Контакт

концерти

Grandmaster Flash пристигна во Скопје и е подготвен за својот вечерашен настап

Објавено пред

Хип-хоп легендата и некогашниот фронтмен на култната група Grandmaster Flash and the Furious Five пристигна во Скопје, каде што вечерва (26 февруари), со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб „Станица 26“, ќе настапи со двочасовен диџеј-сет.

Неговиот прв настап во Скопје е дел од големата турнеја Hip-Hop: People, Places and Things.

„Она што ќе го видиме е своевиден музички времеплов и едукативен час за сѐ она што значи хип-хоп од 70-тите години, па сѐ до денес“, велат организаторите „3 гонга“ и SureShotz Entertainment, од каде што додаваат дека како локална поддршка на настанот ќе настапат диџеите Shorty P и Irie Scratch.

Хип-хоп легендата Joseph Saddler е некогашен фронтмен на култната Grandmaster Flash and the Furious Five.

Овој историски хип-хоп бенд има издадено два влијателни албума – The Message во 1982 година и On the Strength во 1988 година. Синглот The Message е сѐ уште еден од најдобрите на сите времиња, како и фактот дека е првата хип-хоп група која станала член на Rock & Roll Hall of Fame.

Grandmaster Flash ги има креирано некои од техниките што и денес се стандарден дел од диџеј-науката (Backspin Technique, Punch Phrasing и Scratching). Во последната деценија тој издаде еден мемоар, почна свое радио шоу, ја доби наградата BET I am Hip-Hop Icon, се појави на видеоигра, а неговиот лик е дел од нетфликс-серијалот The Get Down.

Човекот што го сметаат за главен виновник што денес грамофонот се смета за музички инструмент, во моментот работи на својот 12-ти студиски албум.

концерти

Грчките уметници Гримпас и Лазаридис настапија на Охридско лето

Објавено пред

Со добро избрани композиции на Рахманинов и Мусоргски изведени на виолончело и пијано, грчките уметници Христос Гримпас и Џорџ Емануел Лазаридис приредија вистинско уживање за љубителите на класичната музика, кои вчера беа дел од публиката на Охридско лето.

Виолончелистот Гримпас е задоволен од својот настап пред публиката во црквата „Света Софија“, иако, како што рече, како музичар во оркестар веќе подолг период не музицира на концертните подиуми.

„Многу сме среќни и голема ни е честа со колегата Лазаридис што имаме можност да го изведеме нашиот перформанс во ова прекрасно место. Многу ми недостигаат концертите. Свирам во оркестар, но поради корона-кризата, не настапуваме, па, така, ми недостига музиката. Што се однесува до фестивалот Охридско лето, можам да кажам само пофални зборови за извонреднатa организација и би сакал повторно да настапиме овде“, изјави Гримпас.

На репертоарот беа Сонатата за виолончело и клавир оп. 19 од Сергеј Рахманинов, како и композицијата „Слики од изложба“ од Модест Мусоргски, што беше соло настап на пијанистот Лазаридис.

Христос Гримпас студиите ги почнува на Државниот конзерваториум во Солун, а продолжува да студира на Универзитетот за уметности во Берлин. Магистрира на познатата Висока школа за музика во Есен. Бил член на Рајнскиот младински оркестар, на Интернационалниот младински оркестар, како и на Оркестарот на Европската Унија.

Добитник е на повеќе награди и признанија. Од 2002 година е редовен член на Симфонискиот оркестар на Солун. Основач и член е на ансамблот „Транскрипшн“, со кој настапува во музејот „Тејт модерн“ во Лондон, во Музејот „Кралица Софија“ во Мадрид, во „Мегарон“ во Атина, во музејот „Сабанџи“ во Истанбул и др.

Пијанистот Џорџ Емануел Лазаридис е сестран музичар со повеќе од 30-годишно присуство на интернационалната музичка сцена, како солист, композитор, едукатор и основач на повеќе нови културни институции. Активен е на концертната сцена во престижни концертни сали од САД и Мексико до Европа, Русија и на Блискиот Исток, со настапи што го носат на некои од најпознатите музички фестивали во Истанбул, Акс во Прованса, Монтереи, Свонси, како и во Карнеги Хол, Ројал Алберт Хол, Музикферајн, салата на Петербуршката филхармонија и многу други.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на врвната пијанистка Наталија Трул на „Охридско лето“

Објавено пред

Извонредната руска пијанистка Наталија Трул вчеравечер одржа концерт на подиумот во црквата „Света Софија“ во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Вечерта во која публиката уживаше до самиот крај, започна со блескава интерпретација на Соната оп.31 бр 2 d-moll „Бура“ од Лудвиг ван Бетовен со што фестивалот и уметницата која е претставничка на старата руска пијанистичка школа дадоа придонес во одбележувањето на 250 години од раѓањето на големиот композитор, чија девиза дека музиката е универзален јазик што ги поврзува луѓето, денеска е актуелна повеќе од кога и да е.

„ Бетовен е еден од моите омилени композитори. Сакам да верувам дека го разбирам неговиот јазик и би била многу среќна доколку успевам да им го објаснам и на другите луѓе“, изјави пијанистката Наталија Трул.

Со префинета техника на пијаното, Трул ја изведе и Етидата оп.25 бр.7 од Фредерик Шопен, а во вториот дел од концертот отсвири комбинација на етиди од Шопен и Клод Дебиси.

„ Во вториот дел од концертот креирав многу интересна комбинација помеѓу и Дебиси и Шопен. Постои огромна комуникација помеѓу нивните дела, тие си одговараат и се надополнуваат“, додаде руската пијанистка.

Селекторката на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“, Даница Стојанова, рече дека станува збор за пијанистка кај која воопшто не постојат никакви пропусти во изведувањето.

„ Со Наталија Трул соработувам веќе подолго време. Таа освојува сребрен медал на Меѓународниот натпревар Чајковски. Концертира насекаде во светот и е специфична во своите изведби. Наталија Трул е еден голем, челичен, би рекла машки изведувач, иако е жена. Таа е претставник на типичната стара руска школа кај која нема апсолутно никакви пропусти во ништо“, смета селекторката Стојанова.

Оценувајќи како поминаа изминатите музички концерти на 60-тото јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“, селекторката истакна дека овој фестивал во моментов е единствен културен бисер којшто треба да служи како пример во секоја смисла.

„ Музичката приказна годинава има фантастична динамика и е ексклузивна. Секоја вечер има разноликост на инструменти и уметници, како и различна програма. Колку и да се важни економијата и финансиите, за Охрид е важна и духовноста. „Охридско лето“ е елита, но не во материјална смисла, туку во смисла на вистинското, духовното живеење“, рече Стојанова.

Доказ дека фестивалскиот репертоар годинава е одличен, според селекторката на музичката програма, е тоа што за концертите на класична музика се бара карта повеќе, но како што појасни, има рестрикции во однос на бројот на посетители поради тоа што максимално се почитуваат здравствените протоколи за одржување вакви настани.

Прикажи повеќе...

концерти

(Видео) Пијанист свири клавир додека виси од кран 40 метри над земјата

Објавено пред

Швајцарскиот пијанист Алан Роше го одржа својот прв настап откако беше укинат карантинот поради коронавирусот на необичен начин, висејќи од кран на висина од 40 метри над земјата.

На необичниот концерт на зградата во францускиот град Нант присуствуваа повеќе од 100 љубители на музиката.

Тие седеа, а поделени им беа слушалки со цел квалитетот на звукот да биде што е можно подобар, пренесува RT.

Публиката беше импресионирана од настапот на Швајцарецот, а еден од присутните рече дека доживеал „необично и магично искуство“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Комисијата за заразни болести предлага наставата да се одвива онлајн, освен во првите одделенија

Ставот на комисијата за заразни болести е наставата да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија во коишто...

Европа1 час

СЗО сака дополнително да ја проверува ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на евентуално тестирање на безбедноста и ефикасноста за нова вакцина...

Македонија2 часа

(Видео) Костадинов: Заев е мандатар, преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат

Во тек се разговорите и консултациите за парламентарно мнозинство и владина коалиција за четиригодишен стабилен мандат, изјави портпаролот на СДСМ...

Македонија2 часа

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е...

Македонија4 часа

Нови 141 заболен и еден починат од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија4 часа

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, една недела по средбата со Али Ахмети, изјави дека тие воопшто не ни преговорaле за...

Македонија4 часа

Лукаревска веќе не е директорка на УЈП, ќе биде пратеник

По верификувањето на мандатот за пратеник, Сања Лукаревска ја напушти функцијата директор на Упрвата за јавни приходи, а на нејзино...

Македонија6 часа

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска, кои, според финските власти,...

Свет7 часа

Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19; Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против короната. Според руската новинска агенција ТАСС,...

Македонија7 часа

Повеќето патници со коронавирус што слетале во Финска биле иселеници со косовски пасоши

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157...

Топ7 часа

Се удави рибар во водите на Вардар

Педесет и шестгодишен маж од гевгелиското село Миравци се удави во реката Вардар. Несреќата се случила вчера во 15.40 часот...

Свет8 часа

Над 250.000 новозаболени од Ковид-19 во светот

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 20 милиони, а само во последните 24 часа пријавени се повеќе...

Свет9 часа

(Видео) Експлозија разнесе три куќи во САД – плач на заробени деца се слуша под урнатините

Експлозија раснесе три куќи во САД, а неколку лица се заробени под урнатините, меѓу кои има и деца, соопштија пожарникарите...

Свет9 часа

Русија подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирусот

Русија е подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирус, пишува Ентертејмент Тајмс. Рускиот кандидат за вакцината е вирусна векторска...

Свет10 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа – Трамп веднаш е евакуиран

Членовите на тајната служба ја прекинале конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп и го извадиле од просторијата за брифинг. На...

Свет10 часа

(Видео) Хаос во Белорусија – одекнуваа експлозии во Минск, едно лице загина

Во Минск синоќа повторно се одржаа протести против претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Експлозии одекнуваа во центарот на градот, запален...

Европа10 часа

Финска воведува задолжителни тестови и карантин по слетувањето на авион со 24 позитивни патници од Скопје

Финска ќе воведе задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патниците од одредени високоризични земји, откако 24 од 157 патници...

Свет21 час

Германија размислува за задолжително носење маски во училниците

Претседателот на Здружението на германски наставници, Хајнц Питер Мејдингер побара носењето маски да биде задолжително во училниците како заштита од...

Свет22 часа

Катастрофа во Индискиот океан: од брод кој заринка истекоа 1.000 тони нафта

На бродот кој на 25 јули заринка во корален гребен во Индискиот океан кај Маурициус се појавиле пукнатини, кои претставуваат...

Македонија23 часа

Нема договор меѓу Заев и Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети не постигнаа договор за коалиција во новата Влада ниту...

Досие