Контакт

Култура

Филмски омаж на Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето во Кинотека

Објавено пред

Од 3-6 јуни во соработка со Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, во Кинотеката на РС Македонија ќе се одржи филмски омаж на академик Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето на поетот. Во таа пригода ќе бидат прикажани повеќе филмови во кои Анте Поповски е сценарист или продуцент, со што јавноста ќе се запознае со уште еден, делумно запоставен аспект на творечката личност на Анте Поповски – неговата дејност на полето на филмската уметност.

Куратор на програмата е филмологот советник во Кинотеката, вонр. проф. д-р Атанас Чупоски, кој на отворањето ќе има воведен збор, а извадоци од есеистичкото творештво на Анте Поповски ќе интерпретира актерката Софија Гогова Врчаковска.

Така, во среда на 3 јуни, на роденденот на поетот, во 19 ч. ќе бидат проектирани првиот македонски кандидат за „Оскар“, документарниот филм „Дае“ од 1979 г. на режисерот Столе Попов и играниот филм „Планината на гневот“ од 1968 г., на Љубиша Георгиевски, обата работени по сценарија на Анте Поповски.

Во четврток, на 4 јуни во 19 ч. ќе бидат прикажани кусометражните документарни филмови „Кој век минува надвор деца“ (1975) на Љубиша Георгиевски, „Џафра“ (1978) на Кирил Ценевски и „Врати на бескрајот“ (1982) на Владимир Блажевски, сите по сценарија на Анте Поповски.

Во петок, на 5 јуни, во 20.30 ч. во летното кино на Кинотеката, на отворено, ќе бидат прикажани долгометражните играни филмови „Време, води“ (1980) на Бранко Гапо и „Црвениот коњ“ (1981) на Столе Попов, во кои Анте Поповски се јавува како продуцент односно тогашен директор на продуцентската куќа „Вардар филм“.

Филмскиот омаж завршува во сабота, на 6 јуни во 19 ч., со поекција на портретите на венцоносците на поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ – „Рафаел Алберти“ (1979) и „Ежен Гилвик“ (1979), како и документарниот филм „Мостови – Струшки вечери на поезијата“ (1982), сите три во режија на Кирил Ценевски, а по сценарија на Анте Поповски.

Најново

Македонија5 минути

Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика

Од 9 до 16 август, во Ташкент, Узбекистан, се одржува 38-мата по ред Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2026), најпрестижниот...

Македонија12 минути

Очајниот потег на СДС да шири дезинформации за водата во Скопје го надминува секое дно, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Водата во Скопје е безбедна за пиење, кога СДС нема што да понуди на граѓаните сее паника, Филипче да се...

Регион32 минути

Околу 2.000 евакуирани во Омиш: „Сè е покриено со чад, којзнае кога ќе можат да се вратат“

Во моментов има околу 1.500 евакуирани лица во приемниот центар во спортската сала „Рибњак“ во Омиш, изјави за Хрватското радио...

Македонија38 минути

Променливо облачно време, попладне локален дожд

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе...

Регион1 час

(Видео) Голем пожар во Хрватска: 36 повредени, 14 хоспитализирани, седум се борат за живот

Во голем пожар што го зафати вчера вечер Омиш, Хрватска, повредени се 36 лица, 14 се хоспитализирани, а седум се...

Македонија1 час

СДСМ: Нека чека Гостивар, ВМРО мора на море и на одмор

По речиси еден месец, Гостивар сè уште чека чиста вода за пиење. Денеска или утре можеби ќе има одговор. Можеби...

Забава1 час

Најпосакуваниот летен тренд се враќа од 2010 година: „Ископајте“ го вашиот стар пар од плакарот

Од Коачела на почетокот на 2010-тите до луксузните модни писти, „гладијаторките“ се повторно во центарот на вниманието. Овој впечатлив и...

Забава2 часа

Една од најубавите жени во светот објави фотографии од прославата на првиот роденден на нејзината ќерка

Моделката и инфлуенсерка Оливија Кулпо го прослави првиот роденден на својата ќерка и објави серија фотографии од прославата. Во објавата,...

Свет2 часа

Остатоци од птици пронајдени во моторот во авионот по несреќата со српскиот патник кој излета од прозор

Остатоци од птици се пронајдени во моторот на авионот Боинг 737 NG на „Рајанер“, по несреќата во која еден патник...