Контакт

Филм

Филмаџии од Холивуд ќе инвестираат во проектот „Битола филмски град“

Објавено пред

Снимање на документарен филм, снимање на игран филм во кој ќе настапи светски познатата филмска ѕвезда Мерил Стрип и изградба на филмско студио во Битола понудил Перси вон Лепински, претставник на американската компанија за производство и дистрибуција на филм „Infinity Pictures – Hollywood Media Bridges“.

Тој во четврток оствари средба со градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески, а потоа и двајцата на прес конференција соопштија дека филмаџиите од Холивуд ќе инвестираат во проектот „Битола филмски град“. 

„За време на дводневната посета на Битола се уверивме дека во овој град постојат најдобрите услови за реализација на нашите филмски проекти, бидејќи за тоа има конкретен план и проект“, посочи продуцентот Лепински. 

Нашата компанија, додаде, произведува филмови во Романија, но сега сакаме тоа да го правиме во Македонија. Тој рече дека ќе инвестираат со нивни пари, но дека очекуваат и владина поддршка. 

„Македонија е атрактивна за нас, има локации на кои може да се снима во урбана или природна средина кои се погодни за снимање на различни теми. Битола е најпогодна за нашиот бизнис и очекувам наскоро градоначалникот Талески да биде наш гостин во Холивуд каде ќе ги договориме деталите за нашата инвестиција“, изјави Лепински. 

Општина Битола, согласно урбанистичкиот план во поранешната касарна, на површина од четири хектари има соодветен простор за изградба на филмско студио, а на располагање се и други 50 хектари слободни површини, потсети градоначалникот на средбата со Лепински. 

„Сакаме Битола да биде филмски град, а во тоа ќе ни помогне оскаровецот Лепински кој понуди снимање на документарен филм, снимање на игран филм во кој ќе настапи светски познатата филмска ѕвезда Мерил Стрип и изградба на филмско студио. Ние сме најподготвената општина во Македонија што може веднаш да пристапи кон изградба на филмско студио, а инвеститорите забележаа дека токму овде има ресурси и други потенцијали за снимање филм. Договоривме конкретна и креативна работа, лобиравме нивната дејност од Романија да се пренесе во Македонија, односно во Битола, во градот кој има јасен концепт за вистински филмски град“, изјави градоначалникот Талески. 

Талески и Лепински потврдија дека со реализацијата на овој проект директно и позитивно ќе се придонесе во развојот на хотелиерството, угостителството, туризмот и други дејности кои директно или индиректно се поврзани со филмската индустрија.крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Седмиот филм на Милчо Манчевски ќе биде црна комедија со наслов „Кајмак“

Објавено пред

Екипа од Македонија, Данска, Холандија, Хрватска, Бугарија, Англија, Италија и од Србија почнува со работа на новиот филм на Милчо Манчевски, „Кајмак“.

„’Кајмак’ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот на филмот. Филмот е безмилосна критика на лицемерството и на малограѓанштината“, вели Манчевски.

По сценарио и режија на Милчо Манчевски, во филмот играат: Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Ана Стојановска, Симона Спировска, Петар Мирчевски, Филип Трајковиќ, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.

Филмот е европска копродукција, поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, како и од филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и на Бугарија. Македонската радио-телевизија е копродуцент.

Екипата особено се гордее што во оваа најтешка пандемиска година во светот токму овој филм доби поддршка и од европскиот фонд „Еуримаж“, што е несомнено огромна потврда за вредноста на проектот.

Според финансиската конструкција на филмот, Македонија учествува со 48 проценти, а 52 отсто од средствата доаѓаат од странство.

На прашањето како во период на пандемија проектот „Кајмак“ успеа да мобилизира голема европска екипа за филмот, македонскиот продуцент на филмот Јане Ќортошев рече:

„Сѐ е можно кога работиш на убав проект и со пријатели. А ‘Кајмак’ има навистина многу пријатели – во цела Европа, а и дома. Собрани заедно зад убав проект, ништо не може да нѐ запре“.

Ова му е 7-ми филм по ред на Манчевски, кој досега има работено и во Америка и во Македонија, а на прашањето за тоа како се чувствува пред самото снимање на „Кајмак“ на денешната конференција за печат, режисерот Манчевски рече:

„’Кајмак’ е безобразна комедија за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Се радувам како летен ден затоа што по сета напорна работа, сега почнуваме да правиме убава уметност, ама уште повеќе затоа што работиме со талентирани професионалци, кои се и добри луѓе. Животот е прекраток за да работиш со лоши луѓе“.

Дански копродуцент на „Кајмак“ е Мета Луис Фолдагер Соренсен, продуцентка на филмовите „Антихрист“ и „Меланхолија“ на Ларс фон Трир, како и на данскиот кандидат за „Оскар“ – „Кралската афера“ и на „Сопругата“ со Глен Клоуз.
Холандски копродуценти се Изабела Депевег и Елс Вандерворст, која важи за една од најискусните холандски продуценти, со култни филмови како „Мандерлеј“, „Догвил“ и „Танчар во мракот“ на Ларс фон Трир и It’s All About Love на Томас Винтерберг. Хрватски копродуцент е Синиша Јуричиќ, а бугарски Иван Дојков. Извршен продуцент е Јан Прајор од британската „Скала продакшнс“.

Македонски продуцент на филмот е „Банана филм“. Продуцира Јане Ќортошев.

Продукциски дизајнер е Дејвид Манс од Англија, директор на фотографија е Данецот Улрик Боел Бенцен, кастинг-директор Милка Анчевска, а костимограф Жаклина Крстевска.

Филмот ќе се снима исклучиво на локации во Скопје.

Манчевски реши да го задржи оригиналниот збор, па англискиот наслов е Kaymak. Партнерите на филмот го доживуваат како интересен, нов збор што го научиле, како мистерија во насловот, слично на Е.Т. или „Кагемуша“, на пример.

Главни партнери на филмот се „Алкалоид“, НЛБ банка и „Виза“ и партнерите на филмот „Окта“, „Тиквеш“, „Витаминка“ и „Лимак“.

Последниот филм на Манчевски, „Врба“, ја доживеа премиерата на Римскиот филмски фестивал, а потоа беше прикажан на уште 30 меѓународни фестивали и освои пет награди („Рејнденс“, „Синеквест“, „Валенсија“ итн), Европската филмска академија го вброи во потесниот избор на филмови за награда во 2020, а „Врба“ беше и македонски кандидат за „Оскар“. Филмот собори рекорди на гледаност во Македонија, а од неодамна е продаден за дистрибуција во САД, каде што набргу ќе има и ДВД-издание. Тој се прикажува и на „Синемакс“ и на Ејч-би-о.

Прикажи повеќе...

Култура

Филмови за Кирил Џајковски и The Hip ќе се прикажат на фестивалот Докенритам во Белград

Објавено пред

Во рамките на фестивалот Докенритам во Белград на 11 јуни ќе бидат прикажани и два музички документарни филмови за Кирил Џајковски „Современа музика за современото доба“ на Ненад Георгиевски и филмот „The Hip“ во режија на Јане Алтипармаков.

Филмовите се дел од категоријата „Земја во фокус“ на фестивалот со акцент на Македонија.

Фестивалот Докенритам, кој е фестивал за музички документарни филмови, ќе се одржи во Студентскиот град во Белград од 8-11 јуни и чија програма покрај филмската се состои од дебати и промоции на книги.

Гостувањето претставува соработка помеѓу здружението Номад-Арт од Скопје и фестивалот Докенритам.

Прикажи повеќе...

Култура

Недела на јапонскиот филм во Скопје и Битола

Објавено пред

На 4 јуни, во 20 чaсот, ќе почне четиринаесеттото издание на Недела на јапонскиот филм во Кинотеката на Северна Македонија.

Оваа година повторно два филма ќе се прикажуваат и во НУ Центар за култура – Битола.

Првпат публиката ќе ужива во јапонските филмови под ѕвездите, на отворено, во кината во Скопје и Битола.

Амбасадорот Савада Хиронори ќе ја отвори годинешната Недела на јапонскиот филм в петок, 4 јуни, во 20 часот, во Кинотеката на Северна Македонија.

Селекцијата на пет долгометражни филма и четири стоп-анимации е од сите жанрови за сите возрасти.

Проекциите се бесплатни, но поради ковид-протоколите, местата се ограничени. Задолжително е носење маска за време на проекциите.

Во пордолжение е наведен краткиот распоред на програмата:

Кинотеката на Северна Македонија

4.6.2021 петок – „Покажи ми го патот до станицата“
5.6.2021 сабота – „Ресторан од небото“
6.6.2021 недела – „Само мачката знае“
7.6.2021 понеделник – Стоп-анимации на Такеши Јаширо“
8.6.2021 вторник – „Ручекот на тато“
9.6.2021 среда – „Секој ден е добар ден“

Центар за култура – Битола

10.6.2021 четврток – „Покажи ми го патот до станицата“
11.6.2021 петок – „Ресторан од небото“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Индискиот сој потврден кај уште едно лице во земјава

Уште еден случај на индискиот сој на коронавирус е потврден во земјава. Се работи за уште еден Македонец кој дошол...

Топ3 часа

Починат затвореник пронајден во кумановскиот затвор

Во затворот „Кшање“ во Куманово ноќеска бил пронајден мртов 58-годишен затвореник од с.Старо Нагоричане. „ На 19.06.2021 во 02.45 часот...

Македонија5 часа

Еден починат и четири нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени четири нови случаи на коронавирус, едно лице почина, а 68 оздравеа, соопшти...

Македонија6 часа

Филипче: Не е вистина дека пациенти не се оперираат и дека скопските клиники се во колапс

Не е вистина дека пациенти не се оперираат и системот на скопските клиники е во колапс, тврди министерот за здравство,...

Македонија6 часа

Пендаровски и Вселенскиот Патријарх разговараа за решавање на статусот на МПЦ

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Истанбул, Турција, се сретна со Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски...

Спорт9 часа

Македонците за четири дена го „испиле целото пиво“ во Букурешт

Фудбалската репрезентација на Македонија, во четвртокот, го напушти Букурешт и се пресели во Амстердам, каде ќе го одигра последниот натпревар...

Свет9 часа

(Видео) Трамп се огласи за спремните одговори на Бајден: Затоа државата оди по ѓаволите

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, се огласи за видеото на кое се гледа неговиот наследник, Џо Бајден, со спремни...

Македонија10 часа

За еден ден казнети 627 возачи за брзо возење

Полицијата за еден ден казни 627 возачи за брзо возење на територија на целата држава, соопшти Министерството за внатрешни работи....

Регион10 часа

САД ја поздравија Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора

Американскиот Стејт департмент ја поздрави Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора во петокот. „Позицијата на САД во...

Топ23 часа

300 килограми кокаин во пакувања од „Чикаго булс“ и ПСЖ, македонски државјанин уапсен во Драч

Околу 300 килограми кокаин во пакувања со амблемите на спортските тимови „Чикаго Булс“ и „Париз Сен Жермен“, но и луксузниот...

Свет1 ден

Во Русија откриена нова опасна мутација на Ковид-19

Руската Федерална медицинско-биолошка служба (ФМБА) открила нова мутација на коронавирусот, способна да ја намали ефикасноста на медицинските третмани и превентивните...

Спорт1 ден

Премиерот најави промена на името на Фудбалската федерација на Македонија

Премиерот Зоран Заев во интервју за грчката „ЕРТ“ изјави дека по жалбата на Атина на логото на Фудбалската федерација на...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Направен е голем исчекор во македонско-бугарскиот пријателски дијалог

Премиерот Зоран Заев денеска одржа прес-конференција на завршницата од Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Виена, каде присуствуваше на...

Македонија1 ден

Во Македонија 19 нови случаи на коронавирус, починаа две лица

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани 19 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 14 пациенти, а две...

Регион1 ден

Црногорски министер сменет од функцијата, одбил да го нарече злосторството во Сребреница геноцид

Министерот за правда на Црна Гора, Владимир Лепосавиќ, е сменет од функцијата затоа што одби да го нарече злосторството во...

Македонија1 ден

Кривична пријава за едно лице кое се заканувало на новинари на „Фејсбук“, ЗНМ очекува судска разрешница

МВР поднесе кривична пријава против едно лице од тетовско Теарце за кривично дело загрозување на сигурноста против новинари, соопшти Здружението...

Регион1 ден

Во Србија целосно вакцинирани 40 проценти од населението

Во Србија досега се дадени вкупно 5.058.165 дози вакцини против коронавирус. Првата доза ја примиле 2.673.634 лица, а 2.384.531 граѓани...

Спорт1 ден

Ангеловски и Пандев ги прекршиле ковид-протоколите

Селекторот и капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски и Горан Пандев, по вечерашниот натпревар на ЕУРО 2020, против...

Спорт2 дена

Холанѓаните ја „решија“ Австрија и ја потврдија елиминацијата на Македонија

Холандија се пласираше во осминафиналето на ЕУРО 2020 по 2:0 победата над Австрија, резултат кој дефинитивно ги заврши и теоретските...

Регион2 дена

Курц: Западен Балкан да се врати високо на агендата на ЕУ

Во организација на австриската влада утре во Виена ќе се одржи конференција за Западен Балкан. Домаќинот на состанокот, австрискиот канцелар...

Досие