Контакт

Култура

(Фото) Спектакуларна оперска гала вечер пред 𝟦 илјадна публика на почетокот на 𝟨𝟨. Охридско лето

Објавено пред

Со спектакуларна оперска гала вечер, преполн Антички театар и повеќе од 4.000 посетители, синоќа свечено беше отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Концертот, за кој билетите беа целосно распродадени уште две недели пред почетокот, предизвика рекорден интерес кај публиката и ја потврди довербата што фестивалот ја ужива кај љубителите на врвната уметност.

Незаборавната фестивалска вечер, исполнета со емоции, аплаузи и извонредни музички изведби, уште еднаш покажа дека „Охридско лето“ останува еден од најзначајните културни настани во регионот.

На сцената на Античкиот театар блеснаа светски познатата сопранистка Ермонела Јахо и прочуениот американски тенор Чарлс Кастроново, кои со своите маестрални интерпретации ја воодушевија публиката. Придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на италијанскиот маестро Марко Боеми, тие приредија вечер за паметење, исполнета со најубавите арии и дуети од богатата оперска литература.

Со извонредната вокална техника, силната емоција и сценската харизма, уметниците беа наградени со долготрајни овации и бурни аплаузи, а воодушевената публика ги враќаше на сцената со повеќекратни бисови, претворајќи го свеченото отворање на фестивалот во вистински музички спектакл кој долго ќе се памети.

„Ова беше вечер што ќе остане запаметена. Преполниот Антички театар, повеќе од 4.000 посетители и распродадените билети две недели однапред се најдобра потврда дека „Охридско лето“ ја има довербата на публиката. Горди сме што фестивалот го отворивме со врвни светски уметници и спектакуларна оперска гала вечер која донесе незаборавни емоции и силен почеток на 66. фестивалско издание“, вели директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски

Фестивалот за отворен го прогласи покровителот, Претседателката на Р.С.Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова која потсети дека пред шеесет и шест години, под сводовите на Света Софија, оперската дива Ана Липша-Тофовиќ ги отпеала првите фестивалски тонови, означувајќи го почетокот на „Охридско лето“ коешто сè уште живее.

„Оттогаш до денес, многу генерации уживале во привилегијата да се дружат со врвни музички и театарски личности, познати, обожавани и посакувани на најпознатите уметнички сцени, како исклучителни творци на високи духовни дострели. „Охридско лето“ помни, симболизира и бележи долга и богата меморија и историја, просветителска и просветлувачка мисија, новоотворени музички и театарски хоризонти, космополитизам, меѓудржавно, меѓунационално, интеркултурно и меѓучовечко разбирање, срушени предрасуди и научени лекции, културна дипломатија и универзален уметнички јазик“, рече покровителката на фестивалот, Претседателката на Р.С. Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.

Обраќајќи се на отворањето на фестивалот, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, истакна дека токму во Охрид, историјата, природата и духот живеат во тивка, возвишена хармонија. Според него, секој камен, секој бран на езерото, секоја нота што ќе одекне од фестивалот, сведочи дека цивилизациите не се препознаваат по моќта, туку, како што кажа, по убавината што ја оставаат зад себе.

„Охридско лето никогаш не било само обичен фестивал. Тоа е жива потврда дека Македонија отсекогаш знаела дека културата не е луксуз за добри времиња, туку предуслов за достоинствено постоење. Не за да нè затвори во нас самите, туку за да нè отвори кон другите без да престанеме да бидеме свои“, рече Љутков.

Уметничката порака на фестивалот „Охридско лето“ годинава ја испрати истакнатиот македонски уметник, оперски првенец со раскошен глас и впечатлива сценска харизма, Игор Дурловски. Според него, малите земји имаат посебна улога во културата на светот. Тие, како што рече, не ја црпат нивната сила од големината на територијата или бројот на жители, туку од приказните што ги чуваат, од искуствата што ги преживеале, од начинот на кој можат да придонесат кон големиот разговор на човештвото.

„Македонија е земја со длабока историска меморија, земја низ која минувале различни култури, јазици и цивилизации. Најголемата вредност на тоа наследство е во минатото што го паметиме, сегашноста што ја живееме и во иднината што можеме да ја создадеме. Нашата задача е да му кажеме на светот кои сме и да му понудиме нешто што може да го споделиме со сите: нов поглед, ново прашање, нов простор за средба. И затоа, овде, во Охрид, во градот каде што вековите разговараат меѓусебе, посакувам уметноста да продолжи да биде нашата најубава порака до светот. Порака дека човекот сè уште има потреба од убавина, од смисла и од надеж“, рече оперскиот пејач Дурловски.

Најново

Регион31 минута

Директорот на „Рајанер“: Ќе го оспориме тврдењето дека патникот од Србија бил делумно надвор од прозорецот

„Рајанер“ ќе ги „оспори“ тврдењата дека дел од телото на патник за време на лет завршило надвор од авионот откако...

Забава45 минути

(Видео) Бред Пит се појави на проекција, неговиот стајлинг веднаш привлече внимание

Бред Пит (62) се појави во вторникот во Лос Анџелес на проекцијата на својот нов филм „Heart of the Beast“....

Свет1 час

Тимот на Меланија реагира на гласините за наводната афера на Трамп со асистентката

Кабинетот на првата дама, Меланија Трамп, реагира на медиумските шпекулации за односот на американскиот претседател Доналд Трамп со неговата асистентка...

Свет2 часа

Трамп објасни зошто САД не смеат да дозволат Иран да дојде до нуклеарнo оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД немаше да го бомбардира Иран доколку Техеран веќе поседуваше нуклеарно оружје, туку тој...

Свет2 часа

Кремљ: Киев ја отвори Пандорината кутија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Украина, како што тврди, продолжува со „провокации“ со цел подлабоко да ги...

Македонија2 часа

Шасивари – Соријано Ортиз: Продлабочување на соработката со Шпанија во реформите на правосудството

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз. Министерот Шасивари го...

Свет2 часа

(Видео) Странски товарен брод се запали во Кина: загинаа најмалку 20 лица; се огласи и претседателот

Тешка несреќа се случи утринава во кинеското пристаниште Кингдао, каде што најмалку 20 лица загинаа во пожар на странски товарен...

Забава2 часа

Шерон Стоун откри зошто живее во целибат: „Веќе не барам некого само за секс“

Шерон Стоун отворено зборуваше за својот љубовен живот, признавајќи дека подолго време практикува целибат бидејќи повеќе не се задоволува со...

Спорт3 часа

Душан Тадиќ повторно ќе игра за Србија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Вељко Пауновиќ го убедлил Душан Тадиќ да се врати во националниот тим, тврди Спорт...