Контакт

Култура

Јордан Симонов назначен за уметнички директор на МНТ

Објавено пред

Директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, денес го назначи актерот-првенец Јордан Симонов за уметнички директор на Македонскиот народен театар.

Имајќи ја предвид неговата долгогодишна актерска кариера, која започнува во 1989 година, како и неговото богато театарско и филмско искуство, како и режисерско назначувањето претставува природен и значаен чекор напред – како за него како актер, така и за развојот и идните цели на институцијата, велат од МНТ.

Неговото долгогодишно искуство и работата во различни жанрови – од драма, комедија и трагедија до мјузикл – претставуваат значаен придонес во уметничкиот развој на МНТ и создавањето нови професионални и творечки импулси во работата со колегите и соработниците.

Јордан Симонов е актер кој има добиено голем број на индивидуални награди за неговите улоги, како и колективни, тоа е резултат на неговата долгогодишна работа во претставите: Јуда (Евангелие по Јуда, 1993), режисер: Горан Тренчовски, продукција: Народен театар „Антон Панов“ – Струмица;Раскажувачот, Терсит (Троил и Кресида, 1993), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар; Кирил (Буре барут, 1994), автор: Дејан Дуковски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар; Спасе (МКС, 1995), автор: Војдан Чернодрински, адаптација и режија: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар; Мулино (Кројач за дами, 1996), автор: Жорж Фејдо, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар;Марк (Шопинг анд факинг, 1998), автор: Марк Рејвенхил, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар; Рилов (Будење на пролетта 2000, 2000), автор: Франк Ведекинд, адаптација: Златко Славенски и Огнен Георгиевски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;Викон де Валмон (Опасни врски, 2002), автори: Шадорло де Лакло и Кристофер Хемптон, режисер: Љупчо Ѓоргиевски, продукција: Македонски народен театар;Христов (Црнила 005, 2005), автор: Коле Чашуле, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар;(Ревизор, 2006), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;Жан Пол Мара, Маркиз де Сад (Мара /САД, 2008), автор: Питер Вајс, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;Џонатан Харкер (Дракула, 2008), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;Пандар (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар, Адолф (Изгубени германци, 2012), автор: Дејан Дуковски, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар;Гијом (Подемот и падот на кабарето, 2013), автор: Артур Шницлер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;Соломон (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
Понтиј Пилат (Мајсторот и Маргарита, 2015), автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар;Месарот (Дух, 2018), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;Филип (Мој термин, 2019), по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар; Пиерпоинт (Бесачи, 2019), автор: Мартин Мекдона, режисер: Јавор Грдев, продукција: Македонски народен театар; Павле (Лагата, 2022), автор: Флоријан Зелер, режисер: Бесфорт Идризи, продукција: Македонски народен театар;(12, 2024), во адаптација и режија на Синиша Евтимов, работена по мотивите (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз, продукција: Македонски народен театар;Спиро (Народен пратеник, 2024), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Егон Савин, продукција: Македонски народен театар;Доктор Макаров (Варвари, 2025), автор: Максим Горки, режисер: Владимир Милчин, продукција: РСМ НУ Македонски народен театар; (Сценски спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето“ Made in МNT, 2025), режисер: Дејан Пројковски, драматизацијата е на: Дејан Пројковски и Андреј Цветановски, продукција: Македонски народен театар; (Као какао, 2026), автор: Венко Андоновски, режисер: Дејан Пројковски, ко-продукција: Македонски народен театар и Баги продукција и многу други.

Симонов пред назначувањето на уметнички директор беше член во уметничкиот совет на МНТ.

Најново

Спорт1 час

Раул Гонзалес го напушти РК Партизан

Во ист ден, ракометниот клуб Партизан остана без претседателот на Управниот одбор, тренерот, Раул Гонзалез и еден од најдобрите ракометари,...

Спорт2 часа

Сасуоло остана без тренер

Алберто Аквилани повеќе не е тренер на Сасуоло, објави италијанскиот клуб. „Клубот им се заблагодарува на тренерот и неговиот персонал...

Спорт2 часа

Кејн ја освои „Златната топка“, но не е меѓу 11-те најдобри играчи според гласовите на неговите колеги

Хари Кејн официјално е најдобриот фудбалер на планетата, но според неговите колеги, не е доволно добар за да биде во...

Свет3 часа

Жртви на свештеници-злоставувачи се сретнаа со Папата во Аргентина

Папата Лав се сретна со пет жртви на сексуално злоставување од страна на свештеници во Буенос Аирес, соопшти Ватикан. Ова...

Свет3 часа

САД: Русија и Украина се подготвени за компромис околу територијата

Во неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што...

Свет3 часа

Трамп повторно тврди дека изборите во САД биле наместени

Претседателот на САД, Доналд Трамп, уште еднаш го доведе во прашање интегритетот на конгресните избори одржани на 3 ноември, на...

Свет4 часа

Мерц предупредува на пораст на антисемитизмот во Германија

Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница. Тој ја...

Македонија4 часа

МОН: Продолжува програмата „Суперучилишта“, средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот

Училишните размени имаат значајно и повеќеслојно позитивно влијание врз образовниот систем. Тие овозможуваат размена на позитивни практики, знаења и искуства...

Македонија4 часа

ОК ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка: Митовски се обидува проблемот со добитокот да го претвори во политичка тема

Денешната прес-конференција на градоначалникот Сашко Митовски, на која побара Владата да прогласи кризна состојба поради проблемот со неконтролираното движење на...