Контакт

Книги

Излезе од печат романот на Давор Стојановски „Собирачи на пепел“

Објавено пред

 

Од печат излезе новиот, втор по ред роман на Давор Стојановски, насловен „Собирачи на пепел“. Се работи за 140 издание во популарната едиција ПРОаЗА на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, која практикува да ги издава ракописите на новата генерација на македонски автори, меѓу кои спаѓа и Стојановски. Илустрацијата и дизајнот на корицата се на Марија Смилевска, а изданието финасиски е потпомогнато од Министерството за култура.

Давор Стојановски (1987, Скопје) е писател, поет, преведувач и музичар. Магистрира на Филолошкиот факултет во Скопје. Неговите дела се застапени во домашни и во странски антологии. Неговиот дебитантски роман „Ненасловена месечева соната“ (2013, Или-Или) влезе во потесниот круг за наградата Роман на годината на „Утрински Весник“.

За книгата, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска потенцираше:
„Собирачи на пепел“ од Давор Стојановски е роман кој се совпаѓа со светскиот тренд на обновување на фактографската и реалистичната книжевност. Но тој е, истовремено, и едно типично ново егзистенцијалистичко писмо, кое македонската книжевна сцена го чека уште од времето по појавата на „Кратката пролет на Моно Самоникот“ на Димитар Солев. Моно на Солев еве конечно доби свој наследник во Јаков на Стојановски. За разлика од претходниот роман, приказната во овој се случува во Македонија, поточно во Скопје. И без никакво претерување може да се рече дека Јаков на Стојановски е всушност македонскиот Улис, поточно македонскиот Леополд Блум (38 годишен добавувач на огласи во весници), а во добар дел при скитањето во пределите на своето сеќавање израснува и во македонскиот Антоан Рокантен на Сартр. Со тоа, „Собирачи на пепел“ ги отвора вратите за темите на денешнината и тоа за вдоменоста и бездомноста, за чувството на недостиг, за чувството на осаменост покрај сите оние познати и непознати луѓе околу себе, за стравот од блискост, за потребата од далечност со своите и туѓите, за… “/крај/со/бб

Книги

Германскиот роман „Кога светлината згаснува“ во издание на ИЛИ-ИЛИ

Објавено пред

Романот „Кога светлината згаснува“ на Ојген Руге, за кој во 2011 ја доби најпрестижната германска награда „Книга на годината“ (Deutscher Buchpreis) е нова книга во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ.

Преводот од германски јазик е на Ксенија Чочкова, дизајнот на корицата е на Марија Смилевска, а излегувањето на книгата финансиски е поддржано од мрежата „Традуки“.

Приказната во романот „Кога светлината згаснува“ следи неколку генерации на семејството Умницер во текот на педесет години, а секој член го дава гласот на својата страна од приказната. Прикажано е влијанието на пошироките историски случувања на живототот на ова семејство, некогаш дел од комунистичката елита, чијашто социјалистичка утопија со текот на времето почнала да згаснува. Низ четирите генерации Ојген Руге ни ги претставува различните перспективи на животот под различните политички режими и ограничувањата што тие ги наметнуваат. Може да се каже дека оваа просветителска приказна не само што фрла светлина на политичката држава каква што претставуваше Источна Германија пред паѓањето на Берлинскиот ѕид, туку и умно ја бележи внатрешната политика на семејниот живот во различни општествени околности.

Со мудрост, хумор и голема емпатија, а потпирајќи се на сопствената семејна историја, Ојген Руге величествено ги следи приказните и на ова семејство и на ГДР, додека го истражува трагичното испреплетување на политиката, љубовта и семејството под источногерманскиот режим.

Книжевните критичари се едногласни дека се работи за литерарно ремек-дело:

„Овој роман за ГДР ја поседува големината на Буденброкови на Томас Ман.“ (Ди Цајт)

„Времето е зрело за овој немаскиран, смешен и чувствителен поглед врз историјата.“ (Зидојче Цајтунг)

„Пулсирачко, вибрирачко, возбудливо дело со огромна обликувачка фантазија, необично чувствително и пред сѐ со остар хумор… Овој роман ни покажува дека од урнатините на источниот блок може да порасне нешто што ја има силата да го надживее.“ (Њујорк Тајмс)

Авторот Ојген Руге е роден 1954 год. во Сосва (Урал). Студирал математика на универзитетот „Хумболт“, а подоцна работел во Централниот институт за физика. Пред да замине од ГДР на Запад, во 1988 работел и во студиото за документарен филм „ДЕФА“. Од 1989 работи за повеќе театри и радио-станици како автор и преведувач.

За својот прв ракопис „Кога светлината згаснува“ во 2009 ја добива наградата „Алфред Деблин“ и подоцна во 2011 за истиот роман најпрестижната германска награда „Книга на годината“ (Deutscher Buchpreis).

Прикажи повеќе...

Книги

„Фауст го трча плебејскиот круг“ од Стефан Марковски објавена на англиски јазик

Објавено пред

Збирката раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle) од Стефан Марковски деновиве беше објавена на англиски јазик на сајтот Амазон, каде што е достапна во „Киндл“ и печатена верзија во тврдо и меко издание.

Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како Barnes and Noble, Vivlio, Apple Books, Thalia, Kobo, Booktopia, Weltbild, Paagman, Ibs, Indigo и други.

На македонски јазик книгата, која инкорпорира 6 приказни, како добитник на наградата „Книжевен круг за проза за 2020“ беше објавена минатата година во издание на Друштвото на писатели Битолски книжевен круг.

Ова е четврта книга од Марковски на англиски јазик достапна на е-платформите за продажба на книги, по романите „Анатомија на бумбарот“ и „Еретички писма“, како и поетскиот избор „Ветена земја“.

Прикажи повеќе...

Книги

Прва книжарница на тркала – нов концепт на промовирање книжевни вредности

Објавено пред

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство објавува дека е побогата за уште една книжарница, но овој пат книжарница на тркала – сосема нов и иновативен концепт, кој ги подигна на друго ниво достапноста на книгите и културата на купување книги.

Новата подвижна книжарница на „Антолог“ официјално почнa со работа на 17 март на плоштадот Македонија, а потоа ќе ја менува својата локација низ целата држава доближувајќи ги сите најактуелни наслови и автори, дури и на најнеочекуваните места.

„Одамна размислувавме за можноста што повеќе да ги доближиме книгите до нашите читатели што секојдневно нè следат и нè поддржуваат, особено во оние места каде што, за жал, бројот на книжарниците и достапноста на книгите се на многу ниско ниво. Оваа нова и иновативна книжарница на тркала е следната приказна што ја испишуваме и на која особено се гордееме. Атрактивната книжарница ќе патува низ целата земја за да биде што поблиску до книгољупците, задржувајќи го сепак оригиналниот уметнички концепт по кој како бренд сме препознатливи. Покрај богатиот асортиман на домашна и преводна литература за сите возрасти, идејата е и да прерасне во атракција што ќе обединува книжевни настани, промоции, средби и гостувања на автори“, велат од „Антолог“ и додаваат: „На нашата интернет-страница, како и на нашите профили на друштвените мрежи, редовно ќе ги објавуваме програмата на книжарницата на тркала и локациите на кои таа може да се најде во моментот. Исто така, со оглед дека целта на оваа книжарница е да ги исполнува желбите на читателите – секојдневно ќе бидеме отворени за предлози на места што треба да ги посетиме следни“.

Во новата книжарница на тркала на „Антолог“ ќе бидат достапни огромен број наслови од поновата продукција на оваа издавачка куќа, а само во оваа книжарница ќе може да се набават и три најнови изданија, тукушто излезени од печатница: долгоочекуваната „Умешноста да ја креирате вашата реалност“ на Ана Бучевиќ, новата книга „Мечкоград“ од мегапопуларниот автор Фредрик Бакман, како и емотивниот роман „Измиен грев“ од Сара Омар.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Нови 150 заболени и 16 починати од коронавирус во земјава

Во последните 24 часа се направени 2.093 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 62,...

Македонија27 минути

(Видео) Пристигна унгарската донација од 6.000 дози вакцини, ќе бидат наменети за граничната полиција

Министрите за внатрешни и надворешни работи Оливер Спасовски и Бујар Османи денеска на скопскиот аеродром ја пречекаа делегацијата предводена од...

Македонија1 час

Груевски, Камчев и Мијалков обвинети за „Плацовите на Водно“, се бара продолжување на притворот за Камчев

Обвинителството бара експремиерот Никола Груевски, заедно со неговиот кум Ристо Новачевски, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, неговата...

Македонија1 час

Хоџа: Погрешни се тезите дека ќе може сѐ и сешто да се легализира

Од Владата оценуваат дека по вчерашното усвојување на законот за утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти во законодавниот...

Свет3 часа

Погребана младата наставничка од Казањ, која со своето тело заштити дете од разулавениот убиец

Роднините, пријателите и учениците денеска ја испратија на вечно почивање Елвира Игнатиева (26), наставничка по англиски јазик, која загина во...

Македонија4 часа

Царовска: Жално е што нашите ученици не се подготвени за предизвиците што ги носи новото време

Министерката за образование, Мила Царовска, смета дека реформите што треба да се спроведат во образованито не се избрзани, туку дури...

Свет5 часа

Израел по бомбардирањето: Тел Авив во урнатини, децата сами на улица

Судирите меѓу израелските и палестинските сили продолжија утрово, а по ескалацијата на насилството и крвавите конфликти, Израел прогласи вонредна состојба...

Македонија7 часа

Македонскиот војник заразен од коронавирус во Африка со посебни протоколи пренесен на Инфективната клиника

Рано утрово во земјата пристигна 55-годишниот македонски потполковник позитивен на коронавирусот и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави на социјалните мрежи...

Европа7 часа

Германски виролог: Оние што нема да се вакцинираат неминовно ќе се заразат

Германскиот виролог Кристијан Дрoстен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против коронавирусот за една и пол година. Тоа,...

Европа7 часа

Тензиите од Блискиот Исток се префрлија во Германија, инциденти пред синагоги, запалени знамиња

Тензиите од Блискиот Исток се прелеаја во Германија, каде што се случија инциденти пред две синагоги. Во Бон синоќа неколку...

Свет8 часа

СЗО: Индискиот сој на коронавирусот откриен во 44 земји

Светската здравствена организација (СЗО) откри дека индискиот сој на коронавирусот што предизвика нагло зголемување на бројот на заболени во Индија...

Свет8 часа

(Видео) Ескалираат судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 убиени, меѓу нив и деца

Ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас. Од Тел Авив се слушаа сирени од раните утрински часови. Одекнаа и неколку експлозии....

Македонија20 часа

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија24 часа

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија1 ден

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија1 ден

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија1 ден

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија1 ден

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет1 ден

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Досие