Филм
Апсолутни победници на Златен глобус 2016 Леонардо ди Каприо и „The Revenant"
Апсолутен победник на 73. доделување на филмските награди е филмот „The Revenant”, додека главниот актер во него, Леонардо ди Каприо е најдобар актер.
Филмот „The Revenant”, според изборот на странските новинари во Холивуд освои награда за најдобра драма. Најдобар режисер и најдобар актер.Џулиен Мур, која ја доделуваше наградата за најдобар актер, најмногу се израдува на Лео ди Каприо, кој за улогата во „The Revenant” е прогласен за најдобар. Според критиќарите, тоа беше и очекувано.Но, малкумина очекуваа дека филмот„The Revenant” ќе ја освои наградата за најдобра драма, и за најдобар режисер. Всушност, режисерот Алехандро Гонзалес Ињариту, втора година по ред освојува награда најдобар режисер, откако на ланското доделување на наградите ја зеде наградата со филмот „Birdman”.Филмот на Ридли Скот, „Марсовец“ ја освои наградата за најдобра комедија, во кој главната улога ја игра Мет Дејмон, кој пак доби награда за најдобар актер во комедија.Најдобра актерка во драма е Бри Ларсон, за нејзината изведба во филмот „Room“, додека за во комедија наградата за најдобра главна женска улога по трет пат ја освојува Џенифер Лоренс за „Joy“. За најдобра споредна машка улога наградата беше доделена на Силвестер Сталоне за неговата репризирачка изведба како Роки Балбоа во филмот „Creed“. Најдобар анимиран филм освои фаворитот на повеќето наградувачки кругови, филмот на Пиксар „Inside Out“, додека наградата за најдобар филм од странско говорно подрачје ја зеде унгарскиот филм „Son of Saul“.Најдобар актер во телевизиска серија е Гаел Гарсија Бернал за серијата на Амазон „Mozart in the Jungle”, а Арон Соркин доби Златен Глобус за најдобро сценарио за филмот „Steve Jobs”.Кејт Винслет се закити со награда за најдобра споредна улога во филмот „Steve Jobs”.За најдобар актер во драмска серија награден е Џон Хам за серијата „Mad Men”, додека Таражи П. Хенсон освои најдобра главна женска улога во драма серија за нејзината изведба како Куки во „Empire“. Наградата за најдобра главна женска улога во комедија или мјузикл серија ја доби актерката Рејчел Блум за серијата „Crazy Ex-Girlfriend“, додека за најдобра споредна женска улога ја освои Мора Тирни за „The Affair“.Во категориитеза мини-серија или филм за телевизија, главната награда ја освои исто така речиси непознатата серија на PBS „Wolf Hall“, додека за најдобра главна женска улога зема Лејди Гага за улогата во „American Horror Story: Hotel“. Наградата за најдобра машка улога му беше доделена на актерот Оскар Ајзак за неговата изведба во мини-серијата на HBO „Show Me A Hero“. Еден многу значаен момент беше доделувањето на наградата „Сесил Б. ДеMил“ (Cecil B. DeMille) за животно дело која му беше врачена на актерот Дензел Вашингтон од страна на неговиот колега од филмот „Philadelphia“ Том Хенкској изјави дека името на Вашинготн несомнено се наоѓа меѓу имињата на најдобрите актери и актерки во филмската историја.
Доделувањето на наградите Златен глобус се вовед во наградите Оскар, па најчесто победниците на ова доделување, ги освојуваат и Оскарите./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Светска премиера на „Киука – Пред летото да заврши“ во Кан – филмот е копродукција помеѓу Грција и Македонија
„Киука – Пред летото да заврши“ (Kyuka Before Summer’s End) во режија и по сценарио на Костис Харамуданис, кој е реализиран како билатерална копродукција помеѓу Грција и Северна Македонија и е поддржан од Агецијата за филм на Република Северна Македонија, својата светска премиера ќе ја има на Канскиот филмски фестивал како дел од 32. издание на програмата ACID, што ќе се одржи од 15 до 24 мај оваа година. На „Куика“ му е доверена честа да ја отвори оваа програма.
„Лист продукција“ е македонски копродуцент на дебитантскиот филм на режисерот Харамуданис со Марија Димитрова и Игор Иванов како копродуценти, а Херетик од Грција е главен продуцент со Данае Спатхара, Јоргос Карнавас и Константинос Контовракиси како продуценти.
„Киука – Пред летото да заврши“ е приказна за едно трочлено семејство, кое како и секое лето, плови со својата едрилица до островот Порос, каде што таткото Бабис и децата Константинос и Елса, кои се веќе на прагот пред полнолетството, го минуваат годишниот одмор. Додека пливаат, се сончаат и создаваат нови пријателства на островот, децата случајно ја запознаваат Ана, жената што ги родила и ги напуштила уште во најраното детство, со што ќе почне едно горко-слатко патешествие на созревање под летното сонце, а долгогодишната огорченост на Бабис избива на површина.
Програмата на ACID (Association for the Distribution of Independent Cinema – Асоцијација за дистрибуција на независен филм) на Канскиот филмски фестивал е креирана во 1993 година и прикажува 9 долгометражни филма, фикција и документарци. Овие филмови се избираат од стотиците пристигнати филмови од цел свет од страна на петнаесетина филмаџии, членови на асоцијацијата.
Снимањето на филмот се одвиваше во октомври 2022 година во Атина и на островот Порос, а постпродукцијата се работеше на релација Атина – Скопје.
Главните улоги во филмот ги играат Симеон Цакирис, Елса Лекаку, Константинос Георгопулос, Афродита Капокаки и Елена Топалиду.
Македонската екипа во овој филм ја сочинуваат Михаил Димитров, Игор Поповски и студиата за постподукција „Аудио хаус“ и „Слобода филм“.
Филм
Утре се отвора четвртиот Фестивал на грчки филм
Утре, на 7 април 2024 година, во 20 часот, во Кинотеката на Северна Македонија (Никола Русински 1, Скопје 1000) ќе биде отворено четвртото издание на Фестивалот на грчки филм. На отворањето ќе биде прикажан кусометражниот филм „Тишината на рибата кога умира“ на Василис Кекатос (2019, 19′), а потоа долгометражниот филм „Не би сакал да сум непристоен, но треба сериозно да разговараме“ на Јоргос Георгопулос (2019, 99′).
Ова се две црни комедии во кои што идејата за смртта се прикажува со доза на хумор. Филмот „Тишината на рибата кога умира“ учествуваше на некои од најважните фестивали како Sundance, а Василис Кекатос е еден од најважните претставници на кусометражните филмови со многу награди, вклучително и Златна палма во Кан.
Фестивалот е во ко-организација на Амбасадата на Грција во Скопје и Меѓународниот филмски фестивал Киненова спонзориран од фирмите Armos Balkan и Mermeren.
Влезот е бесплатен.
Култура
Во февруари 50-годишен јубилеј на Кинотека: Старите вредности во нови контексти
Пред 5 децении е формирана македонската кинотека. Честитки за сето она што досега го направила оваа значајна културна установа. Една од основните дејности на филмскава институција е да го прикаже сето она што го има, и ново и старо; ова второто во нови контексти и изданија. Тоа ќе биде карактеристика на програмата на најкусиот месев во годината – февруари. Календарски, ќе трае 29 дена. Ете можност да се види сето она што кинотеката го подготвила за февруарските денови.
Ќе се стартува со премиерна проекција. Со филм кој има наслов СЛОБОДА. Тоа е краткометражен филм во омнибус формат, чијшто автор е филмскиот критичар Златко Ѓелески. Веднаш потоа враќање децении наназад. Ќе бидат проектирани неколку архивски филмски записи од 1912 до 1952. Тоа се дел од новопримените кино-материјали што кинотеката ги прибра во текот на изминатата година.
Кинотека се решила, враќајќи се децении наназад, да потсети на филмовите создадени во 40-тите, 50-тите, 60-тите, 80-тите, 90-тите и 2000-тите. Режисерите се од различни земји – Италија, Франција, Германија, Шведска, САД. Ставени се во различни контексти, во нови програми. Всушност, станува збор за циклуси на Великаните на фестивалот на филмската камера БРАЌА МАНАКИ и пократок цилкус филмови на францускиот режисер на т.н. француски нов бран Луј Мал.
Во исклучително богатата кинотечна понуда се и неколку филмови на чехословачкиот режисер, оскаровецот Јан Кадар.
Она што е многу интересно, многу потребно за да се знае и запамети, се петте документарни македонски филмови со етнолошка содржина. Во нив е забележана традицијата, обработени се народни и религиозни обичаи од средината на 20-тиот век. Во четири од нив Вера Кличкова, пионерот на етнолошкиот филм кај нас, е сценарист, режисер или консултант.
Филмофилите ќе бидат почестени да го видат сигурно еден од најозборуваните лански филмови – НАПОЛЕОН на Ридли Скот. Во различните оценки за филмот доминираат, што е сосема разбирливо, Англичаните и Французите. Едните го фалат, другите го кудат. Критиките за најновата продукција на Скот се поделени, но не смее да се изостави фактот дека, и покрај одредени пропусти, станува збор за прецизно сработен биопик. Дело кое функционира на неколку нивоа – како биографска сторија, историска рекреација, но и омаж кон еден од омилените филмови на Ридли Скот – Бари Линдон од 1975, по сценарио и режија на Стенли Кјубрик.
Уште една филмска творба којашто предизвика интерес и претежно позитивни рецензии – УБИЈЦИ НА ЦВЕТНАТА МЕСЕЧИНА на Мартин Скорсезе– ќе биде проектирана во кино салата на Кинотека месецов.
Во финалето на месецов, ќе погледнеме два филма со музичка содржина. Познатиот ТОМИ, рок операта на Кен Расел, ќе биде прикажана на оригинална 35 милиметарска лента. Новитетот е музичкиот документарец за екс ју панк легендите Панкрти. Специјален гостин на кинотеката тие денови ќе биде фронтменот на групата, Перо Ловшин.
Февруари е можеби календарски пократок месец , но затоа ќе биде исполнет со исклучително богата кино-програма.