Контакт

Култура

Голем интерес за новиот проект на Џајковски и Поповски – пет распродадени изведби во Загреб

Објавено пред

На 5 јуни, на големата сцена на HNK (Hrvatsko narodno kazalište) во Загреб ќе се одржи премиерата на „Идеален маж“ според познатата драма на Оскар Вајлд, во режија на еден од најреномираните македонски и европски театарски режисери, Александар Поповски, со музика на истакнатиот македонски композитор и музички автор Кирил Џајковски.

Оваа премиера е и ново поглавје во една од најплодните и најуспешни уметнички соработки на Балканот. Поповски и Џајковски повеќе од две децении создаваат заедно, реализирајќи над 20 театарски проекти на сцените на најзначајните театри во регионот и Европа. Нивната заедничка естетика, препознатлива по силната драматуршка динамика, современиот сценски израз и впечатливата музичка атмосфера, остави длабока трага во современиот европски театар.

Нивната соработка резултираше со неколку култни претстави кои беа препознаени и од критиката и од публиката како антологиски остварувања. Оваа година дури две нивни соработки беа избрани меѓу најдобрите театарски претстави во Хрватска во последните 25 години, потврдувајќи го исклучителното влијание што овие двајца македонски автори го имаат врз современиот театарски простор во регионот.

Во „Идеален маж“, едно од најзначајните дела на Оскар Вајлд, Поповски повторно се навраќа на темите што ја одбележуваат неговата режисерска поетика – политичката моќ, моралот, лицемерието и општествените маски. Музиката на Џајковски, која претставува неразделен дел од нивниот заеднички сценски јазик, носи дополнителна емоционална и современа димензија на оваа безвременска приказна. Важно е да се напомене, дека во креативниот тим на претставата е вклучен уште еден претставник од нашата држава, македонската костимографка Миа Поповска, чиј современ авторски пристап значајно придонесува за визуелниот идентитет на оваа претстава. Оваа претстава го освои Загреб уште пред премиерата и сите 5 изведби во јуни се во целост распродадени.

Фактот што токму оваа претстава е избрана да ја затвори драмската сезона на HNK претставува уште една потврда за меѓународниот углед на македонските уметници кои со години создаваат театар што ги надминува националните граници и остава траен белег во европската култура.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Со церемонија на „Скендербег“ заврши Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026

Објавено пред

Со завршната церемонија одржана на плоштадот „Скендербег“, денес заврши првото издание на Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026, настан што четири дена по ред го претвори Скопје во центар на книгата, културата и албанскиот јазик.

Саемот обедини десетици издавачки куќи, автори, истражувачи и љубители на книгата од Северна Македонија, Косово и Албанија, носејќи илјадници наслови, книжевни промоции, дискусии и културни содржини кои го збогатија културниот живот на градот.

„Четири дена по ред, Скопје живееше со книгата, културата и албанскиот јазик. Овој саем покажа дека постои голем интерес за книгата и дека културата останува една од најсилните врски што нѐ обединува како општество. Горди сме што ги поставивме темелите на една нова културна традиција, која ќе продолжи да расте и во годините што следуваат“, истакна градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026 беше организиран во рамките на манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026“.

Прикажи повеќе...

Култура

Народниот Театар Битола стана дел од основачите на Балканската асоцијација на театри и фестивали

Објавено пред

НУ Народен Театар Битола учествуваше на официјалната прес-конференција во рамките на Меѓународниот фестивал Бабел Фаст во Трговиште, Романија. На прес-конференцијата, покрај директорот на НУ Народен Театар Битола, Васко Мавровски, присуствуваа и директорот на Театарот „Тони Буландра“ од Трговиште и директор на Бабел Фаст фестивалот Мек Ранин, како и уметничкиот директор на фестивалот Бабел Фаст, Ливиу Келоју. Во своето обраќање, директорот на Битолскиот театар го претстави НУ Народен Театар Битола и ја истакна честа и задоволството што оваа институција за првпат е дел од еден од најзначајните и најреномирани меѓународни театарски фестивали во регионот и пошироко.

Посебен момент на денешната средба беше официјалната најава за формирање на Балканска асоцијација на театри и фестивали – значајна иницијатива која има за цел продлабочување на културната соработка, размена на искуства и заеднички развој на театарската уметност во регионот.

НУ Народен Театар Битола ќе биде меѓу основачите, потписниците и членови на оваа асоцијација и со тоа продолжува да ги гради своите меѓународни партнерства и да биде активен промотор на македонската театарска уметност пред светската публика.

Во рамките на фестивалот НТБ учествува со претставата „Ричард трети“ од Вилијам Шескпир во режија на Мартин Мирчевски со што уште еднаш го потврдува високото уметничко ниво на македонскиот театар и достојно претставување на Битола и Република Македонија на меѓународната сцена.

Прикажи повеќе...

Култура

Промоција на книгата „Од ’Црвенкапа’ до ’Џинџуџе’“ на Мојсова-Чепишевска

Објавено пред

Од

Во Културно-информативниот центар – Скопје (КИЦ), во салонот „Империјал“, денес, со почеток во 19 часот ќе се одржи промоцијата на книгата „Од ’Црвенкапа’ до ’Џинџуџе’“ од универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, во издание на „Панили“.

Наместо класична промоција со формални обраќања, книгата ќе биде претставена преку разговор меѓу авторката и Елена Ѓорѓиовска, која под менторство на Мојсова-Чепишевска работеше и на магистерски труд посветен на македонската книжевност за деца. Со тоа, промоцијата ќе добие и дополнителна симболична димензија: дијалог меѓу професорката и нејзината поранешна студентка, меѓу истражувачкото искуство и новата генерација толкувачи на книжевноста за деца.

Извадоци од книгата ќе читаат Ана Манасиевска, Марија Наумоска и Ана Љубиќ, студентки на Катедрата за македонска книжевност и култура на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

„Од ’Црвенкапа’ до ’Џинџуџе’“ е книга што отвора широк и возбудлив простор за читање на книжевноста за деца – не како спореден или „помал“ книжевен свет, туку како сложена, богата и културно важна област во која се преплетуваат приказната, играта, детската имагинација, воспитувањето, јазикот, сликата, сцената и современата култура. Делото може да се чита како мала историја, но и како вовед во теоријата и поетиката на книжевноста за деца, со јасна свест дека книгите за најмладите читатели не се само прв допир со литературата, туку и прв допир со светот, со вредностите, со стравовите, со радоста и со фантазијата.

Во оваа книга, Мојсова-Чепишевска ја продолжува својата препознатлива посветеност на книжевноста за деца и на македонската книжевна култура, поставувајќи ги добро познатите ликови, приказни и книжевни модели во ново, современо и аналитички прецизно читање. Од Црвенкапа како еден од најпрепознатливите симболи на детското читателско искуство, до Џинџуџе како знак за новите книжевни и имагинативни светови, книгата ја следи долгата и жива патека по која детето станува слушател, читател, толкувач и сопатник на книжевноста.

Весна Мојсова-Чепишевска е една од најистакнатите македонски книжевни теоретичарки, критичарки и универзитетски професорки. Како професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, таа со децении е вклучена во проучувањето, толкувањето и афирмацијата на современата македонска книжевност, а во последните години особено значаен дел од нејзиниот научен и педагошки ангажман е поврзан со книжевноста за деца. Нејзината работа ја поврзува академската строгост со живата читателска љубопитност, а токму таа врска е една од најсилните особености и на новата книга.

Промоцијата на „Од ’Црвенкапа’ до ’Џинџуџе’“ е можност публиката да се сретне со книга што ја враќа книжевноста за деца во центарот на книжевниот и културниот разговор – таму каде што, всушност, започнува секое големо читателско патување.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава2 часа

Британска лекарка издвои пет замрзнати намирници за подолг и поздрав живот

Британската лекарка по општа пракса, д-р Асија Маула, вели дека многу намирници што придонесуваат за долговечност се идеални за замрзнување...

Спорт4 часа

Дефибрилатор му го спаси животот на Ериксен

Драмата на натпреварот помеѓу Данска и Украина за среќа имаше позитивен исход. Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен (34) се струполи во...

Македонија4 часа

Со пиштоли, сокриени во грмушки чекале да убијат возач оти при разминување им се допреле ретровизорите, Обвинителството побара притвор  за двајца браќа 

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано...

Спорт4 часа

Ракометарките на Мец ја освоија Лигата на шампионите

Ракометарките на Мец одиграа феноменално на завршниот турнир од Лигата на шампионите. Во полуфиналето победија против Букурешт со 32:27, а...

Регион4 часа

Уапсени двајца Срби на изборниот ден во Косово поради сомнеж дека влијаеле врз гласачи

Косовската полиција за време на изборниот ден привела две лица во селото Гораждевец поради сомневање за влијание врз гласачи, јавија...

Регион5 часа

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

Првичните резултати од денешните парламентарни избори во Косово повторно покажуваат убедливо водство на „Самоопределување“ на премиерот Албин Курти. Според првичните...

Спорт6 часа

(Видео) Хорор сцена, Ериксен повторно колабираше среде натпревар

За жал, сцените од Европското првенство 2021 се повторија, Кристијан Ериксен повторно колабираше на теренот. Сè се случи во 65-тата...

Спорт6 часа

Реал ќе купи Португалец за 90.000.000 евра

Пари Сен Жермен го информирал Реал Мадрид дека Португалците, Жоао Невеш и Витиња не се на продажба, одбивајќи понуда од...

Свет6 часа

Русија постави нов услов за крај на војната со Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека целосното обновување на правата на говорниците на руски јазик во Украина...