Контакт

Филм

Почина актерот и комедијант Рики Харис

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Актерот и комедијант Рики Харис, почина во понеделник на возраст од 54 години, јави The Hollywood Reporter.

Како што соопшти неговиот менаџер Синди Амберт, актерот починал од срцев удар.

Харис глумеше во многу познати телевизиски серии и филмови како Heat, Poetic Justice и Everyone Hates Chris.

Тој работеше и со Снуп Дог на неговиоте раперски албуми. Преку социјалните мрежи, Snoop, Ice Cube и Chuck D, меѓу другите изразија сочувство./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

(Видео) Tри филма што Скорсезе ги смета за врв на кинематографијата

Објавено пред

Мартин Скорсезе, еден од највлијателните американски режисери, со децении ги поместува границите на филмскиот израз. Неговата филмографија опфаќа широк опсег на жанрови – од насилни урбани приказни до сложени љубовни драми и духовни дилеми.

dobivaj vesti na viber

Иако неговите понови филмови, како „Ирецот“ и „Тишината“, сè уште се препознатливи по нивната визуелна раскош и длабока анализа на ликови, многумина сè уште сметаат дека неговите најголеми дела потекнуваат од поранешниот период – со насловите „Таксист“, „Добри момци“ и „Разјарениот бик“.

Во текот на својата кариера Скорсезе често ги издвојуваше режисерите што го инспирираа, меѓу кои и Акира Куросава, Ингмар Бергман и Џон Форд. Сепак, еден особено го допре – јапонскиот режисер Кенџи Мизогучи, познат по класичните филмови, кои прикажуваат емоции преку поетски ритам и внимателно изработени слики.

Како негов омилен го наведува филмот на Мизогучи, „Приказни под месечината и дождот“ (Ugetsu monogatari) од 1953 година, кој ја следи приказната за амбициите, љубовта и за војната во 16 век.

„Овој филм имаше најголемо влијание врз мене. Има моменти во тој филм што ги гледав одново и одново и кои секојпат ми го одземаат здивот“, рече Скорсезе, пренесе магазинот „Фар аут“.

Иако „Приказни под месечината и дождот“ често се смета за ремек-дело, Скорсезе ја цени целата трилогија, која ги вклучува и „Животот на Охару“ (Saikaku ichidai onna) и „Саншо судијата“ (Sanshô dayû), а за која вели дека е врвот на светската кинематографија.

Работата на Мизогучи го отелотворува она што многумина го сакаат во јапонскиот филм – суптилност, емоции и елеганција. Неговото влијание може да се види и кај современите режисери, како Хироказу Коре-еда, кој го комбинира секојдневниот живот со длабоки емотивни слоеви. Восхитувањето на Скорсезе кон Мизогучи е уште еден доказ за неговата длабока поврзаност со филмската историја – и неговата непоколеблива почит кон мајсторите на визуелното раскажување приказни.

Прикажи повеќе...

Култура

„Македокс“: Платформата „Некстас“ го носи документарниот филм во училница

Објавено пред

Употреба на документарниот филм како едукативна алатка во формалното образование е силна мисија на Здружението за промоција на документаристиката „МакеДокс“. Оваа децениска посветеност резултира со бројни успеси, а новитет во едукативната програма на „МакеДокс“ е „Некстас“, платформата за наставници кои се стремат да поттикнат критичко размислување кај младите луѓе и се подготвени да иновираат со нови аудиовизуелни средства во наставата.

dobivaj vesti na viber

Во насока на претставување на платформата „Некстас“ пред професори од средните училишта во Скопје, во петок, 11 април, во просториите на „Јуроп хаус Скопје“, со почеток во 11:00 часот, „МакеДокс“ ќе одржи презентација и кратка обука проследена со дискусија. Свои обраќања ќе имаат Надица Таневска Јанева, социолог и професорка во СУГС „Георги Димитров“ – Скопје, и Сашо Алушевски од „МакеДокс“.

Настанот е од отворен тип, но пријавувањето за присуство на настанот е задолжително. Линк за пријавување: https://forms.gle/cpEnERjVx4etdAsm8

Оваа образовна платформа на наставниците и учениците им нуди бесплатен пристап до динамична дигитална средина која содржи обемна колекција на документарни филмови од целиот свет, придружени со помошни материјали во насока на наставните планови на речиси секој предмет во средното образование. „Некстас“ е достапна на неколку јазици, отсега и на македонски јазик, а користењето на оваа платформа како ново аудиовизуелно средство е одобрено од Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука на РСМ.

„Некстас“ е партнерски проект на „Docs Barcelona“ (Шпанија), „DOK.fest Munich“ (Германија), „Thessaloniki Film Festival“ (Грција), „Indie Lisboa“ (Португалија), „Sottodiciotto Film Festival“ (Италија) и „МакеДокс“ (С Македонија), а проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Медиа.

„Некстас“ веќе ја користат над 10.000 наставници и професори ширум Европа. Линк до платформата: https://nextus.global/mk

Прикажи повеќе...

Култура

„Бруталистот“ и „Емилија Перез“ доминираа на Златните глобуси – над 10 милиони луѓе го следеа емитувањето

Објавено пред

Овогодинешната церемонија на доделување на Златните глобуси привлече повеќе од 10 милиони гледачи на телевизиските екрани, што е благ пораст на гледаноста во споредба со претходната година, изјавија во понеделникот продуцентите на настанот, на кој доминираа филмовите Бруталист и Емилија Перез во однос на наградите.

dobivaj vesti na viber

Зголемувањето на гледаноста на неделната гала во последниве години покажува благ нагорен тренд кога станува збор за интересот за слични настани, бидејќи Холивуд се обидува да се оддалечи од влијанието на штрајковите и пандемијата, а наградите Глобус постепено се опоравуваат од сопствените контроверзи и скандали.

Просечната бројка од 10,1 милиони гледачи кои го гледале шоуто е зголемување од 7 отсто во споредба со галата во 2024 година и значителен скок од едвај шест милиони гледачи една година порано.

Златните глобуси, холивудски филмски и телевизиски награди, кое некогаш беше второ по популарност по Оскарите, беше во криза во последниве години. Во 2022 година, гала настанот не се ни емитуваше. Поранешната телевизија Ен-Би-Си ја донесе ваквата одлука затоа што нејзиното раководство беше огорчено од недостатокот на различност и етички пропусти на групата новинари кои претходно ги организираа наградите.

Церемонијата на доделување на престижните награди беше повторно лансирана минатата година под нов приватен сопственик, а беше емитувана на „Си-Би-Ес“ во неделата навечер. Исто така, вреди да се напомене дека наградите им беа доделени на холивудските ѕвезди од А-листата во блескавата сала за бал во Беверли Хилс. На овогодинешните награди доминираа мјузиклот Емилија Перез и епската имигрантска драма Бруталист.

Мексиканскиот филм Емилија Перез на францускиот режисер Жак Аудиар освои четири награди, вклучително и за најдобра комедија или мјузикл, додека „Бруталистот“ беше прогласен за најдобра драма, а наградата за најдобар актер му припадна на главниот лик на филмот Адриен Броди, кој го игра архитектот Ласло Тот, Евреин којшто го преживеал холокауст.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

„Истрага за полициските службеници што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска“, бара Хелсиншкиот комитет

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што...

Македонија3 часа

(Видео) СДСМ со осуда за нападот на Арсовска: Тоа е срам за државата и порака до сите граѓани дека ако зборуваат за криминал и неправда, ќе бидат замолчени со сила

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, најостро го осудува нападот врз официјални лица од Градот Скопје. Овој брутален напад е последица на...

Македонија4 часа

Aрсовска нападната во Чаир додека извршувала работни задачи: побарала лекарска помош

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, денеска е физички нападната при извршување работни задачи во Чаир. Кон неа биле упатени...

Македонија4 часа

Сторителот од Батинци е идентификуван, но е во бегство, соопшти ОЈО

Дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на настанот во Батинци, каде што денеска се случил трагичен инцидент. Од Обвинителството...

Регион5 часа

Мицкоски треба да најде начин да се извини, вели бугарскиот премиер

Наративот и изразувањето на премиерот Христијан Мицкоски ќе им го оставам на оние што го познаваат Езоп. Република Македонија мора...

Македонија5 часа

Припадник на Армијата загина во трагичен настан во Батинци: Mинистерството за одбрана го потврди случајот

Од Министерството за одбрана информираат дека лицето со иницијали А. М. од скопското село Батинци, кое било нивен припадник, е...

Регион6 часа

Фон дер Лајен: ЕУ знае дека е одговорна за неуспехот да се спречи геноцидот во Сребреница

Европската унија никогаш нема да заборави што се случи во Сребреница пред 30 години, ја признава својата одговорност за неуспехот...

Економија7 часа

Поставен камен-темелник на новата фабрика на „Чагатај кабло“, инвестиција вредна 6 милиони евра

Поставен е камен-темелник на новата фабрика на „Чагатај кабло“, инвестиција вредна 6 милиони евра и 200 нови работни места, изјави...

Топ8 часа

Детали за драмата на пазарот во Битола: го избол со нож по расправија за тезга

Полицијата објави детали за настанот на пазар во Битола во кој едно лице со кујнски нож избоде продавач на тезга...

Македонија9 часа

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски Брод, Дојран, Тетово – тестиран системот за масовно известување

До утрово, во земјава се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор. Од нив, седум се активни, четири се ставени...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот

Бугарија е разобличена пред Европа и светот, се потврди уште една неправда кон Македонија дека не станува збор за Бугарите...

Македонија10 часа

Бугарското МНР реагира откога беше повикан нивниот амбасадор: „Се демонстрира непочит кон нашата земја“

Министерството за надворешни работи на Бугарија реагираше на, како што ги оцени, „навредливите, неприфатливи и непријателски“ изјави од страна на...

Македонија13 часа

Делови од Скопје утрово ќе останат без струја

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денес, без електрична енергија ќе останат: · од 07:00 до 12:00 часот, дел од...

Свет13 часа

Трамп: Мислам дека ќе дадам важна изјава за Русија в понеделник

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера објави дека ќе даде важна изјава за Русија во понеделник, но не изнесе никакви...

Македонија23 часа

„Прогласена е кризна состојба“ – СМС порака која стигна до граѓаните е тест за масовно известување во кризни состојби

Во текот на попладневните часови, дел од граѓаните добија СМС порака со следната содржина: „Ве известуваме дека има прогласена кризна...

Македонија1 ден

Спасовски: СДСМ ги повлекува сите амандмани, бараме средства за справување со пожарите и настраданите во Кочани

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција најави дека СДСМ и коалицијата ќе ги повлечат сите...

Македонија1 ден

МНР го осуди говорот на министерот Георг Георгиев, бугарскиот амбасадор повикан на разговор

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон претседателот на Владата и институциите на...

Македонија1 ден

Ангелов со апел до граѓаните: Пријавете на 112 ако видите сомнително однесување поврзано со пожарите

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска упати силен апел до граѓаните да пријават какво било сомнително...

Македонија1 ден

Не само што се сомневаме, туку имаме и докази дека пожарите се подметнати, рече Мицкоски

Не само што се сомневаме, туку имаме и докази, изјави премиерот, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ветуваше подобра преговарачка позиција, донесе единствено понижувања на државата

По преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ наследи стабилна и јасна позиција во евроинтегративниот процес со загарантиран македонски јазик во Европската Унија...