Контакт

Култура

„Јон Вардар против галаксијата“ со награда за најдобар меѓународен долгометражен филм во Колумбија

Објавено пред

Македонскиот анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ ја освои наградата за најдобар меѓународен долгометражен филм на јубилејното 10. издание на Меѓународниот фестивал за детски и младински филм Калибелула (Festival Internacional de Cine Infantil y Juvenil Calibélula), кој се одржа од 28 септември до 2 октомври 2026 година во Кали, Колумбија.

Посебно значење на наградата ѝ дава фактот што победниците ги избираше жири составено од деца и млади, учесници во фестивалската програма посветена на развивање на критичкото размислување и филмската писменост. Филмот беше во конкуренција со десетина други анимирани и играни остварувања.

Калибелула е посветен на филмови кои кај децата и младите ги поттикнуваат креативноста, критичкото размислување, различноста, соживотот и одговорниот однос кон животната средина. Покрај проекциите, значаен дел од фестивалот е неговата едукативна програма, насочена кон развој на филмската култура кај најмладата публика.

Прикажувањето на Калибелула беше колумбиска премиера и десетта фестивалска презентација на „Јон Вардар против галаксијата“ во Латинска Америка. Во досегашната фестивалска турнеја на овој континент, филмот беше дел и од програмите на некои од најголемите латиноамерикански филмски фестивали, меѓу кои Меѓународниот филмски фестивал во Сао Паоло и Фестивалот за независни филмови во Буенос Ајрес – БАФИЦИ.

За наградата извести и колумбискиот весник „Ел Паис“, значаен медиум со повеќе од 75 години традиција.

„Јон Вардар против галаксијата“ е првиот македонски долгометражен анимиран филм. Неговата меѓународна фестивалска турнеја започна со светската премиера на фестивалот Ситџес во Шпанија, по што филмот беше прикажан на речиси 50 фестивали на сите континенти.

Сценариото и режијата се на Гоце Цветановски, арт директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, продуцент е Алан Кастиљо, а главните улоги ги толкуваат Жарко Димоски, Емилија Мицевска и Дамјан Цветановски.

Најново

Топ22 минути

Уапсен гостиварец: ја принудувал својата 80-годишна мајка на питачење, поднесена кривична за „трговија со луѓе“

Денеска, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за...

Македонија27 минути

„ДПМНЕ и Орце го вратија на сцена нивниот бивши портпарол Димче Арсовски и тоа како директор на МКЦ“, велат од Левица

„ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски продолжуваат да се однесуваат ненаситно и Градот да го третираат како партиски плен! По скандалозните избори...

Македонија42 минути

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради трка

Утре со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во...

Македонија46 минути

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година: „Соговорниците согласни дека се постигнати очигледни конкретни резултати“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот наЕвропската...

Забава53 минути

Месечината во Вага менува сè: Можност за неверојатна среќа и љубов тропа на вратите на овие знаци

Положбата на Месечината носи промени во емоционалната сфера, а пет хороскопски знаци би можеле особено да го почувствуваат нејзиното позитивно...

Економија56 минути

Народната банка ги олеснува условите за располагање со средствата во АЛТА банка: Од понеделник се отвораат шалтерите и во Тетово и Струмица

Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со...

Македонија1 час

Нов модел на студентско стипендирање: 3.000 стипендии, повеќе можности и поддршка за студентите

Министерството за образование и наука објавува нов Конкурс за доделување 3.000 студентски стипендии за студиската 2026/2027 година, со кој се...

Hitech1 час

SETEC ARENA 2026: Два дена. Четири игри. Една арена.

Викендов, на 7 и 8 ноември, Diamond Mall ќе биде центар на македонскиот е-спорт. SETEC ARENA 2026 носи два дена...

Свет2 часа

Песков: Европа е неопходна, но се двоуми

Кремљ изјави дека Европа не успева да се договори кој ќе ја претставува во идните разговори за безбедноста на континентот,...