Контакт

Филм

Филмаџии од Холивуд ќе инвестираат во проектот „Битола филмски град“

Објавено пред

Снимање на документарен филм, снимање на игран филм во кој ќе настапи светски познатата филмска ѕвезда Мерил Стрип и изградба на филмско студио во Битола понудил Перси вон Лепински, претставник на американската компанија за производство и дистрибуција на филм „Infinity Pictures – Hollywood Media Bridges“.

Тој во четврток оствари средба со градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески, а потоа и двајцата на прес конференција соопштија дека филмаџиите од Холивуд ќе инвестираат во проектот „Битола филмски град“. 

„За време на дводневната посета на Битола се уверивме дека во овој град постојат најдобрите услови за реализација на нашите филмски проекти, бидејќи за тоа има конкретен план и проект“, посочи продуцентот Лепински. 

Нашата компанија, додаде, произведува филмови во Романија, но сега сакаме тоа да го правиме во Македонија. Тој рече дека ќе инвестираат со нивни пари, но дека очекуваат и владина поддршка. 

„Македонија е атрактивна за нас, има локации на кои може да се снима во урбана или природна средина кои се погодни за снимање на различни теми. Битола е најпогодна за нашиот бизнис и очекувам наскоро градоначалникот Талески да биде наш гостин во Холивуд каде ќе ги договориме деталите за нашата инвестиција“, изјави Лепински. 

Општина Битола, согласно урбанистичкиот план во поранешната касарна, на површина од четири хектари има соодветен простор за изградба на филмско студио, а на располагање се и други 50 хектари слободни површини, потсети градоначалникот на средбата со Лепински. 

„Сакаме Битола да биде филмски град, а во тоа ќе ни помогне оскаровецот Лепински кој понуди снимање на документарен филм, снимање на игран филм во кој ќе настапи светски познатата филмска ѕвезда Мерил Стрип и изградба на филмско студио. Ние сме најподготвената општина во Македонија што може веднаш да пристапи кон изградба на филмско студио, а инвеститорите забележаа дека токму овде има ресурси и други потенцијали за снимање филм. Договоривме конкретна и креативна работа, лобиравме нивната дејност од Романија да се пренесе во Македонија, односно во Битола, во градот кој има јасен концепт за вистински филмски град“, изјави градоначалникот Талески. 

Талески и Лепински потврдија дека со реализацијата на овој проект директно и позитивно ќе се придонесе во развојот на хотелиерството, угостителството, туризмот и други дејности кои директно или индиректно се поврзани со филмската индустрија.крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Документарниот филм со работен наслов Ironman освои награда во Белград

Објавено пред

Документарниот филм со работен наслов Ironman, во продукција на „Опиум филм“, од режисерите Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов, е добитник на наградата East Silver Caravan Award во програмата Beldocs in Progress на 14. БЕЛДОКС – Меѓународен фестивал за документарни филмови во Белград, кој се одржа од 13 до 16 септември.

Како што информираат од продукцијата, филмот се снима и развива веќе трета година, а досега бил на повеќе работилници за развој на документарни филмови во Белград, Софија, Призрен, Лајпциг, Сараево, Рига и во Поградец како единствен претставник од нашата држава.

Од „Опиум филм“ исто така посочуваат дека филмот досега двапати е одбиен за финансирање филмски проекти од страна на Агенцијата за филм на РСМ.

Прикажи повеќе...

Култура

Проекција на филмот ТМ во Куманово

Објавено пред

Долгометражниот филм ТМ ќе биде прикажан в понеделник (20 септември) во Центарот за култура „Tрајко Прокопиев” во Куманово, со почеток во 19.30 часот.

ТМ е снимен според сценарио и режија на Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов и е нивен втор долгометражен филм по првиот ‘Копање’ од 2018 година.

Во главните улоги се Ивица Димитријевиќ и Наталија Теодосиева, а улоги толкуваат и Гораст Цветковски, Димитрија Доксевски, Александар Ѓоргиески, Драгана Костадиновска, Џано Куч, Срѓан Јаниќијевиќ, Александар Степанулески, Сашо Алексиевски, Марко Крстевски и Владица Младеновски.

Филмот трае 60 минути, а влезот ќе биде со донација на врата.

Влезот и присуството во салата ќе биде во согласност со важечките здравствени протоколи за настани во затворено, информира организаторот на проекцијата Wire Entertainment („Ваер ентертејнмент“) од Куманово.

Прикажи повеќе...

Култура

„Северен Пол“ на Марија Апчевска, кој беше во официјална селекција на Кан, викендов на „Манаки“

Објавено пред

Овој викенд битолчани и сите љубители на филмската уметност ќе имаат можност во Битола да го гледаат филмот „Северен Пол“ на Марија Апчевска, во продукција на „Кинооко“ – првиот македонски краток филм што бил во трка за „Златна палма“ на Канскиот фестивал. Проекцијата е во Центарот за култура (голема сала) во 18 чaсот.

Овој маркантен успех има исклучително значење за нашата кинематографија, а ИФФК „Браќа Манаки“ дава можност да се гледа филмот што бил еден од десетте селектирани во официјалната програма на еден од најпрестижните и најгламурозни филмски фестивали во светот.

Филмот е сниман на супер 16 мм филмска лента на локации во Скопје и Македонска Каменица. Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, монтажер Драган вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуќа, а кастинг-директор Киријана А. Николоска. Филмот е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент на филмот е Роберт Насков, копродуценти Милош Љубомировиќ и Горан Тодориќ, сценарист и режисер е Марија Апчевска.

По наградуваниот „Бардо“ (2012) и „Амби“ (2017), ова ѝ е трет краток филм на Апчевска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

41 починато лице, регистрирани 539 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 5.589 тестирање, а регистрирани се 539 нови случаи на...

Топ6 часа

Осумдневен притвор за пет лица од вчерашните протести во Тетово

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово им определил осумдневен притвор на петмината приведени по вчерашните протести во Тетово....

Свет6 часа

Експертите во САД против трета доза на вакцина за севкупната популација

Советодавниот одбор на Американската администрација за храна и лекови (ФДА) денеска го отфрли планот да понуди дополнителна, трета доза на...

Македонија7 часа

Османи формира работна група за укинување на визите со САД

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на неговиот Фејсбук профил информира дека формирал работна група во рамки на Министерството за...

Македонија7 часа

Шилегов: Се урива првата од трите галии во Вардар

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денес на својот Фејсбук профил објави фотографии од демонтирањето на галијата која е поставена во...

Свет10 часа

Американски милијардер случајно признал убиство, му се заканува доживотен затвор

Американскиот милијардер Роберт Дурст вчера беше прогласен за виновен пред судот во Лос Анџелес за убиство на неговата најдобра пријателка...

Топ13 часа

Жител на Сарај уапсен поради кражба на графички картички и струја за „копање“ на биткоини

Во скопското село Љубин, вчера околу 19.30 часот, единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го уапсила 39-годишниот Е.А. Како...

Свет14 часа

Американската војска призна: Во нашиот напад со дрон во Кабул загинаа 10 цивили

Американската војска во петокот потврди дека нејзиниот последен напад во Кабул кон крајот на август, во кој загинаа десет цивили,...

Македонија1 ден

Заев: Со Бугарија ќе бараме европско решение за двојна победа

Актуелниот момент поврзан со членството на Северна Македонија во ЕУ и состојбите во регионот беа главна тема на средбата на...

Македонија1 ден

Почина двегодишно дете со Ковид-19 кое имало претходни здравствени проблеми

Од Министерството за здравство информираат дека во денешната статистика за Ковид-19 на Институтот за јавно здравје ќе биде заведено и...

Македонија1 ден

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тоа значи...

Македонија1 ден

„Избери живот, гласај зелено!“ – ДУИ го откри слоганот за локалните избори

„Избери живот, гласај зелено!“ е слоганот со кој Демократската унија за интеграција ќе настапи на претстојните локални избори, кои ќе...

Македонија1 ден

Русковска барала вештачење на телефонот со кој бил фотографиран Рашковски

Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, стапила во контакт со сопственикот на порталот каде што беше...

Македонија1 ден

Обвинителството почна да ја разгледува документацијата за модуларната болница во Тетово

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција пред два дена ја добило документацијата за модуларната болница во Тетово...

Македонија1 ден

Маричиќ: Власта не се меша во истрагата за пожарот во Тетово

Власта воопшто не се меша во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. Да сакаше да се меша, немаше...

Македонија2 дена

(Видео) Мисајловски: Одбивањето оставки од Владата за трагичниот случај во Тетово значи дека немаат морал

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на денешната прес-конференција во врска со трагедијата во Тетово и прашањето за оставки во Владата...

Македонија2 дена

Бугарија ѝ донира на Македонија 50.000 вакцини од „Фајзер“

Синоќа, во 21 часот пристигнаа вкупно 51.480 „Фајзер-Бионтек“ вакцини како донација од Бугарија. „Вчера, Северна Македонија доби донација од повеќе...

Регион2 дена

Словенија воведе задолжителна вакцинација за вработените во јавната администрација

Сите вработени во јавната администрација во Словенија, кои не прележале коронавирус и кои не се вакцинирани, задолжително ќе мора да...

Свет2 дена

И Холандија воведе сертификат за вакцинација за влез во ресторани, кафулиња, музеи…

Во Холандија од 25 септември за влез во кафулињата, рестораните, музеите, театрите и на културни настани ќе биде потребен сертификат...

Македонија2 дена

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за...

Досие