Филм
Промоција на македонскиот хип хоп документарен филм „Сложувалка“

На 16-ти ноември (понеделник) во Кино Фросина – МКЦ, со почеток од 21 часот, организацијата Хип Хоп Македонија ќе одржи промоција на македонскиот документарен хип хоп филм „Сложувалка”.
Од организацијата велат дека на филмот е работено две години, а се работи за 38-минутен колаж од размислувања на голем број хип хоп артисти кои оставиле белег на македонската андерграунд сцена: Ицко и VG (Чиста Околина), DJ Гоце (САФ), Против Сите и Green Out (Легијата), Профо и Човекот Екс (Клан Исток), Тигаз (ДНС), ПУКА Козметика, Хром (графити), Тец (Most Wanted/Ошав Прод.), Токсиколози, Зад Аголот, Тони Зен, Слаткаристика, Авторизација, Дивизија, Титаниум, Стрес, Огнен beatbox.
Името на филмот доаѓа од идејата дека спојувањето на нивните размислувања во една идеја е процес сличен на сложувањето на коцките кај сложувалките, со цел на крајот да се дојде до бараниот резултат. Филмот ќе биде промовиран во рамките на филмскиот фестивал Cinedays, додаваат од Хип Хоп Македонија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Чудни коинциденции го следат победникот на „Санденс“, за „Медена земја“ и награда и дете

Телефонски повик непосредно пред премиерата што го добила екипата на трикратно наградениот македонски документарец на престижниот фестивал „Санденс“ ги потресла членовите поради чудниот синхронизитет на датумите и нивната поврзаност со семејството што е дел од приказната на овој филм.
„Пред премиерата ни се јавија од семејството кое е дел од нашата приказна во филмот ‘Медена земја’ и ни кажаа дека им се родило 8. дете. Оваа вест нè стигна некој час пред проекцијата на филмот, но потоа следеше уште еден шок. Во текот на тие три години снимање бевме сведоци и на смртта на мајката на централната личност во филмот, пчеларката Атиџе, а кога ги проверивме материјалите нè вџаши фактот дека тоа се случило исто така на овој датум претходната година. Не сакаме од тоа да правиме мистерија, но во процесите на снимање се случуваат необјасниви нешта, а со ‘Медена земја’ од самиот почеток до крајниот производ приказната се надградуваше и ние само инстиктивно ги следевме сите детали кои се отвораа еден од друг“, откри продуцентот на филмо,т Атанас Георгиев, на денешната прес-конференција.
Преполни со впечатоци, сите членови на екипата на „Медена земја“ раскажуваа за своите искуства за време на снимањето, за неочекуваните награди во „Санденс“ и за желбата нивниот успех да го искористат за јасна порака до јавноста да ја смени свеста и барем малку да размисли за односот кон природата како што во филмот тоа го прави пчеларката Атиџе.
„Овој филм навистина сакаме да го искористиме во мисија да ја смениме свеста на луѓето да разберат колку е важна животната средина и односот кон неа. И за нас беше вистинско откритие односот на пчеларката Атиџе, која половина од медот го собира за себе, а другата им ја остава на пчелите. Алчноста на човекот и цивилизацијата е голема закана за природата и за опстанокот на луѓето и на животните. Исто така, сакаме да го свртеме вниманието и за помош на децата од семејството што го снимавме, би сакале за нив да се обезбеди во иднина школување и подобри услови за живот“, рече режисерот Љубо Стефанов.
Уште на фестивалот во „Санденс“ екипата почнала со кампања за донации за протагонистите од нивниот филм, кои живеат во тешки услови. Тие на оние што донираат симболично им подаруваат мала тегличка од органскиот мед што се прави од диви пчели во сосема еколошка средина.
„Авторитетот од постигнатиот успех ќе го искористиме за да наидеме на поддршка од сите оние што ќе сакаат да му помогнат на ова семејство и пчеларката Атиџе да добијат подобри услови за живот“, вели режисерката Тамара Котевска. Таа додава дека тригодишната работа на „Медена земја“ донела две клучни работи во нејзиниот живот: созревање како човек и автор и создавање една голема фамилија.
Документарецот премиерно беше прикажан на 28 јануари, во Јута, САД, на најголемиот американски фестивал на независен филм „Санденс“.
Филмот има цел да ја прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушувањето на природната рамнотежа преку судир на два различни начини на искористување на Земјините ресурси, во случајов, пчелите и медот.
Режисери на филмот се Љубо Стефанов и Тамара Котевскa, сниматели Фејми Даут и Самир Љума, на музиката се потпишуваат членовите на „Фолтин“, а музички супервизор е Рана Еид од „ДБ студиос“ од Бејрут.
Идејата за „Медена земја“ потекнала за време на теренските истражувања во подрачјето што наликува на степа во долниот дел на Брегалница, што изобилува со извонреден и уникатен биодиверзитет. Швајцарската Агенција за развој и соработка ја препознала вредноста на овој документарец и затоа ја поддржа идејата за снимање и продукција.
Документарецот од „Санденс“ („Sundance“) во Парк Сити, Јута, САД се врати со наградите на жирито (Grand Jury Prize) за најдобар документарен филм, а снимателите Фејми Даут и Самир Љума беа наградени за најдобра кинематографија (Special Jury Award for Cinematography). Документарецот го доби и специјалното признание од жирито за влијание за промена (Special Jury Award for Impact for Change).
„Медена земја“ раскажува приказна за последната жена одгледувач на диви пчели во Европа, која се обидува да ги спаси пчелите и природниот баланс во природата кога семејството на номадски пчелари се населува на нејзината земја и ѝ ја загрозува егзистенцијата. Документарецот, кој е во продукција на „Аполо медиа“ и „Трис филмс“, е реализиран како дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија – проект на швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC), координиран од „Фармахем“, а поддржан е и од Агенцијата за филм на Република Македонија.
Култура
Благој Веселинов ја прими наградата од „Шутинг старс“ на Берлинскиот филмски фестивал

Актерот Благој Веселинов и другите европски учесници на „Шутинг старс“ (Shooting Stars) на Берлинскиот филмски фестивал вечерва ги добија наградите од манифестацијата за млади актерски ѕвезди. Свечената церемонија на доделување на наградите на најдобрите млади актери во Европа се одржа во салата „Берлин палас“, под покровителство на платформата Европска филмска промоција (ЕФП).
Наградите им ги врачија членовите на овогодишното жири за оваа програма, режисерката Теона Митевска и актерот Ингвар Сигурдсон (Исланд).
По доделувањето на наградите следеше проекција на филмот Vice по сценарио и во режија на Адам Мекеј.
Веселинов, ѕвездата на „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески, е меѓу 10-те најдобри актерски таленти во подем во Европа, со уште девет актери од Ирска, Швeдска, Полска, Данска, Германија, Норвешка, Исланд, Србија и Естонија. На актерите за време на Берлиналето добиваат можност да се претстават пред филмската индустрија и критика.
„Шутинг старс“ е најстарата и најпрестижна иницијатива за промоција на европскиот палент на меѓународниот филмски маркет, а од првата награда во 1998 досега на Берлиналето како еден од најголемите филмски фестивали во светот се претставени 303 наградени актери и актерки, што било пресвртна точка за многумина од нив, меѓу кои и оскаровката Алисија Викандер.
Од Македонија пред Веселинов, оваа награда ја добија Лабина Митевска во 2009 и Наташа Петровиќ во 2011.
Култура
Филмот „Рома“ награден со БАФТА за најдобар филм

Филмот „Рома“ на Алфонско Куарон синоќа во Лондон ја освои наградата за најдобар филм на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА).
Драмата што го прикажува животот на куќната помошничка во семејство од средната класа во Мексико Сити на почетокот на 70-тите години од минатиот век го победи „фаворитката“ на Јоргос Лантимос.
Куарон е прогласен за најдобар режисер, а „Рома“ ја доби наградата во вкупно четири каегории, наведе АП. „Фаворитката“ имаше 12 номинации.
Филмовите што беа фаворити за БАФТА имаат најголем број номинации за „Оскар“.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал