Контакт

Филм

Булајиќ: „Скопје`63“ го правевме со многу љубов и ентузијазам

Објавено пред

Режисерот Вељко Булајиќ, авторот на документарниот филм „Скопје `63“, што ќе биде проектиран во сабота вечер во 21 часот, во Музејот на град Скопје, во рамки на одбележувањето на 51 година од катастрофалниот земјотрес во Скопје, што се случи далечната 1963 година, се наоѓа во посета на Скопје. За филмот ќе каже дека го работел со многу љубов и ентузијазам и дека го снимал пет месеци.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски се сретна режисерот Вељко Булајиќ, авторот на документарниот филм„Скопје `63“. 

„Преку вашиот филм во Светот се пренесе видео сведоштвото за еден град којшто веќе го немаше, но вие и вашето филмско дело бевте нашите амбасадори коишто го пренесоа скопскиот крик за помош секаде низ Европа и светот. Можам само да ја изразам мојата благодарност што ни овозможивте ние денес да живееме во едно ново Скопје, кое од ден на ден ја испишува новата историја и на архитекторнски и на културен план, му порача на Булајиќ“, градоначалникот Трајановски. 

Осумдесет и шест годишниот режисер истакна дека со тогашниот градоначалник на Скопје, Благој Попов се чуле преку воен телефонски линк, кога му биле соопштени лошите вести.

„Тогашниот градоначалник на Скопје, Благој Попов ме побара и посака да дојдам во вашиот град барем на пет дена и да ја снимам катастрофата што го срамни со темел Скопје. Јас дојдов и снимав пет дена, но тогаш сватив дека тоа ќе го направат и сите други репортери и одлучив со целата моја екипа да останам уште пет месеци и да го направам тој филм. Уште ми се живи сликите на единството на народот и неговата желба да го кренат од пепел овој град. Се надевам дека со мојот филм барем малку му помогнав на Скопје и мислам дека и денеска кога ќе се проектира „Скопје `63“ буди сеќавања за една катастрофа од невидени размери. Кога филмот доби златен лав во Венеција, ми пријде еден бизнисмен од Македонија и за скромни пари ни ги побара правата да го дистрибуира во Америка и ние се сложивме. По прикажувањето во Америка и секаде во Светот стигна уште еден бран помош од земјите каде што беше прикажан филмот. „Скопје`63“ го правевме со многу љубов и ентузијазам, зашто дур го снимавме не движеше силата на народот, но и на странците кои несебично помагаа, тука во Скопје можеше да се види како се дружат руските војници со оние од Америка, помагајќи му воедно на македонскиот народ, тоа се незаборавни моменти во мојот живот, но и дел од мојот професионален опус“, рече Булајиќ. 

Режисерот Булајиќ, рече дека Скопје денес изгледа фантастично, по земјотресот во Скопје бил само еднаш пред шест седум години и еве сега повторно. 

Утрото на 26 јули 1963 година режисерот Вељко Булајиќ се наоѓал на Филмскиот фестивал во Пула,  кога ја примил веста за земјотресот и ја добил поканата од Благој Попов,  да биде снимен филм за катастрофалниот земјотрес во Скопје. Вељко Булајиќ заедно со филмска екипа од „Јадран филм“  дошол во Скопје третиот ден по несреќата и започнал да го снима филмот. Токму поради овој факт, првите девет минути во филмот користитен е веќе снимен материјал од други сниматели. 

Филмот бил прикажан насекаде во светот, после 1964 година, чијашто проекција придонела да се добијат дополнителни донации за обнова и изградба на Скопје. Меѓу последните кадри на филмот се појавува и тогашната млада пејачка Есма Реџепова како пее во центарот  на Скопје. 

Филмот претставува автентичен документ за Скопската катастрофа и раѓањето на еден град, но заради својата исклучителна уметничка вредност, исто така,  филмот има освоено бројни награди на филсмките фестивали. 

На средбата присуствуваа Зоја Богдановска, виш кустос историчар, автор на изложбата што ќе биде отворена вечер во 20:30 часот, во МГС, насловена како „Скопје 63 – филмска хроника на едно време“ и министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа-Милевска којашто му се заблагодари на режисерот Булајиќ за неговата улога во спасувањето на Скопје и помошта за скопјани  да си го вратат животот. Екипата од МРТВ, ќе сними документарна емисија за режисерот Вељко Булајиќ и за неговиот престој во Скопје, 50 години по премиерата на филмот. 

Вељко Булајиќ е роден на 23 март 1928 година во  Вилуси, Никшиќ, Црна Гора, но последните 40 години години живее и работи во Загреб, Република Хрватска.  Во својот долг животен опус као режисер постигнува успех со многу филмски остварувања од тогашната филмска сцена, меѓу кои се:  документарниот филм за катастрофалниот земјотрес во Скопје „Скопје 63“, филмовите Неретва (1969), Козара(1962), Атентат во Сараево ( 1975) и други. крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Фестивалот „Карлови Вари“ го селектира македонскиот филм „Снежана на крајот умира“

Објавено пред

Македонскиот филм „Снежана на крајот умира“, кој е во постпродукција, е еден од осумте селектирани филмови во Work in progress-програмата во рамките на индустриската селекција на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Карлови Вари, која ќе се одржи од денес до 10 јули.

Голема е честа, но и одговорноста проектот да биде претставен пред кремот на европската филмска индустрија, на фестивал од А-категорија, велат од продукцијата

Приказната по сценарио на Кристијан Ристовски раскажува за седум луѓе кои живеат во време кога се во конфликт со нивните вредности. Откако ќе ѝ вети на својата најдобра другарка, која е на смртна постела, дека ќе се грижи за нејзиниот син, Снежана станува мајка на Боби, 20-годишен „џанки“. Маја е волк самотник, не комуницира очи во очи со луѓе, а Игор е риба надвор од вода, има Аспергер-синдром. Иако е би требало да имаат можност да се сретнат, тие се сретнуваат и се вљубуваат. Никола, Горазд и Дејан се другари од детството, маалска екипа која се мачи да се прилагоди на овој нов свет, дехуманизиран од виртуелната комуникација, релативизација на моралот и агресивната инвазија на политиката врз нивните животи…

Филмот е во продукција на Вертиго Висуал, сценарист и режисер е Кристијан Ристески, продуцент Дарко Попов, а главните улоги ги играат: Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Ивица Димитријевиќ, Денис Абдула, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Култура

Ремек-делата на композиторот Eнио Мориконе

Објавено пред

Светот жали по веста за смртта на музичкиот гениј, италијанскиот композитор Енио Мориконе, кој почина во 91. година од животот.

Во својата кариера тој има напишано музика за повеќе од 500 филма, а исто така има добиено и „Оскар“.

Меѓу неговите најпознати дела се темите за филмовите: „Добриот, лошиот и грдиот“, „Беше еднаш во Америка“,„Малена“, „Недопирливите“, „За грст долари“, „Осумтемина омразени“, „Професионалец“, „Киното Парадисо“ и многу други.

Да се потсетиме на ремек-делата на големиот маестро.

Прикажи повеќе...

Култура

Прва грчко-македонско филмска копродукција поддржана од европскиот фонд „Еуримаж“

Објавено пред

Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела – „Еуримаж“ ја поддржа и првата грчко-македонска филмска копродукција „Зад стоговите сено“ (Behind the Haystacks) во режија на младата грчка режисерка Асимина Проедроу.

Татјана Ќурчинска-Пепељугоска, национален претставник на Република Северна Македонија во „Еуримаж“, која редовно учествува во работата на Фондот, учествуваше на последната сесија на европскиот филмски фонд „Еуримаж“, чиј календарски термин беше 22-27 јуни 2020 година, а на која се евалуираа 56 копродукциски филмски проекти, од кои само 26 добија финансиска поддршка од Фондот.

Еден од проектите што ја доби поддршката е и „Зад стоговите сено“ (Behind the Haystacks), копродукција меѓу Грција и Германија, каде што како копродуцент заедно со носителот од грчката страна е и македонската продуцентска куќа „Сектор филм“ од Скопје. Ова е прв филмски проект меѓу продуцентите од Грција и Северна Македонија во соработка со Германија, кој доби финансиска поддршка од „Еуримаж“.

„Од финансиски аспект, копродукцијата не е потврдена од македонската страна бидејќи Агенцијата за филм на РСМ сѐ уште не ги објавила резултатите од јануарскиот конкурс за 2020 година. И покрај тоа, овој проект беше поддржан од претставниците на сите држави членки на ‘Еуримаж’“, изјави националниот претставник на Република Северна Македонија во „Еуримаж“, Татјана Ќурчинска-Пепељугоска.

На претходната мартовска сесија „Еуримаж“ додели грант на македонскиот проект „Преекспонирано“, во режија на Елеонора Венинова, копродукција меѓу Република Северна Македонија и Република Србија. Се очекува македонските продуценти и филмски работници да станат поприсутни во европските копродукции кога на 1.10.2020 година ќе стапи во сила ревидираната Европска конвенција за кинематографска копродукција поради многуте олеснувања што таа ги пропишува. Со оваа Конвенција македонските филмски работници ќе може да учествуваат со најмалку 5 проценти во меѓународните мултилателарни филмски копродукциии и со 10 отсто во билатералните копродукции наместо како што беше досегашна пракса, да учествуваат со најмалку 10, односно 20 проценти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања

Вчера на Инфективната клиника почина 24 годишна пациентка од Тетово од Ковид-19. Таа е еднa од најмладите пациенти во земјава...

Македонија3 часа

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Топ4 часа

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион4 часа

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија4 часа

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион5 часа

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија9 часа

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Македонија10 часа

Свети Николе станува ново жариште на коронавирусот, двете фабрики се затворени

Во Свети Николе вчера беа регистрирани 29 новозаразени од ковид-19, за првпат во овој град, кој станува ново жариште на...

Македонија10 часа

Рекорден број на заразени и излечени во земјава за едно деноноќие

Во Македонија вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени и излечени пациенти во последните 24 часа. Како што информира Министерството...

Македонија10 часа

Дел од болницата „8-ми Септември“ ќе се пренамени за пациенти кои не се заболени од ковид

Во наредните десетина дена почнуваат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8ми Септември“, најави министерот за здравство,...

Македонија10 часа

Заев од централната трибина во Скопје: Мора да продолжиме по правиот пат, од вас зависи

Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, порача синоќа претседателот...

Македонија10 часа

Филипче: Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење

Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење, истакна министерот за здравство, Венко Филипче,...

Регион21 час

(Видео) Не престануваат протестите во Србија – еден демонстрант повреден со нож, има и уапсени

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на...

Свет23 часа

СЗО: Сè уште можеме пандемијата да ја ставиме под контрола

Директорот на Светската здравствена организација порача дека денес сè уште е можно да се стави епидемијата на Ковид-19 под контрола,...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Регион1 ден

„Аја Софија“ повторно стана џамија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потпиша декрет со кој музејот „Аја Софија“ во Истанбул повторно станува џамија. Ова следи...

Македонија1 ден

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија1 ден

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија1 ден

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија1 ден

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија1 ден

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Досие