Контакт

Култура

Изложба на мозаици на академскиот сликар и мозаичар Ѓорѓи Томовски во Охрид

Објавено пред

Во сабота, 4-ти јули, во Куќата на Уранија во Охрид ќе се отвори изложба на мозаици на академскиот сликар и мозаичар Ѓорѓи Томовски. На изложбата ќе бидат прикажани 30 мозаици, симболично претставувајќи ги 30-те години активно творештво на авторот во оваа вековна сликарска техника, a на отворањето свој музички перформанс ќе има професорот Драган Даутовски.

Томовски е еден од ретките мозаичари на овие простори кој активно работи во оваа техника. Неговите теми се универзални и безвременски, а мозаиците ги изработува со исклучителна прецизност и посветеност.

Тој дипломира и магистрира на сликарскиот оддел на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, но мозаичарскиот занает го учи напоредно со студиите во ателјето на професорот и академик Газанфер Бајрам.

Таму, низ еден долгогодишен процес, работејќи на големи проекти, го усовршува својот специфичен ракопис кој веќе 16 години го практикува во своето студио за мозаик во кое се создадени овие мозаични дела.

Своето знаење Томовски несебично го пренесува на учениците во Средното уметничко училиште каде што работи како професор по применето сликарство.

Најново

Свет5 минути

Путин: Ситуацијата во Пацификот не е едноставна

Рускиот претседател Владимир Путин учествуваше во вежбите на Тихоокеанската флота и одржа состанок посветен на безбедноста на источните граници на...

Свет9 минути

(Видео) Хеликоптер „Апачи“ се урна за време на воена операција во САД, двајца загинаа

Двајца американски војници загинаа во среда откако хеликоптер „Апачи“ што припаѓаше на воената база Форт Худ се урна на поле...

Европа14 минути

(Видео) Масовен украински напад со дронови, град на Крим без струја

Севастопол, пристанишен град на Кримскиот полуостров анектиран од Русија, повторно остана без електрична енергија по украинските напади со беспилотни летала,...

Свет18 минути

Ник Рајнер обвинет за убиството на своите родители: му се заканува смртна казна

Голема порота го обвини Ник Рајнер за убиствата во декември на неговите родители, холивудскиот режисер и актер Роб Рајнер и...

Забава26 минути

(Фото) Убавици од реалити шоу, модели – сите ја загубија битката со Георгина: поранешните девојки на Кристијано Роналдо

Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо го кажа своето судбоносно „да“ на Георгина Родригез во Португалија на интимна церемонија. Јавноста дозна дури...

Забава40 минути

(Фото) Безвременскиот дизајн се врати и е поубав од кога било

Секое лето носи неколку парчиња кои одеднаш се наоѓаат во центарот на вниманието, а оваа сезона, меѓу нив се издвојуваат...

Забава49 минути

(Фото/Видео) Повторно се соблече и покажа зошто е една од најубавите жени на светот

Моделот и претприемачка Хејли Бибер повторно ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм, каде што објави серија фотографии кои брзо собраа...

Култура1 час

Шест незаборавни џез вечери на „Охридско лето“

Првото издание на новата програма „Џез вечери“ во рамките на фестивалот „Охридско лето“, ќе се одржи од 13 до 16...

Македонија1 час

Без струја денеска делови од општините Илинден и Сарај

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 06.00 до 13.00 часот,...