Филм
Соништата посилни од реалноста во најновиот филм на Вуди Ален
Вуди Ален е често интересен и прониклив режисер, драматичен и провокативен. Филмот „Кафе-Сосајети“ не е еден од неговите најдобри филмови. Вуди Ален ги имаше своите славни денови во доцните 60-ти и раните 90-ти од минатиот век, а од 2010 годија стана хит со „Полноќ во Париз“ и „Блу јасмин“.
„Полноќ во Париз“ и „Од Рим со љубов“ се многу посупериорни од „Кафе Сосајети„ но псоледниов„ иако не е некој сјаен филм, не е ниту сиромашен. Филмот ја имаше премиерата на 11-ти мај во Кан. „Кафе Сосајети“„ е романтична комедија драма. Боби Дортман е младо момче од еврејско семејство во Њујорк, во 1930 година, неговата сестра Евелин е учителка, мажена, а неговиот брат Бен е гангстер. Боби заминува во Холивуд кај својот вујко Фил кој е богат моќник од филмскиот свет. Тој сонува да влезе во филмскиот свет, сонува за гламурот, забавите на кои се точи шампанско, шушкаат скапоцените тоалети, се зборува за огромни цифри, но и за измами, забивањето нож во грб е секојдневие.
Вујкото Фил го запознава со својата млада секретарка Вероника, која му станува водич низ градот и животот во Холивуд. Боби се вљубува во Вероника и таа не е рамнодушна кон него. Но таа му вели дека е во врска со некој новинар, кој многу патува. По некоја случајност Вероника е љубовница на нејзиниот шеф, вујкото на Боби, за што Боби дознава подоцна. Фил ја остава својата жена Карен,со која е 25 години во брак и има деца, се жени со Вероника. Вони иако го сака Боби, се одлучува за Фил затоа што е богат и моќен, а иднината на младиот Боби е несигурна и неизвесна.
Боби разочаран се враќа во Њујорк, отвора клуб со својот брат Бен, и во клубот ја запознава Вероника, џет-сетерка ,која од неодамна е разведена.Започнува врска со неа, наскоро се жени, добива дете и станува вистински среден семеен човек.Неговиот брак е совршен се до оној момент кога Вони повторно атерира во неговиот живот, доаѓа во неговиот клуб со својот сопруг, вујкото Фил.Вони се однесува како типична холивудска сопруга, постојано дрдори за животот во џет-сетот, за нивните познанства, за пријателите од филмскиот свет, за луксузот, забавите. Боби не може да ја препознае оваа површна Вони и ѝ вели дека станала иста како тие кои ги презирала. Вони се засрамува и престанува да глуми холивудска сопруга. Почнуваат да се дружат повторно, овој пат во Њујорк, ја оживуваат нивната љубов, сфаќаат дека никогаш не ни прекинала, но секој си има свој живот во реалноста, а соништата си се соништа,му вели Вони. На прославата на новата година, оддалечени на различни краишта на Америка, на полноќ двајцата мислат еден на друг, прилично отсутни од своите сопствени животи,со празен ,отсутен поглед, среде веселата толпа на луѓе. Некогаш соништата се посилни од реалноста – резимира Вуди Ален.
Сценарио и режија: Вуди Ален, продуцент Лети Аронсон, Рон Чез, Хелен Робин, Адам Б. Стерн, Стефан Тененбаум, Едвард Њалсон, продукција: Film Nation Entertainment, Gravier Produktions, Perdido Productions, улоги: Џеси Есенберг, Кристен Стјуарт, Стив Карел, Пол Чекман,фестивали: Cannes Film Festival;Seattle International Film Festival, Moskow International Film Festival,Karlovy Vary International Film Festival, New Horizons Film Festival, Helsinki International Film Festival/крај/мф/св
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Светска премиера на „Киука – Пред летото да заврши“ во Кан – филмот е копродукција помеѓу Грција и Македонија
„Киука – Пред летото да заврши“ (Kyuka Before Summer’s End) во режија и по сценарио на Костис Харамуданис, кој е реализиран како билатерална копродукција помеѓу Грција и Северна Македонија и е поддржан од Агецијата за филм на Република Северна Македонија, својата светска премиера ќе ја има на Канскиот филмски фестивал како дел од 32. издание на програмата ACID, што ќе се одржи од 15 до 24 мај оваа година. На „Куика“ му е доверена честа да ја отвори оваа програма.
„Лист продукција“ е македонски копродуцент на дебитантскиот филм на режисерот Харамуданис со Марија Димитрова и Игор Иванов како копродуценти, а Херетик од Грција е главен продуцент со Данае Спатхара, Јоргос Карнавас и Константинос Контовракиси како продуценти.
„Киука – Пред летото да заврши“ е приказна за едно трочлено семејство, кое како и секое лето, плови со својата едрилица до островот Порос, каде што таткото Бабис и децата Константинос и Елса, кои се веќе на прагот пред полнолетството, го минуваат годишниот одмор. Додека пливаат, се сончаат и создаваат нови пријателства на островот, децата случајно ја запознаваат Ана, жената што ги родила и ги напуштила уште во најраното детство, со што ќе почне едно горко-слатко патешествие на созревање под летното сонце, а долгогодишната огорченост на Бабис избива на површина.
Програмата на ACID (Association for the Distribution of Independent Cinema – Асоцијација за дистрибуција на независен филм) на Канскиот филмски фестивал е креирана во 1993 година и прикажува 9 долгометражни филма, фикција и документарци. Овие филмови се избираат од стотиците пристигнати филмови од цел свет од страна на петнаесетина филмаџии, членови на асоцијацијата.
Снимањето на филмот се одвиваше во октомври 2022 година во Атина и на островот Порос, а постпродукцијата се работеше на релација Атина – Скопје.
Главните улоги во филмот ги играат Симеон Цакирис, Елса Лекаку, Константинос Георгопулос, Афродита Капокаки и Елена Топалиду.
Македонската екипа во овој филм ја сочинуваат Михаил Димитров, Игор Поповски и студиата за постподукција „Аудио хаус“ и „Слобода филм“.
Филм
Утре се отвора четвртиот Фестивал на грчки филм
Утре, на 7 април 2024 година, во 20 часот, во Кинотеката на Северна Македонија (Никола Русински 1, Скопје 1000) ќе биде отворено четвртото издание на Фестивалот на грчки филм. На отворањето ќе биде прикажан кусометражниот филм „Тишината на рибата кога умира“ на Василис Кекатос (2019, 19′), а потоа долгометражниот филм „Не би сакал да сум непристоен, но треба сериозно да разговараме“ на Јоргос Георгопулос (2019, 99′).
Ова се две црни комедии во кои што идејата за смртта се прикажува со доза на хумор. Филмот „Тишината на рибата кога умира“ учествуваше на некои од најважните фестивали како Sundance, а Василис Кекатос е еден од најважните претставници на кусометражните филмови со многу награди, вклучително и Златна палма во Кан.
Фестивалот е во ко-организација на Амбасадата на Грција во Скопје и Меѓународниот филмски фестивал Киненова спонзориран од фирмите Armos Balkan и Mermeren.
Влезот е бесплатен.
Култура
Во февруари 50-годишен јубилеј на Кинотека: Старите вредности во нови контексти
Пред 5 децении е формирана македонската кинотека. Честитки за сето она што досега го направила оваа значајна културна установа. Една од основните дејности на филмскава институција е да го прикаже сето она што го има, и ново и старо; ова второто во нови контексти и изданија. Тоа ќе биде карактеристика на програмата на најкусиот месев во годината – февруари. Календарски, ќе трае 29 дена. Ете можност да се види сето она што кинотеката го подготвила за февруарските денови.
Ќе се стартува со премиерна проекција. Со филм кој има наслов СЛОБОДА. Тоа е краткометражен филм во омнибус формат, чијшто автор е филмскиот критичар Златко Ѓелески. Веднаш потоа враќање децении наназад. Ќе бидат проектирани неколку архивски филмски записи од 1912 до 1952. Тоа се дел од новопримените кино-материјали што кинотеката ги прибра во текот на изминатата година.
Кинотека се решила, враќајќи се децении наназад, да потсети на филмовите создадени во 40-тите, 50-тите, 60-тите, 80-тите, 90-тите и 2000-тите. Режисерите се од различни земји – Италија, Франција, Германија, Шведска, САД. Ставени се во различни контексти, во нови програми. Всушност, станува збор за циклуси на Великаните на фестивалот на филмската камера БРАЌА МАНАКИ и пократок цилкус филмови на францускиот режисер на т.н. француски нов бран Луј Мал.
Во исклучително богатата кинотечна понуда се и неколку филмови на чехословачкиот режисер, оскаровецот Јан Кадар.
Она што е многу интересно, многу потребно за да се знае и запамети, се петте документарни македонски филмови со етнолошка содржина. Во нив е забележана традицијата, обработени се народни и религиозни обичаи од средината на 20-тиот век. Во четири од нив Вера Кличкова, пионерот на етнолошкиот филм кај нас, е сценарист, режисер или консултант.
Филмофилите ќе бидат почестени да го видат сигурно еден од најозборуваните лански филмови – НАПОЛЕОН на Ридли Скот. Во различните оценки за филмот доминираат, што е сосема разбирливо, Англичаните и Французите. Едните го фалат, другите го кудат. Критиките за најновата продукција на Скот се поделени, но не смее да се изостави фактот дека, и покрај одредени пропусти, станува збор за прецизно сработен биопик. Дело кое функционира на неколку нивоа – како биографска сторија, историска рекреација, но и омаж кон еден од омилените филмови на Ридли Скот – Бари Линдон од 1975, по сценарио и режија на Стенли Кјубрик.
Уште една филмска творба којашто предизвика интерес и претежно позитивни рецензии – УБИЈЦИ НА ЦВЕТНАТА МЕСЕЧИНА на Мартин Скорсезе– ќе биде проектирана во кино салата на Кинотека месецов.
Во финалето на месецов, ќе погледнеме два филма со музичка содржина. Познатиот ТОМИ, рок операта на Кен Расел, ќе биде прикажана на оригинална 35 милиметарска лента. Новитетот е музичкиот документарец за екс ју панк легендите Панкрти. Специјален гостин на кинотеката тие денови ќе биде фронтменот на групата, Перо Ловшин.
Февруари е можеби календарски пократок месец , но затоа ќе биде исполнет со исклучително богата кино-програма.