Филм
Филмот ‘12 години ропство' со најмногу награди од лондонскиот круг на критичарите
Британско-американската историска драма „Дванаесет години ропство“ (12 Years a Slave’ е прогласена за филм на годината според мислењето на ткн Лондонски круг на критичарите, додека главниот актер Чивител Еџиофор на доделувањето на London Critics’ Circle Awards ја доби наградата за актер на годината, а Лупита Нионг’о за најдобра женска споредна улога.
Кругот на филмските критичари од Лондон брои 120 членови, британски филмски критичари, бродкастери и писатели, кои годинава гласаа за повеќе од 200 филмски наслови.
Ова е уште еден голем поттик за филмот на британскиот режисер Стив Мекквин четири седмици пред доделувањето на најважните филмски награди Оскарите, на кое „Дванаесет години ропство“ со девет номинации воопшто се смета за еден од најсериозните кандидати за оска за најдобар филм на годината, додека Мекквин, исто така, се проценува дека има големи шанси да биде најдобар во категоријата режисер на годината.
Примајќи го признанието, Мекквин се осврна на „неверојатниот интерес“ на јавноста за неговиот филм. „Особено се чувствувам почествуван од силната љубов кон овој филм која ја почувствува во својата татковина“, изјави режисерот. Станува збор инаку за адаптација на истоимената автобиографија на Соломон Норатап од 1853 година за грабнувањето на слободен црнец во Вашингтон во 1841 година и негово продавање во росптво во коешто минал дванаесет години работејќи на плантажа,
На Филмскиот фестивал во Торонто, „Дванаесет години ропство“ беше вистинска сензацијата според интересот на публиката, а има и десет номинации во конкуренцијата на британската филмска академија BAFTA, чии награди ќе се доделуваат на 16-ти февруари.
Кејт Бланшет е прогласена за актерка на годината за ролјата во филмот на Вуди Ален „Jasmine French“, додека британска актерка на годината е Џуди Денч за улогата во филмот „Philomena“ која е номинирана во истата категорија и за Оскар.
Режисер на годината според мислењето на лондонските филмски критичари е Мексиканецот Алфонсо Куарон за 3Д филмот „Гравитација“ (Gravuty) со Сандар Булок и Џорџ Клуни во главните улоги кој исто така ја дои наградата и за технолошки достигнувања.
Британски филм на годината стана нискобуџетната драма „Себичен џин“ на режисерката Клио Барнард, а младиот актер Конер Чепмен, кој благодарејќи на оваа улога излезе од анонимноста, е прогласен за најдобар британски млад актер на годината.
Најдобар странски филм на годината е прогласена француската романтична комедија „Синото е најтоплата боја“ на Абделатиф Кешише, документарен филм на годината е данско-британско-норвешката копродукција „Чин на убивање“ на Џошуа Опенхајмер, за најдобро сценарио наградени се браќата Итан и Џоел Коен за „Во главата на Левин Дејвис“, а за најдобра споредна машка улога Баркад Анди во „Капетан Филипс“. Гери Олдмен, пак, го доби специјалното признание Dilys Powell award за извонреден придонес на филмот.
Свеченото доделување на наградите на Лондонскиот круг на критичарите во лондонскиот хотел „May Fair“ во неделата доцна вечерта започна во мачна атмосфера, под впечатокот за смрта на актерот Филип Сејмур Хофман во Њујорк, кој на доделувањето на наградите во 2013 година ја дои наградата за најдобра споредна машка улога за филмот „Мастер“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Светска премиера на „Киука – Пред летото да заврши“ во Кан – филмот е копродукција помеѓу Грција и Македонија
„Киука – Пред летото да заврши“ (Kyuka Before Summer’s End) во режија и по сценарио на Костис Харамуданис, кој е реализиран како билатерална копродукција помеѓу Грција и Северна Македонија и е поддржан од Агецијата за филм на Република Северна Македонија, својата светска премиера ќе ја има на Канскиот филмски фестивал како дел од 32. издание на програмата ACID, што ќе се одржи од 15 до 24 мај оваа година. На „Куика“ му е доверена честа да ја отвори оваа програма.
„Лист продукција“ е македонски копродуцент на дебитантскиот филм на режисерот Харамуданис со Марија Димитрова и Игор Иванов како копродуценти, а Херетик од Грција е главен продуцент со Данае Спатхара, Јоргос Карнавас и Константинос Контовракиси како продуценти.
„Киука – Пред летото да заврши“ е приказна за едно трочлено семејство, кое како и секое лето, плови со својата едрилица до островот Порос, каде што таткото Бабис и децата Константинос и Елса, кои се веќе на прагот пред полнолетството, го минуваат годишниот одмор. Додека пливаат, се сончаат и создаваат нови пријателства на островот, децата случајно ја запознаваат Ана, жената што ги родила и ги напуштила уште во најраното детство, со што ќе почне едно горко-слатко патешествие на созревање под летното сонце, а долгогодишната огорченост на Бабис избива на површина.
Програмата на ACID (Association for the Distribution of Independent Cinema – Асоцијација за дистрибуција на независен филм) на Канскиот филмски фестивал е креирана во 1993 година и прикажува 9 долгометражни филма, фикција и документарци. Овие филмови се избираат од стотиците пристигнати филмови од цел свет од страна на петнаесетина филмаџии, членови на асоцијацијата.
Снимањето на филмот се одвиваше во октомври 2022 година во Атина и на островот Порос, а постпродукцијата се работеше на релација Атина – Скопје.
Главните улоги во филмот ги играат Симеон Цакирис, Елса Лекаку, Константинос Георгопулос, Афродита Капокаки и Елена Топалиду.
Македонската екипа во овој филм ја сочинуваат Михаил Димитров, Игор Поповски и студиата за постподукција „Аудио хаус“ и „Слобода филм“.
Филм
Утре се отвора четвртиот Фестивал на грчки филм
Утре, на 7 април 2024 година, во 20 часот, во Кинотеката на Северна Македонија (Никола Русински 1, Скопје 1000) ќе биде отворено четвртото издание на Фестивалот на грчки филм. На отворањето ќе биде прикажан кусометражниот филм „Тишината на рибата кога умира“ на Василис Кекатос (2019, 19′), а потоа долгометражниот филм „Не би сакал да сум непристоен, но треба сериозно да разговараме“ на Јоргос Георгопулос (2019, 99′).
Ова се две црни комедии во кои што идејата за смртта се прикажува со доза на хумор. Филмот „Тишината на рибата кога умира“ учествуваше на некои од најважните фестивали како Sundance, а Василис Кекатос е еден од најважните претставници на кусометражните филмови со многу награди, вклучително и Златна палма во Кан.
Фестивалот е во ко-организација на Амбасадата на Грција во Скопје и Меѓународниот филмски фестивал Киненова спонзориран од фирмите Armos Balkan и Mermeren.
Влезот е бесплатен.
Култура
Во февруари 50-годишен јубилеј на Кинотека: Старите вредности во нови контексти
Пред 5 децении е формирана македонската кинотека. Честитки за сето она што досега го направила оваа значајна културна установа. Една од основните дејности на филмскава институција е да го прикаже сето она што го има, и ново и старо; ова второто во нови контексти и изданија. Тоа ќе биде карактеристика на програмата на најкусиот месев во годината – февруари. Календарски, ќе трае 29 дена. Ете можност да се види сето она што кинотеката го подготвила за февруарските денови.
Ќе се стартува со премиерна проекција. Со филм кој има наслов СЛОБОДА. Тоа е краткометражен филм во омнибус формат, чијшто автор е филмскиот критичар Златко Ѓелески. Веднаш потоа враќање децении наназад. Ќе бидат проектирани неколку архивски филмски записи од 1912 до 1952. Тоа се дел од новопримените кино-материјали што кинотеката ги прибра во текот на изминатата година.
Кинотека се решила, враќајќи се децении наназад, да потсети на филмовите создадени во 40-тите, 50-тите, 60-тите, 80-тите, 90-тите и 2000-тите. Режисерите се од различни земји – Италија, Франција, Германија, Шведска, САД. Ставени се во различни контексти, во нови програми. Всушност, станува збор за циклуси на Великаните на фестивалот на филмската камера БРАЌА МАНАКИ и пократок цилкус филмови на францускиот режисер на т.н. француски нов бран Луј Мал.
Во исклучително богатата кинотечна понуда се и неколку филмови на чехословачкиот режисер, оскаровецот Јан Кадар.
Она што е многу интересно, многу потребно за да се знае и запамети, се петте документарни македонски филмови со етнолошка содржина. Во нив е забележана традицијата, обработени се народни и религиозни обичаи од средината на 20-тиот век. Во четири од нив Вера Кличкова, пионерот на етнолошкиот филм кај нас, е сценарист, режисер или консултант.
Филмофилите ќе бидат почестени да го видат сигурно еден од најозборуваните лански филмови – НАПОЛЕОН на Ридли Скот. Во различните оценки за филмот доминираат, што е сосема разбирливо, Англичаните и Французите. Едните го фалат, другите го кудат. Критиките за најновата продукција на Скот се поделени, но не смее да се изостави фактот дека, и покрај одредени пропусти, станува збор за прецизно сработен биопик. Дело кое функционира на неколку нивоа – како биографска сторија, историска рекреација, но и омаж кон еден од омилените филмови на Ридли Скот – Бари Линдон од 1975, по сценарио и режија на Стенли Кјубрик.
Уште една филмска творба којашто предизвика интерес и претежно позитивни рецензии – УБИЈЦИ НА ЦВЕТНАТА МЕСЕЧИНА на Мартин Скорсезе– ќе биде проектирана во кино салата на Кинотека месецов.
Во финалето на месецов, ќе погледнеме два филма со музичка содржина. Познатиот ТОМИ, рок операта на Кен Расел, ќе биде прикажана на оригинална 35 милиметарска лента. Новитетот е музичкиот документарец за екс ју панк легендите Панкрти. Специјален гостин на кинотеката тие денови ќе биде фронтменот на групата, Перо Ловшин.
Февруари е можеби календарски пократок месец , но затоа ќе биде исполнет со исклучително богата кино-програма.