Филм
Variety: Контроверзни филмови на годинешниот Санденс
Данскиот режисер Ларс Вон Трир не случајно за премиерно „Нимфоманка“ минатата година го избра Санденс, фестивал кој е познат по тоа што ги привлекува филмовите кои ги поместуваат границите, а годинава најмалку девет ќе ја вжештат атмосферата во студениот зимски центар Парк Сити, пишува магазинот Variety.
Меѓу првите е „Stanford Prison Experiment“ на Кили Патрик Алварез, филм кој потсетува на психолошкиот експеримент спроведен во 1971 година, на американскиот Универзитет Станфорд, каде што студентите, во обидот да ја пронајдат причината за злото во човекот, ги преземаат улогите на стражари и затвореници.
Олицетворението на злото го прикажува и филмот „Prophet’s Prey“ за озлогласениот Ворен Џефс, водач на полигамната секта Jesus Christ of Latter Day Saints, осуден за сексуално злоставување и расистички коментари.
Филм „Going Clear“ на Алекс Гибнеј треба да се подготви за реакции од Сајантолошката црква, позната по тоа што не сака кога некој истражува за нивната дејност или животот на нивниот основач Ел. Рон Хабард, пишува Variety. Филмот се темели на истоимената книга на Лоренс Рајт, која зборува за физичко казнување на припадниците на оваа секта и проблематничните постапки на нејзиниот челник Давид Мискевич.
Религијата е во фокусот и на филмот „Last Days In The Desert“, библиска приказна која се очекува со голем интерес и од страна на атеистите и од страна на верниците. Вторите, сепак, би можеле да бидат вознемирени, бидејќи Иван Мекгреогр ги толкува и Исус и ѓаволот кој го искушува на неговиот пост и молитва во пустината.
По темата за сексуално злоставување во американската армија во филмот „The Invisible War“, премиерно прикажан на Санденс пред три години, Кирби Дик во новиот документарен филм „The Hunting Ground“ се занимава со слична тема, но овојпат дејствието е сместено на американските колеџи, кои како и војската не се расположени да го решат овој жежок проблем и ги прикриваат случаите на силување.
Играниот филм „I am Michael“ се фокусира на вистинска приказна за ЛГБТ активист кој ја отфрла својата хомосексуалност и ја открива верата, додека делото „Diary of a Teenage Girl“ се занимава со сексуалноста донесувајќи емоционално и морално сложен портрет на тинејџерка која расте во 1970-те во Сан Франциско и се впушта во љубовна афера со партнерот на нејзината мајка.
За комедијата „The Bronzе“, на режисерот со кој Брајан Бакли, за некогашната американска национална миленичка, гимнастичарката со освен бронзен медал која не може да се помири со фактот дека изминале нејзините пет минути слава со која беше отворен годинешниот Санденс, и пред неговото прикажување се зборуваше дека е „непристоен“ бидејќи прокажува „потрошена“ добитничка на олимписки медал кој живее во подрумот на татко си и стравува дека нејзините денови на слава одамна минале.
На списокот филмови кои ја брануваат јавноста, особено оние кои не веруваат во опасноста од климатските промени, е филмот „Racing Extinction“. Активистот Луи Психоиос од темата на ловот на делфини во претходниот филм „Залив“ се префрла на прашањата на еколошката катастрофа од апокалиптични димензии и во својот филм јасно го прозива човечкиот род како главен виновник за можното исчезнување на половината од животинските видови на планетата.
Фестивалот на независниот филм Санденс традиционално се однесува на некои од најдобрите филмски остварувања во играната, документарната и краткометражната продукција, беше отворен на 22-ри јануари, а до 1-ви февруари на него ќе може да се видат 123 долгометражни филмови од речиси 30 земји, од кои 106 ќе бидат премиерно прикажани, кои селекторите од пристигнатите 12.166 филмови, ги селектираа меѓу четири илјади долгометражни и меѓу повеќе од осум илјади краткометражни./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Светска премиера на „Киука – Пред летото да заврши“ во Кан – филмот е копродукција помеѓу Грција и Македонија
„Киука – Пред летото да заврши“ (Kyuka Before Summer’s End) во режија и по сценарио на Костис Харамуданис, кој е реализиран како билатерална копродукција помеѓу Грција и Северна Македонија и е поддржан од Агецијата за филм на Република Северна Македонија, својата светска премиера ќе ја има на Канскиот филмски фестивал како дел од 32. издание на програмата ACID, што ќе се одржи од 15 до 24 мај оваа година. На „Куика“ му е доверена честа да ја отвори оваа програма.
„Лист продукција“ е македонски копродуцент на дебитантскиот филм на режисерот Харамуданис со Марија Димитрова и Игор Иванов како копродуценти, а Херетик од Грција е главен продуцент со Данае Спатхара, Јоргос Карнавас и Константинос Контовракиси како продуценти.
„Киука – Пред летото да заврши“ е приказна за едно трочлено семејство, кое како и секое лето, плови со својата едрилица до островот Порос, каде што таткото Бабис и децата Константинос и Елса, кои се веќе на прагот пред полнолетството, го минуваат годишниот одмор. Додека пливаат, се сончаат и создаваат нови пријателства на островот, децата случајно ја запознаваат Ана, жената што ги родила и ги напуштила уште во најраното детство, со што ќе почне едно горко-слатко патешествие на созревање под летното сонце, а долгогодишната огорченост на Бабис избива на површина.
Програмата на ACID (Association for the Distribution of Independent Cinema – Асоцијација за дистрибуција на независен филм) на Канскиот филмски фестивал е креирана во 1993 година и прикажува 9 долгометражни филма, фикција и документарци. Овие филмови се избираат од стотиците пристигнати филмови од цел свет од страна на петнаесетина филмаџии, членови на асоцијацијата.
Снимањето на филмот се одвиваше во октомври 2022 година во Атина и на островот Порос, а постпродукцијата се работеше на релација Атина – Скопје.
Главните улоги во филмот ги играат Симеон Цакирис, Елса Лекаку, Константинос Георгопулос, Афродита Капокаки и Елена Топалиду.
Македонската екипа во овој филм ја сочинуваат Михаил Димитров, Игор Поповски и студиата за постподукција „Аудио хаус“ и „Слобода филм“.
Филм
Утре се отвора четвртиот Фестивал на грчки филм
Утре, на 7 април 2024 година, во 20 часот, во Кинотеката на Северна Македонија (Никола Русински 1, Скопје 1000) ќе биде отворено четвртото издание на Фестивалот на грчки филм. На отворањето ќе биде прикажан кусометражниот филм „Тишината на рибата кога умира“ на Василис Кекатос (2019, 19′), а потоа долгометражниот филм „Не би сакал да сум непристоен, но треба сериозно да разговараме“ на Јоргос Георгопулос (2019, 99′).
Ова се две црни комедии во кои што идејата за смртта се прикажува со доза на хумор. Филмот „Тишината на рибата кога умира“ учествуваше на некои од најважните фестивали како Sundance, а Василис Кекатос е еден од најважните претставници на кусометражните филмови со многу награди, вклучително и Златна палма во Кан.
Фестивалот е во ко-организација на Амбасадата на Грција во Скопје и Меѓународниот филмски фестивал Киненова спонзориран од фирмите Armos Balkan и Mermeren.
Влезот е бесплатен.
Култура
Во февруари 50-годишен јубилеј на Кинотека: Старите вредности во нови контексти
Пред 5 децении е формирана македонската кинотека. Честитки за сето она што досега го направила оваа значајна културна установа. Една од основните дејности на филмскава институција е да го прикаже сето она што го има, и ново и старо; ова второто во нови контексти и изданија. Тоа ќе биде карактеристика на програмата на најкусиот месев во годината – февруари. Календарски, ќе трае 29 дена. Ете можност да се види сето она што кинотеката го подготвила за февруарските денови.
Ќе се стартува со премиерна проекција. Со филм кој има наслов СЛОБОДА. Тоа е краткометражен филм во омнибус формат, чијшто автор е филмскиот критичар Златко Ѓелески. Веднаш потоа враќање децении наназад. Ќе бидат проектирани неколку архивски филмски записи од 1912 до 1952. Тоа се дел од новопримените кино-материјали што кинотеката ги прибра во текот на изминатата година.
Кинотека се решила, враќајќи се децении наназад, да потсети на филмовите создадени во 40-тите, 50-тите, 60-тите, 80-тите, 90-тите и 2000-тите. Режисерите се од различни земји – Италија, Франција, Германија, Шведска, САД. Ставени се во различни контексти, во нови програми. Всушност, станува збор за циклуси на Великаните на фестивалот на филмската камера БРАЌА МАНАКИ и пократок цилкус филмови на францускиот режисер на т.н. француски нов бран Луј Мал.
Во исклучително богатата кинотечна понуда се и неколку филмови на чехословачкиот режисер, оскаровецот Јан Кадар.
Она што е многу интересно, многу потребно за да се знае и запамети, се петте документарни македонски филмови со етнолошка содржина. Во нив е забележана традицијата, обработени се народни и религиозни обичаи од средината на 20-тиот век. Во четири од нив Вера Кличкова, пионерот на етнолошкиот филм кај нас, е сценарист, режисер или консултант.
Филмофилите ќе бидат почестени да го видат сигурно еден од најозборуваните лански филмови – НАПОЛЕОН на Ридли Скот. Во различните оценки за филмот доминираат, што е сосема разбирливо, Англичаните и Французите. Едните го фалат, другите го кудат. Критиките за најновата продукција на Скот се поделени, но не смее да се изостави фактот дека, и покрај одредени пропусти, станува збор за прецизно сработен биопик. Дело кое функционира на неколку нивоа – како биографска сторија, историска рекреација, но и омаж кон еден од омилените филмови на Ридли Скот – Бари Линдон од 1975, по сценарио и режија на Стенли Кјубрик.
Уште една филмска творба којашто предизвика интерес и претежно позитивни рецензии – УБИЈЦИ НА ЦВЕТНАТА МЕСЕЧИНА на Мартин Скорсезе– ќе биде проектирана во кино салата на Кинотека месецов.
Во финалето на месецов, ќе погледнеме два филма со музичка содржина. Познатиот ТОМИ, рок операта на Кен Расел, ќе биде прикажана на оригинална 35 милиметарска лента. Новитетот е музичкиот документарец за екс ју панк легендите Панкрти. Специјален гостин на кинотеката тие денови ќе биде фронтменот на групата, Перо Ловшин.
Февруари е можеби календарски пократок месец , но затоа ќе биде исполнет со исклучително богата кино-програма.