јужните дивини”), Анг Ли („Животот на Пи”) и Дејвид О. Расел („Во добро и зло”).
Покрај францускиот филм !Љубов” во категоријата најдобар странски филм конкурираат уште и норвешкиот „Кон-Тики”, чилеанскиот „Но”, данскиот „En kongelig affaere” и канадскиот „War Witch”.
Годинешната церемонија на доделувањето на наградите ќе ги води Сет Мекферлејн, а меѓу презентерите ќе се појават и Хали Бери, Никол Кидман, Сандра Булок, Роберт Даун Џуниор, Семјуел Л. Џексон, Марк Валберг, Жан Дужарден, Кристофер Плумер и Даниел Редклиф./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Светска премиера на „Киука – Пред летото да заврши“ во Кан – филмот е копродукција помеѓу Грција и Македонија
„Киука – Пред летото да заврши“ (Kyuka Before Summer’s End) во режија и по сценарио на Костис Харамуданис, кој е реализиран како билатерална копродукција помеѓу Грција и Северна Македонија и е поддржан од Агецијата за филм на Република Северна Македонија, својата светска премиера ќе ја има на Канскиот филмски фестивал како дел од 32. издание на програмата ACID, што ќе се одржи од 15 до 24 мај оваа година. На „Куика“ му е доверена честа да ја отвори оваа програма.
„Лист продукција“ е македонски копродуцент на дебитантскиот филм на режисерот Харамуданис со Марија Димитрова и Игор Иванов како копродуценти, а Херетик од Грција е главен продуцент со Данае Спатхара, Јоргос Карнавас и Константинос Контовракиси како продуценти.
„Киука – Пред летото да заврши“ е приказна за едно трочлено семејство, кое како и секое лето, плови со својата едрилица до островот Порос, каде што таткото Бабис и децата Константинос и Елса, кои се веќе на прагот пред полнолетството, го минуваат годишниот одмор. Додека пливаат, се сончаат и создаваат нови пријателства на островот, децата случајно ја запознаваат Ана, жената што ги родила и ги напуштила уште во најраното детство, со што ќе почне едно горко-слатко патешествие на созревање под летното сонце, а долгогодишната огорченост на Бабис избива на површина.
Програмата на ACID (Association for the Distribution of Independent Cinema – Асоцијација за дистрибуција на независен филм) на Канскиот филмски фестивал е креирана во 1993 година и прикажува 9 долгометражни филма, фикција и документарци. Овие филмови се избираат од стотиците пристигнати филмови од цел свет од страна на петнаесетина филмаџии, членови на асоцијацијата.
Снимањето на филмот се одвиваше во октомври 2022 година во Атина и на островот Порос, а постпродукцијата се работеше на релација Атина – Скопје.
Главните улоги во филмот ги играат Симеон Цакирис, Елса Лекаку, Константинос Георгопулос, Афродита Капокаки и Елена Топалиду.
Македонската екипа во овој филм ја сочинуваат Михаил Димитров, Игор Поповски и студиата за постподукција „Аудио хаус“ и „Слобода филм“.
Филм
Утре се отвора четвртиот Фестивал на грчки филм
Утре, на 7 април 2024 година, во 20 часот, во Кинотеката на Северна Македонија (Никола Русински 1, Скопје 1000) ќе биде отворено четвртото издание на Фестивалот на грчки филм. На отворањето ќе биде прикажан кусометражниот филм „Тишината на рибата кога умира“ на Василис Кекатос (2019, 19′), а потоа долгометражниот филм „Не би сакал да сум непристоен, но треба сериозно да разговараме“ на Јоргос Георгопулос (2019, 99′).
Ова се две црни комедии во кои што идејата за смртта се прикажува со доза на хумор. Филмот „Тишината на рибата кога умира“ учествуваше на некои од најважните фестивали како Sundance, а Василис Кекатос е еден од најважните претставници на кусометражните филмови со многу награди, вклучително и Златна палма во Кан.
Фестивалот е во ко-организација на Амбасадата на Грција во Скопје и Меѓународниот филмски фестивал Киненова спонзориран од фирмите Armos Balkan и Mermeren.
Влезот е бесплатен.
Култура
Во февруари 50-годишен јубилеј на Кинотека: Старите вредности во нови контексти
Пред 5 децении е формирана македонската кинотека. Честитки за сето она што досега го направила оваа значајна културна установа. Една од основните дејности на филмскава институција е да го прикаже сето она што го има, и ново и старо; ова второто во нови контексти и изданија. Тоа ќе биде карактеристика на програмата на најкусиот месев во годината – февруари. Календарски, ќе трае 29 дена. Ете можност да се види сето она што кинотеката го подготвила за февруарските денови.
Ќе се стартува со премиерна проекција. Со филм кој има наслов СЛОБОДА. Тоа е краткометражен филм во омнибус формат, чијшто автор е филмскиот критичар Златко Ѓелески. Веднаш потоа враќање децении наназад. Ќе бидат проектирани неколку архивски филмски записи од 1912 до 1952. Тоа се дел од новопримените кино-материјали што кинотеката ги прибра во текот на изминатата година.
Кинотека се решила, враќајќи се децении наназад, да потсети на филмовите создадени во 40-тите, 50-тите, 60-тите, 80-тите, 90-тите и 2000-тите. Режисерите се од различни земји – Италија, Франција, Германија, Шведска, САД. Ставени се во различни контексти, во нови програми. Всушност, станува збор за циклуси на Великаните на фестивалот на филмската камера БРАЌА МАНАКИ и пократок цилкус филмови на францускиот режисер на т.н. француски нов бран Луј Мал.
Во исклучително богатата кинотечна понуда се и неколку филмови на чехословачкиот режисер, оскаровецот Јан Кадар.
Она што е многу интересно, многу потребно за да се знае и запамети, се петте документарни македонски филмови со етнолошка содржина. Во нив е забележана традицијата, обработени се народни и религиозни обичаи од средината на 20-тиот век. Во четири од нив Вера Кличкова, пионерот на етнолошкиот филм кај нас, е сценарист, режисер или консултант.
Филмофилите ќе бидат почестени да го видат сигурно еден од најозборуваните лански филмови – НАПОЛЕОН на Ридли Скот. Во различните оценки за филмот доминираат, што е сосема разбирливо, Англичаните и Французите. Едните го фалат, другите го кудат. Критиките за најновата продукција на Скот се поделени, но не смее да се изостави фактот дека, и покрај одредени пропусти, станува збор за прецизно сработен биопик. Дело кое функционира на неколку нивоа – како биографска сторија, историска рекреација, но и омаж кон еден од омилените филмови на Ридли Скот – Бари Линдон од 1975, по сценарио и режија на Стенли Кјубрик.
Уште една филмска творба којашто предизвика интерес и претежно позитивни рецензии – УБИЈЦИ НА ЦВЕТНАТА МЕСЕЧИНА на Мартин Скорсезе– ќе биде проектирана во кино салата на Кинотека месецов.
Во финалето на месецов, ќе погледнеме два филма со музичка содржина. Познатиот ТОМИ, рок операта на Кен Расел, ќе биде прикажана на оригинална 35 милиметарска лента. Новитетот е музичкиот документарец за екс ју панк легендите Панкрти. Специјален гостин на кинотеката тие денови ќе биде фронтменот на групата, Перо Ловшин.
Февруари е можеби календарски пократок месец , но затоа ќе биде исполнет со исклучително богата кино-програма.